Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... конечно, alone time со моите сериички... ќе си пукнам, подобри се од поголем број реални личности.
     
    На Hipster, sweet-cherry, anuskaNESTLE и 12 други им се допаѓа ова.
  2. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
  3. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  4. Ella.313

    Ella.313 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2012
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    149
    Пол:
    Женски
    :rofl: Браво Дволичен,ме изнасмеа :rofl: :rofl: Од разиграни бројчиња до разигран кеш,кеш хахахах.Не е крива,бројките и го поматиле умот хаха
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    За сите титкачи !





    ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ НЕМА ПОВЕЌЕ СКРИЕНИ ПОВИЦИ ОД МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН


    Корисниците на мобилната телефонија нема да можат да остваруваат повици со скриен број. Сите три мобилни оператори пристапија кон новата законска обврска од АЕК. Целта на истата е да се заштитат корисниците од анонимни јавувања, чиј број според статистиката е се поголем.

    Новите при-пеид корисници ќе мора да се идентификуваат откако ќе купат нов број од T-mobile, VIP или ONE, во спротивно купената картичка нема да биде активна.

    Доколку корисникот нема можност да се регистрира во салоните на мобилните оператори истото ќе може да го направи преку повик на оператор, СМС порака или преку веб страниците на мобилните оператори.

    И веќе постоечките корисници кои не се идентификувани на своите броеви, ќе мора наскоро да го направат тоа. Мобилниот оператор преку порака ќе ги извести своите корисници за новата законска обврска.
     
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021

    Нема повеќе титкање од скриени броеви во 3 саат и слушање како некој дише на телефон или пак ти вика како сака да биде љубовта на твојот живот ,Нема повеќе изговори другар ми титка а уствари е швалерката/швалерот ...


    Soon we shall have the power .... THE POWER , TO SEE EVERYTHING .....

    MUHA....MUHA....MUHAHAHAHAHHAHAHAH :devil: :devil: :devil: :devil:
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  7. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Уф, дај боже некогаш се избацуваат некои такви титкачи кои се многу досадни, последен таков имав во саботата. Гроу ап |(

    СДК. Лепчињата со маргарин, сирење, пилешки гради, и домат се печат во рингла и цел стан ми мириса на апетит :wasntme: . Бујрум кој е за, јас сум нестрплива да се допечат. Инаку имам некое пречуство ко да чекам нешто големо за мене да се случи, само да не е лошо нешто оти преку глава од малери. Нека е нешто убаво, нешто да ми врати сјајот во очите, нешто што ке направи да ми има смисла животов, оти од ден на ден се повеке се губи. Фала богу го имам него, колку толку одвреме навреме да биде покрај мене. Боље ишта него ништа не? :)
     
  8. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Ќе проработат фиксните :lol:

    Туку,јас имав преубав ден,бев насмеана и се,се додека тој не ми го расипа :( Аман веќе,ми иди се да му изнакажам и да го оставам. Проклета да сум што сум ваква,за се се грижам,аман...
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сите зборуваат за љубовта и љубовта :) Јас да, имам видено многу љубови, многу заљуени парови, ама последново нешто што го видов ми ги поби сите теории и погледи за вистинската љубов.
    Видов едно Старо деде 75 години (предпоставувам дека беше толку, според годините на неговата жена на гробот, која имаше 73) на гробишта, седнало на клупа до гробот на својата жена, со солзи во очите, размислувајќи... Можев само да замислам колку работи и кажува на жена си, онака, во себе, без никој да го чуе.
    Долго седеше, си плачеше човекот, баба ми ми вика, овој дедо секој ден е тука, (бидејќи и баба ми секој ден оди кај мајка ми) и со саати си седи.
    Е, тоа е драги мои, вистинската љубов, секој ден да одиш на вечниот дом на својата жена, иако таа веќе не е тука, нивната врска се уште е силна.
    И јас би сакала ваков маж да имам.
    Ми доаѓаше да го гушнам тоа старото деде со насолзени очи.
    Смртта е природна појава за жал, ама многу работи остануваат тука.
    Се надевам дека таму повторно ќе бидат заедно :)
     
    На Elennaa, JoxyTheFreak, sweet-cherry и 60 други им се допаѓа ова.
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    И јас така мислев кога прочитав сабајле- дека нема да постои опцијата unknown number ама после пак кога прочитав сфатив дека не се мисли на тоа, туку дека нема да може да си купите број од трафика или некоја маалска продавничка без да оставите податоци за вас.
    Еве пробајте титнете си со скриен број ќе видите дека пак си е по старо.

    А баш се израдував и јас сабајле
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.721
    Смешен факт...на сите домаќи прослави, не оди лоша музика,освен кога татко ми ќе реши да ги пушти сите песни кои го содржат моето име,од стари македонски,чак што више српски,странски ( и тоа поарно да не ви кажам која,пошо ќе се скинете од смеење,а и името...малце шкакљива работава,ама верујте песната е за лудача :D )... True story.
    Мајка ми ми ја раскажува у 3 и 20 нивната збиранка од вечерва... пролупао је човек начисто!!! Ми вика, едно време сакав да му речам, злато, не ја мажиме уште, не се депримирај! :D

    А јас си пејааааааааааааам....some kind of madness, has started to evolveeeeeeeeeeeeeeeee ... mmmmmmmmm!!!
    Ај спиј сега да те видам!
    Ај ќе ве молам земете ми ја оваа вишак енергија и имам малце вишак љубов, малце е другарска, ама ќе ви заврши работа. Он си оди,па нема да имам шо да и праам... :( Мислам оно јас ќе си ја поделам по народ, ама оваа е...онаква светла, прозрачна и мила! Кон ретко кој се чувствува таква!
     
    На LilBaby, AngelOfArh и kravce им се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Хелоу! Хај! Алоха!
    Мразам кога се прпелам низ кревет неможејќи да заспијам, па гаќите ми се мотаат ко сармичиња од лозов лист и ме нервираат дури да ги наместам. Онака, рандом факт што ме нервира. :D
    На западу ништа ново, а уствари многу, многу има ново.
    Толку многу што прстите би ми се запалиле ако почнам да пишувам.
    Сега пак се наоѓам пред тест. Двајцата си го зададовме. Убав, убав тест, just for the info. :lol:
    Онака, чекам со скокоткања, малку страв, малку...не знам, ќе ви кажам кога ќе мине викендов.
    Убаво ми е, иако имам главоболка моментално.

    Туку, на она tumblr-он бре, колку манијакално-депресивно-самоубиствено настроени фаци има?!
    Ма ајде, молим ве, 13-14 години у просек, они имале тежок живот.
    Ееј, секој ден става слики кај што си ги исекла рацете и нозете со жилет. Мислим, го сфаќам периодот, ама оно анорексично, а си сече по нозе дека е дебела и не треба да јаде? Фак лоџик!
    Не треба да живее, грда е, бескорисна, никој ја неќел...
    Па ај ти седи 24/7 дома и така магично ќе ти дојдат другар(к)и на врата. Или принцот... |(
    Логичен одговор: Тоа е единствена болка што може да ја контролирам.
    Не, ебаго! Штом не можеш да престанеш да се сечеш, не можеш да кажеш дека имаш контрола!
    Која болка бре? Собата дома ти е поскапа од цел мој стан, си ги сликаш рацете со најнов ајфон, и тебе ти фали нешто? Ии, лејки се бе децава, страв да те фати какви црни мисли имале...
    И секогаш ми иде да им пишам една реченица од Shane Dawson: Remember kids, it's down the road, not across the street, ама неќам некое да ме послуша и да скине конци, па да го носам на душа.
    Толку им фали.
    И кога тетин ми сака да му покажам што е тоа блог и што слики барам, некој брат се решава да стави голи дрндупки кај што се онадат, баш со тагот што го пребарувам. Marvelous!
    Ама нели...мене не ме бива ако не се избрукам. :D
    До следно читање, останете ми поздравени, најздравени и држете ми среќа. :sun:
     
    На PeaceLoveBasketball, marama, blaa и 8 други им се допаѓа ова.
  13. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк дека никогаш не ти се допаѓа таа работа што можеш да си ја дозволиш.
     
  14. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    сдк пред едно 5 години кога зборевме со мм (тогаш дечко нели) за мојата кариера па како јас тоа сакам да работам да бидам независна овака онака нели сите сме у ист филм .тој само смирено ми рече ок нормално е тоа само ќе видиш дека за неколку години се ќе ти дојде преку глава и најважно ќе ти биде да имаш мир и семејство. јас пак како да не, јас вака ќе правам, ова она...

    и пак дојде на неговото, мразам што секогаш е во право :D

    но со годините се менуваме, некои од нас стануваме позрели и сваќаме што ни е најбитно во животот, но нели така треба да биде циклусот на животот?

    мразам кога некој што сум го познавала на 17-18 години ќе ми рече денес дека многу сум се променила. па нормалано е нели? јас би се срамела да на 18 и на 25 години се однесувам исто и да имам исти приоритети... искрено од вакви размислувања од блиските до скоро ми беше незгодно да кажам дека ќе се мажам па и дека размислувам да станам мајка, демек аман 25 години си млада си не се мажи шетај незнам што. не сакав врсниците и луѓето што ги почитувам да ме сметаат за будала бидејќи се мажам млада. (нели во мода е сега да си сингл )

    Но денес сватив дека има толку многу несреќни деца на светов и покрај се за нив најбитна е фамилијата и како во тој момент да не посакам да бидам добра мајка, добра сопруга ... Така да не ми е битно за петко и за станко, докажано е дека ако се сака се може да се постигне. со вистинскиот човек покрај себе нема потреба од страв за иднината...

    како што знаеме да кажеме со мм кога работиме нешто заедно: двајца браќа мост градат :D

    имајте убав ден...
     
    На marama, Bozica1980, Ognenija и 20 други им се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Знаете, јас другарка ми ја запознав во средно. Имавме некои сличности па веднаш се зближивме. Кога почна да се заљубува во дечкото во кое јас бев заљубена, станавме инстант поблиски и неразделни (си реков, фала Боже не сум едина будала што по овој се треска :D )
    Имам дома куп поезии, прози, писменца, исповеди на хартија од неа, од мене, муабетчиња испишани по тетратки. Заедно седевме 3 години, на последната клупа. Можеби бевме најмирниот пар соученици што некогаш седел на последна клупа. На одморите си муабетевме, на часовите мислите ги запишувавме по тетратките, си коментиравме. Спремавме цели проекти, драмски претстави, текстови заедно. Еднаш дури изглумивме и карање во школо, па не гледаа сите бледо. Дома висевме на телефон по 1 час, а пред спиење обавезно си пишувавме по нешто што следниот ден ќе го разменевме во школо. Баш гз и гаќи бевме :wasntme: . Немаше нешто што си сокривме. Дури и првите врски ни беа со дечки кои беа другари (дури и во исто време им раскинавме :tmi: ). Потоа идеа поинтимните муабети и раскажувања за тие моменти, па преку телефон ги делевме, не ни лизгаше толку во живо тој дел. Дека тазе де. Сега е задолжително прашање кога ќе се видиме таа област.
    Туку, муабетот ми беше, вчера останав без спиење поради тие писменца и стварчики. Епа драги, мојата другарка ми има напишано поезија кога сум била тажна, мојата другарка цел состав, проза, емоции на лист ми подаде кога дечкото ме изневери, мојата другарка е најдобра. Кој го има тоа бре? :geek: Мојата другарка е добра со сите. Сме танцувале до без здив, налудничаво, сме се смееле, плачеле, преболувале заедно, сме научиле да сакаме. Такви сме, си носиме чорапи во торба каде и да идеме, не ни е срам да побараме јадење на гости, ако на некоја не и се допаѓа некоја личност, двете не ја сакаме :D . Се гордеев кога дипломираше, а и таа до мене кога јас завршив. Илјадници слики, милион спомени.
    Сега веќе не зборуваме, со погледи се разбираме. И се караме понекогаш, онака немо де, па утре ко да не било. Она секогаш вари ептен благо кафе, а кај мене средно го правам, ама убаво и е, а таа достава лажички шеќер (никогаш доста). Става скришно слики од мене на инстаграм :devil: мисли дека не знам, а јас и оставам коментарчиња на стариот блог што веќе не го ни гледа. Долги дискусии за тоа дали доматот е овошје или зеленчук. Па се научи и таа да не попушта, смешки бре :angel: Време е да и напишам едно писменце нели? Па и нејзината мама е најдобра, си ја сакам и неа, си правиме муабетчиња по телефон, сонце е големо.
    Ете, тоа сакав да кажам:)
    Ох, и да...сум си качила 1килце ^_^ и добив коментар дека личам на парижанка :wasntme: (валјда комплимент беше м?)
     
    На marama, Ognenija, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  16. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    .. ме нервира!
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... слично како и Жоел, и мене ме ирититираат рандом глупави муабети од типот - леле, ама си се сменила.
    :^)
    Ај нема ако не, вечно ќе бидеме пубертетлии, или ако сакаш ќе се вратиме во времето кога се расправавме која од нас прва го купила стегачот-виножито или зошто си ми ја земала мирисливата гумичка со пчелката Маја за бришење... :^) жено, get a grip.

    А нели ве нервира друг бош муабет од типот - се решавате да излезете некаде, небитно, кинески ресторан, Балет, МЦМ, кафана Кај Перо, и одеднаш се избацува некоја клот фацка и со онај развлечен одвратен тоналитет - Ееееееееееј, што ти тука???

    :^)
    И стопати сум прашала - а што, не смеам да бидам тука?
    Не ми одговара местово на стилот, паричникот, или не сум доволно добра можеби за ценетото опкружување?
    - Ама не, само не те замислував тука.

    И баш се прашувам - каде ли ме замислуваат?
    На нива, со плетало во раце, или на вц школка, каде што ги какнувам сите вакви глупави муабети и клот фацки...
    |(
     
    На sweet-cherry, marama, Ognenija и 11 други им се допаѓа ова.
  18. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    246
    Се до сабајлето незнаев дека сум економична! :D :geek:

    Него шала на страна, размислувам да си купам едно количе, не количка за деца туку кола, не од најновите ами од најстарите, колку да служи од овде до онде. ]:) Мислам дека ке се најде некое добро сочувано и што не троши многу бензин до кај 800-900 евра. Повеке неможам да дадам.
    Ке си го направам и за спање, барем кога ке испаднам во град да бркам некои документи ке имам кој да ме чека. Ем колата ке ме чека да си се вратам а јас ке си чекам да ми испадне Бугарскиот пасош па со чиста мира лека - полека да запалам патиките и полетам во во странство, да работам.

    Ем ке си имам кола ем нема да плакам стан по 100-200 евра месечно! - Економично нели? :!:
    Штом ми падна ова напамет се фрлив да пребарувам по пазар 3, огласник и ред други страници :D Додека не сум се премислила де, па да стапам и во контакт со некој продавач
    ама ајде, тоа може да почека до среда. :(
    Ке се потрошам сега, вака. :D

    Само незнам дали ако ги доплатам ратите ке може да си ја земам возачката дозвола? :?: Кои истите требеше да се платат пред година дена. :geek: ]:)
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Повторно избегав од школо.
    Ама не правам ништо додека тој не ми се јави,додека не му кажам се.Едно е порака,а друго е да му кажам.Му вртев сабајлевво,ама не се јавува и не се јавува.Ама ке го чекам,ке го чекам,сигурно ке се јави.....
     
  20. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Верувам во маникирот. Верувам во дотерување. Верувам во препуштање на задоволството и носење кармин. Верувам во розово. Верувам во бакнување, во многу бакнување. Верувам дека може да се остане силен и во најтешките мигови. Верувам дека среќните девојки се најубави. Верувам дека утре е само уште еден ден и… Верувам во чуда, верувам во СЕБЕ!"- Одри Хепберн
     
    На CharmedGirl му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.