Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    I want to be a schwa. It's never stressed.
    ə.
     
    На L-enna, Hopeful, Oxymoron и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Дојде време човек да нема со кој да искочи. :(
    Кој на роденден, кој со дечко кој договорен, сите зафатени нешто...
    Само компјутеров е тука да ме дружи, и тоа е добро. :D :D
     
    На simon4etooo и pamelche им се допаѓа ова.
  3. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Денес сватив дека да си лицемер е добра работа, сите велат во лице да кажеш е подобро а кога им кажеш тешко им доаѓа или се лутат вака чиста сметка долга љубов!
    ајде на панаѓур во Кочани :D
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК добриот и убав збор,железни врати отвара :!: Ќе додадам, доколку е од срце и искрено, не дека не се знае, не дека е нешто ново, туку е нешто што човек истовремено прави добро на себе си, и на другите.Се е поврзано, само кој да види :geek: :fubar:

    Ама сум важна со новава ми фризурка на косава :emo: :D па и права,уба,сјајна... :emo: ^_^
     
    На kravce, Divinebutterfly, Miss666 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.620
    Допаѓања:
    2.473
    толку..
     

    Прикачени фајлови:

    На blaa, Chica.Loca, Rubiii и 4 други им се допаѓа ова.
  6. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    На zarah, CIA, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  7. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Да се сака и да се биде сакан е најголемата среќа на постоењето така се чуствувам јас денеска САКАНО ама штета заради мојата настинка морам да останам дома А петок вечер е не е ФЕР ама ајде ќе издржам
     
  8. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Ти си знаеш која си, често ми контраш, се замеривме повеќе пати, следниот пат кога ке напишеш пост кој е индиректно наменет за мене и за она што јас овде го пишувам, нека ти текне дека всушност гледам дека сум ти доволно интересна па ме читаш. Поздрав.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Dvolicen, karenin и starbucks им се допаѓа ова.
  9. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Знаете, каде и да одите, што и да се случува околу вас, и колку и промени да вриштат на едно место, постојано ќе има некои мали, ситни работи кои ќе стојат на истото место и нема да ги забележувате, но тие упорно ќе стојат како да се створени да ги одминувате и да не им обрнувате внимание се додека..

    Јас и цимер ми денеска приметивме една бела кола која е паркирана до зградата на патот кон школо која вечно стои таму и немо не отпоздравува.
    И мојот одвај закопчан патент што сака да пукне, никогаш не сум го забележала во неговата состојба.
    Она што постојано се случува околу нас најмалце го забележуваме бидејќи постојано стагнира и е толку безвременско што нашите мисли, лажирани и програмирани за времето во ограничениот простор кој е исто така лажиран, не го забележуваат.
    Само нашите срца тежнеат кон погледи на есенцијалните работи кои не ги забележуваме а секојдневно се чувствуваме празно дека не можеме да го определиме нивното присуство.

    Јас сум приврзана за колата паркирана покрај зградата за патот кон школо.
    Ќе барам уште една таква кога ќе одам по друг пат, покрај друга зграда и во друг град.
    Ако мериме во време, и од овој град во моето срце има уште малку време за минување.
    Сите заедно ги броиме месеците.
    Единствено што не вознемирува не е тоа што повеќе никогаш нема да сме заедно, на истото место, во истото време, она што всушност не вознемирува е тоа дека одбројувањето кое започнало во нашите срца нема никогаш да заврши.
    Како аларм кој го навиваме за да се разбудиме наутро,
    оти поинаку не би имале осет за време.
    Тоа не ни постои.
    Ако подразмислите, овој пост или го читате вечно, или никогаш не сте го прочитале.
     
    На kravce, marama, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    СЕ можам да поднесам ама личности кои не знаат да направат два три реда муабет,на кои единствени зборови им се : nz,fino,arno,aha... НЕМОЖАМ !!!
    Постојано кенкање како жените биле спонзоруши,дека трчале само по убави машки како јаготка на шлагот од личноста за која говорам.Да,да машко е.И дека е со моменталната девојка само да не биде сам,колку очајно . |(
    Се нему не му е погодено.А на останатите ни е розево,абе чиниш живот од бајките имаме. |( А јас во улога на Мајка Тереза по не знам кој пат обидувајки се да го променам не ми иде.
    Сите сме се жалеле па и јас,сите сме имале тежок период нели?Кај никој не тече мед и млеко ама да дојде до ситуација секојдневно две е*ани години е богами ке дојде да ти се гади од тој човек кој врега се живо и диво а највеке женско.Си го бранам полот бе.Си го бранам.
    Не сум светица ни сакам да глумам светица ама се си има свои граници бе.

    И да не бидам најголем мрчатор на денов ке си кажам дека зимниците конечно се завршени. :) Ем ајварче,ем пинџур ем полн стомак 8) . А тој...тој го користи секој момент да ми краде насмевки :wasntme:
    Ноква ке биде свежа, а јас ке си се дружам со мојата најголема љубов-книгата :$
     
    На kravce, Divinebutterfly, Monna.Monna и 3 други им се допаѓа ова.
  11. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    СДК тажна, па весела реалност.

    Немале покрив над глава, леб тазе, немале месо ни трипати годишно ни газиран сок, немале пари а камоли трактор зашто им бил најбитен, немале ниту башка зимска и летна облека, освен неколкуте робички што сама таа си ги шиела, а тој освен неколкуте кошулки и блузи со долги ракави што му биле свечено врачени во петокот пред нивната венчавка...

    Но секогаш имале љубов, имале разбирање и меѓусебна хармонија, имале и доволно оптимизам, желба и волја за чекор понапред, силна рака и силна врска, подршка од златни луѓе, подадена рака за секој пад и секоја неодлучност...

    И кога се потсеќаат на оние три дена кога со тегличе шеќер засадиле декари и декари стискајќи си го разумот и водејќи се од љубовта меѓу четворицата нас, тие знаат, се воодушевуваат и се радуваат на она што сме сите заедно сега.
    Сега имаме се. И материјално. Но тоа ни одблиску не ме радува како што ме радуваат искрените прегратки кои ги добивам дење ноќе, и оние кои ги пружив пред пола саат, зашто живеам во куќа полна љубов. ЉУБОВ на секоја можна греда и ќоше.
    Да ми поживеат и двајцата. Да ми се среќни и весели надминувајќи ја и онаа грда препрека. Знам дека ќе ја поминат, заедно со нас. Знам дека се ќе биде во ред. Знам се додека ги гледам како љубоморно се чуваат еден со друг.

    Среќна им 26 годишнина на мама и тато :inlove:
     
    На Moira, Marilyn-Monroe, zarah и 39 други им се допаѓа ова.
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.500
    Допаѓања:
    17.235
    Како го навикнав ова несот 3 во 1, ден без него неможам ден да издржам. Особено вака навечер околу 9-10. Jeс да еднаш во денот само пијам, ама пу-пу доста ми е за сега.
    СДК многу ми е убаво кога со ладно нес-че ќе седнам и ќе си читам овде во сдк. Сега чекам брат ми да испадне, за комотно да си седнам да си вршам работа овде, оти ќе ми се смее женски ми работи. :D
     
    На Shpagetta му/ѝ се допаѓа ова.
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Петок, до 8 и нешто на предавање, не иде. :^) И како и секој нормален наместо да излезам вечер, јас ќе учам. Да, бе, книга немам фатено, сама сум дома вечер, ќе си учам, ближат се колоквиумите. :(
    Ама, затоа утре ќе се издувам. :!: :rofl:
     
    На cinderella5, ludoto19, Ema.Sk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Кога од оваа сегашна прекспектива го гледам моето минато,знаете што ми паѓа на памет "Добро е девојко,треба да си среќна што си сеуште присебна,што се потруди да не фатиш некоја кривина". Тоа е вистината.Знаете понекогаш сакам да заборавам многу неубави работи,ама не е лесно.
    Многу пати сум се прашувала "Добро бе,зошто мене баш ова ми се случува"? Секогаш сум добивала одговор "Можеби на многу мала возраст си доживеала многу стресови,но тие нека ти бидат поука и нека ти бидат водилка како да се заштитуваш себеси".

    A како една мала душа може да се заштити од сите неправди во овој живот?Како едно девојче од 20години да си објасни себеси дека мора да стои понастрана од сите работи кои ги прават нејзините врснички,и притоа со насмевка да си се теши самата "Ќе дојдат подобри времиња"?
    Kога ќе дојдат?Дали кога човек неможе да ужива во младоста,ќе може да го надополни изгубеното време во староста?Нема да може.Ќе жали,многу ќе жали.Но времето нема да се врати.

    Вака седам и размислувам.Што ако еден ден,на моите деца им се случуваат вакви работи.Ќе имам ли нерви и трпение за да ги изведам на прав пат?Ќе можам ли јас на тие деца да им обезбедам се во животот,за да не бидат повлечени и разочарани бидејќи немаат се што имаат и другите деца?Ќе можам ли да ги заштитам од неправдите?

    Ехх животе,и како јас да не кажам дека си суров,м?
     
    На zarah, wizardess, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Добра ноќ девојки :* Можеби за некого малку рано, ама јас сум преуморна...
     
    На Glossy-girl и pamelche им се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.288
    Допаѓања:
    8.647
    Си врви животецот како јо-јо ту надолу, ту нагоре и си се смешкаш. Па тоа е единствениот начин да си играш со јо-јо, не? Ама битно бргу се искачува нагоре, малце поспоро од паѓањето, ама сепак се враќа горе.
    Туку што СДК...викендите се времето кога сакам да сум дома. Наместо тоа сум сама во празна соба со хрчак што бутка веќе трет бадем во уста и изгледа како пред експлозија.
    [​IMG]

    Ми фали мајка ми, ете го кажав. ПМС ми е и плачка сум.
    Мајка ми работи откако знам за себе.Ретко е дома преку неделата, а и кога е, јас имам обврски и се така во круг.
    Викендите затоа, секогаш беа наши. Саботите со филм, пуканки и јас во нејзиниот скут иако веќе одамна не ме собира таму. Неделите ќе пешачевме, ќе готвевме ручек, ќе се разубавувавме вечерта за уште една недела кога ретко ќе се гледаме.
    А луѓе сме, лесно запаѓаме во рутини и тешко е кога наеднаш треба да се откажеш од истите.

    Убав викенд девојки и мајки :hai:
     
    На 1209, zarah, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  17. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    :wasntme: :lol:
     
  18. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.500
    Допаѓања:
    17.235
    Сакам да почнам да излегувам. Свесна сум дека сум мала, ама не ми е ич интересно викендот да го поминам седејќи дома. Да се надевам дека утре ќе се согласат да идеме у кафич. :rofl:
     
  19. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    Здраво на сите. :)
    -Јас сум нова овде на форумот т.е имав еден профил но заборавив пасс па сега си направив нов.
    -Ќе се трудам да бидам активна што можам повеќе и се надевам ќе ми биде забавен престојот овде.
    Извинете ако не дадов коментар во соодветна категорија но сепак нова сум и овој пат нека ми биде опростено. :P Ќе ја разгледам Фемина сега и ќе се снајдам за краток период. Ви благодарам!
     
    На Sara123 и stefigirl им се допаѓа ова.
  20. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На Name, blaa, Monna.Monna и 10 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.