Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    Тропски Горештини :D

    мене ми асоцира на македонска телевизија и летен распуст СЕКОГАШ го репризираа филмов
    За вечерва ако планирате да си поминете убаво :!:

    http://www.youtube.com/watch?v=eP14Xrjz3I0

    Се молат ромите да не прават Цигански работи ,и да ја намалат музиката . :@
     
    На aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Се моли Дволичен,да не пишува мислење врз мислење :D :D :D
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  4. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.276
    Пол:
    Женски
    Уштее една вечер без него е на прагот.. Уф па до кога вака??? До кога јас тука, а ти таму?? До кога секоја вечер ќе ми биди иста??? Зошто јас?? .. Само тоа не ми е јасно :fubar: :doh:
     
    На Squirrel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    правам торта изненадување за роденден на брат ми. на кој му се јаде благо нека повели утре :party: :D
     
  6. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Сакам да кажам дека јавново сообраќајно претпријатие ни е ужас!
    Идам од кај баба ми за дома и на автобуска и сеа улицата таму била затворена. Чекам да тргне право оп на чоеков му текна врти десно. И ми викаат- таму треба да чекаме, улицава е затворена. Идам таму десно, и иде друг автобус- оп продолжува право . И мене ми прекиснува :@ викам сеа на раскрсница чекам :| и чекам и оп иде право еден- трчам по него ама иди стигни го. И отидов пак на таа право се најдов со татко мии.. му објаснувам и у меѓувреме иде автобус и татко ми ми вика - абе овој се престрои за лево- и јас готово :@ :@ трчам преку улица и не му платив на шоферот а он ми се “заблагодари’’ со тоа што на искачање ми ја фати ногата со врата, боже боже , па и не слушна коа му се дереа. Бонус - ми ја скина патиката |( ама не беше крив шоферот туку тој еден пореметен застанал на цела врата ко да го купил автобусот чоек да неможе да помине :!: . По ретардиран ден амин ... :|
     
    На Glossy-girl и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  7. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    СДК многу мразам,не поднесувам кога лажат и измислуваат на форумов :) Барем тука можеш да се отвориш и искрено да ги кажеш своите проблеми. |(
     
    На LittleFairy и anichka94 им се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Од многу одамна сакам да пишам некој збор за моите другарки, и кога и да почнам не можам да довршам. Испишав неколку текстови и само ги зачував, не стиснав испрати. Можеби овој е тој што ќе го испратам.
    После секој долг разговор на скајп, се чувствувам како да ми фали нешто... и сваќам дека ми фалат тие, тие две најдобри другарки, ми фалат тука, ми фали нивното присуство факинг премногу, ми фали да ми прават друштво додека одам или си идам од факултет, а и јас нив, ми фали што не можеме да се најдеме кога и да си требаме. Ние се слушаме секој ден(Гад блес скајп), се смееме секој ден, си кажуваме повторно се... ама пред некој ден, кога дојде да поплачеме заедно со едната, тогаш почувствував колку боли што не се тука, туку се таму, тогаш сватив колку навистина имавме нешто прекрасно и колку навистина ги сакам. Не можеш преку компјутер да си ги гушнеш... не можеш. Не се преку свет, но не се тука. Навистина боли кога ќе се освестиш дека патиштата скоро сигурно засекогаш ви се разделиле но ти е мило на душата затоа што знаеш дека тоа е за нивната подобра иднина и дека се среќни. Тоа те држи смирена. За иднината имавме многу заеднички желби, фантазии, списоци, детски соништа, а и никој не вика дека некогаш нема да ги исполниме. Некогаш и сме се нервирале меѓусебно, да, имало некои лоши периоди, и сме грешеле сите три, но никогаш не сме престанале да бидеме искрени другарки една на друга и никогаш не сме се скарале онака посериозно.
    Јас имам и други другарки, од средно, од факултет, но не можеш да имаш вистинско пријателство со секој, она пријателство од типот тука сум за тебе и во 4 саат наутро, можам се да ти кажам, душата да си ја соголам, да знаеш се еден за друг, и она најлошото, а пак да се сакаш толку искрено и да се прифаќаш со секој недостаток, да сте толку различни а толку да се разбирате меѓусебно. Пријателство кое трае веќе 20 години...
    Од кога бевме мали прцлиња и не знаевме да одиме, од кога носевме пелени, од кога проодевме, од кога трите не собираше на една санка, прозборевме, тргнавме во школо, собиравме салфетки, детски пошти, секакви живеалишта си градевме, први симпатии, прво шетање надвор од маало, па надвор од населба, први екскурзии, први љубови, секакви тајни, средно школо, еве сега и факултети, еден куп филмови и серии изгледани, караоке вечери, коктел вечери со наши експерименти, куп рецепти за јадења испробани, безброј ноќи преспивани едни кај други(иако на минута живееме), безброј вечери поминати во непрекинато смеење, исто толку вечери поминати во болка и солзи, разговори кои ти е незамисливо да ги водиш со некој друг, милион спомени, милион места посетени... заедно израснавме во личности кои одсекогаш ги замислувавме, а се надевам дека допрва следува најубавото.
    Поинаку е што не сме едни кај други секој ден, што ги нема да се клапнат на моиве фотелји, или трите да се тупнеме на кревет, или да дремеме на тераса и да го тераме брат ми да оди по крофни во ниедно време навечер, или да лежиме на нивните кревети испревртени на сите страни, или кај нив во двор, да играме со кучето, да го шетаме, да се смееме на цел глас... или да водиме дебати на некои небитни теми, или пак со саати да тераме сериозни разговори за животот. Ма не можеш со секој да почнеш 16 теми на разговор и сите да можеш да ги одржаваш цела вечер и да знаеш до кај си стигнал со едната, каде почнува другата. За ова секогаш сме сме смееле.
    Моите секогаш ги гледале како свои(тие се сестри), и нивните секогаш ме гледаа како своја, од јадење едни кај други... од она кај најдобар пријател не прашуваш може ли ова или она кај него туку идеш си отвараш фрижидер си земаш јадење, пиење, или што и да сакаш, папучи или дуксер ако ти пристудело... не се остварува таа блискост со секој.
    Можеби звучи себично, но сериозно многу ми недостигаат што боли. Лани беше само едната, па полесно беше се. Оваа година се двете, и многу поретко ќе доаѓаат тука. Ги сакам онака премногу, преискрено... си ветивме еднаш дека нема никогаш да се изгубиме па дури и животот да не однесе на различни страни од светот. И многу ми е мило што се држиме до тоа после сето ова време...
    Кој има вистинско пријателство, е навистина богат човек...
    Би пишувала до утре без престан за тоа што го имаме а е градено со години, но доволно е и ова, можеби е раскажано само мало делче од преголемата сложувалјка, но е искрен секој збор... јас се надевам... не, не се надевам, знам дека секогаш ќе ги имам и секогаш ќе ме имаат.
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Trendafilka, bittersweet, 1209 и 19 други им се допаѓа ова.
  9. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Не си идинствена.
    Зошто ти? Затоа што вашата љубов е доволно силна да издржи ;)
     
    На krEM4Eto, kristince51 и Sara123 им се допаѓа ова.
  10. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Зошто бе некои луѓе зборуваат постојано и не дозволуваат на другите околу нив да дојдат на ред да кажат и тие по некој муабет ...зошто има такви луѓе со долги јазици,луѓе без осет ??А уште полошо е што вртат исти муабети цело време и,си брбљаат онака безврска ..е зошто??
    Па јас сакам да ги ислушам од почеток до крај,внимателно ... ама,сакам и јас кога ке зборувам да ме слушаат и гледаат во очи.
    Не барам многу!
     
    На Miss-Angie92 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Значи сум станала манијак по боза !! Ама нашата е најубава, рака на срце. Изминатата недела интензивно шетав низ Скопје и стопирав во секоја можна слаткарница, на боза и искрено ни една не ми се допадна.
    Која беше мн кисела, друга преблага а трета мириса на прегорено брашно. Морам да го натерам сопственикот на слаткарницата да отвори и во Скопје, ма да слушнав муабети дека "извезувал" и за таму :D

    .. Убав викенд дома. Се прејадов и се натерав да трчам низ маало, да не си ги вратам килцата што ги симнав летово. И трчав цели 20 минути со 3 паузи :D за да на крај дојдам дома и да видам како ме чека пола чоколадна торта и шише БОЗА (подарок од мама и тато за добредојде, бидејќи цела недела по телефон им баам колку ми се пие)

    Луѓе кај има добра боза во Скопје ? :$
    Чирс :beer:
     
    На Trendafilka и Veki4kaa им се допаѓа ова.
  12. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.355
    Допаѓања:
    17.960
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Колкуу убаво!
     
    На lunicka и Sara123 им се допаѓа ова.
  13. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Сдк дека почнав да се хранам од форумов
    просто го обожавам :*
     
    На Ema.Sk, Gordana10 и Ingvild им се допаѓа ова.
  14. Ingvild

    Ingvild Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    588
    Допаѓања:
    3.632
  15. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    13.217
    Пол:
    Женски
    Абе овој маж ми... :@
    Денов почна релаксирано со кафенце и без некој посебен дневен план (што подразбира зачистување, средување низ дома, низ кујна и сл.).
    Околу 11 часот маж ми соопштува - За пола час ми доаѓа колега на муабет!
    Колега :worried: куќата во хаос, јас изгледам катастрофално. Кога се растрчав низ дома, за пола час беше поминато со правосмукалка, избришана прашина, средени алушта (додуша и маж ми ми помагаше) Имав време дури и да средам коса, да ставам пудра и кармин, да се облечам и намираисам (па колега на маж ми нели) :$
    И чекам...Одеднаж насмеан ми вели-Не доѓа колега, беше блеф. Да те оставев да чистиш по твое ќе се трткаше три саати, вака за пола час се е готово ...и излегуваме.

    И така го впивав есенското сонце како да е последно, го вдишував мирисот на лисјата и како ретко кога, уживав во есента. Колку и да не ја сакам ....
    Мојата пријателка Л. која е мудра ко будистички свештеник вели-Животот е прекраток да ни помина во постојано чекање на следното годишно време...
     
    На Hipster, Moira, mims-89 и 41 други им се допаѓа ова.
  16. imorena

    imorena Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    3.457
    Пол:
    Женски
    Молчењето од ваша страна додека некој ви зборува, никако не значи дека вие сте воспитана, а уште помалку личност - високо над просекот!
    Просечните луѓе (уште па и со "тромав" карактер), разбирајќи ја сопствената ограниченост, многу често ако не и секогаш, по некој природен пат одглумуваат смиреност / воздржаност.
    Чувајте се од таквите - тие лепат етикети и креираат слика за вас!
    inspired by true events
     
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.494
    Допаѓања:
    17.214
    Со што го заслужив ова. Срамови и плачки - во овие 14 години најмногу со нив сум запознаена.

    Него сдк дека имам најдобра другарка. Ни на сон немало да можам да замислам дека можам ваква другарка да најдам. Ја сакам повеќе од се друго. Единствена е мојата Марија. :hug: :hug: :hug: :hug:
     
    На Ema.Sk, M.arija, danniela5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Не можам да ги сфатам луѓево. Ако ме боцнеш на фб треба да ти пуштам понуда за пријателство. Е па нема ! Пробај ти еднаш, пушти , па ако те прифатам арно , ако не , не е болка за умирање. Инаку за информација не одбивам такви харизматични личности како тебе !
     
    На Monna.Monna и pamelche им се допаѓа ова.
  19. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    значи најмногу се нервирам кога ми зборуваат за тој нивниот комшија да ми го навртеле,демек супер семејство,мирно момче,супер ке ми било,абе луге колку пати да ви кажам дека не ми се допагааааааа,а,а и ви реков дека повекето од моите другарки му се допагаат,а на едната цело време и дава комплименти,ни физички ни психички не ми се допага и гајле ми е што биле добра фамилија вие мажете се за него штом така
    абе јас сакам да се заљубам несакам така рекла кажала
     
  20. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    и јас ви се придружувам , многу е тешко но ке издржиме , секој ден сакам се повеке да сум зафатена да немислам на него деновите побрзо да поминат , зошто кога ке помислам на него почнува да ме одзема болка, празнина ,а чуството на осаменост, тишина ме убива ...
     
    На krEM4Eto му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.