Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Денес на внук ми му е роденден. Се сеќавам на денот кога се роди. Отидовме со мајка ми во болница на посета и бидејки беше кратко време во инкубатор не ја пуштија мајка ми да го види туку само мене ме однесе медицинската сестра. А кога го видов, сеуште ми е таа слика во умот. Бебе мало, суво, со МНОГУ коса. Абе едно чудно, се гледаше дека ке биде жилаво и инаетливо.

    Така беше. До 4 години сестра ми никаде неможеше да мрдне без него оти многу беше приврзан со неа. Ке одат на свадба 15 минути и одма стануваат да си одат, оти малиот помодрува од плачење. А штом ке ја видеше, осмех од непце до непце бидејки немаше заби. :D

    Мене а и никој друг не сакаше до пред 4 години, само мајка му и сестра му, за друг не знаеше, ама во последно време почна малку да се опушта, да дава да го гушнеш и бакнеш.. И баш пред некое време приметив оти така правел бидејки неговата глава доага баш на моите цицки и интересно му е. Первезњаче на тета. :*

    Кога си доаѓа од училиште, прво отвара Вест, дневна доза голи цицки, пишува домашно па пука кантер. Сакам да си правам со него муабет многу, бидејки е ист како мене карактерно, често се јадеме бидејки тој навива за Барселона а јас за Реал, и си викаме -Кај си бе лузер. :D

    Со дечко ми се` обожаваат взаемно. Бившиот не го сакаше толку ама за дечко ми душа дава. Од мене има се расплакано само 2 пати. Еднаш го удрив силно оти ме изнервира, и вториот пат бидејки го заебавав за едно девојче дека ја сака. :D

    Нека му е среќен роденденот многу здравје, среќа и се попратно да го следи. Останете ми со здравје јас во 5 и 30 одам на роденден во сендвичара со 20тина 11 годишни мажишта. :D
     
    На antonina, bittersweet, BoaVista и 13 други им се допаѓа ова.
  2. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    3.632
    СДК дека го положииииив првиоооот испииит ! :wasntme:

    Пресреќнааа суууум и само нека ми се множааааат :D :clap:
     
    На Elennaa, Stoimenovska, starbucks и 3 други им се допаѓа ова.
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Одвај чекам сабота, ја резервирав за ручек кај баба ми. :angel:

    У осталом, луѓенца, се изморив.
    Од формалности.
    Од правила.
    Од глупи луѓе.
    Од искомплексирани фацки.
    Од дволични анусолижачи.
    Од уанаби смартесис.
    Од се` сум уморна.

    И знаете што?
    Сакам да престане да ми биде гајле.
    Време е да престане да ми биде гајле..
    арно ама.. :x
     
    На kravce, cinderella5, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    откако цела нок ја поминав во месечарење дали е се ок со исполнувањето на задачите што ги имам на ова работно место,сум супер -иако очите ми се на пола копје, се видов со две личности со кои ми беше многу мило што се видов сегашни мои колешки, случајно се видов со претседателот на општинскиот комитет-ама ме исплаши :D, и заборавив дека не сум спана :) едно капучино и ке бидам ко нова :D
    требаше да се видиме и со него, ама не се видовме и сега ми е лут-епа љубави јас не можам да се клонирам :shake: имај малку разбирање ако навистина тооолку ме сакаш :* :hug:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Куќата на стравот [​IMG] во населбата Црниче ќе се урива, а на нејзино место сопственикот ќе гради нов објект.Сопственикот на куќата Крсто Велјановски демантира дека во куќата имало духови.

    -Тоа се големи невистини. Слушнав дека фаќале духови и многу шпекулации поврзани со тоа, но јас тврдам дека во неа нема ништо. Планирам за кусо време да ја урнам бидејќи на нејзино место ќе се гради нов објект“, вели сопственикот на куќата.

    „Куќата на стравот“, која се наоѓа на улицата „Востаничка“, датира од пред Втората светска војна

    Според легендите ја бие проклетство.

    Според една од легендите таму живеело семејство со три деца, две девојчиња и едно машко. Една од сестрите загинала трагично паѓајќи од коњ, а по две години втората ќерка ја пратиле да наполни вода од бунарот и повеќе не се вратила. Момчето, пак, починало по четиригодишно боледување.

    На денот на неговата смрт, мајката се обесила во куќата, а таткото по два дена се фрлил во реката која течела во близина.


    http://www.youtube.com/watch?v=P5e134ZwhvU
     
    На Chica.Loca, CharmedGirl, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Katalonka

    Katalonka Активен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    13
    Е бре,да знаев ќе си се омажев на време или ќе се запишев во друго средно :tmi:

    Две години идеш прва,две години втора смена :lol: Е ајде де.
    И цел ден без него,одиш на тренинг,спиеш,после зјапаш во плаво бел екран и го чекаш да се уклучи на фб наместо да излезеш надвор. Модерно „жртвување’’ за љубовта ќе беше тоа :!: Сепак сме 21 век. :lol:
    Ептен да немало што да се прави.
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Колку и да работиш по дома никогаш нема крај.Се ти е тоа еден магичен круг.Искрено можам јас да не ја пуштам куќната хемија од рака,секаде да пуфкам и да дезинфицирам,ама живототв е премногу краток за такви работи.Повеќе сакам јас да се средам,па со другарка ми да се дезинфицираме од внатре со чаша добро вино,да се вратам дома и да си ја прочистам главава со квалитетна книга,или на драгиот мој маж да му го изгланцам денот така што заедно ќе ја гужваме малку постелината,наместо хистерично да ја менувам и ја местам под конец.Куќета треба да ми служи на мене а не јас на неа.
    Отидов да се спремам нема сила која може вечерва да ме задржи дома.
     
    На imelda, Moira, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  8. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Денес се запознав со феминка која е од штип,заборавив како е пишана тука,макар што рече дека сега само читка на форумов поради заборавена лозинка,ја запознав и мистериозна сограѓанка ми е многу е слатка,таа е струмичанка,но среќно мажена во нашиот град.Баш ми годеше што запознав досега две...
     
  9. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Фантазии.. фантазии..
    Си фантазирам јас за се и сешто.
    Мојата најнова фантазија е да имам една тајна соба во ќе можам да влегувам само јас.
    И по можност да биде на некое скришно место.
    Не мора кој знае што да има внатре.. не барам многу јас.. :wasntme:
    Најобична, најпроста маса која секогаш ќе биде расфрлана, со еден куп ливчиња, пенкала, моливи, ситници. Понекогаш обожавам да бидам опкружена со хаос и неред.
    Една мекичка и удобна темно зелена фотелја, долги виолетови завеси, дрвени полици и многу простор.
    Предмети што ми значат, ѕидови во боја и еден куп книги убаво наредени.
    Мислите на пасење, слободен простор за медитација - совршена атамосфера.
    Мислам дека никогаш не би излегла од таму.
     
    На kravce, marama, CharmedGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.432
    Допаѓања:
    103.473
    Пол:
    Женски
    Блесава сум мајке ми, јас и продавница не идеме у комбинација дефинитивно....
     
  11. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Убаво се чувствувам затоа што конечно најдов повеќе време да го прелистам форумов, па ете и да напишам нешто. Преполна сум со обврски деновиве, крајот неможам да си го најдам. Ама ако, и тоа го прави животот интересен. Битно да се случува нешто, нели? Само да не стоиме во место... Најважно е што останувам прибрана и со ладна глава застанувам спрема сите предизвици. Организираност и дисциплина, тоа личи на мене, хах. 8) :)

    Уште еднаш си потврдувам дека и неколку моменти можат да ми го разубават денот. Навидум кратки, а за мене сепак многу значајни. Тоа е тоа чувство што ми го растреперува и ми го затоплува срцето. Незаменливо е. Првпат после толку време забележувам дека се шетам со насмевка на лицето, без да се грижам што мислат другите во тие моменти за мене. :lol: Добар знак е тоа. Сакам да трае, да трае...вечно! :l:

    Ете така, а вие Феминки имајте убаво попладне и уште поубава вечер!

    :*
     
    На ludoto19, kravce, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.489
    Допаѓања:
    17.196
    Лежечката у кревет со четирите у вис :mm:
     
    На ludoto19, Dvolicen, cinderella5 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Кога учам, и најдосадните реклами на ТВ ми стануваат интересни :D

    Едит. Морав да надополнам.
    Постои „правило“ дека помладите треба да ги почитуваат постарите. Ама никој не кажал дека тоа почитуваење смее да биде злоупотребувано, во некои случаи. :fubar: :envy:
     
    На Chica.Loca, ludoto19, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мирисот на пита со тиква. Таква убава целата, со цимет и шеќер во прав, умирисан цел стан, или цела зграда. :mm:
    Оу да, есен, ју факинг бич, официјално те пречекувам и дома.
    Обожавам, просто луда сум по пита со тиква. Ја сакам и повеќе од стандардните солени пити. Ме потсетува на убави работи, на семејство, на дома, на караниците со сестра ми за последното парче, на шамарот на мајка ми кога еднаш тиквата наменета за пита ја издлабив и ичкртав цела со маркери... ех...
    А седам во собава со главата над едно “чудесно“ дело такозвано Применета Економика и пробувам носов да го отргнам од мирисот што ме мами. Кој, по ѓаволите, рекол дека правник треба да учи и предмети поврзани со економија? Како ли залутал тука, овој исклучително досаден, и небитен за правниците, предмет? Мислам, стварно, со задоволство би ја викнала другарка ми да полага место мене, и така е превише навлезена во економијата, ова би и било боза. А на толку студенти, тешко дека некој ќе ја запримети и така малата разлика во изглед меѓу мене и неа. Нешто послободно размислувам за криминални дела, отколку што треба. :wasntme:
    Патем, почна да ме фаќа гадното предзимско расположение. Имам чувство дека зимава што иде ќе трае долго, многу долго. А не сум баш уведлива кога и кажувам на мајка ми да почека со вадењето на зимските обувки.
    И додека пишував, питава ми стигна до соба. Добро не стигна, и не е цела, мајка ми како што е редот првото парче ми го донесе мене на дигустирање. Што повеќе да кажам, само ќе ја цитирам Алачки: Мх, мх...мх...
     
    На Buttterfly, Moira, kravce и 12 други им се допаѓа ова.
  15. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Ме нема, ме нема. Секогаш кога сум најзафатена се чувствувам најубаво. Спремање дипломска, работење на преводи и...конечно официјално вработување на местото за кое мечтаев откако првпат ставив интернет дома. Работа за уживање и задоволство, работа што ме исполнува и ме прави среќна.

    И љубов, мнооогу љубов. Планчиња за иднина, коцките убаво се редат. Чоколадо и чадори, топло макијато и цигара, смешки во канцеларија и пак, љубов. Секојдневието ми е прекрасно, конечно.

    Нека ми е за арно и убаво. :)
     
    На Lepaaa, MissSpark, rossonerka и 29 други им се допаѓа ова.
  16. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Деновиве во себе имам еден куп измешани емоции,среќа поради него,депремираност,тага,вчера како и наназад 5 години секој 16-ти октомври ми беше исполнет со некое чудно и тажно чувство кое што секој може да го разбере бидејќи секој од нас барем еднаш во животот го имал во себе.Денес сум гневна на животот,гневна сум на тоа колку се омаловажуваат и дискриминираат луѓето. Денеска поминував и забележав како еден човек собира пластични шишиња од контејњерот за да го прехрани своето семејство,беше со наведната глава, устрамено и со тажен поглед ме погледна,а во меѓувреме еден ''господин'' му се приближе и го избрка човекот со зборовите дека е питач и дека тој нема право да се вртка околу''неговата зграда''.Тој ништо не му пререче туку со болка во очите,разочараност и непријатност тргна да си замине од тоа место.Во тој момент во мене се појави гнев кон ''господинот'' и тага и сочуство кон тој човек.Го прашав ''господинот'' зошто така се однесува кон човекот,зарем е негово местото што го брка од таму и дека тој ништо не прави освен што заработува за своето семејство.Тој ме погледна чудно,изненадено промрморе нешто и си замина.Човекот настрана слушајќи ги моите зборови со широка насмевка на лицето ми се приближи и ми кажа дека тоа е нешто најубаво што некој кажал за него и во негова одбрана.Јас се насмевнав и му дадов 100 денари,немав повеќе и му кажав оди дома мил човеку,денеска биди со своето семејство бидејќи тој од утро до мрак оди од контењер на контењер бери шишиња само за тие 100 денари,а воопшто не го гледа своето семејство.Тој ми се заблагодари и си замина.Оваа случка ме потсете на една друга кога еден ден пред 2 години враќајќи се од работа еден старец се зализга на угорницата во мојата улица бидејќи патот беше подмрзнат.Јас го фатив под рака тоа старче кое што не го знаев до тогаш,а тој ме дочека со зборовите:''Остај ме да паднам,да се отепам и така живеам како куче,а не како човек''.Во тој момент во мене се појави неописливо чувство,голема грутка во градите од која што не можев да изговорам ни збор.Одвај го прашав каде оди ,а тој ми одговоре дека ќе оди до кантата што е погоре за да побара некое пластично шише кое што се надева дека ќе му биде доволно за да купи леб бидејќи 4 дена немал јадено ништо.Во тој момент со солзи во очите му дадов пари,тој прво збунето ме погледна,па откако ми кажав да ги земе не сакаше да ги прими,а откако по долго инсистирање од моја страна прифати со солзи во очите ми кажа :''Фала ти многу девојче,јас немам да ти дадам ништо за возврат,само да ти посакам да си среќна цел живот и дека дур е жив ќе го памети тоа''.Го гледав извесен период и секогаш ме поздравуваше и ми се заблагодаруваше.По некое време го снема,си мислев дека заминал некаде и денеска баш откако се случи погорната случка ги прашав моите бидејќи и тие го познаваа него каде е и ми кажаа дека починал.Наеднаш ми се стегна срцето и иако не го познавав добро почувствував како дел се откина од мене,не изустив ни збор,се затворив во соба и плачев со часови.Збогум мил човеку кој што ми го промени животот и ме направи подобра личност.Направете и вие некој ден за некого нешто,издвојте една минутка од вашето време која што на некого ќе му го промени цел живот.Верувајте чувството е незаменливо и бесценето.
     
    На Buttterfly, K.Mari4ka, Moira и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Доста чуден и интересен период.Исполнет со дожд,со сонце,со насмевки и највеке со љубов. :)
    Eсента е овде.Ке замине и таа а потоа зимо.Снег,нови спомени и журки повторно.
    Си поминува брзо 2012 година. :)

    :hai:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  18. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Значи луѓе конечно. Конечно положив, плачев од среќа, зошто за овој испит бев под толку стрес што не ви се верува :(
    значи каков товар ми падна од срцето, сега ке можам мирно да спијам и да правам се што секогаш сум посакувала се ама баш се :)
    Викендов идам за приштина, ауууу ама ке се изнажуркам, ке биде јакооо :)

    Аууууууууууууу многу ми беше убав ден, одамна вака се немам израдувано :D

    Ве сакам сите, ги сакам сите денес..
     
    На ludoto19, marama, zarah и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Нова мистерија стои пред мене.
    Нов предмет на истражување. Предизвик, да...

    Ќе се снајдам некако. Ќе дадам се од себе. :)
     
    На feferona му/ѝ се допаѓа ова.
  20. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.465
    Допаѓања:
    48.566
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека после изедено парче торта Нутела животот има многу поубаво значење. :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.