[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Се видовме со една другарка,седнавме на плоштад на клупа и го глеавме на телефон видеото на Welcome to the jungle.После инсерти од концерт.Па се газевме од смеење.А лугето карши нас што седеа само не гледаа.Замислете колку ги интересирало што гледаме во телефонот и сме speechless :D
     
  2. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    И ова се вика живот. Незнаеш каде и кога ќе заврши и дали ќе се разбудиш наредното утро. Ете јас денес добив една таква вест за еден живот што престана. ;( ;( Се потсетив на сите мои блиски кои заминаа преку ноќ, без поздрав а оставија болка која ќе трае се додека еден ден повторно не се сретнеме. Затоа треба да го цениме оние кои ги имаме и на оние на кои можеме да им се вратиме и да не пречекаат со раширени раце.
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам да кажам дека повеќе честитки на Фб читам за Бајрам отколку за Велигден или Божиќ!!! А немам ни еден муслиман во пријатели, е ај сега...
     
  4. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    20.986
    Допаѓања:
    110.482
    Пол:
    Женски
    Пола саат е доволен да се спреми добар ручек за двајца со супа и салата од тегличка, да се собере хаосот од претходниот ден у соба и да се здивне малку. Миличок не брзај, имам уште 5 животи на Кенди Краш Сага :D
     
  5. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    СДК многу е грдо да имаш за учење ама од лаптоп, а посебно на лаптопот да имаш и интернет :) :angel:
     
    На Hopeful и Mishela им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.271
    Допаѓања:
    81.839
    Пол:
    Женски
    ^ Disconnect, и problem solved. ]:) :rofl:

    Него, јас да си прокукам малце, да ми олесни.
    Зошто, о зошто, значи зооооо-што, ниту една фризерка не го знае вистинското значење на зборот малку !? :^)
    Кога велам малку, значи стварно мислам МАЛКУ, море женче. :D
    Ај да не покажев отприлика колку мислам - добро. Ами убаво покажав колку малку.
    И пак отиде пола коса, а одвај ја пораснав. ;(
    Ко да сакаше да ми каже - ај да те видам сега, мафтај ја ко грива. ]:)
    Пу, јаз'к - отидоа 3-4 месеци во неповрат. :doh:
     
    На anabel-a, crazylady, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Пошто сум забегана,мислењето го пратив прво во Што би му кажале,и арно го видов,инаку ќе ми стоеше во смешни мислења :D

    Нели традиционалното македонско јадење тавче гравче,по некој обичај се подготвува утре.Ама мене денес ми се разбуди таква желба да направам и си го направив.Јадевме со брат ми и ми призна дека јас сепак сум имала некој талент за готвење.А богами кој би немал кога цревата му се празни.

    Си бев и на баклава.Кај една колешка од факултет,босанка,многу убаво поминав,топли луѓе,друштвени.
    Им се погодила баклавата годинава :D
    Кога ќе помислам колку имам за учење ми доаѓа да викам.Ал шта је ту је.Ќе учиме.

    За вечер повторна средба со пријателки.За утре наутро нова и така секој ден во животот имам новости. Па и уште ако ми се посреќи вечер да фатам на спортска,не правам муабет.

    Елајте на гравче ми се погоди,за нешто по мрсно од утре здравје боже,ако легнат вечер парите.
    :hai:
     
    На Moira, kravce, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Ааа, колку стрес и бес насобран леле мори мајко! :devil:

    Го убивам во поим со Убавина и здравје, депилирање брк, печени јаболка, туш со Фелче Азура од лаванда и темно чоколадо од Кандит.

    Многу нелогичен и нерационален ден. Не ми се ни пишува зошто, важно дека беше логичен ко мачка седната во биде. Така некако.
    За песимисти, немам време никогаш. Едно е да се биде реален, друго е во се’ да наоѓаш мрч, омраза и негативизам. Ги презирам. Јавно.

    Ама знаеш што?

    Кога знаеш дека некој те љуби, силен си и те брига. Епа така. Баш ме брига, да ти кажам.
    За се’.
    Плус, добив покана да одам на ревијата на Мила Кадриу утре, со сестра ми, има да се пицнам, лицнам и да ракоплескам!
    Идам да си се џитнам во кревет и да зевам до немајкаде.
    Бидете добри и не бидете лажни, зошто утре ќе бидете тажни.
    Чаос.
     
    На anabel-a, Hopeful, La.Reina.Del.Sur и 4 други им се допаѓа ова.
  9. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Ме трогна твојов пост многу убаво го почуствував на своја кожа сега имам само тројца во мојот живот мажот ми,кученцето и мачорчето,сосем сум сама,затоа се борам и секогаш велам дека е убаво луѓето меѓусебно да се сакаат,почитуваат и помагаат бидејќи сме гости на овој свет.многу често ми се случувало да видам како моја пријателка ита кон мајка си а јас сама стојам и ѓи гледам... солзи низ лице ми течат,тогаш ке си кажам престани така требало да биде биди среќна бар него што го имаш ке си отидам дома ке легнам во кревет до него ке почнам да му раскажувам и ке се расплачам тој ќе ме прегрне јас сум.... тука ајде солзите да ги избришиме што сака мојата кралица и ке почне да ме засмејува,тагата ке исчезне,но болчката која ја чуствувам за моите кои веќе ги немам останува затоа треба да не се повредуваат луѓето оваму сме сите гости,но ретко кој тоа го сфаќа
     
    На snegulkabela, ilipili, karenin и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.870
    Допаѓања:
    163.504
    Деновиве ми се убави само тон серии и допирот по старото дрво на пианото и удирање на било кој тон на било која скала и вибрацијата која ја чувствувам под другата рака,ставена на неговото ладно *тело*,ете толку. И на секој одѕвонет кревок и скршен момент, онака тивко правам во себе,ах и се впивам кон себе.
    Се туткам во некои глупавштини, во шалот на мајка ми, во спомени. Ова го сакав, на ова си бев спремна, се ќе помине... Едноставната среќа не ме напушти цели три недели,дури и ме папаса,очекувано се чувствувам вака и сум супер со тоа,добро се убедувам на истото,по малку. Сега сум тажно среќна...немам причина за да не се смеам. Здрави сме и живи, моите прават ручек, татко ми и пее на мајка ми, мачорот плаче за храна,откако си го изеде оброкот, кучакот ја врти главата збунето...добри сме,нема зошто да нема среќа,покрај сето недостигање на светот...

    Анегдота,од пред малку. Другар ми на телефон, ми вика,ај ма оди у три лепе,со тоа твоето, овде и сега почни да правиш работи кои те прават среќен,ако во моментот си несреќен. Па еве сега сакам да се истуширам, за да ми биде лесно и да седнам да работам. Ама не можам да се истуширам зошто немам топла вода, а да пуштам бојлер сега не можам,нема евтина!!! :rofl: :rofl: :rofl: Е ај сега...како да не умрам од смеење... Прав си е! :!: Му викам,касни си СДСМ-овски ајвар и немај си мука,а тој на тоа, абе ај бетер се згадив од тоа да најдам влакно од баба ми во домашниот ајвар! :D Ијууууу! :rofl:
    Живот! :D
     
  11. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.275
    Си одиме во станот од факултет со цимерката и гледаме од еден прозорец од соседната зграда излегува прав, па си викам прават генералка нешто, ја запирам цимерката за да не го истресат целиот врз нас и така чекаме...
    Едно време сфаќаме дека не е прав, туку чад кој станува се поцрн и поцрн и се шири надвор од сите прозорци од еден стан. :o
    И нормално, како што се шират лошите вести, за две минути имаше доста луѓе вчодоневидени од глетката, мислиш во некоја шпанска серија се и чекаат да видат што ќе се случи.
    Туку, друго ми беше зборот.

    Ние, изгледа најпрви од сите го забележавме пожарот, а нашето воочување го проследија извици од станот „Се запаливме!“, па го фатив телефонот да вртам на пожарна, ама не бев сигурна дали има некој префикс и ги прашавме жените кои работат во една канцеларија во иста зграда.
    И изглегуваат жениве да прашаат некој друг случајно да не пријавил за да не вртат два пати и гледаме едно семејство, значи цело смејство - маж, жена и деца потпрени на тераса од соседната зграда си уживаат во глетката на запалените завеси и лежерно одговараат „Неее.“ со тон кој нагласува дека тоа не е нивна работа на прашањето дали го пријавиле пожарот. |(

    Навистина се чудам како беа толку ладнокрвни луѓето, само стојеа и гледаа, а внатре имало девојче и баба. Срамота.
    Само едно дете зеде боца и замина во зградата, другите долу дремат.
    Ај жените, никој не очекува херојство од нив, ама мажи да ти дремат, да не помогнат.. :x

    Арно дојдоа тие пожарникарите за две минути, алал да им е.
    Ама целиот стан е црн и внатре и надвор, а имало огромна материјална штета...
    И јас се плашам да не се запалиме некогаш.
    Многу е јака струјата во тој предел. :worried:
     
    На Hopeful, Sara123, LilBaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.728
    Допаѓања:
    38.363
    Пол:
    Женски
    СДК ладново веќе почнав да го осеќам и тоа на големо. Не се седи веќе без оган, го гледам шпоренцево и си викам ај запали се само...оти мислевме дека цело време ќе биде + 40. Ја гледам сега греалицава и море и тоа како ќе ја уклучам јебем ти и струја и све.... гледај душичката стопли си ја и задоволи си ја.
    и тоа ...
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Ако се смеам и трескам глупости цел ден, незначи дека сум неозбилна личност !! :)) :D :D :D
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Е ај не се можам. :rofl:
    Седам си комотно на компјутер и гледам ливчето од спортска се мрди, и викам има некој до мене :rofl: , и баба ја извикав вика, ти имаш мозок можеби :rofl: , нели компјутерот врти од тоа мрде ливчето :rofl: :rofl: :rofl:
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    СДК ... кога тргнало, дај нека си тера ... Не е интересно се да е по таман нели?? Значи во овие две недели и повеќе ако не попуштев нервно ... :x
    Кога ќе се појават проблемите немаат крај ... отворете врата нека влезат и нека прават хаос ... А нашле каде и да прават?! Кај поштениот?? Ќе се челичам вака де :muscle:
     
    На ilipili, Hopeful, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
    Спремање миење чистење праење слатки со мама.
    Утре ни е славата па секој со трчка насегде со својте обврски, утре јас треба да го кренам лепчето в црква, мојот омилен дел од денот :)
    Инаку денес со температури сум, нос затнат и неосеќање на грлото, па бабичка цел ден по мене да не сакаш нешто? да не не ти е арно? чајчето топло е? :wasntme:
    На факултет не бев, и криво ми е шо отсуствував, му фалам на луѓето бе :wasntme:
    Животот да не речам ми се подобрува, коцките полека полека се местат, со него не знам шо ќе биди, ама знам дека се ќе биди и ќе помини во ред.
    Утре цел ден ми е на трчање, вечерта првен гости и после луда журка со другарките и другарите, одвај чекам да ги видам сите.
    Викендот ќе го искористам за учење и журки. :dance: :party:
    Вие имајте убав Петок и убав Викенд.
    Љуби вас Ади :hug: :*
     
    На Divinebutterfly, kravce, Annie.mk1 и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Сакам да кажам дека треба дечко ми да ме части...фати на спортска... :rofl:
    ...А никаде го нема :D Aбе душо, нели ќе се частевме некаде...да апневме нешто :tmi:
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Се што јас некогаш сакав, беше да бидам сакана. И бев, од оној кој не требаше. И сум, од оној кој треба, оној кој сакам да ме сака, оној кој ми е се. :)
     
    На Cacy, ilipili, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.738
    Допаѓања:
    17.700
    Така Памела, ќец историја.
    Браво.
     
  20. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Ке го поправиш де :)
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.