Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Драго детенЦЕ од 10тина години што веќе пола саат се дереш "'Чке Београдске" под мојот прозор : на твои години мислев дека над облаците живее дедо боже , дека докторките се лоши тетки ,срам ми беше кога имав симпатија и мислев дека секс е нешто што се мачка на леб. Мислам Алооо?!
     
    На Monna.Monna, crazylady, monni.t и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Dona-Ares

    Dona-Ares Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    216
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека уживам у спа центар-си се бањав у базен и се парев у сауна и турска бања и усте ми е кожата затегната од пареата-уживанција.
    Сега си лешкарам и ве циткам.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    И какво е чувството да не циткаш? :)
     
  4. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Ахаххаха,секс е нешто што се мачка на леб?
    Ахахха,како ме изнасмеа,замена за маргарин, така?Оф,леле. :D :D :)
    Друго сакав да кажам,мразам што е октомври и ноември ќе ми се гади,сакам да е нова година,да има снег..
    Да биде бело се,чисто,така смирено..
    Ќе дојде,а јас ќе чекам до тогаш.
    Поздрав,одам под туш. :P :P :P
     
    На machka1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Денес седејќи на клупа во близина заприметив едно мало девојченце. Беше полно со живот, весело си трчкаше наоколу, се смешкаше, подрипнуваше, си пееше. По некое време без да забележам се појави пред мене. Ме погледна со малите светкави очиња и кога наеднаш го испружи рачето - ми подаде цветче што го набрала :lol: Се заблагодарив и на заминување се изнамавтавме со рацете :D

    Не е свесна колку ме израдува таа нејзина детска невиност и добра душичка :)
     
    На Name, zarah, sweet-cherry и 7 други им се допаѓа ова.
  6. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    [​IMG]
    Ви се има случено? :lol:
     
    На starbucks и Sara123 им се допаѓа ова.
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.041
    Допаѓања:
    11.860
    Пол:
    Женски
    Имаме ние планови. Не се луди, реални се, борбени, амбициозни. И се трудиме со сите сили да ги оствариме.
    По навика, најчесто ништо не биднува.
    А сега на чекор од исполнување, се плашам. Да не се уништи пак се? Одново и одново? Да не е џабе вербата, затоа што на крај и таа ме кошта разнишана надеж?
    Се плашам дури и да не заврне понекогаш, иако го љубам тивкиот дожд.
    Му благодарам што ме држи за рака и не му здосадува, што верува, а со поглед кажува гласно дека нема сила.
     
    На slavica999, Moira, zarah и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Колку се поретки, зборовите стануваат толку поскапи.
    Едно е сигурно, ако продолжам со ова темпо на живот ќе си умрам млада и ќе ме има на телевизија. Oд сите ќе успееш да избегаш и да се скриеш, ама не и од себе самиот. :x

    Планови милион и исто толку соништа под перницата.
    Имам хаос на бирото, досадни предавања, дефицит на сон, недефинирани чувства и љубоморни испади од негова страна.


    Проширете си го видикот подалеку од носот, и станете повеќедимензионални, ве молам ;)
     
    На zarah, anabel-a, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се сретнавме на терапија со таа бабичката вчера со која се замуабетивме вчера -и беше чудно што ме гледа таму-не свакам зошто, иако сум млада имам проблеми и болки :worried:

    и ми е криво што му се испонашав на мобилен на претседателот на општинскиот комитет :worried:
    ама баш ми се јави кога не требаше-бев во паника,пред затварање ,не требаше така да изреагирам и не ме држеше :l: му се извинив :$ знам кога претерувам, кога сум нервозна сум избувлива, ама знам и да се извинам и да се покајам за кажаното :) :wasntme:
     
  10. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Некои луѓе обожаваат да бидат центар на внимание ... но всушност, тие луѓе незнаат дека центарот се означува со нула :devil: :devil: е баш такви малку ми ја уништија вечерва ама не е важно ке помине и тоа :o :o :o
     
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    17.198
    ^ Сакаат да се центар на внимание, не центар на круг :rofl: :rofl:
     
    На Lov3, cinderella5, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    25.522
    Пол:
    Женски
    Како и да завртиш - не ми одговара. Мислам воопшто, сите сме исти, не само мене...
    Кога имаме слобода, имаме и потреба од некој до нас, а кога имаме некој, се што сакаме е слобода.
    Кога имаме обврски ни е напорно, кога немаме секојдневието ни е неисполнето и неинспиративно...
    Кога полагам лесен предмет не можам да го учам затоа што ми е досаден,ако е малце потежок, се бунам и жалам дека ми е тешко...
    Кога ми касни,зошто ми касни, кога ќе ми дојде - мораше ли сега?! Боли. Е, боли...

    Всушност,небитно,дојдов само да кажам нешто сосем друго,а тоа е дека Мразам авторитет.
    И,дека периодов концентрацијата ми е обратнопропорционална на мојата потреба за истата.
    И трето, лоша комбинација е потреба од возбуда,а отсуство на храброст...

    :emo:
     
    На Moira, bittersweet, tweety26 и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Е глупа сум, жими две очи. |(
    Другарка ми да ми ти била дома, а јас мислев дека е на роденден и кукав дека немам со кој да искочам, а она мислела сум искочена со клас и она да ти кукала дека нема со кој да искочи. :D :D
    Ај, судено ми било да си останам дома вечерва. :D
     
    На Divinebutterfly и pamelche им се допаѓа ова.
  14. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... едвај ги убедив другарките дека Кери Бредшо упорно, цели 6 сезони има една слика на наткасната, веднаш до влезната врата, што никако не успеа да ја закачи, се до првото филмско издание на Сексот и градот.
    Бидејќи се смееја, со неверување, бев приморана да направам мини-колаж.
    :D

    Е сега, друго ме мачи. :(
    Бев убедена дека Декстер си ги сменил плочките во кујна, не знам како ми се увртело во глава дека имаше црвено-бели, ситни коцкици, што мене посебно ме бендисуваат, а во новава сезона ги смени со црно-бели.
    [​IMG]
    Арно ама, никако да најдам слика од старата кујна. :(
    Тажна сум, се прашувам - да не не беше таа негова. Каде ли сум ги видела тие плочки, во чија кујна, од 6354365874 серии што ги гледам? :(
    Да си пукне човек од мака.

    Да драги деца, ми треба терапија. :nod:
    Поздравени ми бидете. :hai:
     

    Прикачени фајлови:

    На Hipster, bittersweet, 2036 и 14 други им се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.451
    Допаѓања:
    91.799
    Пол:
    Женски
    Ми тежат толку многу нешта, што ако почнам да ја запишувам секоја мисла никогаш не би завршила со постот. Деновиве се тргнав од најдобрата другарка затоа што веќе чувствувам дека ја гњавам со моите проблеми. Јас знам дека таа е секогаш тука за мене, знам дека и покрај сите мои грешки ме сака, но овој пат одлучив проблемите да не ги споделам со неа. Се надевам ќе ми прости што ме снема кога по некој ден ќе и се појавам, но потребно ми е сама со нив да се соочам.
    Не знам како некогаш ќе ја заборавам проклетава година која освен пари не ми даде ништо добро. Едвај чекам да помине, уште два месеца ги бројам ден по ден да дојде 2013та со надеж дека се ќе биде подобро.
    Се радувам на неколкуте моменти со фини луѓе кои не ми дозволуваат барем тогаш да мислам на проблемите. Но, со разделбата насмевката ја снемува и се враќаат тие.

    Ми забранија шминка на некое време. По ѓаволите покрај се и тоа мораше? Сега дремам со лап топот во скут, со лажицата во рака и црпкам од кутијата со крем. Утеха де утеха...
     
    На tweety26, zarah и kravce им се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    На JuLleE и Doozy им се допаѓа ова.
  17. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    Добро ова буквалистиве се уствари глупави луѓе или што?
    Мислам.. :D
     
  18. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    3.632
    ^ Не се глупави луге, само се сваќаат пресериозно. :)
     
  19. E...V...I...L

    E...V...I...L Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2012
    Пораки:
    782
    Допаѓања:
    468
    ^ Не сакам да лепам етикети глупав или неук, едноставно не сакам ни да се замарам со тоа кој каков се родил, ама кога тој глуп се обидува да омаловажи некој друг, и тоа ловејќи го баш на такви буквалности.. не сум директно вмешана ама не можам да трпам такви глупи кењатори што солат памет на други демек 'поглупи од нив' а не се виделе себе. Aj да има некој капацитет со кој да се гордее.. некако, а вака..
    Ама добро, да не почнувам сега тука. Немав ни јас каде во моментов, па фемина е отворена.
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.736
    Тресам глупости за да не мислам на разделби...
    Уорк моуд он... и светот повторно почнува да се врти...
    Со поглед кон хотел Бристол (една од моите омилените точки во Скопје )му ги кажав сите мои фантазии и ... тежини. Сета искреност и сите бои на виножитото кое ми спие во очи. Му дадов цела низа од мојот поглед...да го топли и чува, да го организира и средува.Зошто тој е мојот мал хаос на кој јас три недели му давав добар ред. Запознав дел од себе, а и тој од него... Доби силна причина да не мрази се што е тука. Доби причина за да сака да се врати.
    Знаеме повеќе за себе, знаеме се за себе...и еден меѓу друг и самите за себе. И тоа е толку прекрасно и толку тешко истовремено... зошто имаше рок на траење.
    И тоа е тоа...
    http://www.youtube.com/watch?v=pAOQkSFT ... re=related
    Ќе пораснеме повеќе... и се радувам за истото,многу! :)
     
    На NoellePage му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.