Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Убаво е чуството кога знаеш дека некому му значиш и дека би сакал да го поминува целото слободно време со тебе. :)
    Чуството кога знаеш дека во тебе гори чиста и искрена љубов.
    Чуството кога знаеш дека имаш некој покрај тебе и секое следно утро кога се будиш се будиш со насмевка и со мисли насочени кон таа личност :)
    Да сакаш. знаејки дека ти е возвратено. :)
     
    На kravce, Umbrella22, ilipili и 11 други им се допаѓа ова.
  2. booba

    booba Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2011
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    226
    Колку сум смотана, како можев да се заакам у грнака не ми е јасно :D.Сега цело око ме боли. :(
     
  3. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    Ако мразам нешто, тоа се глупави жени! Кај мажите некако глупоста природна им доаѓа, ама жени бре??
    Ме мачат едни еве веќе некое време. Ако се пронајде некоја, најљубезно ја молам да ми ја разреши дилемава
    Тип на девојка "имам дечко, ама се гледам и со друг" : ЗОШТО???? Ајде, чекам една добра причина. Па ако не го сакаш баш него покрај себе, раскини и завршено. Ако го сакаш, кој к*р бараш во овој другиот? И после очекуваш да те сфати сериозно ? Нееее, нема шанса! Дилемата ми е околу тоа дали овие жени не знаат што сакаат, или едноставно малку им е еден???.. друго навистина незнам што би можело да биде...
    Кога сме кај глупавите, има (верувале или не) луѓе за кои да се биде СЕЛАНЕЦ е поголема навреда одколку тоа да се биде СЕЉАК. Мене ако ме прашате, со главата високо крената би го прифатила првиот епитет од овие градски сељаци и сељачки. Има еден многу добар блог на оваа тема, ви го постирам во продолжение
    јас знам дека порано ги делеа луѓето на граѓани и селани. Е и сега многу луѓе се љутат кога ќе му речиш дека е селанец, ама да видиме сега стварно што е тоа граѓанин, граѓанин од втор ред, селанец (или селанин) и сељак.

    Да тргниме настрана кој од каде е дојден и зошто е дојден оти некој луѓе и стварно физички земено живеат во градот а некои на село, некои се дојдени а некои биле тука поодамна, некои се кријат, сепак...да видиме што е стварно муабетот. За да не трујам многу со теорија, како секогаш ќе почнам со пракса:

    Сум бил кај луѓе на село, секогаш убаво ме пречекувале, да не ти треба нешто ова она, кога и да му се јавам спремни се да поможат и се тоа. Во селската продавница (коперација) биле учтиви, фини, во селската биртија арни исто. Некои од тие луѓе што беа таму сега дури и најдоа работа и живеат во градот.А што се случува во градот? Е па тоа е прикаската:
    Една зима имаше многу снег. Отидов пред зграда на паркинг, ја откопав колата и ископав така едно место и заминав еден круг да свртам да се повозам. Кога се вратив некој си ја ставил колата на ископаното место. Зедов лопатата и еден саат, ископав уште едно место и ја ставив. Утре истата заебанција, пак кога се враќам некој си ја ставил неговата кола на копаното. Нервозен ама сепак прибран ископав уште едно место и ја паркирав...

    Другиот ден кога излегував ставив гајба на местото за да не ми го фатат и кога се вратив пак некој си ја трнал гајбата и си се наместил. И сега кога ќе видам - кој е магаре?, го ископав скоро цел паркинг и овие газињата мрзи си се наместија на местата. И сега кога ќе видам: јас сум глуп а тие многу паметни? Е па не, е тоа тие се сељаци, што ако живеат во градот.
    Друга случка: Сакаш да седниш во кафич, уште е рано нема луѓе ама ти вика типчето: „Бате, резервирано е“. (Се знае дека чека жени). По еден саат - два гледаш луѓе не идат, двајца без тројца внатре и ти иди типот и ти вика: „Ај седнете“. - Е у к*рац, сега си одиме и не седнуваме. Сељак!
    Трето колено: Влегуваш во продавница за техника и го прашуваш тој типот што работи таму нешто за слушалки ама одма после тебе влегуваат други потрошувачи и гледаат телевизори (плазма :)) Овој се трга, оди кај нив и упорно му покажува телевизори на некои што се демек заинтересирани да купат. А јас стварно бев заинтересиран за едни слушалки. Овој ми вика почекај и седи таму да му доправи муабети на овие со телевизорот едно 15 минути.

    И овие си заминаа ни телевизор купија ни ништо и ми иди сега мене и ми вика: „Извини шо почека, ти какви слушалки сакаше?“ - Бегај, сељак еден од ваква сељачка продавница не купувам ни слушалки а не камоли телевизор.


    Уште подруго: Се договараш со некој да се најдиш и ти вели: Ќе се чекаме во 10. Ти стигнуваш во 10, нема човек. Се јавуваш: - Абе кај си... „Еве, идам одма“. - Ама кај си? „Дома де јадам“. Е убаво. Седнуваш на клупите ВПШ (ви кажав минатиот блог што значат ќе повторам за оние што не го прочитаа-Ваша Последна Шанса) и чекаш уште 15 минути и уште го нема...

    Пак се јавуваш фрлаш веќе стотка за телефон ти на мобимак тој на космотелко: - Абе кај си? „Еве бе идам тука сум“. Седиш уште 15 минути веќе се смеат луѓето мислат седиш да питачиш и конечно еве го типот иди најаден напиен, искапен, испеглан, избричен облечен и... и уште ти вика: „Извини шо почека“. Сељак. Толку, еднаш јас го чекам е*ати сељакот.
    За крај наравучение од ова? Па не е битно дали си од село или од градот или криеш од каде си, важно е ДА НЕ СИ СЕЉАК ВО ДУШАТА!!!
    Јас би додала само уште една реченица- за мене сељаци се луѓето кои никогаш не успеаа да го разберат горенапишаното.
    Поздрав фемки, вечерва уживам сама дома :rock:
     
    На Buttterfly, Chica.Loca, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  4. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    СДК Верувајте во себе повеќе отколку што верувате во другите затоа што САМО самоводовербата И никој ДРУГ можи да ви помогни за остварување на било која цел во животот.
     
    На Umbrella22, Hopeful, Squirrel и 2 други им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Македонците многу пиеле дијазепам.
    Тодоров ќе правел анализа, :wasntme: „зашто?!“.
    Мајќе ми! Та, овој не му прави муабет на Ставрески, или Ставре му е скар на Тодоров?

    Ма не дијазепам, крокодил ќе почнат да си шприцкаат. ]:)
     
    На caroline.costa, antonina, julie77 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Од денешниот хороскоп
    ...Храброста која ќе ја имате ќе ве поттикне да повлечете храбар потег на љубовен план. И за среќа, ќе ви се исплати преземениот ризик...

    Зошто не го направив тој потег? ЗОШТО? Може ќе се исплатеше
    Мислам дека ова ќе ми биде потег за кој живот ќе се каам
     
  7. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Ме фаќа некоја криза/паника како и да ја наречеш..
    Денес на баба ми и кажував за моја другарка, дека се фатија со мојот најдобар другар и дека ептен се добар пар, она пак ми вика зашто сама не си го фати на другарка ти ке и местиш :lol:
    Шала на страна, леле каков период е овој, не можам асален дечко да си најдам, таман ке помислиш дека уау типов ми одговара ( а немам многу големи очекувања искрено) демек ајде се ке биде во ред и оп нешто ке се деси и нема да биде како што сакам..
    Сите со дечковци, сите среќни, сакаат да се стабилизираат, сакаат со отворено срце..
    Само јас, само јас од грешка на грешка идам..
    Не се плашам дека ке останам сама, знам дека за повеќето е патетичен постов но ете така се осеќам :(
    и секогаш ке си речам овој пат ке биде различно, и не е ..
    И пак послем паѓам од седмо небо.. и пак едно исто..

    http://www.youtube.com/watch?feature=en ... Se_SQ&NR=1

    песнава, таман за мудов :(
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  8. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    Хај! Јас сум Блаа и сакам промени. Ма обожавам промени! Посебно оние, така наеднаш. :wasntme:

    Цел ден мозгав шо да напрам и на крај ми текна да си ја скратам косата. И си ја скратив дообри 25 сантими. Мерев. :!:

    А сега, сега си пијам млеко и си пеам Wind of change. Може ми се. 8)
     
    На Glossy-girl, Lining и pamelche им се допаѓа ова.
  9. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Овие полицајците како мали многу гледале CSI..или пак не ги прегрнувале доволно по дома |(
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.276
    Допаѓања:
    157.797
    http://beleskitenalajlagrejs.wordpress.com/2012/10/20/цитати-цурата-на-бившиот-јаневска/

    Некој ова девојче да го воспита, да го сака и да му укаже на пар вредности и значења во животот. Пошто поим нема.

    А со овој став:
    ... ако постои уште некоја со истиот...нека оди во рехабилитационен центар. Уствари не постои таков, ама јас ќе го формирам кога ќе бидам доволно богата. Ќе се вика - Центар за лечење на ментални болести кај жени, особено такви со нарушена самодоверба и чувство за реалност. Многу веројатно ако сметаш дека сегашната на бившиот е гадна,да бидеш приближно гадна ко неа. Мислам чуму таа огорченост мај лејдис?! А прифатиле вие или не, колку и да сме програмирани за правење срања, нормална (со ишјус и све) личност секогаш има тенденција да учи од грешките и да бира подобро во иднина. У превод, ти ја проектираше ко грда, а она да ти биде и убава и паметна ( и други квалитети кои ти најверојатно ги немаш).
    Е овој тип на жени ги нејќам, си пишав пред некој ден за нив. И тоа не ги нејќам зошто ги нејќам од чиста мира, туку зошто они мене ме нејќат и се тешат дека сум гадничка, грдичка, јадничка...
    Ако зборувам за себе...не знам ниту една сегашна на бивши...дали сум нормална?! Дел шо запознав пооорано, одамна се и тие бивши,а ме мразеа своевремено, јас немав став за нив...
    И истиот заклучок засекогаш како и секогаш ... оваа карактеристика кога еднаш ќе се појави кај жена, никогаш,ни со зрелоста не се губи. Самодоверба никогаш не стекнува и џигерот ќе му го изеде на јадниот иден маж...Сочувство однапред.

    Фала многу,пријатно. Ама ароганција, цинизам и безобразност без разумна основа и доволно настегано животно искуство, освен грдење на својата личност, друго речиси и да не ви прави услуга.

    Еве и твитер, уживајте у оваа душевна фекалија....и оваа била личност.
    https://twitter.com/MacedonianGirlM
    Абе да му ебам мајката... какви татковци одгледуваат вакви ќерки?! Не ми е јасно! Најголем фејл и животно разочарување е детето да ти порасне у несигурњак.
    Да им го позајмам мојов,кој патем не бил совршен и ме учел мушки да репресирам срања, па го сакам највише на свет и не ме оштетил никако за да се осеќам несигурна,тие и тогаш на сметка на мушкиот третман и детските игри, ќе најдат повод да се укакаат како особи.
    Кака за бивши,а изгорела по истиот. За бивши кој не ти е гајле, не бираш злоби и бесни зборови. Џаст сеинг...
    Ова се вика ретардација.
     
    На ViktorijaMari, antonina, mims-89 и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Со големи позитивни импресии се вратив од Скопје во нашиов град. Сум била и порано, и убаво било, ама овој пат ми се допадна најмногу, особено музејот. Како да се наоѓавме во друга држава.
    Го посетивме и Сити Мол, убаво е, ама колку е големо толку и цените се големи.
    Екскурзијата помина прекрасно, добив и многу пофалби :$ и горда сум на тоа :wasntme:.
    Цел автобус беше во смеа и радост. Прекрасен ден поминавме.

    Имајте пријатна неделна вечер. :hug:
    [​IMG]
     
    На Pelikuna, Sara123 и pamelche им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.358
    Допаѓања:
    286.478
    Често спомнуваното:

    Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?

    Среќен !!!

    Оти нели тоа е најважното. Ако речеш пари, кариера, тип со небесно сини очи...плиток си, сеуште не си ја сватил суштината на животот.
    Но вака паметен си, приземјен, ќе биде човек од тебе.

    Колку повеќе малите работи те прават среќен, толку поголем човек си.
    Баш звучи убаво...

    Доволно ти е сонцето да изгрее за денот да ти биде убав а месечината да биде опкружена со милион мали звезди за убаво да спиеш.
    Случајно почнуваш да приметуваш питачи по улица и се запрашуваш за суштината на својот живот и истовремено за нивната судбина.

    Си поставуваш тешки егзистенцијални прашања и одговорот го наоѓаш во оние едноставни секојдневни нешта.
    Потребна е една мала насмевка, една прегратка, едно топло какао од најблискиот за да бидеш среќен.
    Тоа нема никаква врска со општата љубовна, финансиска, фамилијарна состојба...
    Ти си над сето тоа.

    Ги презираш ликовите кои носат брендирана облека, оти важно е што носиме во себе и начинот на кој го носиме а не вредноста на едно парче.
    Ги презираш ликовите со поголемо образование од твоето оти они не ја сватиле сушината на својата професија, и пет факултети им се џабе, твојот еден е вреден како десет нивни.
    Ги презираш поради патувањата кои ги имаат зад себе, они не знаат ниту лично да го доживеат градот на начинот на кој ти си го сторил преку тв репортажа.
    Ги презираш за работата која ја имаат оти гарант некој им ја дал на тацна додека ти даваш се од себе.
    Уствари сето тоа се самобендисани, плитки, фалбаџиски настроени снобови, се прават екстра.
    Ти си поинаков и тоа треба, т.с мора постојано да биде повторено и нагласено.


    Бла бла бла :puke:
    Реклама.

    Ged a life.
    Лоша работа е фрустрацијата
     
    На DeMelo, julie77, Moira и 11 други им се допаѓа ова.
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    СДК ...како да си кажам зошто се смеам ко удрена цел Божји ден бре :angel: :rofl: :rofl: :rofl:
    Мајка ми веќе стана нервозна, брат ми на два пати ме направи „чукната во паметот“, а татко ми само се потсмеав и вика „фала Богу шо не вреска, кој ќе ја трпеше“ :rofl:

    А јас...како ли да си кажам бре, како?!
    И не дека е за смеење ама смешно е па :rofl:

    Јаооо јадна јаааас... :rofl:
     
    На bittersweet, Umbrella22, Divinebutterfly и 6 други им се допаѓа ова.
  14. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Перла е заљубена. :$
     
    На bluegirl7, simon4etooo, Umbrella22 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Види ги ти нив..си се дотераја и си заминаја во комшиите на честење, по повод свршувачката..
    А јас цел ден си планирав дека ке ме земат и мене и дека ке се испрејадам од богатата трпеза
    Дури и си направив план со што ќе почнам и со што ке завршам
    Е фино ме зафркнаја :(
     
  16. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Људи, ми се иде на свадба бре еј. :D
    Откога не сум била, година дена више, абе ми се врти орце Пајдушко, па ми се јаде од оноа класичноно предјадање пирошки со тој грдиот сос и тортана свадбарска од хотел што ја
    даваат. :D
    И ми се гледаат сатенскине фустани и сарми по главине, и пијани тетки кои си цупкаат и ватрените играорци/ки што се увек испотени под мишки. :D :D
    А, да - и најбитниот момент церешна се од корен корнеше. :D
     
    На Glossy-girl, LilBaby и pamelche им се допаѓа ова.
  17. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Значи колку си подоббар со ова луѓево толку подобро можат да ти се качат НА глава!!!!!!!!!
     
    На Christyn му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Ужасно ми недостигаш. :hug: Понекогаш не знаеме што имаме се додека тоа не го изгубиме.

    Се би дала за уште една насмевка и една прегратка...исто како онаа последната што ми ја подари оној ден... ;(
     
    На kikav му/ѝ се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.461
    Допаѓања:
    103.643
    Пол:
    Женски
    Каков ден, улалалааа :rofl:
    Берел некој костени на Шар Планина да види како е? Епа тоа ми се деси денес, секое ковче на мене ме боли, полна сум со боцки и трнки по рацете, обравчињата ми црвенеат ко селскине моми на чешма. И се ќе беше во ред ако не се изгубевме малку во шумата, а паметен дечко ми си понел пасош, ако се изгуби накај Косово да не биде илегалец :lol: Инаку имав неколку фантастични моменти, Верверичка 1 ми украде костен, да, да, и тоа еден убав, еден голем, абе си го замислував како го јадам, и оваа ни пет ни шест, ми го украде и си се качи на дрво, ццццц, ни верверичките не се тоа што беа :rofl: , а Верверичка 2 и Верверичка 3 се затепаа за еден црвлив никаков костен, абе ко да глеаш акционен филм, се замлатија, еднава на другава и врза две-три васпитни и и го зема костенот, она на неа :rofl: Страшен ден :rock: Ручек во Лешок е доволен да се заборави се, две уза, средна шопска и по едно стекче, абе милина :rofl:
     
    На Chica.Loca, Srekicka, Buttterfly и 22 други им се допаѓа ова.
  20. Clear

    Clear Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    195
    Tато те сакамм! :hug: :l:
     
    На Hopeful и Ema.Sk им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.