[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034

    и јас за ЖАЛ :( :(
     
  2. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    [​IMG]
    Толку. :@
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Tikvi4ka

    Tikvi4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    938
    Допаѓања:
    451
    Кога и да видиш маж кој го посакуваш, сети се на следното: Без оглед на тоа колку е убав, добар и забавен, духовит, талентиран или моќен… некаде седи некоја жена и пие шампањ затоа што се ослободила од него !!!
     
  4. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    10.422
    Пол:
    Женски
    Вчера бев случаен сведок на еден многу смешен маубет:
    Бабата(му се обраќа на еден дедо):Аааа да знаеш какви муабети сум слушала за тебе низ градов, што се немам слушнато!
    Дедото(видно вознемирен):Ииии какви ма, што си слушнала?
    Бабата:Те, дека си многу арен човек, шо може друго?! :D
    Абе, алал да и е на бабичката како крши мраз, душата ми ја наполнија.Битно после, едно чудо муабет скапаа.
     
    На kravce, Springy и starbucks им се допаѓа ова.
  5. kristince51

    kristince51 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2012
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.021
    I need someone to embrace me gently as here
    [​IMG]
     
    На Chocolate.me, crazylady, Gordana10 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Она чувство, кога си 100% решен дека сè ќе научиш. И кога одеднаш стрелките на часовникот ти стануваат... просто интересни. Тика-така. Тика-така. Тика-така.
    Кој ги измислил? И од каде знаат они, дека треба во круг да се вртат? И од каде едната стрелка знае дека треба да отчукува тика-така, а другата поспоро, а третата уште поспоро?
    И како не им станува досадно? Што ако се родев јас, како часовник?
    Просто незаменливо. Дури и почнав да си пеам јас, во ритамот на стрелките..
    Ми-ли-о-нер-че, не се по-ди-гра-вај ти, да-вај да-вај, бр-кни си во џе-бот...
    Одлетав некаде јас.

    И озбилно, многу мрзам кога некој се влечка, кога оди. Поготово ако некој застанал пред мене.
    Па 5 дена треба, за да пушти 2 чекори. Исто како М.Бин. Ама јас не зборам само за постари лица.
    http://www.youtube.com/watch?v=IWwCj-GPel0

    И за што зборев? А да, за учење. Епа сега отидов да учам, па ќе се уклучам за едно 10тина минути.
    Па да видам, дали ќе најдам уште нешто интересно за проучување. :geek:
     
    На Hipica и T.e.d.d.y им се допаѓа ова.
  7. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    [​IMG]

    Само што вистината никогаш не ја дознавам ... Или ако било како ја дознаам е долго, долго после се ...

    СДК ... на крајот на денот сфаќам, ни да бидеш човек, ни да бидеш добар, искрен, ни да љубиш, ни да даваш, ни да се жртвуваш ... да немаш ни толеранција ни трпение ... инаку џабе ќе е се. Колку и да се прашувам, никогаш нема да добијам одговор на ова. Зошто?? На крајот на денов, по не знам кој пат големо разочарување ... Животеее кажи ми зошто???
     
    На kravce, Hipica, blond и 3 други им се допаѓа ова.
  8. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Во животов значи колку и да си силен,секогаш постои некој што ти е слаба точка. :@ :@
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    СДК...
    Graffiti is not a crime!
     
    На kravce, bittersweet, bluegirl7 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.174
    Допаѓања:
    111.270
    Пол:
    Женски
    Туку што се вратив од една промоција, книга за здрава храна, односно жива храна, не знам дали некоја од вас Феминки беше ама јас полоша промоција немам видено. Прво каснеше, не академски 15 минути туку цели 45. Второ на почеток ја замре атмосферата со една ептен лоша музика, добро беше во концептот на настанот, ама беше исклучително неинтересна. Трето од промоцијата немаше ни П, на менаџерката и звонеше мобилниот, храната која ја носеше ја послужи исклучиво помеѓу блиските, ко тие да ја немаат пробано, таа одвај да кажа нешто. Од прва лоша промоција. Четврто, книгата беше изгор скапа а не вредеше ни пола од тоа. Е сега, ако мене некој ме праша, Абе слушам се отворило ново Бистро за жива храна ( во план била да отвара такво ) ај да идеме, јас ќе се сетам на исклучително лошата промоција, на тоа дека доцнеше цели 45 минути, на тоа дека беше страшно непрофесионално, па што да очекувам од Бистрото. А замислете, ја испофалија блиските, била вредна, била со челична воља, а самата таа на промоцијата за себе си рече дека спие до доцна, дека не е сигурна дека утре ќе стане рано да направи чоколадциња, кои патем се жива храна, во калапите кои менаџерката и ги подари, онака, ги измкна од ташна, ко да ги купила на пазар од тезга, не стигнала ни во кесиче да ги стави, а камоли да ги свитка пооригинално. Што да речам, некои луѓе од старт ја утнуваат работата, од себепромоција прават бламшоу, наместо да се промовираат и привлечат следбеници, тие прават токму спротивното. Дефинитивно, не се сите родени за менаџери и затоа постојат тимови кои тоа го прават совршено добро, па препушти им ја работата на оние кои знаат како мајко му, еден ден ќе ти се исплати сигурно ;)
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Не знам зошто сите се задоволни кога прават нешто, да го направат или просечно, или потпросечно, само да поминат набрзина и да завршат со тоа. Никој не работи темелно и презицно, никој не работи со љубов, на трудот гледаат како замарање. И после се лутат ако некој тоа го направи натпросечно и одлично, се вреѓаат и си го дигаат носот.

    Секој од главата си пати.
    Кратко и јасно.

    :hai:
     
    На kravce, anabel-a, Waka-waka и 9 други им се допаѓа ова.
  12. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Силните жени ја носат својата болка како штикли,
    без разлика колку нив ги боли другите гледаат
    само колку тие се убави!
     
    На kravce, bluegirl7, cinderella5 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.092
    Пол:
    Женски
    Е примам честитки. Приемот на зетот помина супер.

    Стронгер се мажи веројатно Март. Која дата не се знае. За фронтмен на метал група :rock:


    Овој другиов ми се јави да ми кажи дека вечерва ќе спие со мајка му. Го болело многу. :!:
     
    На kravce, bittersweet, kate21 и 33 други им се допаѓа ова.
  14. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    ^Со среќа Стронгер.Па и уште дека е фронтмен на метал група,you will have great time together :)
     
    На XstrongerX му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    од сите работи што сакам да ги пишам во темава една ми текна што највеке би сакала да ја споделам со вас тоа е следнава

    секоја девојка треба да се обиде во сите свери во животот за да успее-не само за тоа што учела односно студирала, оти никогаш не се знае каде ке се пронајдеш-сите имаме по некој скриен талент нели:)
    и јас мислам да го сторам истото-иако учев едно во средно, студирам сосема нешто друго на факс, а барам работа едното, другото или сосема нешто трето-колку повеке се обидуваш во најразлични области, ти се зголемуваат шансите да успееш :)
     
    На DeMelo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    ... дека секогаш сум поштувала латино става! Кој не?
    Заоблени, бушави и темпераментен латино дух!

    http://www.youtube.com/watch?v=-_yCNhw3TCM
     
    На bittersweet, LilBaby, bluegirl7 и 8 други им се допаѓа ова.
  17. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    По долго време со брачед ми-брат ми гледавме анимиран филм.Си го пуштив мозокот во лер и занесени двајцата си ја земавме дневната доза на смеа која што ни требаше и на двајцата.Ме потсети на нашите феминки Tinkerbelki овде бидејќи така и се викаше Thinkerbell :D.Синоќа ја сонував Марамка наша,демек сум одела на свадба и таа ми давала модни совети како да се облечам и дали одговараат парчињата облека на соодветната пригода :wasntme: Морам да признаам добро ме скоцка,ќе ја биде богами :D.Ви посакувам убав остаток од вечерта и да си имате утре прекрасен слободен ден.
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  18. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Животот изгледаше како цврста градба,ниедна пукнатина не се гледаше...И само еден ненадеен потрес, бесмислен и неискрен,ја урна возвишената градба како да е од песок..
     
  19. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Ке земам и јас да ти скршам еден стол од глава па до таму нека е!

    Скопјанец се претепал бидејќи му се допаднал порно-филм со лезбејки


    Станува збор 20-годишен скопјанец кој заврши во болница бидејќи си нанел сериозни повреди во пределот на главата додека гледал сцена со лезбејки во порно-филм, пишува прес24.

    -Откако моите родители си легнаа јас пуштив порно филм за да се опуштам. Првата сцена беше нормална, маж и жена имаасекс покрај базен, но веднаш потоа се случи нешто невообичаено, две лезбејки имаа сексуален однос во дневна соба,изјавува момчето.

    -Двете девојки седеа на кревет, пиеја кафе и разговараа. Очекував дека ќе се појават двајца мажи и дека конечно ќе започне акцијата, но тие одеднаш започнаа да се бакнуваат и да се соблекуваат. Се обидов да ја прескокнам таа сцена, но залудно, тие се појавуваа повторно, дури и во следните неколку сцени. По извесно време сфатив дека сето тоа ми се допаѓа и продолжив да гледам,вели момчето.

    -Ме фати паника, затоа што сфатив дека уживам во нешто толку болно, неприродно и ненормално. Како ѓаволот да влезе во мене. Прво си удрив шамар за да се освестам, но и понатаму ме привлекуваше сцената со лезбејките. Се удрив посилно со тупаница во главата, а потоа зедов столица и си ја скршив од глава и на крајот удрив со главата со ѕид,додава момчето.Скопјанецот моментално е на интензивна нега во Клиничкиот центар во Скопје. Тој вели дека кога ќе се врати дома повторно ќе ја гледа сцената за да види како ќе делува на него.


    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На ana-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    Кога опкружена со друштво нешто кажувам, а приметам дека некој од присутните лута со погледот или вкочането некаде гледа, прво што помислувам е - оваа гарант ме чита на фемина :) ... а за воља на вистината го игнорирам она што секоја НЕфеминка првентствено би помислила - не ме прати, досадна сум :)
    СДК фемина ја подига самодовербата :)
    И СДК, живи очи не ми кажувајте дека ме читате зошто овој простор го доживувам како еден мој паралелен свет во кој има место само за оние кои не ме опкружуваат секојдневно.... така да лутајте си со поглед, правете што сакате , само не ми кажувајте, зошто ме терате да се чуствувам како гола да стојам во некој излог.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.