[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034

    слатко се насмеав пред спијање :)
     
  2. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Не е битно каде си, туку со кого си ! А јас би била секаде, ако сум со моето друштво. Најдобри се бе. Секогаш знаат да ме насмеат, дури и кога расположението ми е -0. Па за празници, непразници, навечер, дење, секогаш ми е забавно со нив. Можам да се фалам вака цела вечер, ама ај ќе оставам за друг пат. Сакав само да кажам дека одвај чекам да дојде Нова година, оти имам некое чувство дека оваа ќе биде уште подобра од минатата. Да се надеваме, дааа сее надевамее. И сакам и да си го поздравам горе спомнатото друштво.. http://media.tumblr.com/tumblr_ma24jnItHG1rsw1yf.gif :*
     
  3. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.237
    Допаѓања:
    48.555
    Пол:
    Женски
    Сдк ја добив мојата прва работичка по струка :D да преведам некој документ :D ќе паднат парички :wasntme: ем од плата ем од ова, мераци бе :P :D
     
    На kravce, kate21, cigarce и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека на денешен ден се родила жената која најмногу ја сакам.Таа која ме донесе на овој свет.Што ме учи да сум она што сум денес.Што ме исполнува и прави среќна.И благодарам за тоа.
    Мамичке,ти благодарам за сета твоја љубов што ми ја даруваш,знаеш дека дупло повеќе ти е возвратена.

    И посакувам најсреќен роденден,биди ми секогаш таква насмеана,таква каква што си.Добра,па дури и предобра.Бидими вековита,да си славиш уште многу години! :* :* :hug: :hug: :party: :party:
     
    На kravce, kate21, bluegirl7 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Ми ренца Ифет у позадина , си го исекна носот онака безмилосно , ме иритира ,а ме мрзи да станам да го исклучам телевизорот. Да и се плукнам јас на Ифет во фацата да и се плукнам , и на оној кој пуштил Канал5!
     
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.735
    Допаѓања:
    17.695
    Сакам да го повратам времето и да бидам анонимна на форумот...ама ете..
     
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.310
    Допаѓања:
    259.465
    Искрено се надевам дека ќе си среќна и дека ќе го засакаш идниот маж :) .
    Те читам и се надевам дека ќе го пронајдеш своето место.
    Но малце сум и скептична.
    Сакаш еден, а се мажеш за друг. Не е се во љубовта, ама и без нејзе не бива.
    Сама кажа со него можеш да бидеш ТИ!
    Но тоа е твоја одлука, и со среќа нека ти е, се надевам дека не е погрешна ;) .
    Честитки :* .
     
    На kravce, cigarce, cinderella5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Вечер спроти неработен ден, а кај мене во чат на фб никој не е вклучен. Not sure if everyone's out and partying or everyone's studying. Ќе да е второво. Колоквиуми се ближат јухуууууууууууууууу!!!! :geek:
     
  9. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.478
    Допаѓања:
    10.927
    Ми се спие,ми се плачи ;( |-) ;(
     
  10. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    :!:

    " Никој не е несреќен без своја вина "
     
    На bluegirl7 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.423
    Пол:
    Женски
    Не за џабе викаат кога денот ќе ти тргне на лева нога, така и продолжува.
    Дали станав на лева, незнам, могуќе,ама така ми е наместен креветот, секој ден станувам на лева нога, што и си нема врска баш со изреката, стант си на лева нога, не ти арен денот.
    Епа не баш секој ден, ама овој, и те како ДА!
    Како и да е, станата на лева или десна, све глупи настани денес.
    До каде стигнава работава, ако закасниш 5 минути у салон за лепота да ти го земе терминот друга.
    Каснење ни од 1 минута не признавам само на аеродром, и на никое друго место.
    Нема врска, не е он крвиа, мене денот ми беше лев.
    Ај кола што не ме згази прв пат, ај втор пат, ама оној третиот више почнав да сумјам, до мене ќе да е.
    Тамн си реков,ај бе спаси жива глава не се замарај, друг малер, комшиите ми драги мили, решиле дека ако не закчучат врата од влезна до 7ипол ќе ги испокрадат на велико.
    Секоја година, во ова време, пост-зимичарски, кај нас се знае уште у 7 најкасно се е заклучено, не дај боже да не им ја дигнат туршијата од подрум. Или за ракијата се плашат поише, ама тоа ќе да е.
    Плус телефонов сега решил да ми откажуе послушснот батерија азис.
    И се дерев ко ненормална одоздола како што не сум се дерела од дете.
    МАМО, како магарица некоја! Се вратив најмалку 10 години назад. Само што тогаш ми доликувашше колку толку, а сега ни под разно.
    Останав нечупана, смрзната надвор, потресена малку оти колите нешто ептен ме сакаат денес и гладна.
    Ама кога ќе го споделиш тоа на глас, и кога ќе прочиташ, вистински проблеми од денешницава, си викаш мачја кашлица е ова.И е.
    Да не се жалам, ама убав ми е периодов.
    Лека ноќ!
     
    На kravce, tweety26, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    10.422
    Пол:
    Женски
    Мислев дека ќе биде лесно ама не е.Не и не...До кога ќе чекам вака?! :worried:
    Други ми се криви, а уствари јас самата никако да направам чекор.Да ја тргнам и оваа грижа од главата...
    Ај ќе биде.Мора да биде...
     
  13. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    - "Бабо може ли да ми дадеш 150 ден ми требаат за искачање?"

    [​IMG]
     
    На tweety26, Monna.Monna, CIA и 13 други им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК секогаш мора да има некој кој ќе сака да го уништи она што е убаво и премногу добро.Зошто? Зошто негативниот начин на размислување, мора да се реализира? Мислам, кое е задоволството доколку истото се направи? Се добива некаков оскар за тоа или што...? Само феноменална претстава на егото е, ништо повеќе, а егото, се знае, освен тоа дека ништо не знае.До кога со тие работи? Човечноста не се реализира на таков начин.Барем нека се одвиваат работите онака како што треба, сами по себе, без притоа некој истите да ги ремети, бидејки и онака не им е потребено туѓото реметење.Само очигледно, како да се има потреба човек да се вмеша, токму онаму каде што не му е местото, најверојатно поради некое сопствено незадоволство.И после светот е никаков, ваков, таков и онаков, ама никако убав, па нормално затоа што само за тоа се придонесува.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Некои јадат за да живеат, јас живеам за да јадам.
    Не можам да дочекам да изгладнам и да јадам пак!
    Јадам со секого во друштво, no matter дали сум јадела 10 минути претходно.
    Просто уживам. Ми доаѓа некое чувство на исполнетост, мммм..
    Се радувам, среќна сум, исполнета. Па уште да е нешто бурековидно. Ооооо!
    Леле. Дури неубаво да му падне на човек со колкава страст зборувам, како да не е за храна. Ама не можам, не можам!
    И што!? Сега сакам бурек!
    Заминав до пекара. :hai:
     
    На kravce, tweety26, MandyLane и 7 други им се допаѓа ова.
  16. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.219
    Пол:
    Женски
    Морам на лицево да ставам една маст ради некои проблеми ама од маста сјаам повеќе и од сонцето :lol: Ама ми се пријаде сутлијаш, да бев трудна ќе го пометнев бебето од стрвост. Решив да тркнам до продавница надевајќи се дека нема да биде на смена продавачот со кој си маваме по некој флерт. Абе ко да сакав да биде те ти го таму. Барам млеко, барам нигде нема. Сите чуваат млеко доле во фрижидер, овие го ставиле горе, не знаат дека има луѓе пониски од 160? Нема врска, најдов млеко, си платив, уште ми вика- каде вака дотерана па и со млеко? Очајна домаќинка ќе бидам!
    Сиротата јас стрвна ама колку сум спретна во кујна е друг муабет. Мамо ма, колку ориз? Толку! Мамо ма,а вода? Толку! И ми ја снема. Абе мамо јас ќе го варам, него кажи тајните состојки кои се :rofl:
    Ставив тенџерето на рингла, се пофалив на луѓе дека сум домаќинка и сите чекаат краен резултат. Едно време Н. ми вика- Абе уште ли крчка оризот? Крчка, крчка :lol:
    Ставив и млеко и чекам да се згусне. Не сака, па не сака. Ај и шеќер, чекам, чекам не иде. Ми се смее Н. стави густин. Нема никогаш да му зготвам мајке ми :wasntme:
    По саат и нешто го тргнав од рингла. Крајниот резултат беше малку потечен ама па нели секако сутлијаш се јаде со лажица? :wasntme:
    Пробав и не умрев, ќе видиме утре другите како ќе го преживеат.

    Одлична домаќинка сум, ми фали само еден Карлос и еден градинар :wasntme: на крај и буцкасти деца ќе имам, од што знам да готвам де. :rofl: :rofl:
     
    На kravce, Cacy, tweety26 и 14 други им се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Скапав од утро до вечер во лабораторија. Професорот ми вели многу сум била амбициозна. :nod: Со љубовчето си кажвме колку си значиме, што би било ако е крај. Ма лесно е понекогаш, ама понекогаш, сега е.. Неколку саати работам на тезата, и не се изморив, утре текстови за Лундагард, за Цеокон, правење леапи, средување фотки, куцање теза уххх ќебиде весело.
    Милче ме испрати со срценце направено од двете нејзини рачиња, пред татко и покажа како и чукало срцето за мене. Ах Господе некогаш сум ти многу благодарна, зошто срцињата ни чукаат една за друга. Ми дава мотивација да преминам преку многу потешки ситуации за да се споиме. Луѓето од страна судат, а можат да судат само, и само ако биле во нечија ситуација, како и да е не ги сфаќам, ама ако се потхраниле и се посреќни мило ми е.. Сањулка ме радува, покана за средба, не се пропушта нејзино друштво, обоена е од убавини. Деновите до пат се намалуваат, стравот се зголемува. Сагар и Мишел ми пишуваат пораки колку им фалам, ах бре женетинки има да ги стиснам..сите сме во потрага по подбро. Како и да е дишам, и тоа ме радува..
     
    На kravce, Cacy, tweety26 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.858
    Допаѓања:
    163.432
    Светов нека се заебава, јас добив тахикардија од последнава дебата... Мајке ми ќе лапам некој аперитив сега. До душа, два литри пиво испив и само ми се приспа прееска, сега освен трчање до тоалет, друго и да не ми е,лупам у 7/8,као права Македонка!
    Од две зла, едното е харизматично, другото е сељак, а двете прокламираат фашисоидна политика. Нека универзумот ни помогне.
    Едниот заборавил на политиката на Латинска Америка,па малку се збуни, рече дека у неа го гледа потенцијалот на Кина, а противников пак од дипломатски причини (претпоставувам) не ги чепна тие прашања... Овој едниов како дете од градинка, овој лајк а були, цело време чврги му маваше. Едниот ќе зголемува сили, другиот малку посуптилно потпикнува насилство. Другиот држ-не дај Израел, другиов ќе ја смачкува Русија, едниот Кина е опасност, мисли ќе го чешлаат со тие приказни за немање демократија. У превот, растурена сарма,а ние сме меленото мевце во неа.

    И тако то,овие господа поим немаат што ќе прават, навидум Америка е далеку и никој не се грижи тука,арно ама...само вие мирно спијте...а и што може пак и да направиме друго?! Ама ок е од време на време да ни светнува дека се вртиме на истата планета.

    А што убав ден имав... Кафенце, топење во сончев шербет, прегратка, книгички од заштеда... Убава прошетка, пак кафенце, чаршија, ладна,џезче, голтање на прекрасни спомени, месечинка како пресечено портокалче,да фатам и да го исшмукам. Дома им упаднав со огромни чипсови, им направив пуцки и пиевме пиво,гледавме Хаус...и сега се ококотивме со татко ми, како и претходните три пати... Мислам очекувавме поента човече... Која поента бе, штотуку за конечно заклучувме дека е безпредметно да живееме или да се обидуваме за истото.
     
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.845
    Допаѓања:
    101.469
    Пол:
    Женски
    Денес е годишница од врската на мојата најдобра другарка.Ме викна денес да сме оделе на ручек.Искрено непријатно ми е.Неколку пати ме части а јас немам можност да и возвратам.И така, дури таа е на некое седмо небо и ми кажува дека вчера потрошила над 300 евра да си го поднови есенско-зимскиот аутфит,плус накит од не знам колку пари,(ни таа не знае колку чини тој ја изненадил),јас се сеќавам како течеа славењата на моите годишници...кога одев на работа ,сега и тоа веќе не е така...

    ...по повод годишнината, децата ги ескивира некаде,мене ме остава така напладне убаво да се наспијам,и дури јас крчам тој тркнал во блиската месара купил свински ребра и пилешки копан за 500 ден,ги фрлил на скара,во меѓувреме ги излупил компирите кои веќе ги имаме во подрумот,и кога јас станам онака со гурелки и со коса во воздух,ми тутнува шоља кафе кое кошта 35 денари за 100 грама,и додека јас го лигавам кафето тој ја поставил масата,отвара ефтино вино кое го имаме од претходната година,на тв трештат новокомпонирани пејачи,не се ни потрудува да запали свеќи,и вика ајде ручекот е спремен.И дури седнувам на масата ми ги завртува ракавите за да не ги загвацкам во мајонезот,и додека јадеме ми извлекува поклон четки за коса,комада 5,кинески се разбира, со објаснување -не можам да те слушам како секое сабајле пред работа се дереш-каде ми е проклетата четка,превртувајќи ги играчките на децата,бараш под кревети,ѕиркаш во машината за перење...
    и така дури паѓа вечерта се завлекуваме во кревет со пуканки од 30 денари и гледаме некој филм ...за на крај се знае... :$

    И така ,животот не е ист за сите нели...
    п.с.Целта на постот ми беше да укажам на разликата во цените на прославувањето на еден таков чин.:D
     
    На kravce, bittersweet, Monna.Monna и 34 други им се допаѓа ова.
  20. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    сите спијат јас работам |( ,барем платата да ми беше троа поголемка па да ми е мерак да работам на сите празници,ама што очекувам од моиве тапа газди,скржи невидени,абе ништо не частат,ке си купат нешто демек за сите да си каснат и на крај они ке си го изедат,ама им се познава,троа крупнички се и се мачат да ослабат е нека бутат уште и пинци ке ослабат
    и ете од 7ипол сум тука а неа уште ја нема,а после она ке си оди порано или ке си одиме во исто време :@ ,не е фер бе,демек 7 часа работам дневно ама 8 ми се збират,ама тоа е калимеро нема правда,некогаш стварно како калимеро сум тука,нон стоп си работам додека на госпожата не и се работи или не е рсположена или и е ладно и таман ке стане она да поработи оп ке згреши нешто и погодете после кој е крив-е па калимеро :^)
    а незнаат дека секое сабајле јас се уклучувам на фемина од тука :)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.