Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Убав ден денеска.
    Вчера од пазарот си купив 3 саксии со оние мали хризантеми.Сега утринското сонце се капе во нивните цветови.Многу си ги сакам... :inlove:
    Утрово најдов шоља чај од нане до креветот.Некој утрово се потрудил. :)
    Сношти се слушнав со колешка од факултет.Моментално е во Казакхстан.Станала еден од директорите на позната софтверска фирма.И се смеам,ги менува државите како јас гаќите.Се смеевме како да нема километри меѓу нас.Ја сакам, ја обожувам,ми недостигаат нашите глупирања...Задоволна е ,но и тажна,не може да има деца...
    Со децата имавме синоќа вистинска сеанса од гушкања,милувања,зборување во демунитив... :inlove: ма незаменливо...
    Се кажав,и ништо не кажав...
    Нека продолжи денов вака...
    http://www.youtube.com/watch?v=izGwDsrQ1eQ
     
    На NoellePage, Moira, kravce и 15 други им се допаѓа ова.
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
  3. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Никогаш досега, во животот не сум плачела пред мајка ми, а камо ли заедно со мајка ми.
    Мајка ми за мене е пример за цврста и храбра жена која никогаш не се има пожалено од ништо.
    Нејзината снага како огромна планина не чува сите и никогаш не поткрцнува за време на бура,за да не чуеме ниту најмал шум од страшните ветришта кои ни го косат животот.
    Се` до денес кога избувнавме сите, и не можејќи да го издржам целиот тек на настаните реков дека веднаш се пакувам и си одам у интернат.
    Не рече ништо, само почна да става недосушени алишта во сушалната.
    Кога и ја дадов греалката да ја стави во ќесе, очите и се насолзија, ги стегна веѓите и почна да липа.
    Никогаш ја немав видено мајка ми таква.
    Никогаш.
    Таа цврста снага која стоеше и не чуваше сите, немо падна пред своите деца и како растреперен лист од најнежниот и брзопоминлив ветер се срони на моите раменици.
    Јас и мајка ми плачевме заедно.

    И сега, после четириесетина минути, се однесуваме како ништо да не се случило, и како ништо да не било, се` до следната караница, се до следниот проблем.

    Сега јас полека станувам новата планина на ова семејство.
    Се гордеам со мајка ми.

    Понекогаш, само понекогаш, во денови како денес, жалам што прерано си заминав од дома и решив да живеам сама.
    Понекогаш, во денови како денес, сфаќам колку сум и потребна на мајка ми, а ме нема дома.
    Понекогаш, кога сум далеку од дома, и се јавувам на мајка ми.
    Од денес, почесто ќе и` се јавувам.
    Те сакам, мамо. :)
     
    На mamma-mia, Moira, kravce и 15 други им се допаѓа ова.
  4. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Шта речи,коју поруку послати?
     
    На Doozy и butterfly33 им се допаѓа ова.
  5. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Конечно на фемина.Долго време се немам укл...
    Се сменија мноогу работи.Незнам од каде да почнам.Незнам дали вредеше се.Незнам дали добто постапив..Нo сепак сум среќна и насмеана. :)
    Ако може некоја слободна фемина да ми пише лп да ја прашан нешто поврзано со школо,не за учење?! :)
     
  6. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Денот убав, а јас уште по убава :D :D :D малце нарцистични настроена :* :inlove:
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Мразам недели.А посебно недели со добиено.Ќе пукнам готово. :@ :@ :@ :@ :@
     
  8. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Вчера, од досада земав да отварам кутии кои со години стојат недопрени во гаражата, чисто онака, да видам што ќе најдам.
    И откако се изнаотворив кутии со чевли од шеесеттите, дојдов до една кутија која буквално ме врати едно седум-осум години наназад, а може и повеќе.
    Си го најдов жолтото торбиче со пикачу кое ми го купија кога прв пат бевме на одмор во Грција.
    Мене жолто, на брат ми сино.
    И двајцата бевме мали, опседнати со Покемон.
    Еднаш ги видовме и не сакаа да ни ги купат и после го пребарувавме два саати гратчето за да ги пронајдеме пак, бидејќи едноставно морав да го имам.
    Кога го изгубив торбичето, се сеќавам плачев...
    Некаде во процесот на преселување од станот моите го имаат најдено и спакувано.
    Сега моето кученце има чест да си игра со него во дворот.

    Го пронајдов ранецот, малку сокинат, но се уште преубав, црн со две бели панди на него.
    Со тој ранец одев на англиски и се уште не знаев дека во present simple на празното место во реченицата He __________ (not study) English every day треба да напишам doesn't study, а не isn't study.
    Се чудам, навистина се чудам како пред седум-осум години сум немала врска и не сум разбирала ништо, а сега учам за да станам професорка по англиски. Неверојатно. Навистина.

    Сепак, тоа што најмногу од се ме израдува е сценариото на првата престава во која ја имав главната улога. Претставата која го промени мојот живот од повеќе аспекти, на подобро или тогаш на полошо.
    Се што памтев од мојот текст беше „Кому бе вие клоца?“ и толку.
    Вчера го прочитав, се потсетив, ми се вклопија сите делчиња во целина.
    Ах, колку честитки, колку радосни времиња следуваа после тоа.
    Но, терминот кога моите требаше да ме гледаат беше откажан, а снимката не можев да ја најдам.
    Очајно се обидував да докажам дека моите мора да ме видат, но режисерот рече дека имало технички проблеми.
    До душа салата беше стара, и да, имаше проблеми со струјата, но каде може да го разбере тоа дете од петто одделение?!

    Ги најдов и извештаите за „Ѕвон“ кои сама си ги пишував, со толку правописни грешки и наивни реченици. Важно гостував три пати и им се допаднав, па кому му е гајле за грешките!
    Ги најдов и репортерските записи за локалната телевизија...
    И сценариото за забавата на внукот на директорката на училиштето кога бев кловн...

    Ах, каде ли го наоѓав сето тоа време да бидам толку ангажирана, толку присутна секаде?!
    Ја нема веќе таа детска енергија и тој ентузијазам, таа амбициозност дека можам да постигнам се.
    Кога ќе размислам подобро, јас сум постигнувала се бидејќи никогаш не размислував колку тоа е всушност тешко.
    Секогаш со ведрина и возбуденост пристапував кон новите предизвици.
    Животот беше толку едноставен пред да пораснам, а јас толку успешна....
     
    На kravce, Hopeful, marama и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.390
    Ах, колку би било поубаво сега да сме во почеток на јули :wasntme:
     
    На sweet-cherry, Monna.Monna, Glossy-girl и 5 други им се допаѓа ова.
  10. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266

    Или барем мај. Ако не може мај, барем еве, април нека сме... Или март. Само да не сме октомври накај ноември :|
     
    На crazylady, Shpagetta и sunfemina им се допаѓа ова.
  11. Emche-kremche

    Emche-kremche Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    112
    Јули,август...ама лошото е што по август следи септенври...
     
  12. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Секогаш кога си добар,ќе дојде некој што ќе покаже дека не треба да биде така. :|
     
  13. Lining

    Lining Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2012
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    185
    Болдираното од сега ми е новото мото во животот. :D Многу добро кажано. :)
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  14. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Нема ништо подобро кога ќе си легниш како нормален човек во 23 часот, ќе си станиш во 10 наспан и со волја да си ги извршиш сите обврски.
    Недела, според мене е ден за одмарање и учење, а според дечко ми било ден да зачистам нешто по дома, наместо да се одмарам и да учам, еј да драг ?
    Ајде јас по мое си направив нов распоред, си се одморив до 12 убаво со мачката моја, па зачистив, и еве ме сега, пред лап топ, кон третото, учењето.

    Дворот надвор пол со лисје, ораси насекаде паднати, крцка под нога, како ли да го исчистам сето тоа кога пусти мераци - со нес кафето во рака шеткам и си го гледам зајакот како скока и се радува на есента.

    Незаменливо е чувството кога се топам во неговиот голем дуксер, заменувајќи го неговото отсуство денес.
    Радио уклучено, а пенкалото во рака.
    Есен, стварно ми е жал што не можам да стигнам да уживам како што сакам во тебе, навистина ми е.
     
    На antonina, Cacy, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    ... сакам да сум среќна, ама сакам и сите најблиски околу мене да бидат среќни.
    Многу ли барам?
    Милина е денов, разговори со него, со самата себе, со баба и дедо, љубов и само љубов насекаде...
    па уште и ова фиќурево кога го здогледав во комшилук, како го украсуваат за некои среќници денес (патем, среќен брак им посакувам, кои и да се :) ) уште толку се израдував, го извадив телефонот и шкрапав ко да е последно фиќенце на светов (а можеби и е? :?: , пред изумирање се).

    Ми претстои лагано чистење на домот и спокојно приготвување ручек, само за себе.
    Бујрум, кој е за дружба нека повели.
    Јас и фиќурето ве поздравуваме.
    :hai:
     

    Прикачени фајлови:

    На Micheleljubov, Artemission, Divinebutterfly и 29 други им се допаѓа ова.
  16. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Недела е ден кога тушевите се со намален притисок, струјата трепка, луѓето перат и центрифугите уште малку и ќе полетаат низ балконите.
    Недела е ден кога ручекот е најтивок, душите мируваат, но некој како мене не може мирен да седи и да пишува тоа што треба, туку си замислува тобоган угоре, кученца и мачиња како денсаат, љубовни ишарети низ дрвореди и му чуе за работната недела.

    Епа, што да посака човек освен да излезе од својата рутина? Вчера до 4 не заспав. Пази кои теми ми се провлекуваа низ глава - Администрација, потпишување на своето дело, како ќе се соочам со уште неколку месечна апстиненција од сексуални деланија, планови за одење во Амстердам, апропо тоа да ја посетам куќата на Ана Франк, Трето Полувреме, еврејското прашање, моето прашање зошто јас имам воопшто врска со тоа, утре дали ќе врне и слично. Притоа, додека да се разбудам, станував едно шест пати, со раце во парализа од снеман крвоток (ги ставам двете раце под стомак кога спијам, зошто ми тежат цицките :lol: ) и ете така. Што памет имав и зошто во сабота навечер не одам да пијам некаде, наместо да пржам помфрит во 1 по полноќ и да гледам глупави филмови? И после тоа несоница и кошмари. Фина комбинација. Како зајак од ракав, ама со вампирски заби.
    А денес. Денес треба да се излезе надвор. Дали пеш, дали со точак, да се украдат барем 2 минути спокој гледајќи кон небо. Оти е бесплатно. Оти лечи очи и смирува нерви. И на крајот од денот знаеш дека ѕвездите, се еден вид награда.

    Одам јас до парк после ручек, да го фокусирам оково на малку пошарени нешта отколку моиве мисли...
    Ах, колку ми недостасуваш, тоа е цела таа проклета вистина.
    Признавам, не сум Јас сама. Ми требаш Ти, за да Јас биде Ние.

    Ете... Љубов е мојот бол. И мојот сон и убавина.
    Гушкам.
     
    На Micheleljubov, Artemission, Cacy и 10 други им се допаѓа ова.
  17. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Зошто мора љубовта да боли,зошто,зошто???Ифет пак ќе ме расплаче...зошто мора да страдаме? :(
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    СДК човек треба да знае како да се извади од ситуација, која за него не е добра, на начин што нема да повреди никого околу себе.

    А животот е школо, неговите предавања не секогаш започнуваат на постари години.
     
    На Marilyn-Monroe и pamelche им се допаѓа ова.
  19. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    Деновиве размислувам да почнам една нова етапа од мојот живот, планирам да се посветам на нешто друго, размислувам за тоа да имам свој бизнис, знам дека воопшто не е лесно, дека требат финансии, врме, простор, материјал, но со малку трпение и упорност мислам дека ќе ја постигнам мојата цел.

    Љубовта ќе ја оставам за некое друго време, нема да барам очајно љубов, ќе чекам сама по себе да дојде. Никогаш не се знае кога ќе го сретнам оној вистинскиот.

    Вчера за прв пат во животот го видов брат ми пијан, всушност и на него му е прв пат така да се напие, колку само ми беше смешен :D додека лупаше глупости, додека пцуеше работа, женски све. Го гледав како се мачи да ги соблече патиките, како ги пцуеше глупавите врвки :D се клацкаше додека се обидуваше да го пронајде креветот. Мајка ми сиротата цела ноќ беше до него, цела ноќ се туфкаше, дали ќе му се случи нешто, беше спремна, ако во случај брат ми :puke:
    Еве го сега лежи мамурен, околу него кафе, минерална вода, лимон, апчиња :lol:
     
    На Cacy, teddybear, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Утрово прекрасно ми започна со покана на фејсбук за ова. Ми продолжи со ова, ова и ова. Уште се радувам како дете. Пред две години ги испуштив, овојпат ќе одам. Многу ќе одам! Уште во среда одам по карти. Поздрав феминки!

    http://www.youtube.com/watch?v=Uf7NLY0r ... re=related
     
    На kravce, Trendafilka, Magnolija и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.