Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    СД и' К на k.i.m дека преживеав :D

    И едно поздравче до нејзе..Ме насмеа сега кога видов што си одговорила :)
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  2. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Ола! :hai:
    Со нетрпение чекам да заврши месецов, мислам дека во декември ќе биде поубаво.^_^
    Мучос бесос! :) :*

    така ќе да е:D
     

    Прикачени фајлови:

    На Strumfeta93, Miss-Independent, Magnolija и 8 други им се допаѓа ова.
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    СДК Потребни ни се многу повеќе зборови во македонскиов јазик, и многу повеќе фрази.
     
    На Trendafilka, Bright и L-enna им се допаѓа ова.
  4. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    леле! :D
    Вчера аднав еден многу симпатичен дечко на фб.И сега ми пишa и пријатен е за правење муабет.
    Таков е ситен и сладок.мех мех мех :lol: кефови на душа .....

    СДК2,си купив преубава туника и многу сум радосна,цветам :$

    Мали работи ми го прават денот за мерак.Нема посебна причина што сум толку среќна и задоволна.
    Всушност,вторник и не е толку лош ден! :!:

    :* :*
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Многу го сакам моментот кога правам нешто, а не сакам да кажам на никој, да не не испадне ништо. Мислам на тоа цело време, ми се мотаат мисли како кончиња и се некои фикс идеи ми влетуваат од некоја страна. Всушност ве лажам, не го сакам, го мразам. :D Јас сум прилично зборлива личност, и потребата да ќутам за нешто толку долго време ме убива и ќе ме убие во поим, нареднава недела. Периодов е краток, немој некој да ме тегнел за јазик да кажам. Сус, сус, сус! :D

    Само вие пуштајте среќичка, да видиме дали и тука ќе се наредат коцкичките. ^_^
    Ја знаете вие кое среќичка, таа посебната, феминската. Секогаш кога барам помош од тука, обично успева. Ајде да видиме, имам некоја позитивна трема. :wasntme:

    Германскиот е добар, ве поздравува.
    Хеил Хитлер, унд чус! :*
     
    На Strumfeta93, zhap4e, Hopeful и 9 други им се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.297
    Допаѓања:
    285.193
    Liebe grüsse an dich!!!
    Viel Glück und Erfolg :$
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.454
    Допаѓања:
    4.293
    Пол:
    Женски
    Сдк

    Редно беше некои работи да ми тргнат како што треба ,и после долго време да кажам дека сум среќна :)
     
    На Hopeful и Serafima им се допаѓа ова.
  8. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Ма, што и да е - не се давам лесно веќе!
    Почнува претпразнична еуфорија, ќе трае цел месец.
    А јас нерасположена? Ма иди у триста лепе.

    Нема шанси. Од сега пак сум старата, позитивна БиЈу (се надевам не се лажам).
    Ама, утре ми е последен рок да ги исфрлам сииите негативни мисли. Иш, бегајте од мене.

    Силна сум јас. Ќе истраам што и да е.
    Еден е животот - една сум и јас на мајка. (оти нели, брат ми не се брои, во м.род е он)

    Почнаа и рекламите на кока кола за празниците.
    Абе, ќе екнам слушалките до даска, што е - нека е, од песнава барем празнична, позитивна, предновогодишна еуфорија ме фаќа.

    http://www.youtube.com/watch?v=J-8VCL4uSUc

    Нека пукнат душманите!

    ...И слушалките!
     
    На Serafima и lovely91 им се допаѓа ова.
  9. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.658
    Допаѓања:
    6.527
    Прво да си го цитирам хороскопот од фемина...


    Риби

    Ако чувствувате дека некој се однесувал неправедно кон вас, тогаш најдобро е директно да разговарате со таа личност, наместо да озборувате и да распространувате ваши претпоставки за нејзиното однесување.

    Не избрзувајте да скокнете во сериозна врска ако имате претчувство дека правите грешка. Денес не преземајте ризик, затоа што нема да бидете подготвени да се соочите со последиците.



    За првиов дел, стварно не ми текнува која би била таа личност,мислам дека немам таква во последно време. Ама за последниов дел.. ту бре, како ми погоди! Иако не планирам да биде некоја си сериозна врска, барем сега за сега.. еден дел од срцево ми вели дека правам некоја грешка ама незнам зашто. :?: А сепак сеуште ми се допаѓа, проклето многу ми се допаѓа. А веќе е доцна за предупредувањето, го направив тоа, му кажав.. малку му се испонашав дебилски,ама ни он не беше нешто поарен :D и сега го чекам одговорот. Утре е денот. Баш се интересирам кои ќе бидат последиците, ама мислам дека ќе бидам подготвена, што и да се случи.
     
  10. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Си печев компирчиња во релна, прв пат. Не дека е нешто сложено, ама дека е првпат и дека сама си напрајв ручек - најслатки беа :) Плус, цела куќа на кари ми мирисат (или можеби само рацеве?) :lol:

    Како и да е (Are You) The One That I've Been Waiting For - Nick Cave од прееска си врти, а јас замислувам тој дека е тука...

    http://www.youtube.com/watch?v=Ul_a9rMuz-o



    п.с.


    Си имаме ние убави зборови и фрази, да, но и во право си за ова - требаат уште, бидејќи јас совршено добро знам што значи еден текст на англиски, ама дојди и преведи го разбирливо за сите подеднакво..
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да ви кажам слушајте и уживајте.
    За некое чудо, преубава вторнична вечер ... :)
    Ви испраќам гушка на сите.
    :hug:

    http://www.youtube.com/watch?v=BOByH_iOn88

    Moon River, wider than a mile,
    I'm crossing you in style some day.
    Oh, dream maker, you heart breaker,
    wherever you're going I'm going your way.

    Two drifters off to see the world.
    There's such a lot of world to see.
    We're after the same rainbow's end--
    waiting 'round the bend,
    my huckleberry friend,
    Moon River and me.
     
    На Strumfeta93, ines.h, bittersweet и 3 други им се допаѓа ова.
  12. broken099

    broken099 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    432
    Сакам Ви да кажам и да Ве замолам ако можете да најдете некоја караоке верзија или матрица на песнава одма ЛП. Многу ми треба. :|
    http://www.youtube.com/watch?v=iVIDSGsrWAc
     
  13. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.653
    Допаѓања:
    8.599
    Пол:
    Женски
    СДК
    сите видови на проблеми [​IMG]
    И фамилијарни и љубовни и другарски и школски.Ајт поздрав.Отидов.
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    СДК дека другарките ми ги фати свадбарска манија.

    [​IMG]

    Оп за неколку недели втора штиклирана на списокот, свадбиче закажано на лето.
    Чудно ми е стварно. Некако неможам да се навикнам дека другарките ми се мажат.
    Сеуште ги гледам како млади девојки со кои ги игравме детските игри, со кои лудувавме во тинејџерските години, со кои ги поминавме сите фази од играње ластик, до првите слаби оценки, до првите заљубувања и скршени срца, до луди непроспиени ноќи, заеднички патувања, првите 10ки и паѓања на испит, првите вработувања и на ред свадби.
    Не дека човек се менува после свадба, ама не е исто мажена и немажена девојка дефинитивно. :)
    Но тоа ни носи животот и како што се сме поминале така со насмевки и многу весеЉе ќе го поминеме и ова. Па и летово ќе го имам и првото внуче еднаш се пофалив знам, уште еднаш да си кажам :$
    А да додека на моите им ги кажувам вестиве за другаркиве они само ми искоментираа е не, ќе дремат ко тебе со 10 годишна врска и инфериорност за свадба :wasntme:
    Ај може бидермаер ќе фатам па ќе покажам бар мал интерес :lol:

    И за крај само да се пофалам како денес си поминав на пазар.
    Вторник ... пазар, УФ :tmi:
    Заборавив кој ден сме, а таму што да видам, геријатриско стампедо. Па и се буткаат и те удираат со бастумче :geek:
    За 2 минути фатив магла, да ме нема, ни купив салати, ни јаткасти плодови, ни мандарини, ни мандарини кои успеале во животот таканаречени портокали.
    Ама подобро празни раце, него изгазена во стампедо :!:
     
    На Strumfeta93, Buttterfly, crazylady и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Gluvcee

    Gluvcee Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    27
    Сакам да кажам дека време е и мене да ми тргне како што треба. Сите се прават паметни, а згора на се имам другарки кои воопшто не се дружливи.
     
  16. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    4.570
    Не знам зошто луѓево се зачленуваат на фемина, ќе напишат едно мислење и после ги нема. Форумот е секојдневна работа и мора да се негува...

    Дај аман нека заврши колоквиумскава,искинав живци и болна легнав :(
     
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ... една моја фина братучетка си има дефектна маана - опседната е со Јелена Карлеуша, ја смета за некое си божество. :^)

    Така денеска постирала нешто, ама само youtube адресата, без лош предзнак, без сликичка која би ме одвратила од ужасот и јас - клик и оп! влегов во плакарот на Џеј Кеј.
    Од страна, уште мал милион кратки клипчиња, од по минутка и пол, сите те мамат да ги кликнеш, си велам - да не бидам полна предрасуди за вкусот на другите околу мене, ќе и' дадам шанса да се покаже, можеби не е толку плитка...

    Па така ја изгледав со дечињата покрај базен, па на шопинг, па на некаков си настап... изгледав море 3-4. :!:


    Сега се чувствувам глупаво. :|
    Со неколку трајно уништени сиви клетки, и блеам како некое теле во екранот.
    Ко сроната де.
    :D

    Значи дојден е моментот кога смеам да кажам - не е до вкус, до тебе е.
    Може, нели? :wasntme:
     
    На Strumfeta93, crazylady, Neytiri и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    СДК денес имавме денеска родителска
    И ...
    Дали јас така чувствувам или нашата класна знае само да не ЗАЦРНУВА пред родителите!? :@
    Се лошо што сме направиле кажала, а доброто си го скрила..Алал да и е !
    Ептен се покажува!..
    Незнам што да кажам веќе |(
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    СДК ... два дена сум со вртоглавица, незгодна е и на моменти се осеќам ко да сум во филмот на Хичкок :drunk: ... Ама само што си ставив винце црно во чаша и ќе си пијуцкам. :wasntme: Дали ќе делува позитивно или не не знам, ама ако се случи да не можам да станам од столов тоа ќе биде или од вртоглавицата или од виното или од нешто трето важно кое ќе ми го краси или гнаси крајот од денов :?: :tmi: . Како и да е ќе барам помош од вас ... Може ли? :^)

    Ај нек се угоде! :D

    На здравје ... за арно за убаво! :d:

    [​IMG]

    Повелете кој е за ;)
     
    На Strumfeta93, Neytiri и MandyLane им се допаѓа ова.
  20. Gluvcee

    Gluvcee Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    27
    По втор пат сакам да кажам нешто. Животот е краток затоа живеј го како тебе ти одговара, а не како другите им одговара. Ако беше за другите да живееме не знаеме каде би стигле.
     
    На ViktorijaMari, Lady-Cha и MandyLane им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.