[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Clear

    Clear Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    195
    Денес прв пат доброволно дарував крв :)
     
    На sweet-cherry, Libera, FortuneTeller.xD и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Пукни усто фали ме !Мрзам такви луѓе :devil:

    [​IMG]
     
    На Cacy и Sara123 им се допаѓа ова.
  3. blaa

    blaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2011
    Пораки:
    410
    Допаѓања:
    378
    ..When I get what I want I never want it again... :|
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Бреее се фатиле што пијам кока-кола , штетна била ле-ле.... наместо да кажат браво не пушиш , не се дрогираш , не крадеш пари од новчаници , не убиваш , не силуваш , не тепаш , не си олош они зашто си пиел кока-кола , а они што имаат 40 год искуство во пушење цигари тоа нема везе

    Брее никад да неможеш да ги задоволиш родителите... :doh:
     
    На Elennaa, Chica.Loca, sweet-cherry и 23 други им се допаѓа ова.
  5. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам,уствари сакам да ви се пофалам.Епа вака драги мои,ова е мојата сродна душа.

    [​IMG] - Франческо Петрарка.

    Абре читајќи му го Канцониерот,се воодушевив. Му се восхитувам. 30 години да пишуваш и да и посветиш на жена со која не си имал ни едно здраво.Секоја му чест.А плус тоа и скоро иста судбина до некаде сме имале.Оф кутри ние :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Lilly8, Chica.Loca, Domino и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.646
    Научив германски, конечно.
    So happy.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Некако во последно време ретко пишувам овде или било каде на форумот. Немам инспирација, немам желба...А и жалам што некако не е веќе како што беше овде, или можеби само јас си замислувам :^).

    И обврските си го прават своето. Барав обврски, епа ете ми ги сега |(. Но не е сеуште згуснато, наредната недела ќе биде жустро.
    Веќе денови наназад се губам во британската култура и никако да седнам да учам како требе. Ма, ја сакам јас Англија, Британија и све то. Ама пак заморно е веќе да си ја тупам главата веќе со тие кралеви, битки итн. А времето се повеќе ме гази.
    Ама битно јас не пропуштам ниту една епизода од сериите кои ги пратам :).

    Ќе биде ќе биде, паметно дете сум бре :).
     
    На cinderella5, Rozich, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Маживе не се нормални колку се нервираат за фудбал |(
    Да не гледам, и нив да не ги гледам, си ја чешлам фемина на теми на кои не сум обрнала внимание досега. Мувачи! :D
    На моето време, леле колку сум стара тоа кога го речам, аман, ама сите девојки беа невини. Сите! И оние што имаа дечковци од пет шест години беа невини, за раче демек само се водеа. А ние помалите, досега без дечко, неискусни, па ако се излажевме да се фатиме со некој, и овој хормони супернова му се дешава во гаќи, ќе ни побара на второто гушкање, бегавме како ѓавол од крстена вода. :lol: Епа не, и јас ќе си чекам некој кој ќе ме води за раче пет години а не некој неранимајко за два три пати ме испратил да ме фаќа и да ми бревта во уво како ловџиско куче додека ми вика ајде мааа златоооо, де ма срце, душо...севдо(за ова се зајбавам). Додека јас си мислев ќе ме пукне муабет оваа со сите се изреди, ако кажам на некоја другарка дека сум се излапала со некој два пати и сум го откачила оти бил невоспитан, тоа да ми ти било мување! :!:

    И така, така вегетирам, вегетатирам, и ми текнува на вегета и со тоа на една реклама, за Дафинка! Ја нема на јутуб, штета. А вака идеше. Едно пет тенџериња со очи и уста анимирани, и со капаци, и пеат, а како пеат капаците им се подигаат. Добар вкус, добар мирис од ручекот се бара, и за едно и за друго тајната е стара. За готвење добар ручек најдобар е начин, во готвењето додадете и Дафинка зачин! Вииии Тааааа Мииин Каааа Прииилеееееееп. Да фин ка!

    И од каде сега ми текнува на вакво нешто а не може да ми текне по што сум тргнала во продавница, и да се вратам со две полни ќеси а по тоа што сум отишла да не земам. :?:

    Постот ми е за во бардовци, и јас со него.
     
    На Buttterfly, NoellePage, kravce и 13 други им се допаѓа ова.
  9. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Лесно е кога нештото зависи од другите..Ќе се помириш, ќе си речеш-Судбина...
    А што кога ти треба да одлучиш?
     
    На Marbella му/ѝ се допаѓа ова.
  10. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.690
    Пол:
    Женски
    Хеј, сакам да кажам едно големо ЗДРАВО :* :* :*
    Се вратив...имав едно прекрасно лето со завршок-мојот роден крај. Цело лето го поминавме во Охрид и на 9.10 заминахме за Бугарија да си ги видам мама и тато, другарите, промените во градот...2 години не сум се прибирала... :tmi: седевме 10 дена и се вративме во Скопјето :lol: сега по дома чистиме, прекреваме, варосваме...цело време сме турбо, али такво убаво, весело, пријатно. Малиот ми порасна многу :inlove: скоро ќе ставам една слика да го видите. Цело лето немав можност да пишам во форумот, ниту да ве читам. Немав достап до интернет, ниту време за таков. Ми недостигаше друштвото ваше, ама ете ме пак. Се надевам само убави моменти да сте имали :inlove:
    Жешко ве поздравувам сите :*
     
    На ane.bella, Bozica1980, green.eyes и 42 други им се допаѓа ова.
  11. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    СДК дека мојот фраер е најдобар, ем што е убав, ем што е згоден ,ем што е висок..Ем што го немам :)
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    На Chica.Loca, DeMelo и marama им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.811
    Се ужаснувам од жени кои не знаејќи што сакаат да бидат, имаат и претставуваат, се губат станувајќи се и онда прават *убиство* од страст кон се што сакаат и едноставно го губат и кукаат за ужасноста на животот и неговите неправди.

    Ме ужаснува кога празни личности имаат големи захтеви за нештото наречено живот. Ме ужаснува кога сметаат дека треба да имаат нешто кое не им припаѓа. Која сум пак јас да кажам дали се некакви и дали треба да имаат?! Никоја, ама полесно ми е да ја согледам објективноста него тие самите.
    Ме ужаснуваат луѓе кои сметаат дека се треба да им биде простено... Ме ужаснуваат пријателки кои се споредуваат и натпреваруваат за работи кои тебе ти значат и уживаш во нив,а нив не им значат ништо туку едноставно ги иритира зошто да си ти среќен со тоа што го имаш и не ти ни било гајле до тогаш за ништо околу тебе и онда,сакаат да ти го соберат... ок е,ќе го задржиш,ќе се избориш,ама чуму борба човече?! Каков си ти човек?!
     
    На Hopeful, bittersweet и Ordinary им се допаѓа ова.
  14. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    "Дури и во сред разбеснета бура, застани малку и потсети се дека сево ова е чудо. И кога болката е пресилна и мислиш дека не можеш понатаму, сети се на ова: На денот кога ќе се бориш за твојот последен здив, со задоволство би го прифатил и најлошиот ден, да го проживееш повторно...да го гледаш изгрејсонцето, да ги помирисаш цвеќињата, да го слушнеш смеењето на твоето дете, да ги гушнеш саканите личности барем уште еднаш. Со таа мисла во тебе, смеј и се на бурата во лице. Најди ја храброста која тлее длабоко во тебе. Нека нестабилноста на животот биде гориво за твојата одлучност. Никој не кажа дека ќе биде лесно. Неуспех е само ако се откажеш...затоа немој.."

    Охрабрувачка мисла и првата насмевка денес.
     
    На si.exs, WildCherry, kate21 и 12 други им се допаѓа ова.
  15. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Она чувство кога брат ви ќе дојде и ќе ве гушне без причина. :)
    Бесценето.
     
    На si.exs, WildCherry, kate21 и 15 други им се допаѓа ова.
  16. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.799
    Пол:
    Женски
    WARNING лигав пост ahead :)

    Момчето мое вчера направи една годинка :inlove:

    Станавме со сопругот точно во 05:35 (тогаш е роден), двајцата сме си ги наместиле алармите во исто време без да се договараме, great minds think alike :lol: и ставивме една свеќичка на капкејк и му отидовме на мажулето мало, му викаме да дува, дува тоа сирото нерасонето и се чуди што ни е и на двајцата, да знае да збори сигурно ќе не отераше упм :D

    Годината што помина беше напорна, без спиење, нервозна ама и среќна, весела и најважното полна со љубов и иако е клише нема нешто што не би направила за моите мажиња.
    Не знам зошто гордоста е една од 7-те смртни гревови |( ама јас сум горда кога си го гледам малиот како расте и како јас сум заслужна што тоа мало човече е дел од овој свет па макар треба да горам во пеколот јас сум ГОРДА на себе и на сопругот....were doing a good job :geek:

    Роденденската забава беше одлична, дворот го направивме како клубот на Мики Маус неговиот омилен лик, се погоди и времето, се собраа цело семејство, пријатели и еден куп деца, на Матео едно време му дојде многу гужва па се реши дека It`s my birthday and I`ll cry if I want to :rofl: се смири после гушкањето со тато и издржа машки до 12 саат.
    Подароците не го интересираа ама шарената хартија беше полн погодок :D

    Единствено на моменти мене што ми паѓаше тешко е што ја нема мајка ми ;( да биде дел од мојата среќа ама и мене гушкањето од татко ми ме смируваше, само што ќе ме видеше со солзи во очите ете го покрај мене, во вакви ситуации тој е мојата карпа.

    Отидов да го средувам дворот изгледа како ураган да поминал низ него :D
     
    На thelittle17, caroline.costa, anggell и 61 други им се допаѓа ова.
  17. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    И смешно е, како со некои личности порано си делел се, си ги правел најголемите лудории а сега кога ќе се сретнете на улица тегнете едно мо*ано Здраво...
     
    На thelittle17, sweet-cherry, innablood и 10 други им се допаѓа ова.
  18. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    ^
    Мене повеќе смешно ми е кога некој кој прв пат го среќаваш те праша Што има ново?
    Зини да ти кажам. |(
     
    На bittersweet, Bright, La.Reina.Del.Sur и 3 други им се допаѓа ова.
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    СДК ... вчера вечерта па и некаде до подоцна во ноќта ... и јас пукнав, попуштив ... Од поодамна кај мене очите не знаеа што се солзи, ама синоќа повторно се подсетија. Немам памет, немам решение, немам никаков одговор или макар некаков знак ... поради повторувањето на истата ситуација, по не знам кој пат. :worried: Откако знам за истото, се повторува ... Се прашувам што јас погрешно правам?! Како и да постапам, исходот е ист. А најтрагичното е што веќе тотално се блокирав, од емоции, од верба, од надеж ... од било каков ризик. Не знам што уште ме чека во животов, само сакам едно ... нека се прекине еднаш за секогаш оваа низа на исти причинско - последични ситуации зашто веќе немам ни сила, ни верба, ни волја ... ни време. :|
     
    На Umbrella22, zarah, anuskaNESTLE и 6 други им се допаѓа ова.
  20. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.615
    Допаѓања:
    113.531
    Пол:
    Женски
    Епа не го разбирам дечко ми значи, како сум можела толку да повторувам не можам, не можам и точка. Не знам да пливам, не сум научила досега, ме фаќа паника во вода, се губам, се давам, не знам да дигнам газ у вода и шо сеа тоа е тешка некоја мака, да ми праќаш линкови на ФБ како татко загинал додека го спасувал синот од базенот? Абе искулирај ме бе, алооооо. Не ги разбирам луѓево, навистина не ги разбирам, ама јас сум крива, самата сум си крива, што дозволив вакво однесување. Епа научи се дека нема веќе вака, ќе играм и јас прљаво како тебе, ќе те удирам по болните точки и ќе ти се смеам и ќе правам на твоја сметка шеги пред сите, да видиме како е. Многу се нервирам, да беше совршен па да ми збори, пун е маани, од кај таа храброст да ми збори. Никогаш нема да можам да му докажам, и ич не ми е гајле веќе, ако ме прифаќа ок, ако не вратата знае кај ми е, нека ја затвори од надворешната страна, грд муабет ама вистинит. Ако некој по 6 години не ме научил каква сум, нека не се обидува, нема ни да успее.
     
    На Umbrella22, crazylady, pamelche и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.