[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Кога ќе видиш, од средава искочи еден преубав ден, а и вечер. :$
    Нозете ме болат, кичмата ме боли, главата ме боли, бубрезите ме болат, јајниците ме болат, целата сум дефектна, со избледено размачкана шминка, и со благо извиткана коса ама гајле ми е зошто убаво ми е. И на душата и на срцето и се... 8)
    Гледам моиве од негде донеле винце едно шише, го пробав, погодено ми е, па си земав едно чашиче(читај чашкиште) дека не конзумирав од истото вечерва доволно :D Никогаш не сум претерала, а немам ни намера. А сега ми е убаво на душата. Не би да се жалам.
    Многу е веројатно утре да не станам за на пракса, што напоменувам скоро и никогаш да не се случило а вечерва имам некое такво чувство дека утре ќе бидам невоспитано дете. Па добро де и тоа не е на одмет од време на време. Јас не се заморувам со тоа кој дошол или не дошол и зошто го сторил истото, рака на срце-многу ми е гајле. Правете што сакате, јас не ги терам да ме запишуваат ако не отидам, јас си ги носам минусите, што има памет да ми соли некој никогаш нема да разберам. Ама јас гледам накосо ако лошо се однесуваат со животинчиња, или ако се жалат дека немаат пари а купуват секакви глупости и на минус степени не знаат едно геврече да им купат на питачите... јас тогаш можам многу косо човек да го гледам. Тогаш кога се однесува како нечовек. А за друго, па ич не ми чуе. Можеби е глупаво, ама така е, си имаш живот терај си го, сакаш оди сакаш не оди на предавање итн итн итн.
    Си јадев сабајле костени.
    И купив на другарка ми шокантен подарок за роденден, ќе си падне на гз кога ќе го види, мислам од љубов кон истиот, а и со љубов е биран и купуван па.
    И на татко ми сум му купила совршен подарок за неговиот роденден, иако е за десетина дена ама може тогаш немаше парички да имам, и торта сум му нашла перфектна, ќе си падне на гз од шок :D
    Многу сакам да ги разгалувам луѓево аууу, па таа среќна фаца кога ќе ја направат кога ќе им погодиш нешто, мх мх, себично убаво си се чувствуваш, а од друга страна сакам и да ме разгалуваат, да не лажам сепак, уживам да ме тинтра некој :$
    На пример, деновиве ме разгалува тој, многу е свесен пример дека јас згрешив претходниот пат, ама па и дека тој пројде некои граници, па сега ме размазува. И моите иста политика тераат кога ќе згрешат, и им пали не велам не. Ако, убаво е. Јас сакам да љубам, го сакам со целото срце, со целото мое битие, премногу ми значи, па што чува Господ за нас останува да видиме. Колку што грешел, исто толку сум грешела, во една врска има три страни, мојата приказна, неговата приказна, и вистината. Спремна сум да се борам, и да се подобрам, доколку и тој е спремен на истото, а спремен е... му гледам во очите и чувствувам кога ќе ме гушне.
    Вечерва уствари бев многу љубоморно детиште, ама ништо не проговорив, само се насмеав додека го гледав и си реков жено твој е.(морам да намалам со користење на зборот жено, претерувам :D ). И така си го сфатив тоа и решив да се опуштам тотално, зошто му верувам тотално, и милион да му се пуштат во една вечер тој ќе каже дека е зафатен затоа што е мој колку што сум негова.
    И така, се изнапишав а ништо не кажав.
    Мирна ми е куќава кога спијат сите, стандард шема, ги ѕирнав од еден до последен, мирни како бебенца спијат ли спијат, си се насмевнав под бркче и си сфатив дека и тие се мои. Мое, лудо, будало семејство што некогаш нерви ми кине, ама се би сторила за нив.
    Тотално безвезе реченици натрупани, ама пак ќе стиснам испрати, јез да се нафрлани чувства, ама мои си се и сакам да ми останат тука.
    Денес сум ги завршила сите работи што ми еа планирани за два дена, да да среќата апла ме следеше.... па затоа денес ми е петок утре ми е сабота, јас не мрдам од кревет утре. И ич не ми е гајле кој како што кога зошто.
    Ајде чао :hai:
    И ве гушкам по еднаш, онака, силно, мечкарски, меко, топло, искрено... :hug:
     
    На bittersweet, LilBaby, Doozy и 15 други им се допаѓа ова.
  2. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.220
    Пол:
    Женски
    Ја губиме, мислевме дека ќе бидат месеци, а сега се саати.
    Затропа тој на врата, дојдете лошо и е. Отидов, собрав храброст и влегов. О Боже, зошто влегов? Зошто?
    Никогаш нема да ја заборавам таа слика. И паѓаат рацете, тенот и никаков, во кома е. Притисок да мериме, нема што да се измери, се кочи апаратот. Него го фаќа паника и страв, а мене солзи во очите.
    Си дојдов, ете го пак, сиротиот не може сам да седи со неа. Знае дека ќе ја изгуби засекогаш. Никогаш не верував дека еден маж толку ќе се поремети кога ќе дознае дека ќе ја изгуби жената која ја сакал најмногу и со која поминал повеќе од 40 години.
    Се собраа блиските да бидат покрај неа, секој момент чекам мајка ми да влезе и да ми каже...
    Вчера сестра и беше тука, плаче сиротата колку само болки се насобраа во фамилијава. Го изгуби брат и, сега и сестра и, останува сама.
    Со сестра ми молчиме, а толку ми е потребен разговор. Не сакам да ја изгубам, не сакам!
    Неправеден си животе, барем месеци да беа...
     
  3. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Арно де. Мене пак ми е чудно кога на некој не му е интересен фубалот како спорт, без разлика дали машко или женско :) . Ова, нем да го сфатиш како нешто лично кон тебе. Онака, твојот пост ме потсети дека добив коментар како сум можела да уплаќам :x.
    Е не, ајде 100 век сме пред нашата ера. Фудбалот е за машки |(. Поголема небулоза нема.


    Сдк инаку дека ужасен период имам во поглед на финансии. Разбирам дека се нема ама многу работи ми требаат. Веќе, не знам што да правам. Помислувам да најдам привремена работа ама знам дека нема да биде ништо од тоа. Ако напишам колку работи и од гардероба и од се ми требаат листата ќе нема крај.

    И помислувам дека материјалното е уствари многу битна ствар во животот. Може ние до утре да пишуваме приказни дека има многу работи што се пред материјалното ама реалноста е друга. Ништо без пари :x :).
     
    На Monna.Monna, JuLleE, LilBaby и 3 други им се допаѓа ова.
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Моми разголени со цицки во заби, и одоздоле коменатри од мажии, у јака си маче, што би ти правел, и глупачата одговорила ауу фала.. Боже помогни им. Толку ли се бре очајни да патат за внимание, тоа автоматски кажува дека се надпросечно прости, или е*ано несигурни во себе, со тоа што се хранат со очајнички коментари, (пардон на изразување) ама од кретени кои не можат да фатат жена во реалноста, и после си го плескаат на нејзе! Јас сум презаситена од очајнички. Абе болест е ова патење по внимание и точка..
     
    На Elennaa, Monna.Monna, kate21 и 25 други им се допаѓа ова.
  5. LetsTalkFashion

    LetsTalkFashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    879
    Не ме фаќа сон , некои работи почнаа да си доаѓаат на место. Се надевам така и ќе останат...
    Уште да бев поупорна за една цел ... т.е поиздржлива.
    Утре ми е роденден , како воопшто да не ми е се чуствувам. Сум станала празна и без емоции во последно време за некои работи, има и зашто.
     
  6. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    724
    СДК многу невино и невинашки ми делува ова смајли ----> :wasntme:

    :D :D :D
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Значи. Да се разбереме.

    Ниту свеќите во Излет. Ниту пријатните опуштени фаци. Ниту Деј Оф во Балет. И потоа спотано Викторија Лоба која со нив пее руски песни. Ммех а сепак слатко. На некој начин.

    Ниту Пелинковац наместо Јегер. Ниту пак најудобниот душек споделен со мила личност. Ниту будењето со истата.

    Ниту свежата роса на Партизанска. Ниту пак нарачуење тоС без Т со екстра порција сенф, онаму кај што некогаш правеа гиро. Повкусно од Гирадико, да се разбереме. И заебанции кои скроз туѓи луѓе ти ги сфаќаат. Па се превртуваш од смеење во ниедно време.

    Ниту адреса на живеење, или место на раѓање, што би рекол Дарко Митревски.
    И причата дека да се биде скопјанец, е комплимент.

    Ништо од тоа. А сепак сето тоа заедно.

    Граду мој, ТЕ САКАМ!

    Извичник на квадрат. Ете така. Кој сфати - сфатил. Кој не, има уште многу чорба да јаде. Мое мислење оп стоп, толку.

    4.50 сабајле, се е јасно. Лека ноќ. Локал патриотизам, до срж. По не знам кој пат.
     
    На Ariel, Dvolicen, green.eyes и 5 други им се допаѓа ова.
  8. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    сношти си го најдов дневникот што сум го пишувала пред 2 години кога се мачев да заборавам еден бивши :^) ,па сум му пишувала пораки на фб дека го сакам :fubar: ,сега кога размислувам со ладна глава свакам дека поголем идиот од типот нема да се роди,кретен невиден,болно копиле и ако почнам да ви кажувам што се не ми правеше ке ме направите мрдната што сум го трпела,па портрет сум му нацртала за да се секавам на неговата кретенска фаца |( ,му нацртав рогови и гаволска брадичка и чудна фризура и големи обетки и барем се изнасмеав на негова сметка :rofl: ,па на крај сум напишала дека себеси си посакувам повторно да се заљубам ама во некој подобар :$ ,и ете се случи и тоа,по само 4 месеци откако сум го напишала тоа сум се заљубила повторно во прекрасна личност :inlove: ,за и таа врска да заврши со ;( ,и јас повторно се наогам во ситуација кога сакам да заборавам некој и повторно се осекам :puke: ,си мислам пак да почнам да си пишувам дневник за после 2 год да го најдам и да се смеам :D
     
    На alessandraaa и sunfemina им се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.848
    Допаѓања:
    101.546
    Пол:
    Женски
    Денес нема да зборувам за животот,љубовта..и др недоумници...денес ќе ви раскажам едн виц.Вчера ми го раскажа комшивката.А може и поука да се извлече од него-ако сакате. :D

    Млада жена продава јајца на пазар.Сите ги продаваат за 5 денари таа за 10.Времето поминува а таа не успева да продаде ниту едно.Сите и велат:
    -Дај спушти ја ценaта ништо нема да продадеш!
    таа
    -Ќе почекам ,имам време.
    Сите дигнале раце од неа ,кога приквечер доаѓа млад господин и вели:
    -Ми требаат 200 јајца не прашувам колку чинат,ама да ми помогнеш да ги однесам дома.
    Таа одговара
    -Нема проблем ќе помогнам никаде не брзам.
    И така влегуваат во неговиот дом ,господинот вели
    -Многу сум гладен,а сигурно и ти ,да ми правиш друштво,да каснеме нешто!
    таа
    -Нема проблем-секако никаде не брзам.
    Завршиле тие со јадењето,господинот пак:
    -Да направам и по едно кафе?
    таа
    -Нема проблем никаде не брзам
    Го испиле кафето а господинот пак:
    -Да те одведам во спалната соба,знам дека се брзаш ако не е е проблем!
    И се разбира одговор ист по кој знае кој пат!
    -Нема проблем ,не се брзам никаде.
    Завршиле работа,лежат и младата продавачка се смее,и почнува да зборува.
    -Ама овие утре ќе си пукнат од мака.Ем си ги продадов јајцата по цена која ја барав,јадев,пиев кафе и 3 пати се "испеглав"!
    А господинот брзо ја поправа
    -Како три пати,па само еднаш!
    И пак одговорот:
    -Ќе почекам,никаде не брзам!
    :D :D :D
     
    На Monna.Monna, Name, kate21 и 32 други им се допаѓа ова.
  10. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    4.803
    Ве частам феминки! :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     

    Прикачени фајлови:

    На Speechless, Hopeful, cinderella5 и 8 други им се допаѓа ова.
  11. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Имам толку за учење, што можам слободно да почнам да бирам. Ова сакам, ова нејќам.
    Сите викаат: Кога се сака, сè се може. Епа штета, па се нејќе.
    И незнам од каде ми е таа навика, сè кампањски да учам? Не е до мене, до книгите е.
    Навив аларм во 8, ама станав во 9. Па ми се може бе! Имам да напишам минумам 3-4 домашна математика, и да научам околу 7 лекции историја, и да се избањам. И тоа сè да го направам до 12 часот. Тоа ми е по битното, другото не го рачунам јас.
    Ќе научам, на куку во лето. - Не е битно како се пишува, јас така го имам слушнато. :!:

    За во петок имам дупло повеќе. Ама нели, не е битно тоа. Битно јас да се наспијам.
    Битно си спиев 11 саати, за другото, уво ме боли. Дури и криво ми е што не спиев 12 саати. И сега затоа нема сите овци да ми бидат на број, цел ден.
    До кога, со ваков памет, до коооога? :wasntme:
     
    На Sara123 и patika19 им се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    денес им е роденден на најмалите братучеди од страна на мајка ми а бидејки сестрите не зборуваат мегу себе, не зборуваме ни ние-јас му пишувам а тој не ми врака :doh:, а брат му па го нема ни да се вклучи на нет :shake:
    очигледно дека некои луге не свакаат дека крвта вода не бидува :!:
    не се чудам за нив воопшто , брат ми само ме гледа како извор на пари а камоли тие со кои не сме се виделе со години :worried:
     
  13. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Наводно следниве 2-3 дена се последни од сончевата „доба“ за годинава, и потоа следел постуден, и типично-есенски период.
    Искористете го тоа доколку сте во можност девојки и момци, и шетнете!
    Јас знам дека денес ќе ја посетам зоолошката, ме радуваат инвестициите во неа, а и тоа жирафчето ми е интересно, како новитет, да го гледам. :lol:
    Одам, родниниве ме чекаат! :rofl:
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  14. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.738
    Допаѓања:
    17.700
    Повторно покасно се разбудив. Наместо во 9, станав во 10.
    Учам, учам у глава ништо не влегува. Сега идам да јадам па до 12 има се да научам на памет.
    Го можам јас тоа. :)
     
  15. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Ова мора да биде една од најдобрите работи што во последно време сум ја видела на фејсбук:
    -Отвараш фрижидер гледаш кутија сладолед, отвараш кутијата гледаш сарми :)) Македонија мојата чудесна земја.
    Колку пати вака сум се разочарала, само бидејќи ние не сме големи сармо-јадци, секогаш меленото месо на мајка ми го начекувам. Ту бре!

    Си правам некој планови за далечна иднина,една година пауза пред магистратура затоа што инаку ќе забегам. Сакам да научам а не ми се учи. Им се восхитувам на професорите тука. Во толкава страст објаснуваат, предаваат. Присуството не е задолжително ама и четворица кога сме се од себе даваат. А не кај нас, ај одете си денес, нема везе што станавме во 7 за да стигнеме на време и што идеме со автобус на минус Х степени.

    Списоче со поклони и смеење со цимерка. Дури и шишки сум и шишала (затоа што фризер им е 12 евра!) па ја испофалиле на факултет. Ете ми бизнис, фризерајка.

    Го опиша Шилеа еднаш октомври како Доријан Греј и во право си. Штета може што си оди, ни мафта зад аголот и не потсеќа дека завршува уште една година.
     
    На Monna.Monna, anabel-a, Hopeful и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Си се филмаме со малиот мој...Ах таа љубов :D па и плановите за нашата иднина,ех ех...мераци,уште само да се исполнат. :D
    Убаво ми е бе,си се фалам,немнам се што ми е потребно но тој ми е доволен и неговата љубов.Кога ке го видам ке го грабнам и ке бегам зошто само за мене го сакам. :wasntme: Себична сум знам ама тој ме промени.
    И така...се разбудив порано само заради него и сега цел ден осмици ке правам.
     
  17. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.435
    Вашите пријатели не знаат многу работи, но секогаш знаат што би направиле да се на ваше место! :)
     
    На Umbrella22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    дека кога треба да учиш се и сешто ти паѓа на памет само да не фатиш книга барем за мене си кажувам прв колквиум во понеделник а јас си седам и кафе си пиам гледајќи филм
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Нека ни е честит празинкот на мене и на сите други што се од муслиманска вероисповед..
    Денес ке се јаде само баклава .. еден од најголемите наши празници

    Ајде бујрум на баклава феминки :)
     

    Прикачени фајлови:

    На kate21, biggirlsdontcry, tessi и 21 други им се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк... ако сами не си направите да се чуствувате добро,нема никој тоа да го направи за вас,не бадијала викаат волкот е дебел во вратот зашто сам си ги фаќал овците. :) ;)
     
    На biggirlsdontcry, Glossy-girl, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.