1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Јас го одбирам сексот (не знам зошто не ти беше ставен како избор-или можеби го сметаш за спорт? :lol: :rofl: )
     
    На marama, srcekrsacka, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. BeLLaDona23

    BeLLaDona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    1.895
    Пол:
    Женски
    Уф чекам, чекам многу важна вест. Одлучувачка. За мене и за сите околу мене. Се обидувам да прочитам од мојов бестселер Интуиција, ама слабо. Не кажува. Ќути. Сега кога ми е најпотребна. Ми се тресат рацете. Колку долго можат да траат два часа! И си викам, колку се битни сите минутки, сите часови кои ги фрламе во јабана. Се обидувам да не мислам, па ништо не е побитно од тоа јас да сум здрава и жива. Уф, ама сепак ми е важно. Сакам да бидам подобра личност. Сакам да се оправдам за киксовите што ги направив не така одамна. Ајде Господе и ти Буда и Алах и Јао Це ве молам пуштете ми среќичка и позитивна енергија. Се стуткав го паднато јаболко кое никој не сака да го крене од земјата.
    Сега се потсетив како ми беше кога требаше да тргнам прваче.
    Ах понеделниче толку те чекав а сега :wasntme:
     
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Меко ми е на срцево.

    Утринските зраци и те како разубавуваат и растеруваат негативни појави. Отварам ширум врата од балкон, тресам ќебе и се загледувам во брезиве што сега веќе соголени, се думаат дали да ги пуштат последните ливченца долу или да се погушкаат уште малку?
    Се договорив со Сањушка да се фоткаме есенски, да пиеме чајче некаде на отворено, да си го раскажеме денот.
    Космонаути. Многу. Летаат околу мене а јас ги ловам со мрежа за ловење ѕвезди. Ко пеперутки. Кога сме кај пеперутките, вчера во парк беа како на пикник. Во парови. Во сите бои. Чудесен октомври. Си седевме друштвенце со пиво и грицки и собиравме жолти лисја. Документариум на едно чудесно попладне.
    Се планира ноемвриска посета на Баргала во Штип, за да си набавиме некои добри чизми. Би сакала да и одам на Фиши на гости пак. Да се топлиме на шпоретот на дрва и да си раскажуваме небиднини. Страшно колку малку може да недостасува во сите мозаици на светот. Една, една коцка, за сето тоа да изгледа фино. Се’ друго е кубизам, Пикасоевска искривеност.
    Важно е дека плимата за музички перформанси постои. Ме бараат и постојано нешто се пролонгира. Не сум јас виновна, иако знам дека секаде е така. За уметноста - никој реално не дава петпари, во метафори или без. Но, верувам, се надевам, и како последен воин на бојно поле, дека ќе има убав завршеток сета оваа моја недопирлива свест. Како да сум во друга реалност. Онаа на Амели.

    Ме буди некогаш Скопјево, и пак ме заспива. Но, радоста од тресокот на лажичето врз крембрулето и рацете нурнати во леќа, сепак ме прават и мене среќна. Плус, гризот во сочна тулумба, или читањето списанија налегната на сончевата страна од собата со куп перници.
    Мхм, денов се разбуди, а јас мекнеам одново.
    http://www.youtube.com/watch?v=WYGFNjEL7Jw
     
    На perlaa, Trendafilka и anabel-a им се допаѓа ова.
  4. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Никогаш во животот нема да имам доволно средства и зборови за да ти се оддолжам и за да ти кажам колку мојот живот не би имал смисол без тебе.Знам дека ќе кажеш "На мајка не треба да и се оддолжиш",но верувај еден ден кога ќе остариш јас ќе бидам твојата заштитничка.
    Секој може да се пофали со скапи работи,секој може да се пофали со скапи автомобили,но јас се фалам со моето најголемо богатство,со тебе мила.

    Не е лесно да се излезе на крај со 3деца,не е лесно да се сврзе крај со крај во овие тешки времиња.Ама ти,навидум тоа лесно го правиш како да е најлесната работа на светот.А знам колку си тажна,знам колку е тешко и знам колку пати си плачела кога си била сама.
    По стоти пат ќе кажам,не е родител оној кој го родил своето дете и го оставил,родител е оној кој се грижел за него,оној кој бдеел и оној кој плачел и се радувал со него.Ти ме роди,ти сеуште се грижиш за мене.
    Не случајно кажав за плачењето.Се сеќаваш ли драга мајчице она лето кога заминав со мојата најголема љубов на одмор,кога од таму заминав кај баба и раскинав со него?Кога ти се јавив на телефон за да ти кажам плачев,плачеше и ти со мене,бидејќи знаеше колку ми е тешко а не си до мене за да ме утешиш.
    Се сеќаваш ли мамче кога во неколку ситуации мислев дека дошол крајот на светот,но ти секогаш беше овде за мене да ме утешиш и да ме охрабриш.

    Уште многу редови да испишам нема да бидат доволни за да долвам каква мајка имам јас.И да за фалење е верувајте.
    На овој ден можам да ти посакам долг живот,на овој ден можам да ти посакам здравје и среќа,и искрено од длабочината на срцето сакам да си најдеш човек со кој ќе ја поминеш староста.Децата ги порасна,и сега сакам ти да си го средиш сопствениот живот.Многу сакам.

    Среќен ти роденден мамче моја!
    Многу те сакам,многу!
     
    На thelittle17, Doozy, cinderella5 и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Жално е што после фино исчитувајќи добар дел (смешни, па и неморални) мислења во темите за љубов и секс, човек сфаќа дека на форумов има пристоен процент на членки кои за својот пол ја отсликуваат токму онаа негативна слика која останатите (фини и разумни) членки упорно се обидуваат да ја побијат за нив...
     
  6. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Знаете колку боле кога некој со кого си имал нешто, сега ти кажува дека е заинтересиран за другарка ти. Боле многу. Не дека имав нешто којзнае што со него, беше кратко, ама убаво. И не дека нешто чувствувам спрема него, всушност можеби и чувствувам, да не чувствував немаше да ми е тешко кога тој секој ден ме прашува и замара за неа. Ама, знам дека таа нема да има ништо со него. У пи*ку матер, што ми требаше тоа со него.
     
    На thelittle17, cinderella5, Lov3 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    28
    Ќе те изнервирам јас тебе убаво!!!!!!!


    Убаво ќе те изнервирам јас тебе!!!!!!!!!


    Ѓубре невоспитано!!!!!!!
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Мислев да почнам со тоа, дека човек треба да сфати кога е вистински момент да се откаже од соништата, дал од што нема можност да ги оствари, или затоа што нема потенцијал за да биде таа личност од својата замисла. Ама што би биле ние кога би немале кон што да трчкаме, да се бориме, да се разочаруваме. Кој би знаел, можеби еден ден ќе застанам на сцената од театар, можеби ќе напишам роман, можеби ќе го научам јапонскиот конечно, па дури и да го пишувам (ова веќе во научна фантастика спаѓа, но добро...да не ја пропуштам поентата :) ).
    Имам љубов, ви ја испраќам со секое ливче што паѓа пред вас во деновиве, во секој зрак што ги наежува и најнежните влакненца на кожата, оние зад увото, кога е собрана косата, па милно танцуваат (танцуваат старно, не може тоа никој да ми го оспори).
    Еве ме, седам овде и го замислувам убавиот свет надвор. Ноември ми доаѓа. Имам ли сила да го голтнам стравот? Имам ли храброст да излезам од шаблонот? Да можеше некој да ме клоцне од позади, да ме бутне од карпата, па низ цел адреналин сама да си ја најдам рачката за падобранот... Сам себе се клоцнал, треба да биде работава :)
    А времето изминува, животот изминува.
    Треба да прекинам да ги барам луѓето кои составуваат делчиња од мојот живот. Сама. А всушност колку грешам. Јас секогаш сама функционирам. Во се' сама задоволство пронаоѓам, па само зборови и слики на другите им испраќам. Не. Не сакам подоцна да ја дознаам тежината на зборот осамена. Треба да научам повеќе луѓе да пуштам во својот свет...или јас да влезам во нивните.
    Што би рекле, повеќе ќе зажалиш за работите што не си ги направил, отколку за тие што си ги направил, а не завршиле добро.

    Па, да ги завратиме ракавите.
     
    На Doozy, cinderella5, Micheleljubov и 6 други им се допаѓа ова.
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Значи навистина ми е ЛИГГААВВО и точка........не да звучи клише ами многу ми е гајле ама навистина несакам ниту имам потреба да прифајќам пријатели што сум ги видела еднаш во живот, и само затоа што што му се роднини или пријатели на некои мои блиски ....не сум дивтар ама кој муабет јас со нив или тие со мене !Или само брцај по профили !
     
  10. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    28
    Ќе те средам! Полека! Племе невоспитано! Полека!
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    СДК нешто типично англиски, а уште потипично за мене - Bloody monday :swear:
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    "Радувајте" му се уште малку на сонцево, бидејќи на крајот на неделата следи заладување, и тоа нагло, можеби и со разлика 10-15 степени за дневна температура, барем така прогнозираат во Хрватска, со можност за снег. Значи стварно имаме само две годишни времиња, лето и зима, од сонце директно на снег.
     
    На cinderella5 и pamelche им се допаѓа ова.
  13. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Братче изненадуваш и ми се допаѓа тоа. :wasntme:
    Ги изми садовите,ја избриша масата,го среди креветот..Па и убав.Секоја мајка да те посака за зет. :wasntme: :lol:
    За тебе само без компјутер и секој ден куќата ќе ни е чиста. :lol:
    Иако понекогаш знаеме да се скараме,па и да се степаме :wasntme: јас те сакам и знај дека секогаш ќе бидам овде за тебе. :* :hug:
     
    На N.Kety и pamelche им се допаѓа ова.
  14. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.775
    Пол:
    Женски
    Вчера... на пауза од учење, си реков ајде ќе си погледам тв малце да оладам мозок, ама се загледав една емисија, не баш за ладење, не ми текнува како и беше насловот, но суштината на емисијава беше, ги снимаат цело време лекариве и пациентите во ургентен, нивното секојдневие...
    И што ми беше зборот.. една бабичка 92 годишна дојде, со некоја мала повреда, и разговараа со докторкава, и кажуваше дека нема никакви здравствени проблеми, пие коњак два пати дневно, оди на фризер еднаш неделно без пропуст, и патем и кажа дека мажот и починал пред 5 години.
    Разговараа уште малце, и докторкава освен што и рече дека ќе ја задржат за уште некој преглед плус, ја праша следново: Кажи ми што ти фали, што сакаш да направиме за тебе за да те развеселиме?
    И иако беше површно прашање, одговорот на бабичкава беше болно искрен. Замислено и рече на докторката: Сакам маж како мојот сопруг....
    Рече дека само тоа би направило да се чувствува подобро, дека премногу и недостига.
    Како да ви кажам...ништо не ме трогнува повеќе од стари луѓе,дури и кога ги гледам само,и кога не се поврзани со некакви трогателни приказни,мене ми трепери срцево и ми се плаче...
    А и покрај ова, конкретно оваа жена беше преполна со живот,си ужива во времето што и преостанало,го искористува до максимум. Имаше енергија и живост во неа, повеќе од дупло помлади од неа... Зошто сите не сме такви , зошто се препуштаме на рутината, зошто не живееме поинаку...Зошто...

    http://www.youtube.com/watch?v=jflqOg3e8rI
     
    На Hipster, Dulceee, Doozy и 15 други им се допаѓа ова.
  15. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Што убаво што утре не учиме =) Уживанција бе... Таман повеќе време за математика да си повежбам.
    Убаво е овде, за Скопје зборам, задоволна сум си, тоа си е најважно. Не се стегам, отворена и слободна сум. Убаво е тоа... Во Хаг беше различно, ама ова беше вистинскиот избор. Но, признавам дека таму почувствував вистинско другарство, такви другарки е невоможно да најдеш на друго место, според мене. Никогаш нема да ги заборавам, искрено викам. И ќе си останам блиска, каде и да се наоѓаме по светов. Ќе си ги видам за некое време пак, не би било фер пак да не се видиме. Прекрасни се.

    Целото искуство во Хаг беше богатсво, најубаво нешто, и вредеше.

    Уште нешто, сакам отворено да си кажам - сакам да запознавам повеќе од форумов, ќе пробувам јас, ама еве 'барање', некој нека ми пише =) Ајде идни пријателчиња!
     
    На Doozy, Libera и pamelche им се допаѓа ова.
  16. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    А ! Денов почна катастрофа.Прво,се успав за во школо.После доста бурна ноќ,место во 6,30,станав во 8,30(ова оправдано ќе да ми е).Отидов на 3-ти час,губиме.Само на 3 часа бев.Глупости.После,сум требала да предавам географија.Забораив да научам.Среќа другар ми знаеше па ме спаси.И така.А,да.И + добиено.До сега се испревртено,но некако се осеќам happy и задоволно.Во хороскопот за денес ми пишува дека ќе ми се исполнат некои желби.Никогаш не се знае...
     
  17. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.921
    Пол:
    Женски
    И конечно сама дома
    [​IMG]
     
    На anabel-a, cinderella5, Cacy и 8 други им се допаѓа ова.
  18. In..Love

    In..Love Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2011
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    4
    оваа зима ќе биде најладна од сите претходнии ... :Д
     
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Како да не.
    Кажаа дека од 15ти октомври температурите ќе бидат под нулата... Еве сме сега 22, а надвор 30 степена.
     
  20. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.129
    Пол:
    Женски
    ^^
    Тоа дека малку се изместени годишните времиња. Штом до сега ни е топло, зимата ќе трае до Април.
    И вистина е, дека ќе биде најладна, барем научницине така претскажуваат, со температури од -30. Или како што изјавиле: Најладната зима во последните 100 години.

    Затоа фаќајте ги зрациве што е можно повеќе.
    Јас бегам на кафе под сонцево со заби. Какво-такво, се додека е сончево, јас сум среќна.
     
    На cinderella5, crazylady, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.