Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Време е за шолја чај од камилица пред спиење
    добра ноќ и слатки сни... :*
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Страшно сум му лута на општеството.
    А општеството се луѓето. Како да ви кажам. Колку и да е клише, вистина е - страшно е времево сегашно! Спасуваат кучиња, мачиња, папагалчиња, пилиња, црцорци, буба мари, рипчиња, гуштерчиња и остало животинско царство. Ама кога човек лежи на земја беспомошно, мавнуваат со рака.
    Гарант е пијан.
    Леле колку е дамла.
    Којзнае колку испил.

    Во ред. Пијан е, дамла е, испил сигурно многу, ајде да речеме, дека е така. И сега? Да го оставиме да пцовиса на улица? Затоа што самиот си е виновен?
    А што ако не е пијан, дамла? М? Сте размислиле? Како би ви било Вам? Не дај Боже, ама се случува. Ми се случило и мене заради силни менструални болки да се струполам на сред улица. Еве да речеме, трудна сте, ви се слошува, ви паѓа притисокот, сами сте, паѓате. Сигурно оддалеку би изгледале можеби исто како она кутроно човече кое го опишав на почеток. Сакате ли да ве одминат, да ве остават така?
    Со други зборови, се мислам, дали човек може да биде сигурен дека ако во некој момент е сосема беспомошен и се најде помеѓу сосема за него туѓи луѓе, може да се потпре на нивната човечност? На нивната емпатија?
    Може да се потпре на тоа, дека некој четврт ќе му го спаси животот?

    Луѓе, немојте да игнорирате други луѓе. Особено не кога им е потребна помош. Па и да се пијани, голема работа, проверете ги дали се во ред, викнете стручна помош ако е потребно.
    Само немојте бре тука тревки, билки, чучулиги и други ствари да величите а да заборавате дека пред се сте луѓе, и како што вие можете да му помогнете на некој друг така и утре некој трет вам ќе ви помогне. И барем ќе си речете, вреди да се живее во ова општество.

    Страшно сум лута. Пак ќе речам. Затоа што по не знам кој пат кревавме на нозе едно пијано чиче кое паднало на улица и сите го одминуваа дури и со потсмев демек јаката смешка - леле колку е мортус |(
    Па и да е!

    Ррррр р'жам моментално. Ко куче!
     
    На Salome, Buttterfly, Magnolija и 21 други им се допаѓа ова.
  3. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    И така, денес мама ја отпуштија од работа. Не само неа, туку цела смена. А да, и баба од први оди во пензија, а мене стипендијата ми ја скинаа (дипломирав). А,патем јас за кратко време заминувам да учам во еден од најскапите градови во светот, со мизерна стипендија која не ми покрива ни сместување..
    Што ќе правам не знам .. И мене ми пукна филмот и не можам да се преправам како ми е сеедно, и како ќе се снајдеме и да се лажам дека бедните пари што ги заработувам грбавејќи се над компјутерот и вадејќи ги очите ќе ми бидат доволни.. И сакам да плачам, постот на innablood ме скрши и сега ќе си плачам, тоа и ми преостанува.
    Гневна сум, бесна сум, тажна сум .. И мене ми фали другарка ми, онаа за која плачам во сите постови наназад,ми фали сакам да ја видам, да ја гушнам. Џабе се лажам дека ќе биде подобро, кога знам дека нема ..
     
    На teddybear, Springy, Chica.Loca и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Сакам бебе да си правиме. Баш така.

    Му кажав и рече дека сака курле. За тоа, драги мој, пливачите твои ќе одлучат! :D


    Ете тоа сакав да кажам. :*
     
    На antonina, JuLleE, CIA и 9 други им се допаѓа ова.
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сум направила многу грешки, некои се срамам да ги признаам, некои би ги направила пак, се на се од сите научив нешто. Во тој момент сум направила онака како што сум мислела дека е правилно. И сега правам грешки, можеби и моментално правам некоја а не сум свесна, ама мислам сега дека е правилно и не ставам на ум дека постои веројатност да не е ништо така како што замислувам. Конкретно сакам да зборувам за откажување од некои задоволства поради трета личност. Дали се тие т.н. жртвувања, грешки или пак правилни избори?

    -Се откажува од работно место за да може да помине време со дечко/маж. Грешка или не? Со тоа добива емоционална и психичка исполнетост, но апсолутно не финансиска.
    -Ја става работата пред се. Грешка или не? Со ова добива финансиска исполнетост, се што сака може да има, но апсолутно не и доволно квалитетно време поминато со животниот сопатник.

    Како лугето ја составуваат листата на приоритети? Како одлучуваат што им е важно во животот? Дали се откажуваат од некои работи за да направат некој трет среќен, а со тоа и тие се среќни на одредено поле но чорапот се скинува на друго место, што правиме тогаш? Дали е доволно да гледаме како некој е среќен поради некој наш избор, знаејќи дека секогаш ке живееме со помислата што би било кад би било?

    Пример, не сум ти јас исклучок, воопшто. Сакам да одам на брод, сакам да одам на страна да работам, но ме спречува долгогодишната врска. Ме спречува и мачи фактот што постои голема веројатност да не најдам ниеден сличен на партнерот, а мање-више има она што ми треба. АМА, кога ке излезе проблем, кога сум во недоумица дали да ја продолжам врската, дали да направам од мува слон за некоја глупост, одеднаш гледам дека не е ни блиску толку вреден како што замислувам, за да си жртвувам она што навистина го сакам поради него.

    Ова ти е, просто кажено круг. Ако раскинам ке имам нешто што ке ме исполни на многу полиња но не и на полето на врските и љубовта, бидејки со сигурност никој друг не би можела да сакам, ако не раскинам ке имам некој кој ме сака, кој го сакам, но не и работа на која ќе сум на позиција, добра плата, и се што некогаш сум сакала но не сум можела да го имам поради финансиски непогоди.

    Средина не гледам. Средина за мене не постои. Колку и да сакам да се надевам на неа, нема шанси, никој нема совршен живот, никој нема се што сака, на секој му фали нешто, тоа е нормален човечки менталитет. Умирам од желба да ми се наредат сите коцки, ама како што поминува времето се разочарувам и таа желба ми се чини толку нереална... Дај боже да сум за ова грешка, дај боже. :)
     
    На thelittle17, julie77, Chica.Loca и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Немаше спас.. Опасно беше.. На своју, како да кажу волју и храброС .. искочисмо кад погледнамо иде колоквиумска :o

    Учам до касно, бидејќи немам услови, дома е калабалак како што викаат туреците. Па учам додека сите спијат. И моментално ме фаќа дремка, па седнав да се расонам на фемина. :)
    Некако сум расположена, за учење, за спиење, но не за социјален живот. Ех :wasntme:
    мало да се десоцијализирам .

    Али нешто ми се случува. Ми се запролетува душава. Ми цвета. Се чувствувам убаво. Почнав здолништа пократки да носам :tmi: да се дотерувам, на штилички да одам.. Се чувствувам убаво. Многу убаво. Како да е пролет.
     
    На ludoto19, kravce, LilBaby и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Веќе одамна ве немав видено...одамна ме немавте допрено и онака искрено тешко слеано по образот...
    Како некој шамар ми дојде сето ова и некако корисно..Заборавив Боже,те молам прости ми! Заборавив да се заблагодарам за утрото кога се разбудив,фамилијата што ја имам и здравјето кое е скапоцено,здравјето кое многумина го немаат.

    Се замислив за миг мила моја,душата ми одлета да ја почувствува твојата болка.Замислен поглед и таа тишина што убива...Воздухот некако погуст од кога било.Безброј неодговорени прашања.Болката на родителот е неизмерна,го знаеш тоа..сакаш да им ја олесниш битката,сакаш да ги смириш нивните немири и непроспиени ноќи.Се затвараш во себе со сета твоја болка,за да не случајно ја зголемиш нивната ...
    Некогаш животот ни задава сопки,ни удира шамари,ни дава знаци кои за жал неможеме или некогаш не сакаме да ги видиме.Не се предавај те молам.Некогаш незнаеме колку луѓе се молат за нас,како што оваа ноќ се молам јас за тебе...
    Си ветив нема да плачам.... празни ветувања ;(
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Мислам дека тоа беше магија и дека нема да се случи повторно. Мхм, немам јас толку среќа за да те сретнам случајно уште еднаш и да се повори се она што се случи. Ја немам јас таа среќа да ми се оствари тоа што го сонувам. Еднаш се случи, за да се памти цел живот. А јас сум среќна и за тоа, барем те носам во себе.
    Ќе мине време ама нема да избледеш.
    За човек како тебе вреди да се направат многу непромислени работи, сега се фатив во мисла со која ќе си ако не со мене, и дали некоја ќе те доживува исто како мене. И си викам: „Па слепи ли се девојкиве низ градов, па нормални ли се да одбијат да те запознаат и колку грама мозок имаат за да те напуштат?„ а знам дека неможат да те сфатат како што можам јас, и неможеш да ги насмееш како што можеш мене, и не ја сакат твојата поезија како што ја сакам јас, и немаат живци да слушаат класична музика со тебе додека јас уживам, и им изгледаш како женкар, а всушност си маж за една жена, и мислат дека само сакаш да ги однесеш во кревет кога всушност си многу романтичен и нежен, и можеби мислат дека си голтар, а спиеш на пари ... Зарем нејќат да јадат клавче и костени со тебе на плоштад, несакаат ли да да пешачат со тебе од Ченто до Ѓорче, зарем несакаат да зборат на телефон со часови со тебе ???
    Не ти пишуваат приказни како мене, и не те смеат како мене, не мирисаат како мене и не се бакнуваат како мене. Не ти опишуваат колку е убаво во пеколот и не се лоши како Луцифер.
    Нема. Не може. Не бива. Не сакам. Не сакаш.
    Сеуште се чекаме?
    Само ќе се чекаме и нема ништо друго да правиме? Ах, глупави, а толку е очигледно!
     
    На crazylady, Tenkai, CIA и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.276
    Допаѓања:
    157.805
    Најголеми фанови на книги по фејсбук ми се оние љубителките на чик литови, на Спаркс и се нешто такво...е такви лигаветинки.
    Просто... ме убива во поим нивната претенциозност...
    И наравно денес, за да цел свет знае ја изналајкуваа страницава..
    http://ilike.mk/zivot/zdravje/subcatego ... 1481237582
    Па да,ќе те смирува коа читаш таму некоја шундерија. А бре ми се дешавало од книга да се изнервирам, да не можам да спијам, да се карам, да менувам светоглед...смирувало,како па да не. Не секоја!

    И така,драги девојки, немојте да мислите дека ако нагласувате дека читате,тоа ве прави паметници, може на мајка и татко... ама коа ќе видам после избор на книги...абе ало,еден бамби умира некаде на секое ваше пренемагање,свесни ли сте?????
    Вљубеници во книгата, лајк4е... ох...
     
    На Hipster, antonina, Monna.Monna и 11 други им се допаѓа ова.
  10. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    И јас ко бајаги учам. :emo:


    Подвлечи си, повтори си, ѕирни си на фемина, врати се на книгата, блеј ко теле, најди си дистракшн од најразличен тип, ќе ти текне на некоја песна од младоста на мајка ви, послушај си ко 1 пат да ја слушаш, врти се ко киша око Крагујевца околу фрижидер, на рингла чекај вода да зоврие, мисли го дали е легнат, запали цигара низ отворен прозор, ладен воздух нека ти влезе во гради, направи си маникир, и утрото ќе те пречека ... :geek:
     
    На I.love.your.lips, Doozy, Monna.Monna и 20 други им се допаѓа ова.
  11. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Денес не беше само една обична недела :) Денес беше прекрасна недела! Уште сонлива,го слушам мелодијата со која звони другарка ми и кревам ми вели "Дали ти се оди до Пелистер? Ние ќе одиме,дојди,поинтересно ќе биди" и јас и викам незнам,треба сестра ми да ја испратам,ќе оди Ск и викам убаво да си помините...И ок,слегувам јас,сестра ми ми соопштува дека нема да оди бидејќи вторник бил празник : ) И и кажав вика па да дојдам и јас??? И вртам јас телефони,викам да не заминале : D и другарка ми кажа дека се само тие двајца и можиме да одиме : ) Си реков супер :dance: ќе одиме сите заедно и се спремивме и не зедоа. Убаво беше што и со другарка ми се видовме и знаев дека ќе поминиме супер,а и сестра ми имав време да си ја видам убаво и да не ја испратам одма назад : ) На Пелистер милина,чист воздух,сонцето ѕиркаше срамежливо,една нова патека па тргнавме по неа,малце рекреација,а потоа и место скара,сенвичи :wasntme: а и чиста и ладна планинска вода и јаболчиња од убавите...А потоа продолживме со прошетката,на Голема ливада каде што седнавме на клупите и малце на сонце,да се стоплиме,секако беше ладничко.СЕ изнасмеавме таму,гледавме и едно куче слатко што си играше со топче со газдите,ние се потсетивме на едни стари времиња,а потоа тргнавме назад кон колата.Смешно беше,бидејќи нагоре (а јас мразам да искачувам) едно време се уморив па сестра ми низ смеа ме туркаше нагоре :lol: Констатиравме дека сум била дизел :D Другарка ми напред па го уклучи "турбото",а маж и (едно големо дете) ги измислуваше глуспотите :D ЈАс толку почнав да се смеам,па и заразно,што и тие застанаа,на сред пат се превиткувавме од смеа :D Одамна се немав смеено така и мило ми беше. Мило да поминам еден ден така,со друштво,на прошетка,сестра ми бонус :D Ми фалат тие времиња...ВАжно се изнагушкавме со другарка ми и сестра ми,со другар ми се изнасмеавме,вика знаев дека ќе е поинтересно ако сме сите. Сега се очекуваме на гости да се посмееме и друг пат така.
    После тоа се вративме и ги посетивме и дедо ми и вујко ми,а за финиш на денот правев вечера,потпечени макарони. Бидејќи очекував моите да се вратат гладни и уморни.ТАка,денес сите беа задоволни,а и јас исто така. Јас сум создадена за да ги усреќувам блиските луѓе и оние што ги сакам. Понекогаш другите и да не водат грижа,јас водам за се. Ете,тоа ми е особина лоша за мене,а добра за другите. Ама јас не се жалам. Можам многу работи да направам од љубов,а она што ќе го добијам понекогаш за возврат ми е бонус :D Не се штедете луѓе,давајте за да добиете. Понекогаш можеби ќе заборавите дека сте направиле добро,ама другите нема да заборават па ќе ви вратат и вас. А лошото не вреди да се враќа,не вреди ни да се замарате со личност која ви посакува и ви прави лошо,едноставно тргнете се настрана. Правете убави работи за да ви е убав и исполнет животот. И никогаш не се заборавајте и самите себе. Направете нешто убаво и за себе. Обично тоа се ситници,но многу вредат : ) Немојте да се нервирате за личности што не вредат и не треба да дозволувате да ви го расипат денот. Добро рекле дека кога си самиот насмеан и задоволен,ги правиш и тие околу себе такви.

    Јас престанувам да филозофирам :lol: и ќе ви посакам убава ноќ и убаво да спиете,а јас од утре си ја фаќам работата што ме чека па да бидам после и јас најзадоволна : )

    [​IMG]
     
    На Miss.Ricci, I.love.your.lips, Mrs.Cuper и 13 други им се допаѓа ова.
  12. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.258
    Денес зборував со еден бивш, еден сегашен и еден (можеби) иден.

    Бившиот не ми кажа ништо ново. Ме покани на чај и муабет, го одбив. Преку глава ми е од игрите на мачка и глувче, преку глава ми е од скарување-смирување. Секој заслужува втора шанса, но не и трета. Ете, некои работи не одат колку и да ги буткаш, некогаш сте кликале заедно, но повеќе не.

    Сегашниов не премина во ништо сериозно затоа што, повторно, не кликаме заедно. Не, не сакам љубовта да ја сфатам како нешто што доаѓа по определено време. „Му се допаѓав, излеговме неколку пати, се бакнавме, се држевме за рака, ме испрати до дома... Не ми се допаѓа баш, ама симпатичен е, нели? И паметен е, немаме баш заеднички теми за муабет, ама се наоѓа по нешто. А и немам никој подобар во моментов, па зошто да не?!“ Овие зборови никогаш (повеќе) нема да излезат од моја уста. Врски како логична последица од неколку излегувања, комбинирано со самотија и немање што да се прави во моментот веќе нема да создавам. Бесцелни се, губење време се. Не верувам во љубов на прв поглед, но верувам во клик на прв поглед. Не знам ни дали ова е зборот, не знам ни дали постои збор за таа мала искра што се појавува кога за прв пат ќе видиш и ќе помуабетиш со некој, не често ја има, ама постои.

    Дали ја имаше кај овој, можеби идниов? Не знам, затоа што сите наши гледања досега биле под видно алкохолизирана состојба. И кога се разбудив со скината суќна и гриз на незгодно место пред некој ден и те прашав што се случуваше минатата вечер, ми одговори дека не се сеќаваш на ништо и како минатата вечер непреоблечен си колапсирал на креветот. Слушаме иста музика. Уште кога те видов знаев дека мора да ги слушаш Franz Ferdinand. Па добога, изгледаш исто како пејачот! Да, музиката ми е толку битна.

    И сега? Не знам. Можеби пропуштам добри шанси чекајќи го „вистинскиот“, оној со којшто ќе кликне. Можеби оној вистинскиот веќе сум го пропуштила, кликаше, о да, кликаше многу добро со еден претходен, но престана. А можеби сето ова е само една прекрасна замисла во мојот прекрасен ум, и што побрзо треба да се освестам и да размислувам трезвено, а не да летам наоколу барајќи кликови.
    Клик-клак.
    Можеби едноставно треба да останам сингл.

    http://www.youtube.com/watch?v=Py_-3di1 ... re=branded

    Среќна сум кога сум во движење, среќна сум кога сум слободна. Не припаѓам на никој.
     
    На CharmedGirl, 1209, marama и 11 други им се допаѓа ова.
  13. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    СДК..

    Ова не е некаков comeback. Си го проветрив паметот едно...три месеци (а кога поминаа 3 месеци?), и ќе почнам веројатно пак да чкртнувам по некоја мисла тука. Изгледа ова сепак Е comeback :D

    Прво да почнам со фалење. Имам нова бранша. Јес, ај ду! Веќе 2 месеца можеби. Ми требаше промена, освежување од "решавање" љубовни проблеми, сменив цел список рутини во реалноста, и решив да се посветам на себе.
    Конечно јас дојдов на ред во мојот живот. Пронајдов нова инспирација, имам нови луѓе во животот, или поточно нова личност, и сето тоа некако ми се склопи во прекрасно позитивно живеење периодов. Никогаш не е доцна :!:

    И се извинувам за спамовите :$ . Многу ме толерирате на Фејс :D

    @ PussyHunter - ме насмеа со постот :D . Моментално периодот на препукување го гледам како дамнешни времиња, и дури смешно ми е.

    @ WildCherry - фала на поздравот чупе, нема што да додадам тука, си ја имаме комуникацијата ние ;)
     
    На WildCherry, green.eyes, Libera и 13 други им се допаѓа ова.
  14. DeMelo

    DeMelo Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    455
    Допаѓања:
    1.405
    И конечно ден за нас.
    Недела е денот кој го обожавам.
    ПОсебно ваквите недели, за нив живеам, и сега и како дете.
    Топлина, прегратки, насмевки, лугето кои ми значат, ручек фамилијарен,односно денес ова беше касна вечера.

    Спиење групно до 14 :o :tmi:
    Кафе.
    Пешачење.
    Золошка, еден сосем нов свет малиот беше ваков :o :D
    Љубов и срека.
    Домче.
    Вкусна вечера, морам да го пофалам растурени пиперки со ориз,домашно мелено и свежи печурки. мх..мх..
    знае да биде :devil: ама кога ке изненади , изненадено е
    Генералка, ама овај пат бев 8)
    И за крај гужвање на чаршафите :P :tmi:

    ПОслениве два месеци заборавивме како изгледа таа недела, постојано работа, обврски никако време за нас тројца.А и тоа малку време за нас, беше напнато, тензично.
    Можда конечно почна да изгрева нашето сонце.
    Валјда конечно се вракаат во нормала работите.
    Само да не биде за кратко, а знаејки го периодот кој доага ми се ежи кожа, можеби ке биди добар на финансиски план ке се направат жртви за тоа поле, но ке се изгуби скапоценото време за нас.
    А ова се годините кога највеке сакам детето да ја осети нашата топлина.

    Ахх, сите кривината ја бараме во некој друг или во нас, јас еден голем дел ја препишувам на нашава ни државичка.
    Подобро да не пишувам на таа тема.
    Да не го уништувам убавиот ден.Таков и нека остане запечатен во нашите мисли.
    И да даде универзумот многу повеке вакви денови.
    Не само на нас, и на сите вас.
    Ке има многу посрекно општество, кога сите ние би можеле барем еден ден во неделата да поминиме рајатски со нашите најдраги со топла трпеза пред нас и шаренила од љубов и насмевки.
    Амин. :)
     
    На Doozy, crazylady, Peppermint и 16 други им се допаѓа ова.
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.045
    Допаѓања:
    11.872
    Пол:
    Женски
    Јас сум дете.
    Вчера занимација ми беше таблата на малото братучедче, пеперутките и цвеќињата. Па дрва со зелена креда, мокро сунѓерче за бришење. И оноа „леле дада ама ти е убаво“. Милина.
    Потрошени креди на крај и прав од истите. И затоа што сум голема, го пратив малово да купи нови креди 8) .
    А денес полагам и не се замарам. Лагано се спремам, станав да учам, ама се си знам :) . Ќе си го фатам патот под нозе уште малку, исто лагано, небаре шетам.
    Па шетам... се чувствувам посебно, што ете сакам да си дозволам прошетка во сред колоквиумска.
     
    На Doozy, crazylady, DeMelo и 10 други им се допаѓа ова.
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.799
    Допаѓања:
    100.573
    Пол:
    Женски
    Кај мене настапува зона на црвена опасност.ПМС.Ме боли цело тело,како маратон да сум претрчала,за чудо на лицево имам една сосема непримента бубуљица,ама затоа низ телово некои необјасниви...такви....недефенирани кожни брунки.Абе ме чешаат,се драпам како луда,како некоја алергија.За беља по куќава немам ни лоратадин ни летизен.А ме мрзи да одшетувам до аптеката..
    Направениот црнец без јајца,вчера ми беше утеха.И ноќеска се одшетав до фрижидерот да си ја гушнам тепсијата.Љубов и страст е тоа кој разбира.. :inlove:
    Се мислам мора да има објаснување зошто толку гмечам благи работи за време на пмс,во случај црнецов.Не дека кога не сум во пмс не посегнувам ама ајт...и што би одговориле на пример некои испитаници зошто Луничка јаде црнец?Зашто самата немам одговор.
    ~Учителката до 4 одд-зато што ти се јаде!
    ~Платон-заради општо добро!
    ~Карл Маркс -тоа е историска неминовност!
    ~Фројд-самиот факт што се прашуваш ,покажува дека си несигурна!
    ~Буда-со поставувањето на тоа прашање си ја одредуваш судбината.!
    ~Бил Гејтс-Microsoft Word само што не исфрил нов софтвер-црнец без јајца 2012,по твоја замисла,кој ќе им служи и на малите и на постарите.Ти благодарам што ке ми го здебелиш контото!
    ~Дравин-после долг период и по природната селекција,за да опстанеш,генетски си предодредена да јадеш црнец!
    ~Никола Груевски-си се влтела ,си се влтела и на клај си го изела цлнецот.Тое е 1 од 100-те чеколи!
    ~Бранко Црвенковски-Јас не сум слушнал дека такво нешто се случило.
    ~Маж ми-Ќе остане ли парче за мене да го пробам црнецот без јајца.
    (Секако драги ;) )
    ~Децата- мамо мааааааааааа,денес пак да направиш!
    И така...одговори многу а црнецот го нема речиси.Пред да убијам некого одам да направам уште една доза.Не бива вака.
     
    На green.eyes, Doozy, crazylady и 16 други им се допаѓа ова.
  17. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    се чуствувам разочарано...

    викендот ми помина во разочарување некако и понеделников исто така. мразам кога имам црни денови, мразам што неговото мислење ми значи толку многу...мразам што никогаш не е доволно ништо, мразам што сум разочарана од себеси секогаш...

    но гледјќи ги нив, слаби, малади а стари без волја за живот се што посакувам е да не бидам како нив зар е тоа нормално? но очајно посакувам да не навлезам во зрелите години како нив, не, јас сум различна, ние сме различни ние нема да очајуваме на 50 години ние ќе уживаме...
     
    На Shpagetta му/ѝ се допаѓа ова.
  18. lolitoo

    lolitoo Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    327
    Пол:
    Женски
    Викендов го поминав пред компјутер си седев на фемина и си гледав филмови. 8)
    A за денес само учењеее,правев и експеримент но не ми успеа, но без нервозии ке се поправи и тоа. :rofl: :rofl: :rofl:
     
  19. Mrs.Bass

    Mrs.Bass Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    897
    Допаѓања:
    7.318
    :inlove: :inlove: Среќна годишнина сонцеее! Ти благодарам што си дел од мојот живот. Ти си мој партнер, сопруг, пријател,љубовник... Целиот живот сакам да го поминам со тебе љубов моја...ТЕ САКАМ! :inlove: :inlove:
     
    На Doozy, simon4etooo, i-v-a-n-4-e и 9 други им се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Како што не можете да ја запрете реката бидејќи водата ќе излезе на друго место, така не можете да ги потиснете чувствата. Можете само да ги изживеете или да ја канализирате енергијата
    Изберете дали тоа ќе го направите преку некоја креативна активност или преку спортот!
     
    На Ella.313 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.