Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Бреее...ме фати Новогодишното и готово.
    Едвај ја чекам оваа атмосфера да завладее...

    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]

    А и кој не би.
    Какво совршенство... :inlove:
     
    На Ashling, sweet-cherry, BeYourself и 13 други им се допаѓа ова.
  2. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Се бара Бетмен. Или Полубетмен. :)
    Кој го знае, нека не ќути.

    Више више, сериозна е работава :)

    [​IMG]
     
    На crazylady и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Првата љубов не се заборава.
    Срцка :*
     
    На kate89, mamita и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  4. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Сакам снег!
    Сакам да изнаврне пола метар снежиште ,да ја земам санката и кучето и да ме влече низ улици! :inlove:
     
    На crazylady, calliope, Hopeful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    СДК пак ме фати ниедно време брееееј :fubar: Ако, пак јас ќе седам и евоцирам спомени по темите во патувања :fubar:
     
  6. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.408
    Пол:
    Женски
    Koнечно после месец дена, рано легнав и рано станав... Добро, да не ме разбудеше љубениов ќе поспиев, ама баш ми е мило што го фатив денот... :)
    Ми пееше „ Да не беше ти, никогаш среќен не би бил, ниедно утро насмеан среќен не би се разбудил“
    Среќа ме нашол мене, насабајле го усреќувам... Блазе нему... :D
    И настинкава не е толку страшна кога тој е покрај мене... ;)

    Го испив утринското кафе, а ме чека уште цел саат додека треба да тргнам накај факултет...
    А да, и тоа е ново, почнав на предавање да одам, после цел месец излежавање дома, кога настинав и добив, тогаш решив да не лежам дома. Ама речено сторено, па и да врне и да вее, ќе направам така. Хир ај ем аген он мај оун... Ги очекувам втори колоквиуми со надеж на добри резултати како на првите... Хел оф а резултати имав... Ѕверка сум бе, ѕверка... Додуша тој е Ѕверка, ја може да сум Кери, па здравје, да дочекам после 10 години за жена да ме побара, три пројдоа, уште 7 и ќе биде... Забегав, ај чао... :hai: Имајте убав ден :)
     
    На zhap4e, calliope, Cynthia и 8 други им се допаѓа ова.
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Добро утро и повелете - http://ilike.mk/zivot/ljubov/subcategory/samotija/.

    Ви посакувам убав весел ден, мојов наликум шарен ќе биде..

    ТедиГреј грееш рано посабајле.. :sun:
     
    На Strumfeta93, Miss-Independent, teddybear и 5 други им се допаѓа ова.
  8. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Среда-ни ваму,ни таму..цела среќа што времево е неповратно и тече во еден правец,од минатото кон иднината. Барем кога е среда.
    Еј да. Ноември,30ти.
    Јас почнав со чоколадо и Oasis.. а,пошо неможам да излезам надвор со црвени образи да пијам кафе покрај вода и впивам сонце,ќе си ќутам. И ќе пијам кафе,секако.
    Меден ден,сите!
    http://www.youtube.com/watch?v=-cJauX_q6wI
    Кхм,кхм,кхм.
     
  9. Devojche

    Devojche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    36
    Мирис на штотуку сварено кафенце,весела и искрена насмевка од едно мило лиценце..денот може да започне...весел ден ви посакувам на сите :)
     
    На ViktorijaMari и maca99 им се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Леле кога ви ги гледам божиќниве фотки со елкиве и божиќниве колачиња, ми се стемнува кога ќе ми текне дека за 3 недели има да печам колачиња ко луда :wasntme:

    Не знам зошто престанав да го сакам празников?! Секогаш сме ги славеле дома и двата, и католичкиот и православниот. Татко ми ја правеше највкусната и најубавата еж - торта за католички Божиќ, еднаш дури и рипче си чувавме во када и татко ми реши да го убива. Го уби. Мајка ми го испржи. Никој не го јадеше. Божиќната трпеза стана тивка и празникот се претвори во погреб и жалење за убиената рипка :D
    Потоа следеше Нова година и силеното чопоративно славење и пукање петарди. Бљак колку не го сакам денов.
    Па потоа нов живот за мене. Јануари. Православен Божиќ. Татко ми ме носеше правилно во црква да го гледам палењето на бадниковото дрво. Па кршењето на лепчето, мирни и сплотени сите заедно.

    И ужасно многу ме нервираше класната која никако не научи дека ние за католички Божиќ баклава НЕ правиме |(
    А баклава ни донесе бре?
    НЕ! Немаме! Мртва риба ако сакаш ќе ти донесам!

    Дали дека не ја сакам зимата, дали дека ме нервира комерцијализирањето на секој еден празник - јас едноставно периодов не го сакам. Не и точка. Кич да пукнеш! Светулки и елки, здодевни божиќни песни. Сите ќе се потепаат да купат подарок а зошто? Празников е за да делиш љубов а не да трошиш пари на поклони кои и онака никој нема да ги искористи. Празников е првенствено за да бидеш во кругот на своето семејство и да ја осетиш топлината на домот. А домот е онаму каде што си со своите и каде што се чуствуваш убаво. Онаму каде што прегратките се искрени, солзите нефалширани и кадешто ти е доволна светлината од свеќата и еден пар очи за да се почуствуваш волшебно и магично.

    Божиќ е празник за душа и срце а не за панаѓури, турканици, калливи улици, стопен снег, изгорен зејтин од америчките крофни, црвена долна облека, дедо Мразовци еден куп, ѕвончиња и други кичести џиџимиџасти детаљи.

    И не! Не признавам да се биде хуман и да се помага само за Божиќ.

    Да се разбереме, убавината можам да ја најдам во секое едно нешто. Па и во празников. Но она што се случува околу мене е едноставно премногу силно и моќно за да не го забележам, а искрено - ме иритира. Кога сите луѓе на светов би можеле да ја најдат убавината на живеењето во едноставноста и во подобрувањето на меѓучовечките односи се би било поубаво. Дури и Божиќ како празник.

    Притоа јас се борам против лошите влијанија околу празнициве на мој начин. Ставам црвено капче, земам кошничето и делам слатки и бонбончиња кај стигнам на 6ти декември ;)

    30 ноември. Кога дојде бре?! Полека но сигурно си оди и оваа година. Шмрк.
     
    На Divinebutterfly, la-chicka, L-enna и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    Ми купил влечки со срценца, за по дома :inlove:
    Веќе имам четка за заби кај него.
    Што и да е убаво е :)
    Интересно ми е да следам одредени промени, што во мојот што во неговиот свет. Нови видици што ете, непланирано стануваат заедничка смисла.
    Убави!

    Даде ми ја има во Теа, се изнервира, и го погрешиле името. Наместо нејзиното, го ставиле моето. Абе хајка, што да ти речам :lol: Просто човек да не може да се изначуди!
    Си направив крем супа и си блеам во таван. Ќе преуредам некои од полициве низ соба, оти нема каде да си ги сместам новите книги што ги собрав од кај тетка ми. Ефектот на бришење прав од истите, незаменлив. Ко да си имам некоја врска со нив. Секое парче четиво, нови редици - свет што сум го открила повеќекратно. И различно. Можда и е без врска, но што ако.
    Тоа е мојата положба.

    Околку мојата виртуелна небезбедност, решив да се обратам до повисоки инстанци, да не речам полиција, зошто имам начин како да си го средам ова.
    Мал податок плус за вас : Менувајте си лозинки секаде, зошто шпиони и лудаци демнат и ќе направат се’ за да ве изнервираат.
    Haters gonna hate... :x
    Имам љубов и реалност. Таму никој ништо не ми може, нити пак ќе успее да направи било што.

    Бидете реални, дишете воздух, а не туѓи мозочни распади.
    Кармата, е како сармата. Ако не ја завиткаш доволно добро, ќе се распадне! :rofl:
    Бумеранг е животот.
    Секое добро, жени!
     
    На la-chicka, BeYourself, MissSpark и 10 други им се допаѓа ова.
  12. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Еве ме и мене,се навлеков на темава,ја сакам.
    СДК прекрасно е да си мајка.Доволно е само миг да погледнам во неговите очиња и се топам.И како што расти син ми,така расти и мојата љубов безгранична.
    Сакам да го галам,да го скокоткам и да ми се смее како звонче. :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На Divinebutterfly, ljubam, Hopeful и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Има ли нешто поубаво од тоа да те разбуди неговиот глас??? :inlove:
     
    На senjorita-v, Dgirlll и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  14. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    На crazylady, maca99 и Lepaaa им се допаѓа ова.
  15. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Стварно нема да дозволам да се појави таа индивидуа или таа некаква енергија да ми го наруши мирот и Денот ... А најмалку љубовта што си ја чувам :*

    So you can go to hell ... How does that sound ?
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Awww <3 :rofl: Зар e можно една личност да ми го направи денот розев само со неколку реченици? 8) 8) 8) Коцките ми се склопија КОНЕЧНО....Пресрекна сум,ПРЕСРЕКНА...Се надевам дека нема да трае кратко.

    Поздрав феминки и феминци ве сакам сите :*
     
    На Divinebutterfly, Lady-Cha, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Леле колку убаво ми дојде кога ја видов денешната слика на Гугл :) .
    Марк Твен. Том Соер и Хаклбери Фин.
    Зарем не беше убаво детството дружејќи се со нив? Ги сакав нивните палавштини.

    Се чувствувам некако многу разнежнето, некако не ми се верува колку бргу минува времето, мислиме дека стоиме во место, а всушност се` околу нас како да трча :^) .
    Некој се радува дека наскоро ќе лапа, а јас се радувам што ќе се дружам и гушнам две луди жени кои ме умираат од смеа- наскоро. :emo:

    На ви една песна за убаво попладне. И како после да не го сакаш италијанскиот јазик?
    Ми се иде и на професорката да и ја пуштам, и неа да ја разнежнам :tmi: :lol:
    http://www.youtube.com/watch?v=O-HsW142 ... st_related


    Убаво ми е бре! Дали е до сонцето надвор, дали е до настаните кои ме очекуваат, ама се чувствувам ко пеперутка :angel: .
     
    На BoaVista, Strumfeta93, la-chicka и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    СДК рај. Кафе со цимет во омилената чаша од детството, разговор со него и

    http://www.youtube.com/watch?v=_WcWHZc8 ... ure=relmfu

    Сите сетила максимално задоволени.

    Подоцна ќе си ја земам и книгата во рака.
     
    На Nevermore, Strumfeta93, L-enna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Gluvcee

    Gluvcee Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    27
    И денесен нов ден во нова надеж. Часот е 1 а јас уште не сум ставала залак во уста. Гласна сум бре ама еве нема ручок, ако ќе си почекам јас.
     
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.125
    Пол:
    Женски
    Во светот на слепците, еден бил очајниот сликар. Но, тој, не отсекогаш бил таков- очаен. Не таков е роден, а таков е станат поради другите. Со години очајниот сликар се трудел да им го наслика најубавото виножито на слепците. Со години тој чекал тие да го видат и да се насмеат. И макар што никој не ги видел неговите виножита, тој по секое незадоволно мрмкање на слепците, земал ново платно, нови четки и нови бои за да наслика... ново виножито.
    Секој пат очајниот сликар велел: „Е ова е тоа! Ќе видите, oва ќе е најдоброто!“
    И можеби не ќе беше очаен, ако конечно му се потрошеа боите и му се изабеа сите четкички. Можеби тоа што му беше потребно е да сфати дека платното е прескапо за ваквиот свет и со тоа ќе си останеше сликар кој ќе им се радува на своите виножита... макар бил сам.
    Можеби тоа ќе беше подобро пред да му побегне музата со некој друг уметник, та тој своеволно да се откаже од сите виножита на светот.
    И ете, очајниот сликар сега е само очаен слепец, кој некогаш бил сликар.
    Сега и тој заедно со слепците ужива во црната боја.

    И, кога своите чувства ќе ги ставите на Mute, а ќе пуштите тон за да ги чуете туѓите црнила.. богами, другите бои не ќе се гледаат во црното макар, некој стоел на глава да ви ги покаже.
    Не виножито треба за некои од слепците, а „pill or two“.

    http://www.youtube.com/watch?v=VxjaLFXFXGA
     
    На Marilyn-Monroe, Divinebutterfly, XMaN и 20 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.