Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    ВРЕМЕВО НАДВОР БЕ! Мммммм убавини! Уште да почни пак да врни да можам убаво да спијам.
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам светот да е песна
    личен цвет, ширен лет
    Сакам да е песна една
    да е цвет, овој свет
    Сакам поља, сакам гора
    ширна шир, сегде мир
    Сакам зора кога зори сегде мир...

    http://www.youtube.com/watch?v=mn6dQaZLps8
     
    На kravce, Umbrella22, cinderella5 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Ќутам. Страв ми е ако проговорам нешто дека ќе ја исплашам среќава и ќе ме напушти. А овој пат итекако ми е потребна.

    Напорен ден беше овој, ама цел напор се заборава кога ќе си се трупнеш во креветчето... и знаеш дека те чека убав разговор, уште еден убав разговор, серија, и долг сон.

    Главата ми е растргната од размислување, ако одлучам едно, ќе треба со сите сили да ги бришам моите несигурности, да пораснам, и да престанам да бидам лабилна за да не се доведат работите пак до овој степен, ако решам друго, ќе треба да патам и да тонам уште подлабоко. Ако се решам за првото ќе се погазам и ќе признаам дека е во право за се, и ќе бидам среќна, ама останува да видиме дали ќе си ги решам моите бубачки, ако се решам за второто ќе патам.
    А има и дополнителни дилеми кои треба да се разрешат а не знам дали сме доволно силни....
    Потешкиот или полесниот пат? Моите желби и чувства или туѓите странични гледања???
    А буууу.

    Тешка работа :D

    Си ги сакам другаркиве. :inlove:

    Одам да гледам серија и да пуштам мозок на пасење. :)
     
    На bittersweet, Miss-Independent, ludoto19 и 8 други им се допаѓа ова.
  4. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Одиме на победа :dance: :dance: :dance: :party: :party: :party: :rofl: 8)

    [​IMG]
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    сега свакам дека требаше да се фокусирам на она што ме влече, што го учев во средно, требаше и академија да продолжам :fubar: а не ке се замарам со бизнис-да бидам нечие потрчкало, асистент или веке незнам што, а и најверојатно ке се обидам во тие води-малку поскапи се па подобро е да работиш со козметика, мејк-ап отколку да спобудалуваш со преводи, пари и слични глупости-добро не се глупости
    уметничка душа во бизнис води-ЈОК бе брате, требаше да одам кон тоа што ме влече, ама НИКОГАШ не е доцна-треба да го слушаме внатрениот глас а не да тераме инает сами на себе си :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.222
    Допаѓања:
    139.990
    Периодов страшно ме мачи една работа, и инспирирана од мислењето на Лилит (на која главно и ги поштујам мислењата, а ова денес беше едно од најдобрите) едноставно морам да го плукнам, па може и ќе ми олесни. Навидум, се работи за љубовен проблем, ама реалноста е многу поболна.

    Другарка која многу ја сакам, ќе се мажи. Со момакот се околу една година, и многу се израдував што си најде некој саглам, затоа што долго време не можеше да си најде некој саглам. Задоволување на примитивните потреби на најпримитивен начин, без целосно вложување, без љубов, без оргазми, со различни типови - никогаш не сум разбирала, ама не сум ни судела, зошто не е мое да судам.

    По инерција ли, без размислување ли, на почеток на врската заеба работа, а тој заблежа по нејзиното однесување. Ја праша директно, му призна, привремено раскинаа, ама не можеле еден без друг, и продолжија. Решија да се земат, закажаа свадба... и ќе ми беше мирна главата да не разберев каква е реалноста.

    Реалноста е дека тој не можел да го надмине моментот, и еднаш месечно, главно кога се добро очукани, му се спојуваат жички, и почнува да ја навредува, психички да ја малтретира, и можам да замислам само какви сцени се тоа. Сигурно двајцата плачат, многу пијат, пушат, пијат лексилиум во комбинација со хардкор алкохол, не јадат, и тоа трае по неколку дена. Како поминува време, наместо да се случува поретко, нештово зачестува, особено последниов месец, кога на површина излегло нејзиното минато, кое него му дошло како шамар. Не знам што очекуваше од девојка на тие години, ваљда не да и е втор, ама не е мое да судам зошто така се чувствува. И не морам да разберам зошто таа морала се да каже, ама тие си знаат. Последниов месец практично цело време се случува, цело време се во таква ситуација, со навреди, алкохол, плачење и не знам што. Таа и онака е слаба, а сега е ослабена 4-5 кила, има подочњаци до земја, изгледа многу нездраво, нормално, како да изгледа кога живее нездраво. И цело време чека да му помине, и ја прифаќа улогата на жртва, ги оправдува неговите постапки, а тоа што тој е болно љубоморен, кога и врти некој на телефон и е грешка после душата и ја вади 3 дена дека е некој што ја знае, дека одржува контакти, се гледа, и не знам што. Типично психичко семејно насилство, школски пример, во кој другарка ми игра главна улога. И никако не си оди од кај него, два пати ми се јави дека ќе дојде да спие кај мене, не сакала да оди кај нејзините, и после се премислуваше.

    Првиот пат кога станало посериозно и се јавила на мајка и, и кажала да ја чека дека има проблем и ќе си дојде дома кај нив, а мајка и и рекла дека си го избрала момакот, и сега треба да си се справи со проблемите. А и самата таа е во тотално дисфункционален брак, во кој останале само заради децата. И знаете што, на двете деца им се има одразено. Едното, цел живот со некои долги врски, уште од основно, нон-стоп во врска и се долги, не сум видела толкава потреба од врзување. Другото, другарка ми, со страв да се врзе, без целосно вложување. Двете анксиозни. И така, мајка и рекла да си го реши проблемот, и оваа веќе не и се обратила од тогаш. А како мала нон стоп беше заштитувана, без трошка одговорност, и без да знае како да се справи со било каква ситуација.

    Еден проблем е односот на зетот кон неа, ама дополнителен е пиењето алкохол во комбинација со дијазепам и тотално нездравиот начин на живот. А и тој е анксиозен, си пијат лексилиумчиња ко бонбони, и тоа наместо со вода, со алкохолче.

    И кога и се дешаваа срањата зборував со неа на телефон, ја прашав што ќе прави, и прво што ми рече дека се договориле да се земат, и такаи ќе биде, особено што сега веќе свадбата им е закажана, сите знаат, и како ќе им кажела на нејзините, па сите пријатели на нејзините знаеле дека ќе има свадба, како ќе кажела на брат и... Е тука ми се споија жички, и почнав да се дерам (а јас иначе никогаш не се дерам), дека не може во животот никој да и биде поважен од себе, особено не пријателите на нејзините, дека никој не им ја оспорува љубовта, ама не е тоа доволно за да делиш живот со некого, дека не мора да раскинува само треба да ја одложи свадбата и да видат како ќе им биде во меѓувреме, дека на нејзините мора да им објасни и мора да се врати кај нив, зошто тие најдобро можат да и помогнат, и дека не смее да дозволи никој да ја третира така како што ја третира избраникот... ама ништо не допре до неа.

    А и кога се сакаат се лабилни. Имаат испади од типот тој оди да спортува, а она после еден саат оди кај што е тој да го види, затоа што не можела да издржи без него еден саат. На маса си масираат стапала, или пред еден тон деца се шлапаат ко да се сами. Е па стабилен човек на 30 и кусур не го прави тоа.

    Се мислев дали да им кажам на нејзините дека имаат проблем, ама зошто, кога не сакаат да видат, и секако тие се причината за нејзиното однесување. Двајца лабилни личности, навидум прекрасни, од навидум прекрасни семејства, ќе го продолжат животот заедно, и покрај тоа што животот им е многу повеќе пекол од колку рај. Душата им е стегната, а за неколку дена треба да кажам дека не се роднини, доволно се познаваат и доброволно стапуваат во брак. Се чувствувам како да сум соучесник, како да делам вина, наместо да се радувам. А колку се радував кога ми кажа дека ќе се мажи, и дека сака јас да сведочам, иако не очекував бидејќи таа сведочеше во мојот случај, ама не сакала никој друг и тоа е тоа. А колку ќе беше подобро само да одложеа, да оладеа глава, и да видат дали можат да продолжат заедно, или не можат. Мислам дека кога повеќе време ти е лошо, а не убаво, многу лесно е да донесеш одлука, ама некому не му било.

    Кога гледам вакви примери, страв ми е. Може некоја за мене незначајна постапка да се одрази на нив за цел живот. Се надевам дека ќе бидат стабилни и независни, без лоши траги од детството. И дека ќе знаат дека не заслужуваат никој да ги третира како крпа за под, дека почитта е исклучително важна, и дека љубовта не е доволна да делиш цел свет со некого.

    Еднаш ми рекоа: секој си е одговорен за своите постапки. Ама не можам да бидам мртва ладна, грутката никако да ми се тргне од душата. И ете, пишав, и не ми е полесно.
     
    На bittersweet, Miss-Independent, imelda и 13 други им се допаѓа ова.
  7. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Неможам да ви опишам колку сум среќна :D Ама баш неможам,неможе тоа да се искаже во зборови!
    Да ме видите како скокам и се тркалам по патос,пак нема да сфатите,а камо ли вака :rofl:
    Конечно се смирив со мојата најдобра другарка,после цел месец во кој немавме никаква комуникација,ни едно здраво немавме,ме избегнуваше и бегаше од мене како ѓавол од темјан а и јас од нејзе,можда и уште повеќе :$
    Плачам и се смеам,премногу ми е мило што конечно се ќе биде како порано и што не изгубив личност како нејзе.Нема друга како нејзе бре!
    И исто ми е мило што го направив првиот чекор.Дека веќе неможев да издржам,премногу ми недостигаа тие времиња кога бев со нејзе.

    Ви праќам радост и на вас,премногу е голема за да биде само за мене.
    Сигурно и вие имате на нешто да се радувате :inlove: :sun:
     
    На kravce и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  8. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.488
    Допаѓања:
    17.196
    Зошто на дресовите на македонските фудбалери не им ги пишува имињата? Затоа што „Едно име имаме“. :D
     
    На Lov3, Glossy-girl и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Моите прогнози денес се освратија :D :D . Немаа место за грешки иако не го покажевме најдоброто
    светло.


    Сепак се израдував на крајот од денов. :*
     
  10. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Не го сакам дождот. Се чувствувам тажно, уморно, неубаво. :) Но денес морав да излезам. И баш тогаш заврна. Во моментот помислив ,,зошто баш сега?,, Ама не смеев да се вратам. Бев тргната накај Соборен за молитва за Тоше. Застанав 10 секунди, погледнав во небото и го извадив чадорот. Да, не фатив такси туку тргнав со чадорот во раце да одам. Стигнав на време. Запалив свеќи, очекувајќи мисата да заочне. Разгледував наоколу. Во мене носев голем товар. Болката растеше кога видов колку малку не има. Можеби 20? 25 луѓе собрани заедно за да се помолат за душата на Тоше 5 години после неговото заминување. Не знаете колку се разочарав. И да, сите бевме жени. Ги разгледував. Ги посматрав од сите агли. Им се гледаа солзи во очите. Тага на лицето. Се прашував зошто нема ниедно машко? Зошто сме толку малку. Се тешев самата себе дека можеби времето ги спречило, дека можеби некои сеуште се на работа, дека оправдано се отсутни. Можеби не беше никоја од тие причини, но ако, мене така ми беше полесно :) Конечно пред почетокот пристигна и едното и единствено машко. Кога го видов му се насмевнав. Иако не го познавам. Во тој момент како да му се израдував. Влезе и застана до мене.и тој како да беше со истите мисли како мене. Ми се извини ако задоцнил, и ми се заблагодари што сум таму. Само се насмевнав. Доволно беше тоа. Во моментите додека попот пееше се борев со сама себе да не почнам да плачам на глас. Несакав. Плачев во себе. На сите што беше таму во очите ни се гледаше колку ни недостига ангелот. Во еден момент посакав да се завртам назад како да очекував дека ќе го видам неговото насмеано лице како ни приоѓа. Се помоливме за неговата душа и земавме по малку погача. Кога излегов надвор сеуште врнеше. Ама овој пат тоа и не ме изнервира. Ја знаете бабата која секој ден стои пред Соборен и чека од добар човек да и даде залче леб или малку пари? И скршив од погачата. И подадов :) Жал ми е за таа жена. Мене ми се чини добра. Неможе да гледа. А и со служот е слаба. Да и дадев пари сигурно не ќе можеше сама да си купи храна. Во ташната најдов и крем бананка. И неа и ја дадов :) На нејзиното старо лице се разлеа насмевка. Стоев до неа додека пушев цигара. Ми кажуваше дека им се радува на младите луѓе кои не ја одминуваат. Ми кажа дека Бог се гледа. Може ме виде тажна па ми кажа дека сега и Тоше гледа се. И ете си тргнав пак пешки. Не ми сметаше денес дождот. Убаво ми дојде. Сакав да бидам сама. Ги слушав само капките. Од се друго бев исклучена. Одев полека сама со своите мисли. :) Многу полека. Забележав дека некои луѓе и чудно ме гледаа, ама не ми беше гајле. Мене ми беше убаво. За прв пат овие години во Скопје се почувствував убаво. Гледав по излозите на патот накај дома. Од еден до друг. Ги гледав пожолтените лисја на замјата. Стварно, денес прв пат забележав дека лисјата почнале да паѓаат. Гледав во мокрите улици. Сите брзаа. Ми беа смешни луѓето. А јас сакав што повеќе да останам надвор. Муабетот ми беше дека денес за прв пат во мојот живот убаво ми беше на дождот. Дома влегов насмеана. Вие чувајте се и имајте убава вечер :*
     
  11. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Никогаш не сум можела да ја слушам Игри без граници.
    Толку е лична, морбидна, ме плаши, потсвесно или не, го опишува. Онака ја пее и сака да каже: Земи ме Боже одовде. А јас не можам да ја слушам, ме плаши колку му било смачено од гнидите кои го опкружувале, и сеуште не опкружуваат. Плитки умови, незначајни амеби упорно мешајќи се во работи кои воопшто не треба да ги засега, нечии чувства, нечии мисли, животи, дворови.


    Може рано замина, може ме боли сега, за 10 години пак ќе ме боли исто ко тогаш, ама барем нема да гледа во што луѓето се претворија. Во вакво грдо општество не му беше местото. Тврдам.
     
    На CaperucitaRoja, bittersweet, JuLleE и 19 други им се допаѓа ова.
  12. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.268
    Допаѓања:
    157.701
    Верувајте дека само јас можам да носам тоалетна хартија Перфекс,24 ролни за тоа рачката,ама закачени на раче како дама и во другата да јадам Кит Кат бел и уште со нос у облаци... Ме среќава маалскиот симпатија и ми вика,е Лилит ма,права шмизла,добра ташна и *намиг*, кај одиш?! И сеа шо да му одговорам кај одам со тоалетнава?! :D И јас онака,нон шалантно,евеее бе,у Сектор! :D Се шалам,се шалам, може погоден ми е стилов за у Сектор ,ама дома си одам. Кисело ми рече дека искача у Сектор... и така непријатно се поздравивме! :D

    Морам да си најдам нова симпатија! :D

    Дома,бурлеска. Татко ми надвор пече пиперки, мајка ми гледаше фудбал. Тоа се вика дечки,матријахат! :D Се шалам,тоа се вика љубов по ајвар,да не гледаш фудбал,да печеш пиперки бе...ах бре! :rofl: Па уште и се јавува од време на време,да праша колку е резултат... :D Ќе се отселам!
     
    На bittersweet, Buttterfly, Sara123 и 25 други им се допаѓа ова.
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Грчко знаме?! Скопска бановина?! Каде бе хулигани, сте ја згрешиле адресата. Ма ве реши Ибраими, да, баш тој, што најмногу го свиркавте, колневте и пцуевте, ама ве матира во поим, и да, баш тоа ми е најмило. Пораз на најболниот можен начин, им врати за сите навреди. Епа идете си сеа назад дома и таму да си го мафтате тоа ваше грчко знаме. И земете ги србоманите во душа со вас ако има место.

    Него...јас сега одам да одморам, и од утре фаќам многу напорно учење. Жал ми е што ќе немам толку слободно време и... најверојатно се читаме дури во ноември. Посакајте ми среќа на колоквиумите, и останете добри. :hai: :*
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.268
    Допаѓања:
    157.701
    Многу сакам коа некого инспирирам да твита...ама многу! :* Сонце мое си ми ти,иако не те знам,ама има такви што те знаат и те сметаат за не многу паметна личност која го мисли спротивното... :(
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.424
    Допаѓања:
    103.421
    Пол:
    Женски
    Сакам да верувам дека си таму некаде заедно со сите млади животи кои прерано згаснаа, со Ристо, со Стојмир, со Ирена, помеѓу нив и еден мудар старец, еден дедо кој имаше приказни да ти кажува од утро до мрак, со мојот старец, со мојата најголема подршка. Не гледаш ли од горе, се гордееш ли со твојот народ, со твоите пријатели кои се собрале на едно место и ти оддаваат почит. Нека бидам патетична, таква сум јас, мене емоциите ме раководат, јас верувам во плавото небо над нас и во тоа што сите не чека горе.
    Искрено ќе ве замолам, ако не се согласувате со моето мислење, немојте да го уништувате, без непотребни цитати и одговори, подобро воопшто да не ми одговорите отколку да уништите нешто што за мене значи чисти емоции. Не јас не сум уште еден фан кој само на 16ти се сеќава на него и постира песни и пишува постови, за мене тоа и не е важно, важно е она што мене ми поминува низ утробата кога одново и одново ќе слушнам А можевме...
     
    На julie77, antonina, Libera и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    И наркоманите не се тоа што беа.
    Одам во казино преѓеска седнувам како човек на маса,да се напијам кафе со другарка. Разгледавме околу (нормално) ,коцкарчињата да ги видиме , и гледаме еден доста познат наркоман ,играше на машина ,ама моментот,ќорав ќе види дека адреналин во него има ,како мислиш на рекета е качен.Седиме така ,си правиме муабет..Коа едно време глеам јаболко на фацата ,али бабачко што беше, оваа скрена:
    -Кој беше,кој мавна,будали едни?!?! Он,наркоманот да го мавнал јаболкото,рефлексно, (изгубил стотче на слот ,дека нема да вечери па таа си го собра)
    Доаѓа тој и и вика: -Девојко,ти ќе имаш многу среќа во животот! (ова е ВРВОТ , среќа бидејќи тоа рефлексно мавнато јаболко од страна на НАРКОМАН завршило на нејзината фаца)
    Оваа , изнервирена како шо беше , една фаца направи коа прснавме двете на смеење,и да не нема од казино.
    И пак ќе кажам ,Сакав Да Кажам дека и наркоманите не се тоа што беа! :lol:
     
  17. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    И понекогаш, кога ќе почнам на некој искрено да му кажам што мислам за неговите избори, тој некој одбива и се плаши да ме ислуша целосно и докрај. Па ептен ми е интересен во тие моменти кога очите му шараат барајќи најљубезни зборови за да излаже нешто и да се докаже и покаже како секогаш е во право. А срцето му се стега и завива од болната вистина.
    Истиот некој бара од мене да му ги доверам моите проблеми. Како пијавица се обидува да ми ги исцеди моите мисли и стравови за потоа да се радува на нив. Да си докаже на себеси дека нема некој кој е по среќен во животот од него (освен Бијонсе и Ријана). И ако јас зборувам за тој некој во машки род... едноставно карикирам.
    Само да му кажам на тој некој дека душата му ја гледам кристално јасно. Зад неговата убава надворешност постои превртлива внатрешност. И покрај тоа јас пред него се правам хеј сакаш да играме така, бујрум. И јас и ти сме пораснати. Текот на растење мене ме доведува на ниво на кое ти и да сонуваш да го искусиш неможеш. Бидејќи си затворен во некој дел од твојата посесивна душа. Посесивна душа која трага секогаш да е прва и најдобра.
    Јас знам да си ги признаам недостатоците, но ти си слеп за твоите. Несакаш да ги слушнеш и осознаеш. Се плашиш кога ти се кажуваат гласно. Обожаваш да драматизираш.

    А зошто не можеме ние луѓето да жалиме нечујно?
     
    На julie77, Moira и Lilit им се допаѓа ова.
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Најучтиво се молат Македонците да не коментираат на српски на фејсбук. Патетични се.
    Фала.
     
    На Glossy-girl и TheKiketoo им се допаѓа ова.
  19. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Несакав за ова да пишувам,ама морав,морав... ;( ;( Не убави зборови,знам....
    Неее,неможам да сватам.
    Неможам да се помирам со тоа дека летото ОТИДЕ,а со него и тој,дека повеке неможам да ја носам мојата омилена маица на прерамки,таа што он ми ја купи...Неможам да се помирам дека него го нема повеке,не е крај мене,тешко ми е.Многу ми е тешко.
    Требаше да се дојде сега,ние да се видиме,требаше на крај на септенври да се видиме,ги броев деновите,минутите,а сакам времето назад да се врати.
    Требаше сега да бидеме заедно,заедно.
    Ми вети дека ке бидеме заедно,дека ке ме спаси од затворов во кој живеам,дека и ден и ноќ ќе бидеме заедно.
    Ми кажуваше дека треба сега да се врати.
    Толку мн лаѓи ми кажуваше,а јас верував...
    И ако го сретнам така случајно? Несакам да го видам,не,односно незнам што сакам.
    Сега он е со друга,а јас плачам за него.
    Се каам што се запознав со него,што се заљубив во него,што му верував,што со него ги поминав најубавите моменти,а сега спомените никако од главава моја да излезат.
    Сакам да имам амнезија.Да не се сеќавам на него,на тоа што сме го поминале,на моментите кога ме понижуваше,на моментите кога ме лажеше.......
    Никој неможе да го замени,никој никогаш нема да сакам.
    Со која сака нека биде,само среќен да биде............ ;( ;( ;( ;( ;(
     
  20. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.029
    I m back
    сега сакам да ви се пофалам со нови слики од свадбата во соодветната тема
    :* :* :* :*
     
    На kate21, CIA, julie77 и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.