Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    СДК порано се пишеа по 10-15 страници СДК на ден,сега тикви... Вчера завчера читав многу убави постови,се надевам пак такви да читам и тоа почесто.

    СДК ќе се сликам за возачката,па сега ќе си се средам :) Нели треба нови возачки да имаме,иако мојата е не баш искористена,ама планирам да ја користам ;) А покасно и едно убаво кафенце на Широк Сокак ќе пијам,да ми се направи меракот :)
    Еве и сега пијам,кој е за да ме дружи нека повели.Еве ви испраќам кафенце за денес и една убава прегратка :sun:
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На bittersweet, Stoimenovska, CIA и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Утро обоено во сонце.

    Го сакам. Мирис на варена пченка и Мадона со Ray of light ми е почеток на денот.

    Ви го приложувам моето второ интервју/прашалник во Окно, се надевам ќе ви направи мекост на душата:
    http://www.okno.mk/node/22776

    Гушкам, најсилно!
     
    На antonina, bittersweet, kate21 и 23 други им се допаѓа ова.
  3. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Како олеснувачки ми тргна неделава , дури да се чуди човек. Некој вирус ме фати, или се олеснувам од доле, или од горе. Ама важно два три пати во денот се истурам. :D Ослабев едно 10 кила. Како што бев слаба сега сум дупло, како кождер некој се шетам низ градов . Помини замини, сите до еден „ Што си бледа што ти се случува? “
    Што ми се случува - пролив ми се случува :D
    Си го повелкувам зборот кога реков, „мене грип не ме фаќа, па ти ќе ме фатиш “ Ме фати за цел живот што не сум имала пролив, да надокнадам :wasntme: Значи бејби и ти ќе ме фатиш кај и да е ;)


    Доста за гадостиве, инаку Господ ми дал една дарба - секогаш да го промашувам времето. Треба да ме земат во центарот за метео прогнози, ако кажам „ќе врне“ они треба да запишат „ жешко ќе поцркаме“ , ако кажам „жешко ќе биде“, вадете капутите. Што клетва ми мавнале вечно прамушавам .
    Кога ќе се облечам како зимник, сонце пукнало, кога ќе отидам како за на плажа, дожд ќе ме фати .
    |( Среќа моја метеопатска.

    И уште нешто :!: На една група прочитав „ Станувам сабајле и сфаќам дека од мене човек не бидува “
    Си реков „ видиш, имало нелуѓе како мене“ :D И јас така често ми се случува, ќе станам, ќе се разбуди скептицизмот и паранојата во исто време во мене уште рано по сабајле и едноставно сфаќам дека од мене човек не бива.
    Сега паника ме фаќа за колоквиумот и паднав возачка за кола, и сега се чувствувам како што би рекол Амди Бајрам „пола човек, пола ништо“. Е јебига... Како да ти кажам...
     
    На anabel-a, Cacy, XMaN и 5 други им се допаѓа ова.
  4. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Има денови кога незнам што со себеси. Денес е еден од тие денови. Никакви обврски со кои можам да го пополнам времето, туку само чекам нешто да се случи и да ме извади од ова сивило.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Вејке цркнав од учење учи хемија ке испитулава за 2 теми,на математика и текнало тест да правиме учи за степени,по германски тест тематски,англиски наставно,физика наставно,хемија наставно а од македонски не може да се земе воздух по 2 пати неделно тест се праве хартија ке смена во свето од неа :D :D ...На сите сега им текна што е зборот тест :D :D ..сега па ке спиеме и после во Декември па и ке и текне па после и мај месец... :?: :?: :?: проекти, еднотонско домашно дават сите... :D :D де бре луѓе и ние имаме душа..не можеме во еден ден по 2-3 теста да правелеме :!: ..
     
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Другарка ми за ланскиот Осми март ми купила ваква престилка.И денес нормално ја навлеков неа,и погодете...ги утнав колачите...ги помешав мерките наместо шољи,лажици и обратно.Во вакви периоди треба да ми се забрани да влегувам в кујна,зашто сум тотално неспособна.А и за општо добро на другите.Деновиве мразам да готвам,мијам садови...и мразам и да јадам.Ако јас се прашувам би преживеала само на јаболка и грозје...ама домашниве сакаат ручек.Не е важно нешто ќе направам и ќе го јадат на нивна одговорност и ризик.
    Туку да си набавам јас ваква па да да закачам на спротивниот ѕид во кујната,тогаш можеби ќе ми успее готвењето.
     

    Прикачени фајлови:

    На antonina, imelda, Peppermint и 5 други им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Јас да ви кажам ојдов да ја читам Шилејка, и си најдов на окно моја слика, постирана денес, без да знам, ама ако убо ми дојде. http://www.okno.mk/node/22795

    Туку навистина интервју полно Љубов, се гледа зошто постоиш.

    И неколку пати на твитер и на фб постирав ова...не можеш да најдеш работа додека постојат вакви полжави.

    “Слетал орелот на врвот на една висока планина… кога таму,полжав! Е, како бе ти полжав се најде волку високо? - Со лигавење, брат со лигавење.„ . Ова го посветувам на партиските вработувања, на професорите, биолозите, и она нати ми го дај ми го, лижни ми од задницата и така.. поради такви не можам да се вработам, нит ко професор, нит биолог, нит еколог.. епа..
     
    На antonina, zarah, Lov3 и 15 други им се допаѓа ова.
  8. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Не е лош денов,не,многуу е добар.
    Ниту животот не е лош и не е тежок.Туку е
    заебан
    .
    Денес најлошо е да бидеш искрен.А најдобро е да лажеш. :fubar: :o
    Ама па не треба мене да ми е гајле.
    Ниту ми е гајле за некој.
    Кој што сака нека си прави,јас си гледам свој живот.

    Не го сакам мн овој период од годинава,ама пак сега ми е мн убаво.
    Да,денес не бев во школо.Зошто да одам?Бев на гости.Убаво си поминав,односно најубаво до сега во животов.Се смеев искрено,бев среќна во неговата прегратка.Ме прави среќна.Незнам што би правела без него.Сите си отиода од мене,само тој,тој остана со мене,за мене. ^_^ ^_^ :*
    Тој е единствен,не ветува,а исполнува се,ништо не лаже.Чесен и добар.Тој е човек.Никого не навредува и не повредува,а со пријателите се однесува пријателски. :) Ретко е денес да се најде толку добар човек.
    Но морам малку да се приберам,некое време не бев во школо и мн за учење имам.Мн предмети ми се насобрале,како ке постигнам незнам.Ама ке се трудам,морам малку да се поправам. :)

    Имајте убав ден. :hai: ;)
     
  9. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Јас можам и ќе бидам среќна :)
     
    На tweety26, zarah, cinderella5 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Live,
    travel,
    advenutre,
    bless,
    and don't be sorry.

    ― Jack Kerouac

    [​IMG]
    Ноншалантен ми е денов,и јас сум таква!
    И среќна!
    Личност која со задоволство би го спакувала цел свој живот во еден куфер и би тргнала околу светот.Сама.
    Но не и денес.Екскурзија...енд екшли ми лајк ит!
    Сакам само да се вљубам во Прага.И Виена!
    Би сакала Елизабет Гилберт да ми беше туристички водич!Жена што посветува големо внимание на сите битни елементи од животот.

    Останети ми во еуфорично расположение,се одјавувам на 7 дена.
    Бизу бизу.
     
    На Hipster, tweety26, cinderella5 и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Омилената серија, чајче и сонце има ли нешто подобро од тоа? Одамна не сум правела вака, да си седнам и да си уживам. Порано знам и ќе напишев нешто во некоја тетратка или дневник но затоа денес ја имам фемина. Сакам еден ден без интернет значи за сите во целиот свет. Една убава прошетка, еден пријатен разговор в парк без интернет. Без wifi, без ништо. Насмевката, топло џемперче и фурај си. Е така сакам да ми е еден ден.
     
    На kravce и Sara123 им се допаѓа ова.
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    Звукот на брза помош и вртење на другата страна од постелата. Близу, преблизу се слушаше. Решив да игнорирам. Останав дома сама, моите ги снема. Помислив низ двор се сигурно. Го слушнав и внук ми како вика низ нашиот двор, па си викам се собрале сите тука, на муабет и кафе.
    Една порака на мобилниот, па уште една. Го игнорирав и тоа.
    Повторно викање, едвај ја кренав главата од перница, со мрза се извлеков од постелата и го дофатив мобилниот. Некој ми ставил кредит јухуу. И така сонлива си викам - Па ова грешка е, како да му го вратам? О Боже, не знаев дека сум толку поштена :lol: Сериозно да знам кој е, би се одолжила, грешка е знам, нема кој да ми става кредит, па и како изненадување.
    Него срцево не ми даваше да излезам надвор. Но нема смисла, се собрале жени, ќе зборат утре. Подобро да не излезев, подобро. Сега уште толку сум растреперена за сликата која ја збореа, за случката од утрово. Што ќе биде со неа? До кога вака? 2012 проклета си ми, проклета. Те молам дај ми една светла точка, една! Не барам многу.
     
    На zarah, Peppermint, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Во ноември ќе одам на натревар по пливање, 50 метри. Сега дознав.
    Јас сум среќно дете, набрзо ќе одам да си ги видам другарките и тато во хаг, уште точно 74 дена.

    Сакам само убави новости да има, да сум си среќна и задоволна константно 8)
    Нека фрчат убавини!
     
    На CharmedGirl, Glossy-girl и Stoimenovska им се допаѓа ова.
  14. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Има периоди кога врз глава ми надвиснуваат темни облаци од страшни мисли и стравови.
    Па ненадејно ќе ме накисне дожд од измешани емоции, а јас ќе немам чадорче за да се сокријам и заштитам од нив. Ќе започнам да чекорам по несигурни патишта и ќе налетам на неизбежни вирчиња.
    Ќе се предомислам, ќе се покајам, па ќе се откажам. За на крајот нечија дланка да ме повлече, велејќи ми дека премногу долг пат сум поминала и не е време сега да застанам.

    Сакам да верувам во она дека После дождот, сонце изгрева.
    И додека останатите чекаат принцеви на бели коњи, јас си го чекам сонцето.
    Да ме огрее, да ми влее надеж и ведрина - сега ми е и повеќе од потребна.

    [​IMG]
     
    На DzingrlakaDzikica, kravce, antonina и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Ах, колку е само убаво кога имаш пријатели кои што можат да те забавуваат со своите глупости! :D Понекогаш се прашувам зошто толку ми се важни? Но, одговорот е многу јасен: Бидејки тие ми се пријатели! :D :rofl:
     
  16. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Иииии.. една другарка помалку.

    И воопшто не ми е гајле, воопшто не се ни замарам ниту се секирам. Само се чувствувам полна со омраза затоа што ме предаде, на некој начин. Сама избрав да ја избришам од мојот живот, такви луѓе не ми се потребни. Не ми се потребни другарки кои го занемеруваат друштвото поради дечкото, тие што имаат поголема доверба во дечкото со кого се дури еден месец во врска, тие што кога ќе им кажеш нешто во доверба одма го издаваат.

    Ама очигледно е дека јас сама сум си крива за сите лоши работи што ми се случиле со другарките. Премногу доверба имам во нив, а јасно е дека не треба да имам. Исто како што сум магнет за лоши машки, така сум магнет и за лоши другарки. Како и да е, не дека ќе почнам да ги бирам другарките туку ќе почнам да бирам што треба и што не треба да им кажувам. И ич не ме боли дали тоа што го знам е за доброто на таканаречениве другарки, ќе си го преќутам пошто многу е очигледно дека не знаат да ценат такви работи.

    Чао пријатно и на тебе Сара. :hai:
    Што побрзо да раскинеш со кретенот и да видиш колку не си била во право!
     
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ред хот чили пеперс расположение денес некако :)
    До сега фин ден,а ќе видиме за после :P
     
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Сфатив дека нешто што на тебе нема да ти промени ништо некому може да му значи премногу. Работи кои тебе ќе те чинат само минутка од твоето време на некому може да значат многу повеќе. А некои луѓе сепак знаат да ценат. Некои пак живеат само за себе. Сфатив дека си го средив животот. Се тргнав од користољубивите другарки кои ти ги наметнува средината, опкружена сум со луѓе кои секогаш можат да сметаат на мене, а нормално, и јас на нив. Убаво е чувството да знаеш дека некому си помогнал. Зборот благодарам навистина убаво звучи, а во последно време јас се навикнав да го слушам :)
     
    На kravce и marama им се допаѓа ова.
  19. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Сакам онаков кантри бар, каубојски. Со музичето, со карираните кошулки и чизми.

    Ладно ама топло. Неспарени парови и незаслужени награди. Добив покана за Божиќ, католички. И тоа чудо да го видиме. Вчера до никое време со цимерката правевме муабет за секс шопови и големи прслуци оти двете нели обдарени.

    Имам кажано еднаш, ќе кажам уште еднаш. Среда е мој ден и не сакам да ја делам со никого. Освен со една дебела мачка и шолја чај.
     
    На ludoto19, Moira, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  20. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ах бе Витомир, не реков дали е глупаво прашањето, туку можеби за некого е глупост-има разлика :!:
    дали е глупаво или не, за мој живот се работи,секако дека ке прашам-море и на глава ако треба ке и се кажам :)
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.