Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Значи, како после 22 години конечно да се пронајдов...
    Како после точно 22 лета сфатив каде припаѓам...
    Не беше лесно, беше многу тешко. Да кажам претешко, нема да згрешам воопшто.
    И се вратив на старо.
    После лет од 12тина саати, јас дојдов тука за пак да се угушам.
    Пак да ме снема. А колку беше тешко да се најдам.
    Не го сакам Скопје, него сакам ниту него. Не се сакам јас во Скопје.
    Искрено, не ги сакам ни моите родители зашто толку многу ме сакаат.
    Се гушам, озбилно се гушам од нив, од сите работи тука што прават да ме снема. Ме снемува скроз.
    Ги сакам, не дека не. Ама искрено, се осеќам како ме влечат наназад. Не дека не ми посакуваат само добро, ама не сфаќаат дека среќата не ми е тука.
    И стварно не ми е тука.
    Година дена свесно, а сигурно се повеќе како јас само лежам, чат пат пробувам да живнам, ама не можам тука и пак се враќа на истото. НЕ САКАМ ДА СУМ ТУКА.
    Ама нема да ме пуштат нигде, не дека ќе ми речат не оди. Ама како да им речам ОДАМ. Како да ги погледнам кога знам дека тоа ќе ги уништи, ако не и убие. Барем едниот од нив сигурно.
    Долго време се борам со мисливе. Можеби некој ако прочита ќе рече „неблагодарница“.
    Ама јас СЕ ГУШАМ. ТОНАМ. Не знам веќе како да опишам како мизерно се чувствувам.
    Никој ама баш никој не ме задржува овде освен мама и тато. НИКОЈ. Не знам дали плачам од што само они ми се во животот или од што мислам дека подобро ќе беше да беа некои други, да не ме сакаа волку.
    Да беше лесно да се замине од нив.

    Мислев нема да се најдам нигде, ама се пронајдов негде.
    Не сум била залутан патник на земјава.
    Залутана сум во Скопјево.
     
    На zarah, AnaKarenina, 1209 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Долго време ме нема на форумот, ве читам постојано и дефинитивно форумот не е тоа шо беше ...

    како и да е 8 саато а јас сум на школо , ако ако од вторник ќе уживам па се до недела... и више коа пишувам барем да се пофалам одам на екскурзија релација Штип, Белград, Виена, Братислава, Будимпешта, Штип ... ќе биде право лудило... а и да голем поздрав до TheCandy880 се надевам дека сеуште активно чита што се случува по форумот :)
     
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Деновиве сум молчалива.Како да заборавам да зборувам,како да заборавам дека ете живеам.Само длабоко во мене зборовите се претрчуваат,удираат еден во друг,некој се тетерави да го достигне другиот...ама тука се .И тие ме потсетуваат дека се уште дишам...дури и децата навикнати на моето постојано ѕвонење,чудно ме загледуваат...а јас само ги стискам рамењата небаре сум крадец фатен над дело....
    Впрочем...по кој знае кој пат резимирем..
    Се што сакав да оставам и напуштам-оставав и напуштав кога јас сакав.Грешев ли???
    Никој не можеше да ме задржи таму кај што јас не сакав.
    Се што сакав да прекинам прекинував без ни најмалку жал.
    Ги горев мостовите,фрлав спомени,затварав врати,ставав решетки на прозорците.
    Како сега да постапам поинаку?
    Животов се троши,јас сум некаде на неговото рано попладне.Само денгубење низ дома,и трошење на времето на ситно,без да сака да возврати со ништо.Ниту со најмала вратка.
    Простете што ве заморувам...ама некои мисли мора да излезат од мене.Така се чувствувам олеснето.
    Нема денес да дозволам на солзите да ме дружат.Какво фајде и ако се слеваат низ моите омлитавени образи.Нема да дозволам...зашто во мене се буди девојчето кое во здолниште до колена сака дрско да го пречекори велосипедот и да јурне низ празни улици...
    Ќе го направам тоа,иако здолништето ќе го заменам со тренерки,не ми одговара на годините...
     
    На Moira, DeMelo, Unique.chick и 8 други им се допаѓа ова.
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.999
    Допаѓања:
    123.772
    Сабота е ден кога е само мој.Добро де до 4часот само :)
    Не правам ништо посебно,уживам во пижами,со кафе,со благо,со грицки,со сокче со се што ќе ми се најде....Дури не правам ни генералка.Ја чувам за утре за да помага и тој :lol:
    И чудно,ама баш ме полни со енергија .
    Ми фалат повеќе вакви денови.......се сеќавам дека ваквото дремење порано ми беше досадно,го мразев,не ми ни текна дека некогаш ќе го барам......а сега ,во секојдневното трчкање,фали и тоа многу ....
    Велат дека се има време се да се постигне,ако сакаш нормално.Се има,да,ама притоа не останува ништо за твое уживање....Само неколку минутки во текот на денот,а малку се!
     
    На slavica999, Moira, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  5. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    4.846
    Пред малку направив нешто што за да се направи треба да се има талент и тоа огромен,треба дарба за тоа,од Бога... :) :rofl:
    Појдов во бања,предмалку се туширав,и пиштив вода,а сум за боравила да го ислучам тушот и влагам обелчена -прсссс тушот,над облека :rofl: :rofl: :lol:
    И да сакав да кажам,не си ги фалам очите,ама интересни ми се,трансформации за 3 секунди,од сино зелени,до зеленокафеави,па оп жолтеникави,па пак зеленокафеави...интересна работа,која малку доцна ја открив. :P :^)
     
  6. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Не. Не сакам пријатели кои ме сожалуваат, а не го мислат тоа искрено. :shake: Повреди ме со вистината, отколку да ме тешиш со лагата. Знам дека не ти а жал, тоа само го кажа колку да те мислам за добар човек. Луѓе не сте свесни колку ви имам помогнато во животот, а ви мене како ми возвраќате? Со лаги, и лицемерие? Епа не благодарам. Тоа испаѓа како `Помогни му на слепиот да прогледа, а потоа тебе нема ни да те погледне`. :x
     
  7. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Никогаш не го дави тој што ти помогнал да пливаш.
     
  8. kitty.lover

    kitty.lover Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2012
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    351
    Да не звучам клише, ама да потврдам уште една од теориите на жените дека кога е во ПМС не ја чепкај! :devil: Нервози на сите страни, и најблискиот и непријателот не сакаш да ги видиш со очи, незадоволна, нестабилна, вознемирене, дрска, иронична, саркастична, почнуваш да нервираш се околу себе, само јадеш......уште да набројувам??? И да...да застанеме на многуу јадеш! Еве јас. Станувам од спиење и мислам на храна, дури седам пред компјутер јадам, потоа ручек, ужина, па вечера...Може ноќе да станеш до тоалет па да скинеш некое парченце леб и да се вратиш во кревет! Е така....Некако дали е до периодов, ама чувствувам дека ова ќе биде зима на дебелеење. Ептен им се погодил ајваров на моиве бре :lol: И слаткото истоо!!!! :$ Еве моментално лажичево почна да тракоти нив теглава. :wasntme:
    И тоа....Периодов сум пасивна, многууу пасивна. Од дома не сум излегла, куќа-школо ми е рутинава. Имам обврски, многу учам! Решив! :!: Ми годи кога ме фалат, кога знаат дека вредам (на овој или оној начин :angel: ) и многу значајни и почитувани за мене луѓе ме поздравуваат по мајка ми и баба ми и сакаат да се видиме. Стеј он да лајн бејбее! :rofl:

    Останете ми поздравени во овој убав ден(барем така ми се гледа низ ролетнава, се уште не сум излегла ), а јас одам да се средам и средам се околу мене,зашто ме чека книгата и некои последователни обврски! :hai:
     
  9. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Убаво е да бидеш заљубен,да ги чувствуваш оние пеперутки во стомакот,па тие погледи...
    Но,те молам сфати дека си досадна. |(
    Постојано зборуваш за него.Цел ден,цела ноќ.Како да нема други теми за кои можеме да разговарме.
     
  10. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Саботно утринско чистење.
    Сончевите зраци ми ја потенцираа прашинката на ветрината и паркетот па се зафатив да ја гланцнам собата.
    И така средавајќи ги расфрланите книги и тетратки од фиоките, најдов една тетратка која упорно се обидувам да ја скријам веќе 5-6 години ама сестрами постојано ја наоѓа и ја вади. |(
    Се работи за мој детски обид да пишувам книга, писателка бев решена да станувам :D
    Прочитав неколку страни и луѓе ко пиперче станав. :$ Ете затоа ја кријам, и не сакам никој да ја вади а посебно не да ја чита.
    Кои глупости сум ги пишувала. :tmi:
    Се работи за едно девојче и неговите патувања во измислени, чудесни земји.
    Е сега ајде, батали огромните проусти од граматички и изразувачки аспект, туку кога прочитав една реченица се насмеав на смислата на реченицата и моето детско незнаење.
    Сум напишала:
    -Таа ја мразеше супата од моркови затоа што секогаш и паѓаше на брадавицата. :D :D :D

    Подоцна кога дознав што значи зборот, ја најдов тетратката и го шкртав зборот со пенкало ама неуспешно, пак се чита. :tmi:
     
    На Stoimenovska, Cacy, AnaKarenina и 10 други им се допаѓа ова.
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Чиниивче со овошје и чаша сок до мене, сонце од едната и добра песна од другата страна.
    Само што си ја средив собата. Мирис на свежина и чисто. Уживам. 8)
     
    На srcekrsacka, Cacy, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... денот ми е толку детално испланиран, секој момент очекувам нешто да заврне на мојата парада, мало ситно гомце да ми ги покака убавите планови.
    Подготвена сум и со план Б и со Ц (А бе бе бе, а бе це :D ), Марфи - bring it on bitch! :^)

    Си се топлам со чајче, а стомакот ми кркори за 10ка со кромид.
    Ситно одбројувам часови до моето рандеву денес, да фатам зрак сончевина, позитивна енергија и насмеани ликови.
    Ноќеска сонував како шефот ми се обесил, а според соновникот - јас ќе претрпам голема штета. :^)
    Богати - кај се трауматизирам во соништата, па и дополнителна штета на моја сметка.
    Психо - лив ми алоооооууууун. :|

    Зујам ко пчелка, имам премногу инспирација и пукам од енергија (како за 3 часа наспаност), но немам доволно убави зборови денес.
    Кога не поседувате доволно квалитетен и богат речник да ја опишете колоритноста на денот кој ви се нуди, време е да кажете само - чао, и убав ден. :hai:
     
    На bittersweet, srcekrsacka, zarah и 9 други им се допаѓа ова.
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.821
    Допаѓања:
    25.522
    Пол:
    Женски
    Сабота. Колку убаво звучи. :sun:
    Ма да, јас полагам денеска, така да...
    ...wish me luck.
     
    На bittersweet, antonina, zarah и 11 други им се допаѓа ова.
  14. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    [​IMG]
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Сонце, :sun:
    Тераса, :smoke:
    Музиче :music:
    Чајче,а после Кафе, :coffee:
    Гледање :wasntme:
    Муабети :talk:

    Има поубо? :)

    Имајте убав ден :hai: :hug:
     
    На bittersweet, Srekicka, Dvolicen и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Aко знае некој универзален лек за да не сум срамежлива повеке нека каже пиво/сок/кафе го честам ... :D Иако некој велат дека тоа е баш добра особина,јас сметам дека не е.
    Абе не сакам веке да сум таква па...Ми пречи тоа.
    А знам дека некогаш ке се изглупирам заради тоа :?: И од него се уште се срамам,и кога одам кај баба ми а таа ми принесе вкусна пица за јадење а мене ми е срам да ја изедам. :$
    И ваму ке почнам да се срамам како сум почната. :)
    Ми се пие вино,домашно црвено...со печен зајак. :P

    Ај пријатен ден.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Кијам,кашљам и мрсољи ми течев :( Ич не ми е добро веке незнам ни што да се напијам за да ми помине настинкава.
     
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ако знае некој нека го споделе и со мене. :$
     
    На I.love.your.lips, sweet-cherry и Pelikuna им се допаѓа ова.
  19. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    :!:

    :!: :beer: :beer: :beer: :beer: ..

    [​IMG]
     
    На starbucks и Sara123 им се допаѓа ова.
  20. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Re-union со моето кутре. Пресреќна сум. :sun:
    И тука во позадина некаде претстојните колоквиуми ми ја уништуваат среќата, но не е важно.
    Имам агенда, ќе научам, се тешам. :lol:
    Кога гледам низ прозорецов сега, исто како да гледам назад во минатото, кон летото што замина.
    Ретко по некое пожолтено ливче, се е зелено.
    Да не излегов претходно надвор, ќе мислев дека е +40 и дека треба да побрзам да ја променам водата на Хали, бидејќи и се стоплила, а и на неа и е жешко.
    И попатно да го навадам цвеќенцето до чешмата.
    Не проверив дали уште постои или се исушило како тогаш кога заминавме на одмор...
    Дури и дневната ми изгледа необично убава кога се навикнав на раскрцани врати, прозорци кои имаат таков ефект она што е надвор да ти го донесат в соба и телевизор кој работи кога ќе му текне по некое негово непишано правило.
    И, што е најважно, сега ќе се симнам на готов појадок доле. Да, да. :nod:
    А, после ќе се шетаме Хали!

    Не можам да се пожалам од денов (иако колоквиумите се блиску, а јас имам 7 предмети). :!:
     
    На Sara123 и kravce им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.