[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Во животот некогаш треба и да покажете заби.
     
    На CoverGirl10, Gordana10 и LittleFairy им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.933
    Допаѓања:
    110.262
    Пол:
    Женски
    Денес дневница ќе си добијам од Форумов по се изгледа, цел ден си го преседов на форум, а се чудам како успеав да сработам олку, па и тоа многу ми е :rofl:
    Шала на страна, мене овој Четврток многу ми личи на Петок така да можно е утре да ми биде и Сабота. :rofl:
    А да, заборавив да кажам, денес сум како инспектор Мамли, се забележувам мајко му, открив еден куп лажни приказни на форумов :D
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.844
    Допаѓања:
    163.355
    Мојот животен проблем е тоа што косата ми е најубава вториот ден после миењето...а јас ја чувствувам нечиста и неубава,неудобна...а најубаво можам да ја средам...ама пак ја мијам и пак ми се витка и пак ја оправам,па ме нервира.
    Ете...тоа е дур некој таму нема леб да јаде... ми оди да си пукнам бокс! |(
     
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам дека(работава сега плукнав па лижев), ама ќе и дадам уште една шанса на љубовта. Кога има љубов, доверба, почит зошто да не. Малкуцка на разбирањето треба да поработам(име) :D

    Тоа сакав да ви кажам. :)

    На добар дел осудувачки мислења наидов у реалниов живот, ама како и да е кога ме гледаат среќна се помируваат... па ваљда така ќе биде и со вас. :)

    Ве поздравувам, имајте убав ден :hug:

    Јас ќе имам сега убаво попладне, со една мила девојчица, ќе си се пронајде :lol: :*
     
    На Moira, kravce, marama и 10 други им се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Перла мор, како тоа некогаш да се покажуваат заби? Секогаш треба,кога човек се смешит :D

    А уз пат сдк, дека недоразбирањата се стварно интересни, само не треба секогаш да се истакнуваат :!: :geek:
     
    На pamelche и perlaa им се допаѓа ова.
  6. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Секогаш кога одам на факултет, секој ден во исто време здогледувам еден бездомник како седи на еден картон и проси пари. Ме фака жал, т.е го сожалувам, ама во исто време чувствувам и бес и поради тоа му немам оставено пара. Се прашувате зошто? Затоа што секогаш кога ќе го видам човекот е со цигара во уста, а е слаб исшуен. Си викам кога има пари да купи цигара, зошто не си купи леб и да се најде како човек, тој седнал и ми пуши цигара.
    Следен пат ќе му оставам 20 денари, па белки ќе му текне да си купи за јадење.
    Тоа е тоа, некој проси за леб, некој не го цени тоа што го има, живот. :hai:
     
    На Glossy-girl и Gordana10 им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.844
    Допаѓања:
    163.355
    Скопје процвета! Во градски парк се посадени цвеќиња...тоа што го направи владата е фасцинантно... Рече Ивона и остана жива...
    Каде живеам?! КАДЕ?!
    Не знам што поента треба да се постигне со процутувањево...ама едно знам,дека народов е овенат.
     
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Браво за храброста на човеков :clap:

    Јас не би имала храброста да и се доближам на ајкулава, страв имам и кога не дели само стаклото во аквариум, секогаш си правам филмови дека може да пукне во секој момент :^)
    Како го видов сега ово, сега ќе треба да бидам под постојан стрес додека сум на плажа, ретка појава се на оваа страна од Австралија кај што сум јас :sweat:

    http://www.dailymotion.com/video/xuf4i0 ... -shark_fun


    А денес е ден за фалење на најдобрите другарки? :D
    Мојата беше денес да чека карти за концертот на Пинк, после 6 саата чекање mission accomplished, на 07/07/2013 ќе се дереме на Пинк :rock:
     
    На sweet-cherry, Moira, kravce и 5 други им се допаѓа ова.
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.820
    Пол:
    Женски
    Во свет каде луѓето немаат леб да јадат, а ти се секираш за косата што вториот ден ти е најубава итн, итн.

    Јас сум денес слободна. Каква среќа, зошто вчера бев при крајот. И физички( ми откажа мускулот на левата нога, ме фати грлото до степен да не можам да голтам, кичмата. итн, итн, јасно ви е), а богами и нервите отидоа, почнав да се дерам, маж ми сирот се мислам дека ќе се јави на некоја линија за злоупотребувани мажи на психичка основа. И по билионити пат си викам дека морам да олабавам, него да го олабавам, ама кога ќе ми се стемни да умрам на лице место не би ми било гајле. Ете. Да ми рече некој девојче, ако не се смириш веднаш ќе те снема од лицето на земјата, би му рекла, договорено, дај си рака.
    Ама денес, денес не сум таму, денес ќе се провозам на точак додека има сонце, ќе им се изнажалам на другарките кои имаат безрезервно разбирање и ќе си ги соберам малку мислите. Тоа е барем планот.
     
  10. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Се сеќавам кога бевме првачиња, кога требаше да ја кажуваме азбуката, многу се воздржував да не ја испеам песничката од Бушава азбука.
    Сакав да докажам дека ја знам и поинаку, потешката верзија. :tmi:
    Слатки маки. :)
     
    На cinderella5 и Mayyya им се допаѓа ова.
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.844
    Допаѓања:
    163.355
    Јас бев цинична и самосвесна, за сметка на тоа овие не се...

    Имам чувство дека и мене ми се издра како на тие во твоја околина. Кам даун... ;) :)
     
  12. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Многу се нервирам вака. Со налакирани нокти со преубава боја со блузонот нов најубав ќе одговара едвај чекам да го носам. Уште те нема затоа се нервирам кога се прибираш во овие ‘‘доцни часови‘‘ а нормално не се јавуваш како човек да кажеш до кога ќе се задржиш ама за жал ја немаш таа навика. Како и да е јас ќе си тргнам тогаш кога ми одговара ама сепак се нервирам. Нервоза .. нервоза проклета.
     
  13. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Гугл денеска ме потсети на детството...се сеќавам на Моби Дик,ја имав како книга/сликовница,во поскратена верзија,и се сеќавам дека секогаш го молев тато навечер да ми ја чита,бидејќи спиев со него...се сеќавам на дел од сликите,на првата страна,на оној човек со светилка во темната соба,слики од китот полн со стрели и како крвари...многу се натажував кога ќе стасав до тој дел каде го убиваат,и секогаш долго се ѕверев во таа слика.
    Баш ќе го побарам романов во библиотека,да си го прочитам,се надевам дека го имаат.
    [​IMG]
     
    На kravce му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Абе не еднаш ни се има случено,ама ај...Секогаш така испаѓа...И кај нас разбирањето ни куца,ама чудни се машкиве,нив да им е погодено,а ние да се прилагодуваме.
    Апел до тебе Теди да си го смениш тој тажен аватар,не си ти таква ;) :*

    Мојов се јави преѓе.Можеби осеќа вина за тоа што го кажа вчера. Ама,реков јас,одсега зборување многу и да го распрашувам и да му покажувам дека се грижам,нема да добие. НЕкогаш ќе го бара,ќе сака да слушни убав збор,ама тогаш јас ќе му кажам него убаво.

    Туку,и јас ќе си излезам со една фина личност,ќе си помуабетиме,што ќе се замарам,удри бригу на весеље,стално јас само ќе си расипувам расположение...
    Е така,одам да се спремам,за да не ме чека ilipili :) A вие исто имајте убав ден :f:
     
    На teddybear, LilBaby и Mrs.Cuper им се допаѓа ова.
  15. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Тоа шо не сум којзнае колку активна на фејсбук не значи дека имам живот. :rofl:
    Немам бе, немам. Ама затоа имам tumblr и twitter. ^_^

    Е сега треснав зелени, ама ако.
    Убо ми е денеска :f:
     
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    шопинг-краткотрајно задоволство, а толку одмара , релаксира
    а особено кога ке си го купиш она што го сакаш одамна, чуството е :$
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Eдно прашање.Ме интересира што мислат луѓето кога ќе кажат дека љубовта не постои? Како бе :o
    Нели сме биле заљубени,нели уште сме,нели пак ќе бидеме? Како не постои?
    Неможе мене девојче на 15-16 години да ми каже "Нема љубов,се е навика",ма ајде бе !
    Добро,можеби некои личности под зборот љубов подразбираат само љубов кон спротивниот пол.
    А тоа да си заљубен во сопствениот живот?Да ти е убав?Да ги сакаш личностите во него? Тоа не е љубов?
    Добро,изгледа јас имам погрешна дефиниција за љубовта.Не сум ја разбрала изгледа.

    Да си кажам,убав ден беше ова,исполнет.
    Таков живот имам,таков живот сакам,исполнет.
     
    На kravce, bittersweet, L-enna и 3 други им се допаѓа ова.
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    ^^^^Мора да го имат бидејќи моби дик ти е класика.

    Инаку јас сакам да кажам дека денеска после толку време сум во добро расположение. Сабајлечки имав вкусен обилен појадок, кафе во шоља која мајка ми не ја употребува а е исклучително убава, и сега јадам моментално краставици, тенко исечкани на кругчиња со ренадно сирење одозгора. После нив ке си направам и чај од хибискус, имам останато само уште една кесичка од лани и не знам и дали воопшто може да се направи чај од неа? :?:

    А колку се смеам моментално не сте свесни. Добивам мејл од дечко ми, ми вели дека синоќа кај него во кревет сум заборавила една цевка што ја зедов од кафич, и на сред спиење му се заплеткала во нозете. Ја ставил под перница ама ништо не сонувал. :rofl: :rofl: Ај ебаго како да не го сакаш? :rofl:

    Едит, еве еден добар сет, и само опуштено.

    http://www.youtube.com/watch?v=t_wu0TC_ ... re=related
     
    На kravce, bittersweet, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  19. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Оваа зима температури до -30?!

    Руските метеоролози пред неколку дена ја прогнозираа најладната зима во последните 1.000 години, а слично предупредување овие денови пристигна и од Рединг.

    Како што наведуваат во Европскиот центар за прогноза, Европа ја чека невообичаено ладна зима како последица на невообичаено топлото лето на североистокот на Европа и поголемиот дел на Сибир. Најладно ќе биде на Балканот!

    Предвидувањата ги прокоментирале и климатолозите од регионот.

    "Прогнозата, што се однесува за подолг период сеуште не е крајно поддржана. Науката сеуште нема такви прецизни методи. Она што може да се каже е дека оваа зима веројатно ќе биде поладна од останатите. Слабото влијание на El Ninja иако е тоа далеку од нас, сепак тоа е индикатор на климата на светскиот океан, ако може така да се каже. Така што тоа всушност значи селење на топлите површински води од исток кон запад. Од Европа кон Америка", вели Жељко Мајсторовиќ од Сараево.

    Белградскиот метеоролог пак Бранко Спаравало рекол дека прогнозата е 'прилично смела'.

    "Прашањето е колку навистина таа прогноза ќе се исполни. Вредностите кои наведуваат дека температурата ќе достигне до -30 на Балканот се доста ниски и таквите вредности се многу ретки, не само во текот на една деценија туку во текот на еден век. Тоа е доста смела прогноза и не можеме генерално да сметаме на неа бидејќи и таа е сеуште во експериментална фаза", наведува Спаравало.

    Еве ви вие сто јас сакате зимата,ах летооо сакааам. 8)
     
    На srcekrsacka и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  20. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Деновиве инспирација немам ич, сто пати пишав тука и избришав :)
    Ништо корисно не направив овие денови, ја изневерив личноста која имаше голема доверба во мене, личност која беше спремна на секој начин да ми помогне :(
    Сега се каам за тоа, знам дека нема назар, знам дека личноста ми е лута и дека можеби ќе и треба повеќе време за да ја врати довербата во мене.

    Од дома немам излезено охх не памтам од кога, Проблеми еден куп, без работа, без дечко, без пари,

    Освен бегство за друго и незнам, немам храброст да ги погледнам моите блиски во очи, од страв дека ќе го видат она што упорно сакам да го сокријам, дека ќе ја откријат тагава и ќе почнат со испрашувања на кои не сум сремна да одговорам, барем не сега.

    поголем баксуз од мене нема |(
    Направив торта, ја ставив да се пече и ја заборавив после тоа ја фрлив, ги изгубив последните 100 денари и сега сум шворц, сакав да скршам една чаша ја фрлив и не се скрши, си ги фатив прстите на машинката за мелење додека мелев пиперки, го загубив и клучот од дома.

    Освен што мрчам друго и незнам деновиве, се прашувам дали е само период или за стално ќе останам вакво мрчало |(
     
    На marama, Ilusionist и creshicka им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.