Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    "Kаење заради минатото,досада заради сегашноста,како и страв пред иднината -ETE тоа е животот"
     
    На Ella.313, Chica.Loca, kravce и 9 други им се допаѓа ова.
  2. MistiqueB

    MistiqueB Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    46
    Ако маж се обидува да ја разбере жената, тогаш дефинитивно е на пат за во лудница! :rofl:
     
  3. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Некако денес од сите страни само некој ми спомнува кифли, а и на форумов налетав на постови во кои се споменува истоименото височество. Ми се јадат кифлички, значи ќе спобудалам! Онакви малечки, домашни, со сиренце внатре, мх мх мх... Мајка ми ме тера да земам да јадам нешто, ама не сакам друго, кифли ми се увртеле во глава, кифли сакам! И тоа тазе испечени, топли. Готово, лиги ми потекоа :tmi: Значи вака кога ќе ми текне нешто и ќе почнам да пекам, крај :wasntme:

    Понекогаш не е лесно да си јас.

    Ми иде да се самозапалам :tmi:
     
    На sweet-cherry, kravce, cinderella5 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.169
    Допаѓања:
    259.412
    Пол:
    Женски
    Нема да можам да си објаснам зошто луѓето туѓиот успех го доживуваат како личен не успех.
     
    На Moira, kravce, anabel-a и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.925
    Пол:
    Женски
    Homo homini lupus est.
    Човек на човека му е волк

    ...
     
    На Ilusionist, La.Reina.Del.Sur, BoaVista и 2 други им се допаѓа ова.
  6. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    Синоќа ми се случија многу работи , претежно лоши.

    Како прво се мразам тоа што сум пречувствителна. :(
    Седејки на клупите во паркот касно вечерта, додека другарка ми јадеше дојде едно кученце.
    Беше прееегладнето.Ја замолив другарками
    ''дај му малце греота е ''
    таа е преслаба и плус не и се јадеше многу , сосила го јаде и не му даде.
    Ми падна жал , очињата му беа полни со солзи.Во џеб имав само 30 денари кои ги чував за такси.
    Срцето ме болеше што неможев да му дадам малку храна.Се расплачив ..
    Ми се смееја само една другарка ме прегрна со зборите..и тоа е душа како нив, ке им се врати ке видиш
    Си заминавме одејќи нагоре да се качиме во такси.

    Инаку не сум љубител на животни , не би чувала, но кога имам нешто им давам.
    Се плашам од кучињата , но на моменти премногу ми е жал за нив.. :(
    За момент во таксито почувстував тежина. Ми дојде страшно премногу за плачење. Но се собрав и за среќа стигнав дома.
    Веќе беше доцна моите спиеја и солзите сами дојдоа.Не знам зошто.Имав некаква потреба да ги пуштам..
    Во моментот повторно исто чувство.

    Има моменти во животот како нешто да чекам. :worried:
    Незнам како да кажам..Се некако ми е чудно , и времето ми е чудно, околностите, како да треба да се случи нешто, како да треба да дојди нешто, и тогаш се чувствувам претерано напнато.



    Добра ноќ , имајте убава работна недела :* |-)
     
    На Chica.Loca, Monna.Monna, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.276
    Допаѓања:
    157.797
    Шо вика Коста гроф, Се осеќам као да треба да направам нешто. Да направам нешто, да зачукам едно 2-3 гола... Е баш така...
    А ми треба и мир. Емотивните ролеркостери ме докрајчија. Се осеќам како преживеан после бродолом.
    Од утре се е по старо, се е сериозно, ми недостигаше мојата рутина... Само да сме добри.
    До година, на зајдисонце... тогаш...
    Некои девојки треба да научат дека не можат да бидат се и да бидат за секого. Страшно многу ме повреди кога личноста која себично си ја чувам,сакаше да ми ја зграби. Не као, посесивно го чував,ама у него ми лежи цел живот, во мене неговиот и беше се фино, мирно, интимно, платонски, чисто и оп...лакома ламја...до душа ни тој не посака да биде даден за да биде земен... ама ете ме повреди таа нејзина постапка... Зошто натпревар?! Нема потреба...наши сме си...

    А стварно ова беше еден одличен и кус период...

    И заборавив да кажам...ја видов најгрдата можна слика во Скопје,да се најдат и да се казнат. Под дрворедот на Партизанска видов две другарки. Навидум само две обични другарки кои си разговараат. Се приближувам така... и кога гледам... од каде точно би посакала светот да почне да се распаѓа. Едната, на ова иако топличко време,не многу природно облечена во куси панталонки, у стилом 60ти години... со соблечени ролшули, и тоа не некои од мајка и, туку се гледа бре некое убер хипстерско ново срање, џиџани и чичка нови и хипстер наочара... Другата, така нешто, само не беше гола, туку тераше повеќе стил на библиотекарски глушец и... па,дечки...плетеше. Онака,лагано, си плетеше, цели три реда исплетени и прилично малечко ми се виде,ваљда за кучето нешто. Абе се понадевав дека е на целибат...немав друго логично објаснување.
    И упорно со моите се расправам што се тоа хипстери. Прееска ручекот ми го расипаа,мавнав две чашки ракија и уште до толку се испорасправавме. Мајка ми ме разбира, татко ми не го разбира концептот... мисли да се тоа некои концептуални уметници кои кога ќе помине времето ќе се зборува. Сериозно не разбира... и да не даде моите деца да зборат хипстер времето некад коа мајка им била млада... Ќе ги дадам на посвојување...
    Абе кога ќе растат, ќе гледам да бидам у тренд со секој тренд, за да децата не ми се подебилчат.
    Пред некој ден со другар ми,коа ви спомнав дека шиптари не бркаа по чаршија, не забркаа пошо се засмеавме дека некои луѓе мислат дека Мјуз се некомерцијален бенд... онака по малце хипстерски. И ете, карма из а бич. По цела чаршија, нејќев да го фрлам у оган дур се курчеше на клетите албанчиња, веројатно ситни криминалци кои и тој не ги ни забележа уствари што намераваат. Да не се фалам, ама... стварно треба да ме стаат у Бонд филм. Тоа беше момент. Ние се смееме, јас од агол ги забележувам како не пикираат, суптилно го фаќам за рака и го тегнам по чаршија, и му викаш не се врти, СЕ ВРТИ, ЧОВЕЧЕ СЕ ВРТИ...и на крај им правиш фактор изненаџење им го спопикуваш како што не ни замислиле,ама тоа у друга прилика. Они мене,мамицата мамина бре!!! Трагичното е што...мене ништо нема да ми направат,ами него?! Него... ќе ни ги упропастеа сите прекрасни денови пред и сите кои следеа...за живо џабе. Ах ќерата,не ви се давам!
    И муабетот е,од смеење за хипстери не збркаа шиптари. Кармата е на хипстерската страна! ;(
     
  8. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Денес бев сведок на една прекрасна глетка на едно прекрасно семејство. Мајката и ќеркичката си играа си трчкаа а таткото ги следеше со една љубов, само на филм што имам видено. Баш реклама момент ми беа. И за момент ми се насолзија очите, иако во последно време често ми се насолзуваат за секакви глупости, за ова вредеше, ми останаа во сеќавање, опис за убав ден, каков што немаше ни во мај. И таков беше денеска денов, убав. Јас не го искористив максимално, јас само тивко го впивав од мојот прозор, го почувствував преку кафето на терасата, го потрошив на добра храна, се предадов на обврските, уживав во мирисот на мојот омилен парфем, се вселив во неговите мисли а и тој во моите, ама сепак, не го искористив. Ама тоа семејство, да.

    Викендов само што не завршил а јас веќе со душа го очекувам следниот. Не сум спремна за уште една работна недела, сакам викенд, сакам одмор, иако го имам и премногу, сакам уште. И сакам тој викенд и тој одмор да ги посветам на една прекрасна личност. А секој нареден, ќе биде само за некој посебен. Јас и тој, конечно сами, и ... магија.
     
    На Buttterfly, sweet-cherry, kravce и 17 други им се допаѓа ова.
  9. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Ако нешто научив од животот до сега тоа е дека кругот се врти и тоа како се врти. Си се чудам на самата себеси и на тоа што станав, а што бев. Станав безчувствителна, не ми е жал да ги повредувам другите, мислам него, и ги нема повеќе оние чувства како порано. Kaко ме променија неговите грешки и ме направија тоа што сум.. Сега него го боли душата, а мене ништо не ме боли. Понекогаш се чувствувам и самата виновна што станав ваква, но не, не е до мене.
    Кругот се сврти, ете тоа е. И вистина било тоа дека жените стануваат кучки само подари некој маж.
     
    На Adi888, cinderella5 и kikav им се допаѓа ова.
  10. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    На Oxymoron, anabel-a и Doozy им се допаѓа ова.
  11. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Вчера за прв пат уплативме спортска со другарките и фативме. Какво радување падна пред излегување. :D Не е многу пари, ама сепак како за прв пат добро е. Колку убава вечер вчера, ммм сакам сите да ми се такви. :wasntme:
     
    На CIA, anabel-a, Monna.Monna и 4 други им се допаѓа ова.
  12. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Можеби сум млада, ама исклучиво сакам стари работи. Патам по минатото и сум со дијагноза
    на болен носталгичар. Далеку од тоа дека сегашноста не ми цвета или дека не ја планирам иднината.
    Но секогаш кога си легнувам да спијам, одвојувам некои пола саат(ако не, и подолго) во кои живеам во минатото. Ги премотувам ситуацииите наназад, режирам како би изгрегирла во таа ситуација, смислувам монолози и дијалози, гестикулации и погледи.

    Ми недостигаат старите друштва. Другарите и другарите кои сум ги затскрила низ ѕидовите што сум ги градела од силата да се опоравам по нивната загуба. Жалам за најдобриот другар со кој ме дели
    само еден спрат, ама краткото време или намерно избегнати средби спречуваат да се видиме на раат, да испиеме кафе со цигара, да му се жалам за ситници и да ми црта апстрактни поими во воздух за да ми објасни колку е среќен.
    Ми недостига поранешната најдобра другарка.
    Исто така, денес не делат неколку школски клупи, но толку е голема далечината меѓу нас, што
    ни со светлосни години не би ја измерила. Таа веќе не е истата од порано. Целосна промена преовладела во неа. Не е веќе моја најдобра другарка. Одамна не ги делам работите со неа, не одиме заедно во училиште, не ми раскажува како и поминал денот, не и се жалам за љубовта, не доручкуваме заедно, не одам кај неа дома и не се однесувам како да сум кај мене дома. Веќе две години не ја критикувам заради лошата музика што ја слуша, ниту таа мене заради нетолеранцијата да изгледам филм.
    Пак јас тука, зјапам во минатото.
    Ги нема оние со кои се собиравме во парк со гитара и лименки пиво. Оние кај кои се собиравме дома за прослави на нечии успеси, за тешење од нечии проблеми и едноставно за друштво и во тишината. Ми недостига другарка ми која пееше секогаш кога се собиравме, другиот другар кој имитираше нечии звуци и гримаси, кога им читав делови од Дениција..
    Ми недостига стариот распоред во собата, стариот кревет на кои ги закотвував сите соништа,
    старата изгужвана постелнина, подарена рамка за слика на која бевме ние две урамени.. ама
    веќе одамна најде место во кесичето за ѓубре.
    Ми недостига стариот мобилен со излушкана маска. Многу мисли и стихови меморирав во белешките, имав зачувано контакти од луѓето кои денес можеби сум ги заборавила, пораки кои беа зачувани заради носталгични причини и цел џубокс од песни уште од пред неколку години. Ама за жал, го загубив.
    Жалам за минатото лето, иако одвај чекав есен.

    Ми недостига старата јас, старите желби и идеи, целите за во иднина, онаа која мислеше дека е стабилна личност, а всушност недифинирана пубертетлија со менливи расположение, груба и агресивна, пасивна и емотивна. Старите однесувања, нескротливи и инаетливи.
    Истата сум, ама пак сакам да сум како порано.
    Контрадикторна на самата себе.
    Ги сакам старите книги и мирисот на нивните корици, шмекот на буквите со кои се испречатени и отпечатокот од прстите на баба ми. Некаде подвиткани, некаде накиснати. Со твди корици покриени со прав, и приказни кои се чувале во подрумот. Сега грижливо се подредени на полиците во собава и по неколку пати се препрочитувани. Преферирам бестселери, но ете некогаш ме фаќа период кога сакам да го читам Набоков.

    И така.. луѓето ми фалат, нечии збрчкани дланки, начинот на тргањето на прамените што им паѓаат пред очи, погледот кој секогаш бега од нечиј друг, начинот на зборување, постојаното трепкање, нервозно тупкање со ногата, рацете во џебови, грицкањето нокти, гребењето на лакот, гризење на долната усна, воздишките, истакнувањето на клучните коски, шетање со показалецот на текстурата по кожата, броењето на ребрата, бакнежи по хоризонталната линија на грбот..

    Е неделава не можеше да биде по трогателна и носталгична.
     
    На dolly.doll, Hipster, crazylady и 13 други им се допаѓа ова.
  13. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Само Менаџмент, Менаџер, Инвестиции, Совреме, Успешен, Генерален...итн..итн...

    Само менаџери ми се вртат низ главава, цел ден ги учам.
    Си ги замислувам како мажи :D Вистински лица. На пример генералниот менаџер е дечко ми. Успешниот е татко ми. Современиот Џони Деп, Класичниот...е да..за него не смислив ништо...тој нека биде Леонардо Ди Каприо

    Хухуху готово забегав од бубање :rofl: :rofl: :rofl:
     
  14. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    СДК: Во последно чуствувам дека ќе добијам на лото, не мора да е 7(не сум до толку среќлија) ама сигурно нешто ќе бидне, морам да смислам некое ливче сите среќни броеви има да ги начукам, ќе мислам комбинации до утре :D па да видат тие :devil: :lol: ...
     
  15. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Овај пост ми е посебен за една особа од форумов.. Мислам дека и самата ке си се пронајди во истиот (не мислам туку сигурна сум).
    Значи многу ми е криво што господинот *...* ти кажал мнооогу невистини за мене само за да те придобие...Јас сум ептен нормална личност, имам мани, и јас плачам и се нервирам иако сите тие работи не ги искажувам многу во јавност поради тоа што не сакам кеиф да им правам на другите,но ете пред тебе ке се отворам..Многу си во право за постот.Воопшто не ги делам луѓето на градски,селски,сиромашни,богати,грди и убави итн, ме погодува мене тоа што баш ке прочитам нешто од тебе и го сваќам дека е за мене лично и избувнувам веднаш.. Само тоа, да и за 10 мин сум веке смирена и си мислам која глупост ја направив,зошто да се силим на форум безпотребно.. (ова немој да го сватиш дека се плашам од некој или од нешто туку чисто онака да си кажам,глупаво ми е да ме мисли човек кој го сметам за човек,кој знам дека пропатил во животот кој покрај се не се предава,се бори покрај сите срања од луге во околината.. дека сум тоа што не сум..)ДА и јас не постапив правилно,и ти во некоја ситуација...но кога немаш излез знам јас,разбирам сум се нашла и јас во таква ситуација,навистина мислам дека не е вредно за некој господин *...* да се расправаме ние двете(што сметам не сме воопшто криви), што е до мене би биле супер пријателки но разбирам дека не е тоа можно поради целата ситуација која се деси.Не сакам повеќе да навлегувам во ситници. Мислам дека ме разбра,дека немам ништо против тебе,немам лошо мислење за тебе.. Сакам да кажам дека за без потреба се заплеткуваме во оваа тема,која од порано требаше да избледи... :)
     
  16. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    Добрите девојки го чекаат принцот на белиот коњ, лошите девојки го чекаат милионерот во црн мерцедес, паметните девојки сметаат дека и двата лика се измислени !
     
    На Ella.313, Chica.Loca, cinderella5 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    СДК дека многу се нервирам кога барам нешто и не можам да го најдам!

    Дениција пример. Цело лето си го барам омиленото издание и ништо, а толку многу си го сакам! Со тврда корица и бледо кремав материјал од не-знам-ти-која-далечна година. Мал наслов и ситни букви пишани на машина за куцање, ама една огромна љубов помеѓу тие корици. Љубов за која само тој нашол зборови, а на мене останува само да се восхитувам секогаш кога ќе наидам на некој стих..

    Ко за инает на глупавава вечер, уште ова ми фалеше, да ми треба толку многу, не знаејќи зошто. Читкам по некоја песна на нет, ама неќам ни така .. Утре ако имам време, правец во библиотека и 10 дена ќе е моја. Кратко ама слатко, чим не можам јас да си ја имам, да ми стои гордо на полициве. :doh:

    Сега назад на лекциите по Деловно и нервози зашто овие што го правеле учебникот забегуваат од темата секогаш, па ела снајди се после да склопиш 3 реченици се‘ тоа.

    .. Еј, на сите вас кои ја имате дома: Пратете ми едно парченце среќа и мене за да си ја најдам. :)
     
    На Hipster, kravce, cinderella5 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Колку е убаво тоа чувство кога покрај себе имаш некој кој те сака, се грижи за тебе и е спремен да го даде и животот за тебе. Кога знаеш дека секогаш можеш да сметаш на него, во добро и во лошо. Кога е секогаш тука да ти подаде рака и да ти биде поддршка за се. Среќна сум што можам да кажам дека имам најмалку 2 такви личности во мојот живот. МАМА и ТАТО. Тие ми се најголем пример и поттик да продолжам понатаму по вистинскиот пат. Горда сум што имам такво семејство ( вклучувајќи ја и мојата помала сестра, која сеуште е мноогу мала за да се запознае со вистинскиот свет, со реалноста ).
    I LOVE YOU GUYS :l:
     
  19. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Конечно исполнета,среќна задоволна и знаете што? Го запросив вчера и кажа ДА :rofl: :inlove: :party: :dance: Но,тој ќе ме запроси официјално,ова беше предзапросување :rofl: :inlove: :wasntme:
     
    На Serafima, NoellePage, antonina и 60 други им се допаѓа ова.
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.495
    Допаѓања:
    17.227
    Сакам да кажам дека сеуште постои другарство.
    Сакам да ви зборувам за мојата најдобра другарка, за мојата Марија.
    За Марија знам откако знам и за себе. Значи одсекогаш сме заедно. Плачки, тепачки се сме минале. Сме се карале, сме се тепале, сме си играле, сме спиеле една кај друга. Како мала највеќе глупости имаме заедно минато. Ја имам уапано за газот, ја имам апано по рацете. Си ја има забодено главата во мојата ограда, плачеше таа, плачев и јас. Сме се скокотичкале една-друга сме се смееле до бесвест. Се смееме уште.
    Ден ако помине а да не ја видам нејзе, ми е празен ден. Тешко е да се најде личност како неа. Јас за жал неможам да бидам таква другарка. Јас сум премногу лутка и преголем контраш. Ама таа ме знае, кога ќе се налутам не ми збори, седиме во тишина. Кога ќе прозборам јас значи ми поминала лутината, пак е се како порано, пак се смееме.
    Ни на свете не ни иде англискиот па се тешеме една со друга дека неможе секој да знае се. Знаеме ние да јадеме и да спиеме. :tmi: :wasntme:
    Таа е личноста на која можам да и кажам за се. СДК ми е таа, ме ислушува секогаш. Кога може ќе ми даде совет, секогаш за мое добро, кога не ништо.
    За кавгите дома можам само на нејзе на и кажам. Можеби сум досадна кога и мрачам, ама секогаш ме ислушува до крај. Нели кога болката ќе ја споделиш со некој, таа е помала.
    Марија, те сакам премногу. :hug: :hug: :hug: :hug: :hug: :l: :l: :l:

    http://www.youtube.com/watch?v=3MKtaTcEzuc
     
    На Clear, thelittle17, M.arija и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.