Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Што е бе ова какви времина дојдоја !? тотално изреволтирана
    да се тресам од студ рацеве да ми мрзнат да не можам да пишувам..
    да чекам да си легнат моите за да ја пуштам греалката
    Голема скапија дојде луѓе мои ни евтина ни тинтири минтири
    до каде ќе оди ова вака па во зимо кога треба во сите соби да биде топло
    треба ама изгледа нема ке си се стегаме сите во дневната !!!
    да тие смрт во такси да влезеш родителиве почнаја само за струја и пари за такси да работат!
    не се издржува повеќе во оваа држава дефинитивно..
     
    На julie77 и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  2. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Не сакам милостина бре, сакам награда! Не сакам милостина зашто сум стасала до апсолвент со твојот ебан ваучер! Не сум ги исполнувала условите сум имала нешто повеќе приходи од 12 илјади месечно??? А што сме три сестри? А што татко ми беше без работа цели 10 години, ееј 10 години здрав и прав маж се распаѓаше психички дома! Е тоа не беше лесно за гледање господа министри! Воопшто не беше лесно и кога учев стуткана на плочки во WC то, да да во WC-то за да учам затоа што ми пукна сијаличката од столната ламба за вечерно учењe, а спијам со сестрите во иста соба и не сакав да ги малтретирам. Е тој испит господа министри го положив со 10ка! До плочките ке да е! Не сакам да ми давате мисолтина да ви се плукнам во наконтените отечени уштиркани неписмењаци. Да ви се плукнам во парите што ви ги дадов да извадам документи, немав време за јадење да си купам ке паднев у несвест од ваште проширени улици и реновирани цвеќиња.(па тоа и на вести се дава дека летните цвеќиња се реновирале со зимски) ;)
    Огин да ме изгори што не си земав една нива од баба ми па да си садам мушмули, барем субвенции ке си земев. А единсвена награда што ја добив за непреспиените ноќи од читање и учење и студирање и цртање графици, графикони, табели, гроздови, дрва, стрелки и компарации е болка во половината, проретчена коса, диоптер и една длабока воздишка кога ке помислам каде живеам.
    Нека ви служи на чест, бел ден да видите господа хипокрити.
     
    На bittersweet, green.eyes, Doozy и 14 други им се допаѓа ова.
  3. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Мачоркава моја е луда, Л.У.Д.А !
    Сите знаете дека имам и зајак, Вито,-ете го во потписот доле во средина) пуфкасто џуџуленце, кое по правило треба да е џуџе, ама во мојата фамилија тешко некој џуџе да остане :lol: Значи Вито ми порасна како бишенце мало е, со тоа тарабука од меше шо си го има :D
    ЗНачи кога ќе ги пуштам во двор со мачкава, права анимал планет емисија може да снимам, комотно!
    Мачкава е домашна, не ја пуштаме надвор, освен кога е Вито пуштен тогаш и она мјаука да си игра со него, пошо он и е единствено другарче.
    Е сега, смешното беше коа ги запознававме, пред месец и нешто, оваа будалава мачка, го брка зајакот и овој ќе и се заврти неосетно наеднаш и оваа метак да ја нема од страв! :D
    А нонстоп трча позади него, и овој пошо е поглуп од неа фала богу мислам, зајак е, (и после 10 месеци името не си го знае :devil: ) ќе и се заврти да ја подушка со мустаќот и оваа шпринт пак бега.

    Е, сега од како се запознаа, и си се другарчиња месец два некаде, кога ќе ги пуштиме, си се бркаат еден со друг, и ја научивме мачката кога ќе и викаме брзо МИА ФАТИ ГО ЗАЈАКОТ, КАДЕ Е ЗАЈАКОТ, ФАТИ ГО АЈДЕ! Мачката (Миа) како луда скока врз него и со двете шепи го удара по глава хахахахахаха :rofl: А Вито збркан и глупав бега со скокови во воздух со тоа дебелиот газ! :D

    Дневно два пати или евентуално еднаш ако сме кнап со обврски си ја имаме оваа шема, јас матам нес, и седнуваме во двор со дечко ми и слатко се смееме со стоката наша :)
     
    На BoaVista, Ognenija, sweet-cherry и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.732
    Толку неосновано ме мразат некои жени, што веќе преоѓа во врвна патетика и простотилук... тоа е ... мислам повеќе зборува за нив,отолку за мене и причините кои си ги наведуваат за полесно да ме мразат... Толку глупоќа и крик на немоќ, едноставно не можам да ви објаснам... Сериозно ми оди онака, неконтролирано да се изнасмеам. :D А баш не сум мислела да нарушам нечија позиција,ама штом дошло до хејт работата... стварно се плашат... :D И они ми ти биле алфа,ма дај! Освен жалче и женуленцуленце,ништо не ми оди друго у ум. Дај бе више пораснете,сте напукале над 20 години у ште мерите курци! Просто се гордеам со себе што можам да направам разлика од такви до себе. Мене не ми пречат,мене ме смеат. Ако не се изјасниле така или не се чувствуваат и мислат така,веројатно би им била и пријателка или добра другарка ако дале шанси,дружељубива сум и отворена, не е тоа никаков проблем,ама...за среќа евидентна е разликата на мојата сеедност за тоа кои се,какви се и како изгледаат од прва, до длабоко жалење од втора откако се искажале еден куп глупости за мене, за која НИШТО не знаат...
    А што е најтрагично, никогаш нема да се сменат и се истите тие кои бидуваат ни добри жени,ни добри сопруги,ни па мајки,а најмалку пак пријателки нечии... Секогаш се чувствуваат супериорно во однос на секоја која не ја мразат, зошто ако се осеќаат инфериорно овај нали ќе ја мразат, секогаш се контролинг фрик и секогаш се у борба со својата праноја во однос на своите дечковци и мажи, љубоморни се на телевизорот не па на живо суштество,а за на крај, нивното дете станува фрустрирано од нивната угушлива и хистерична мајка.
    Дај олабавете ме...сериозно! Не знам со што на светов ја заслужувате љубовта и почитта на луѓето околу вас...аман... Мислам сите со сите се знаеме во Скопје, сите твитаат, сите имаат фејсбук...сите се знаеме, бидете барем суптилни. Тоа што го правите не е искреност, тоа се вика комплекси. Ебаве глупачките.
    А башка тоа што ме читаат на фемина...
    Не можам да се помирам дека некои човекови особини не се прележуваат ко сипаници... Ама стварно е бедно да ме вреѓаш (пф?! :D Извини,ама веќе ако се фаќаме за тоа, што сум јас крива за ненаклонетоста на мајката природа кон тебе?! :D А бога ми и мајката Софија не минала покрај тебе дарлинг штом правиш вакви убер глупи потези... Не можеме да ти опростиме ни отсуство на лепота, ама да речеме фина е и умна,ни отсуство на ум, на сметка на тоа,добро бар е убава... Ова е лошо од моја страна,ама више кога ме завлече,иако не те познавам,ама околината која ми ги дошепнува гадостите кои ги зборуваш,го кажува тоа за тебе...донт блејм ми! :wasntme: ).

    Моментот кога мислиш дека изгледаш бљак и случајно се гледаш у излог и мислиш дека тоа е девојката што проаѓа покрај тебе и си викаш *камо јас да изгледам така* и уствари сфаќаш дека ти си тоа,а не таа покрај тебе (ок,не беше лоша,убаа беше,ја опулив). Епа прајслес! :D Па ми дојде да си речам, Лилит,лепото,па тој задник,па тие нозе ,па таа танка половина...ама немав време! :D
    А у пмс сум и уште не сум автодеструктивна...ова е ВИН ситуација!
     
    На Dinnna, blond, lunicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Три исполнети желби во рок од еден ден.Подобро не можеше да биде.
    Кога се има голема верба во Бог се ќе си дојде на свое место.
    Бев и на уште едно интервју,се одеше како што посакував јас...запознаства еден куп.Изгледа дека бев многу комуникативна и расположена тој ден,па немаше некој што не посака да се запознае со мене и да почне разговор. :)
    И покрај моево променливо расположение и некои мали глупости кои ме мачат,за некои работи кои се случија сум пресреќна.Сепак тие вредат многу повеќе одколку моите дилеми. :D
    Конечно ми пуштија плата,онаква каква и очекував да биде,па сега следи частење со тоа што ќе остане. :D
    ...Некои работи не секогаш се онакви како што изгледаат...
    Бев лута мислејќи дека некои работи стојат онака како што јас ги гледам,но конечно се просветли ситуацијата.Ми стана јасно дека сум грешела,но сепак барем половина сум сеуште во право. :)
     
    На Ognenija, blond, srcekrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    ^^^
    Ц...нема врска ...јас се офарбав црвена кога веќе бев во брак,и ловот на мажи беше стопиран :D :D :D
    Тоа е мое мислење не знам за другите! :lol:
     
  7. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Значи дали се нормални од ТОПЛИФИКАЦИЈА да не пуштаат парно на моментални 5 степени надвор?????!!!!!!!! :@ Мртва болна сум заради нив, па уште и 5000 ден. месечно одат кај нив за ФАЛА за недадената услуга и болеста.
    Не бе сами сме си криви! :@
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред од прилика 2 години и јас бев црвенокоса, можеби делуваше провокативно за машката популација ама јас си останав иста како и пред тоа :D-после неколку кратења ми се врати мојата природна боја-темно-кафена, сакав црна ама се предомислив :)
     
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Пак јас :tmi: како да неам со кого муабет да си направам м? :tmi:
    нов левел на стрвотија достигнав, варена пченица :tmi:
    Мислам дека луѓево нешто се зафркаваат со мене. Комплименти на сите страни, или огледалото дома ми е нечисто (а не е), или којзнае претходно како сум им изгледала :^) Може е до новиот кармин :?:
    и библиотекарката ме лаже, бесрамно.
    Прв ден од циклусот, некој дома се витка од болки, а јас се разубавував. Бањата, пред огледало си се мачкав со млека, креми, си ги масирав стапалата, дланките, грбот. Не смее едно крварење да ми има удел да се осеќам непријатно во својата кожа :makeup:
    ми стигна кафенцето, повелете една музичка нумера утрово да ве раздрма, едно време имав crush на гитаристот(ќе си праевме плетенки заедно). Наши се де, можела пиле овој да ми го мести пред 5,6 год. :wasntme: :D
    http://www.youtube.com/watch?v=8SorJFAp0SQ

    стварно убаво се чувствувам :)
     
    На bittersweet, ludoto19, lunicka и 9 други им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.436
    Допаѓања:
    103.506
    Пол:
    Женски
    Моментот кога дечко ти го застанува дечко и на Дани Димитровска и се поздравува, а овој : Извини не можам да се сетам, дечко ми: Абе на Кире другар му!, овој пак : Ааааа, кај си бе брат, не сме се виделе сто години, да ти кажам право и со Кире не сум се видел..... Прајслес, нит на Кире се сети нит на дечко ми, ама културни луѓе, и он и Дани, пружи раче, упознавање, поштено.... Не можев да престанам да се смеам, дефинитивно. И машините знаат да бидат интересни кога имаш забава со гага пиво, пармезан и пршута, ама кога таксистот што те вози до дома ќе ти каже дека братучетка ти иде со некој од таксистиве у компанијата, епа не е можно.....
    Интересна вечер беше тоа !
     
    На CIA, bittersweet, cinderella5 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека некои девојки џабе имаат огледала по дома :x
    што познавам една сопартијка а пред се ми е и соседка, кога ке се нашминка-на човек не личи
    кога ја видов во Средата вечерта не можев да си поверувам на очите-розева сенка(не бледо розева туку барби розева во комбинација со црна) и малку посветол кармин, а кога ке нанесам на мене црно моливче или посилна нијанса на сенка мајка ми ми вели нападно се шминкам-одамна не се случило да се опуштам во шминкањето, начесто само маскара, кармин, или сјај за усни.
    на неа не и е прв пат така да изгледа, ама никој ни да прокоментира ни ништо-барем да ја немаше горе црната сенка ко плашило изгледаше :lol: а јас да се нашминкам така трачеви ке кружат низ маало а не дај боже другарка или моите дома да ме видат таква :worried: :P пред се , многу невкусно изгледаше, а колку е штетно за очите-бидејки се се впива во нив тоа е друга работа.
    се препорачува МИНЕРАЛНИ сенки да се користат-поквалитетни биле, така велат експертите :)
     
  12. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Петок-најбаксузниот ден во неделата.
     
    На zaki288 и anabel-a им се допаѓа ова.
  13. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Зошто бе Шпагетче?Јас баш си го сакам петок :lol:

    Уствари, СДК дека хедонизмот што го терав во огромни размери последниве неколку недели, ќе ми донесе големи проблеми викендов.Ама, знаете што?Ич не ми е гајле!Многу ми беше убаво и не би го менувала изминатиов период за ништо на светов...Па дури и ако тој свет се сруши врз мене утре :?:
     
    На Shpagetta и pamelche им се допаѓа ова.
  14. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Во моментов, сум способна да заплачам.
    Зошто? Затоа што не го даваат Покемон на телевизија, е затоа!
    Aма ич не е фер, жими сè. Па сакам цртани, уште сум мала. Сакам да го слушнам гласот на Пикачу: А Пика, Пика? Пика, пика. ^_^
    Па сакам и Телетабиски. Сакам и Дигимон. Сакам и Мики Маус. Сакам и Наше Маало. Сакам и Умни Глави. Сакам и Бушава азбука. Сакам и Втора смена. Сакам и Зоки Поки. Сакам и Светот има осум страни. Сакам и Во светот на бајките. Сакам и Чудовиштата од нашиот град. Сакам и Дајте Музика. Сакам и Големи и мали. Сакам и Штрумфови. Сакам и Мечето Ушко. И сите, сите, сите цртани.
    Мора да пуштам картун нетворк или бумеранг, за да гледам некои изретардирани цртани. Со некои фаци, страшни. После да не можам да заспијам.
    Летоска, на Да Винчи Л(р)нинг, 3-4 саат после полноќ, даваа некои емисии за деца.
    И моментот, кога прашуваат колку се 2+2, а ти дека знаеш, се осеќаш лајк а бос. 8)
    Па веќе ми здосадија турскиве. Сè исти гласови се вртат.
    Или серии, или вести. Или оние сабајлечкине емисии. САКАМ ЦРТАНИ! [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=SaOPF64UR8Y
     
    На Someonespecial, Monna.Monna, ludoto19 и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека ми е ситно-до 12,30 сум на работа и после правац Бугарија у џакузииииии :lol: :lol: :lol:
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674

    Убавината во твоите фотографии е што секоја од нив има приказна.
     
    На cinderella5, Phyramide, L-enna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.661
    Допаѓања:
    22.479
    Пол:
    Женски
    Човечкото око е ненаситно ...
     
    На cinderella5, Stoimenovska, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.490
    Допаѓања:
    17.198
    Божее..лекција билогија 5 страни, мислиш испит полагаш.
     
  19. babymama

    babymama Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2012
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    228
    едвај го чекав денов да дојде...од понеделникот мислам на него :D
     
  20. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Полошо не можеше да помине.
    Oh, God. :(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.