Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Знаете ,не сакав да пишувам за Тоше,ама не можам,мора да излезе тоа од мене,и под впечаток сум ,кај и да се свртам денес ТОЈ,неговиот глас се разлева низ звучникот во маркетот,трепери од стариот транзистор на продавачот на пазарската тезга,дома на тв каналите...и сега под влијание на емисијата на Џамбазов.Може некој ќе каже дека сум патетична ама ме боли неговото непостоење.Не сакам и не можам да пишувам во минато време,се додека неговиот глас и песна е тука со нас,тој секогаш ќе биде со мене.
    Тоше, еден обичен човек со душа на Самариќанец и со глас на ангел,нека ти е вечна славата и нека Бог те чува во своите прегратки,ние ќе те оплакуваме и понатаму ,тебе и твојата прерана смрт. :l:
     
    На kate21, sweet-cherry, julie77 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.488
    Допаѓања:
    17.196
    Носи си ја место долна маица :wasntme:
     
    На imorena, FortuneTeller.xD, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Секоја зграда си има своја приказна. Дали моментално немам моја приказна, па ми паѓаат другите во очи, не знам. Битно секое сабајле зградата мириса на кафе и чичковците си местат машни и си врзуваат чевли во лифт кога никој не ги гледа.

    На нашиов спрат, ајде да не го кажувам :D , да не биде работава секоја сличност со споменатите личности е сосема случајна :rofl: , ќе го наречеме Х-ти спрат. На тој спрат, од кои половина станови гледаат на исток, а половина на запад, сме збрани пет различни екипчиња. Није мене чудно како је нас Бог створио, него како нас је саставио е работава. :D

    Прв од десно, кога ќе го пречекориш лифтот, е чичко... Ајде да го наречеме, чичко Славеј, опишан со зборовите, кај не го сееш, таму никнува. Пример, имаш дечко и понеделнички го прибираш да се пофаќате по ходници да не стоите надвор. Ете го Славејот. Наредниот ден ти иде братучед на гости, повторно Славејот. Понаредниот ден иде татко, чичко, вујко, ти носи јадење, повторно, Славеј. Ти иде колега, гарант ќе се погодите и во лифт заедно да се возите, со, се разбира, Славеј. Веќе е викенд, а цела зграда не ти прави муабет и не ти вика добар ден, оти си спонзоруша и Славеј те видел како шеташ 5-6 разни мУжи по ходниците и го расипуваш моралот во зградата. :D

    До него, мистериозен тип, фиктивно опишан од цимерката а никогаш сретнат во ходниците, Д Биг Бос. Голема, блиндор врата, се кладам дека има мало лавиринтче на резето, и уште една врата зад оваа. Поврзан со голема компанија, животот си го наредил мерачки, за разлика од мене, која седи и не прави ништо а има купишта за учење. :D Повеќе информации, наскоро. ]:)

    Чекор назад, правиме круг и се вртиме, тетка... тетката што ја има на секој спрат де! Прва комшика, таа што ѕирка низ дупчето пред да ти отвори кроце и милно да те погледне. Таа што има шеќер, сол, зејтин, црн бибер, прашок за печење, правосмукалка, сукало за фаќање, тоалетна, за празник и за делник и на полноќ и во зори. Обично ваквите тетки се поврзани со гласно зборување, оваа мојава е тивка. Прилично дискретна, те гледа со мужи по ходници а сепак ти мафта.... од далеку де. :rofl:

    Мојот опис ќе го прерипам, јасно ви е со кој си имате работа, нели? :tmi:

    И, ласт бат нат лист :D , наводно мои врснички, фуфици од мало гратче од нашата мила, мала и напатена. Не ги гледам, очигледно функционираме на различни фреквенции, судејќи по времето кога се пушта вода (да, тој мелозвучен звук на ,,водопад,, се слуша додека мирољубиво си седам во дневна), или ако се изнервира некоја и пушти малку посилно вода, мојата чешма почнува да капе. И после не сме биле синхронизирани, ма ајде молим те, дури истовремено, на една сметка можеме садови да миеме! Веќе сме во очекување на првата журка, да ја отвориме сезоната. Можда ќе ги викнат и комшиките на пиење, што да не. ]:)

    Боже мили, ај да одам да си легнам.
     
    На bittersweet, mims-89, Mishela и 34 други им се допаѓа ова.
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Во овој свет на вечна есен, си најдов јагода, ванила чајче, па да си уживам!
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ја гледав емисијата за Тоше...Колку и да сакам да се сеќавам со убаво и се,ме растажија,душата ми плачеше... Прекрасен беше и ќе остани така. И не само овој ден се сеќавам на него,и не само сега го слушав,секогаш! И Бугарија на цел глас го пуштав,ги научив наоколу другите на песните,во собата си имав огормен постер од него,само од него меѓу моите слики со најмилите. Кога ми кажа дечко ми тогаш тој кобен ден,бев на факултет,јасно се сеќавам,само што излегов од лекции и тој ми вика Мила знаеш што? Тоше веќе го нема...Како бе го нема! Неможев да поверувам,како што беше облачно ми се достемни...Цела недела неможев да се соземам. Понекогаш,ќе го погледнев постерот и ќе речев Ах бе Тошка,зошто толку рано? Знаеш колку ми фали да испееш некоја нова песна? Ми беше пример и со неговите песни си ја доловував атмосферата на Македонија,како да бев дома. Секогаш ќе фали,ми се чини никој нема да го достигни. ДАј Боже и да грешам ама така мислам. Секогаш во моето срце! :l:

    Деновиве и онака ми е се сеедно,не ми се излегува,времето го искористувам колку што можам,имав една убава средба,а останатите ги оставам за покасно,кога ќе сум расположена и ќе поминат обврските. Се надевам вие да сте расположени и да се разбудите свежи за уште еден убав ден. Добра ноќ :*

    Еве,една од омилените,како за ноќва :)
    http://www.youtube.com/watch?v=FLRT_rb1vFU
     
    На Monna.Monna и Libera им се допаѓа ова.
  6. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Уште една цртка во бележникот „Љубовници“. Puppy eyes, брадест, едвај легален. И каде води ова Окси? До кога вака? Поголемиот дел од луѓето што ме опкружуваат се во сериозни врски, јас се мајтапам и си ставам цртки, а од сериозност бегам како од оган.

    Ете така, си имам изградено еден дебел, проѕирен ѕид околу мене кој не дозволува ништо емоционално да ме допре. Танцување, забава, страст - и ништо повеќе. Така ли ги зараснувам старите љубовни рани, тоа ли е начинот? Да и не знам, веројатно не. Но веќе како да не можам да одлучувам за самата себе, како сето ова да не зависи од мене, како да не можам да го сменам.
    А секогаш велам дека секој е кројач на сопствената судбина, одговорен за своите постапки. Контрадикторна сум, знам, Оксиморон.

    Меланхолична е вечерва, трип-хоп на трпеза. Добар апетит!
    http://www.youtube.com/watch?v=MAsrDu3p ... =endscreen
     
    На julie77, Cataleya, innablood и 4 други им се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    Паѓам на момци кои пишуваат кирилица! Одма си добива пЉусче :lol:
     
    На CaperucitaRoja, Mishela, Buttterfly и 15 други им се допаѓа ова.
  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    И си легнав нели како што е ред, ама не бе не се спие и пак станав, си гледам Сексот и Градот епизода, две преку сила, и си ја мотам косата. Леле лугенца да ме видете сега каква пудлица сум ке ви се слоши од се, и нема да ме знаете како црешичка туку како трула вишна. :!: Ама пак затоа утре ке биде убава кога ке преспијам со неа. :emo: И не знам што уште да шкртнам овде, кај мене се е исто, досадно и невработено. :?: |(
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.268
    Допаѓања:
    157.701
    Ве молам не ме трујте со вашите поими за живеење со пуни гради - незауздан секс и пијанчење као секој ден (ок,и јас пијам и е ок, и е опуштање,ама сфаќате на што мислам). Тоа е типична деструкција. Најлесно е да се препуштиш зошто така ти се сака,ама кажи ми бе ти брат, како знаеш зошто така сакаш?! Зарем не е полесно да знаеш?! Извини,ама ти освен маскота, друго да не си станал.

    Живеењето е уметност која по никоја цена не е досадна. Либералноста има многу попрефинета и рафинирана форма каде ги задоволуваш сите потреби на многу разумен и интересен начин. Ама муабети за пропаднати животи...некако не ми се прават. И ве молам, немојте со таа слободоумност да потпикнувате неприфатрливи работи како морални и општествени норми... Ако сите се однесуваме како вас... можете ли да замислите и овака профаниот и декадентен свет каде би отишол?!

    Секој има секс,секој подпивнува,секој по некогаш претерува,еве на пример јас тврдам дека морам увек да сум со 500 мл пиво у себе,ама не друго, туку ми ги олабавува мислите кои инаку ми ја теретат креативноста,секој се забавува...ама веќе кога е стил на живеење...онда, рехабилитационен центар за вас. Тоа го правите не затоа што сте среќни,ами затоа што сте глупави и не знаете да се спознаете себе си.

    Ве разбирам...и онака како што ве разбирам,не би ви се допаднало... и поарно да не ви го образложувам, пошто ќе почне егото да ви крвари.
     
    На Sara123, Miss-Independent, ljubam и 6 други им се допаѓа ова.
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Понекогаш се случува да се смееме, да трескаме глупости без врска а уствари кога ќе останеме сами со себе сфаќаме дека сето тоа е површно.
    Не сакам да давам со некои филозофски мисли ама така е. I'm fine, I'm just not happy.

    Нешто фали а не знам што. Всушност, во животот секогаш нешто фали ама некои нешта оставаат преголема празнина.
    Но, не велам дека нештата не одат на подобро. Засега се фокусирам само на едно нешто а за понатаму ќе видеме.

    Изморена сум, преморена а толку работи чекаат. Ако видете денес девојка со темни вреќи под очите тоа сум јас ;).
     
    На LilBaby, sweet-cherry, CIA и 3 други им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    можеби за некого би била глупост прањање од типот дали можам да летам со авион а примам лекови за заштита од епилептичен напад ама што си е сигурно-сигурно си е :) дури до кај докторката на клиника отидов :!:ја најдов, ме прими -на мобилен нема шанси да ја добиеш и ете можам да летам :$ што е супер вест па да си знам да не аплицирам за работа во странство за џабе :!:
     
    На vitomir и Abeja им се допаѓа ова.
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    И она кога му оставаш на времето да те научи да бидеш среќна.

    Туку си имам едно вакво полароидче, уште да му најдам хартија и да почнам да си сликам.
     

    Прикачени фајлови:

    На Chica.Loca, AnaKarenina, Divinebutterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.383
    Допаѓања:
    17.599
    Пол:
    Женски
    ^^ Аххх Љубам, ме потсети на детството, татко ми имаше ваков апарат што вадеше одма слики нели, има доста такви слики а апаратот којзнае каде е ќе треба да го побарам некој ден ако не отишол во отпад, мислам дека филмот за ваков апарат е скап ама имам убави спомени со него, после сликање демек ја мафтавме сликата побрзо да се покаже насликаното, или нешто така беше. Се надевам за истото правиме муабет :P
     
    На srcekrsacka, ljubam и kravce им се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Да да баш таков, само во МКД нема хартија, морам да порачам од други земји, и многу е скапа, ама ќе си го направам меракот, па што сака нека биде! :)
     
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Убаво ми е утрово, среќна сум. Ми недостасуваат многу работи, ама денес ќе ги поттурнам назад во мислите. Добив нем разговор, гушки, цветчиња, дури и омиленото мече од моето слатко бебуле, па посакав да си ја земам дома и со неа да си нанкам. Сега само тоа ми е во умот, чиста невина душа што силно и искрено сака.
    Сета тмурност исчезнува во нејзината насмевка.
    Се' е толку небитно во малиот свет, освен љубовтта, шаренилата и веселите лица. Да ги избркаме облачињата од нивните души. Љубов е тоа, чиста, детска, единствена љубов, создадени од љубов, олицетворение на љубов.
     
    На bittersweet, Miss-Independent, marama и 14 други им се допаѓа ова.
  16. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629

    Не е воопшто глупо прашањето srcekrsackе,нормално е да се информираш за се што е потребно. :) поздрав :hai:
     
  17. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Она што НАВИСТИНА го посакуваш доаѓа токму кога не се ни надеваш на тоа...

    Ми треба пријателска прегратка, прегратка која ќе биде исполнета со доверба, почит, искреност и пријателска љубов.
    Ми требаат пријателски зборови кој ќе ме утешат малку од малку, ми треба пријателски разговор...
    Имам многу другарки ама не сум се осмелила со никоја да зборувам...
    Се ми треба. :^)
     
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Зашто?значи не ти се вистински пријателки,ако ти е страв да им се довериш,тогаш зашто ги дружиш.поздрав :)
     
  19. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    сакам да кажам дека летам од радост-ми дозволи главната да излезам у петок и правац банско-спа центар со мм. на прослава на годишнината!!!!
    јеееееееееееее :* :* :* :*
     
    На Abeja, CIA, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    :D леле срцка таја ^^ ама што да се прави, селски деца се тие :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.