[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.710
    Допаѓања:
    24.179
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум пишала во темава. А редовно ве читам ;)
    Синоќа бев да ги видам двете сонциња на братучетка ми, прекрасни се. Сега се на возраст кога се ги интересира и се сакаат да знаат. Ама сите деца се такви, љубопитни :)
    Јас добра сум инаку, чисто за информација. Се токмам да учам конечно за колоквиумската која ми следува од понеделник. Си купив нови тетратки, маркери, само да ми дојде инспирација за учење. Ама некако тешко :D Книга не ми се фаќа. Се одвикнав од учење, едвај чекам да завршам. Ама ајде, некако ќе ја протерам оваа последнава година.
    Пред некое време, додека дедо ми беше во болница поради операцијата, бев да го видам, и ме прашува за факултетот, уште колку ми останало. И се фалеше пред другите дедовци во собата, дека неговата внука ќе дипломира следната година, дека на време ќе завршам. Му ја видов гордоста во очите. Првата внука која ќе дипломира, здравје.
    И јас сакам да го дочекам тоа еден ден од мои внуки :)
     
    На bittersweet му/ѝ се допаѓа ова.
  2. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    759
    Абе седнав да учам ама денес не баш ми се учи ..
    читам читам и на крај сваќаш дека џабе читаш кога ништо не сум запомнила.
    И така еве донесов заклучок дека ДЕНЕС НЕ МИ Е ДЕНОТ ЗА УЧЕЊЕ :tmi:
    И така се откажав од учењето за денес ..
    Ќе си уживам во омилената песна :sun:
    http://www.youtube.com/watch?v=rltMR7KzeQU
     
  3. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Дали знаете што ќе се случи ако не ми ставите лајк на ова мислење???
    - Ќе неам лајк на мислењето што може да се случи :?:
     
  4. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Значи ептен ме нервира некој што добро ме познава, што знае дека мразам сите состаноци да бидат оставени на мене, значи јас да смислам каде да одиме, јас да кажам кога ќе одиме, до кога ќе бидеме таму, и упорно кога ќе ги прашам што правиме за денес ќе ми одговори ПА ШТО ЗНАМ, СЕЕДНО МИ Е, КАЈ САКАШ ТИ ТАМУ! :@ Значи аман веќе, знаеш дека мразам така, сакам режирани состаноци, однапред смислени, да ми кажеш еј вечер сакам ваму да одам со тебе, за вечер овде планирав да одиме, вечер ова сакам да правиме, а не да се шуткаме навака натака низ центар па кај не дувне ветерот таму да седнеме. Несакам спонтаност И КРАЈ!!!! :@ Ај еднаш два пати остави и на мене ама секој пат? Секој ден тебе да ти е сеедно каде ќе седнеш со мене па се јас да му ја мислам? Па уште ќе се понудиш САКАШ ТУКА ИЛИ ТАМУ? И одговор -ЕЈ ПА НЕЗНАМ.. СЕЕДНО МИ Е МЕНЕ ТИ БИРАЈ! :@ И тоа секој ден така, па аман бе човече ако толку ти е сеедно што уопште бараш со мене да искачаш!? Флексибилен бил човекот |( ма носи ми се :@
    Е значи ептен се напнав |(
     
    На Hopeful и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  5. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Ако ова се продолжи вака незнам што ке биде.
    Он да разговара така со мене? Толку ладно и да не му е гајле за мене? Се се промени преку ноќ или се лажам? Што му згрешив,што му направив? Мислев дека ми е пријател,дека ме сака,дека никогаш нема да ми се налутги,дека секогаш ке биде тука за мене и јас за него.Ама не е така.Полека,ама сигурно го губам.Несакам да го изгубам.Ниту му е повеќе гајле за мене,ниту се замара со мене.Што ли му направив,барем тоа нека каже.Он знае дека јас последното нешто во животов што би го направила е него да го повредам/навредам. А се беше убаво така скоро цела година.Но повеќе не е исто. Го прашувам одокулу некои работи и вика дека ако мене нешто ми се случило дека ако се разболам,ако умрам било сеедно,така требало да биде.А до вчреа беше подготвен животот за мене да го даде.Му кажав дека сум болна и он само така ладно вика дека е добро,не е тоа нешто лошо.Му реков пак да се видиме,а он само неможам,а зошто? Затоа што требал да се види со др пријателка.. И го заслужив ова?
    Наскоро ми е роденден и го прашувам каде сака да идеме и вика дека не било важно тоа,дека неможел да дојде дека ке идел во кафана со другари :o и јас му викам дека др ден ке идеме и пак неможел.
    Ако,нека заврши се што беше,ама како преку ноќ може да заборави се што поминавме? Сега како да е др личност.Мене овие денови ич не ми е добро,постојано ми се слошува,се онесвестувам,главата ме боли,ама за мене тоа не е важно,и да бидам болна,ама зошто он така се однесува спрема мене? ;( ;( ;( ;(
     
  6. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    сите го имаме тој проблем понекогаш-задржување на мокрачата
    лекот бил толку прост и едноставен попрост не можел да биде-јадење солена храна пред спиење а ако случајно ви се припие вода-чорба Македонче :lol:
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    немој да тагувашзаради некој кој не го заслужува тоа-ако навистина си му значела и те сакал , ТИ ке си му на прво место :* :hug: за да оздравиш побрзо
     
  8. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Среќен роденден мамо!Ти благодарам што си секогаш тука за мене,ти благодарам што секогаш знаеш како да ме насмееш,ти благодарам што ме сакаш таква каква што сум...ти благодарам и ќе ти се заблагодарувам цел живот за тоа што имам таква мајка како тебе...Секогаш спремна да ми помогнеш,секогаш смирена и насмеана,и покрај што понекогаш не ти е до смеење.
    Извини ако некогаш несакајки сум те повредила,сигурно не било намерно.Те сакам многу!Продолжи да бидеш тоа што си-Супер мајка и жена :hug: :party:

    [​IMG]
     
    На bittersweet, kravce, cinderella5 и 10 други им се допаѓа ова.
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    Денеска денов ми беше чиста 10ка :D значи ко ке појдам Скопје добивам позитивна енергија и многу елан за живот. :D
     
  10. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Се смрзнам ладно ми е.... но никако да ми текне да ода да си ја облечам унавата волнена блуза од баба, јас си карам по свое како да сме август! :fubar: :D
     
  11. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Ооооо сонциња тие. |(
     
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ех, што убав ден денес. Прва смена на работа, си завршив во 4, дојдов дома, ручав, па сега си пијам кафенце и ја листам Феминава. Една црна точка на денот беше ненормалната гужва во сообраќајот, мислам дека сите знаете како е во 4 да се најдеш во сообраќај одејќи/враќајќи се од негде :^) Среќа имам мала кола (многу битен момент кога се пикаш низ гужви) која малку троши, инаку за такси би дала 6904389 денари, а со автобус би стигнала дома задутре :lol:

    Туку, да се вратам на темата за тоа колку ми е убав денот. Ми фалеше ваков ден кога единствена преокупација ми е што да носам вечер, кои чизмички да ги облечам и како да се нашминкам :D Сериозно, додека не работев, дури веќе и мака ми беше да се спремам за некаде од што имав слободно време на претек, ама откако почнав турбо со работа, ми фалеше вакво релаксирано, безгрижно попладне, кое ќе си го посветам на комбинирање облека, пробување комбинации и семеен ручек на маса после цел месец. Денес и моиве избегале порано од работа, па се најдовме дома сите во исто време :)

    А втората црна точка на денов е фактот што уште нема парно! :^) Аман, што чекаат идиотиве, мразулци да почнат да ми се формираат на веѓиве? Алооо, веќе не е топло, и плус грејна сезона почна на 15-ти :^) Значи не можам да се стоплам дома, затоа дури и уживам кога сум на работа, барем ми е топличко и убаво и не сум изнаоблечена со 3 џемпери.

    Е така, ако има некој од Топлификација на форумов, под итно да ургира, зошто ова веќе стварно нема смисла |(

    Ве поздравувам и отидов јас да се банкам, барем ќе се стоплам ако ништо друго. Вечер ме чека кафанче, вечера со убаво друштво и да ви кажам, најубава ќе бидам :rofl: Каква комбинација си смислив, си се восхитувам сама на себе :rofl: Гордо ќе ги презентирам моите непланирано, но сепак посакувано симнати килограми во комбинација со добро расположение. Имајте убава вечер :hai:
     
    На kravce, cinderella5, Monna.Monna и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.870
    Допаѓања:
    163.506
    Петок, Лилитс стајл. Си купуваш два литри пиво, чипс, кит кат бело (4, шеќерна болест да те фати) и читаш готска поезија и гледаш филмови!
    Нат шур иф есенска депресија ор мрза. (меме стајл)
    Но пре да се кадлам по кревети и да си гугам слатко. Ама пошто се прогласив за стронг уомн, ок е и вака. А ме тераат вечерва социјализирано да пиеме алкохол на места кои веројатно ќе премрзнам и веројатно ќе изигравам д биг мама. Не,не, да речеме дека настината сум ор самтинг,после завчера ми треба рехабилитација, малку да си вратам од сивата маса на мозокот.
    И типот шо ми рече дека жена и пиво не е секси комбинација, проклета да сум што не го расшамарав на секси начин! Простак! Ти ќе ми кажеш што е секси! Ало бре, интегритет?! Ме заболе за жените што пијат пијачки во чашки кои изгледаат елегантно.
    И уште еднаш ми рекоа, ти си лав у хороскоп. Не сум, а и што е толку битно?! За тебе сум ламја. Бриши сега!
     
    На bittersweet, kravce, Umbrella22 и 9 други им се допаѓа ова.
  14. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Моиве го гледаат Груевски , а јас како празна воденица само демантирам :D .....деца семејство намален наталитет ,старосна граница за брак ја ближи триесетката ....блаблабла епа деца без пари не се гледат Грујче еве ме мене чист пример :lol:
     
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК луѓето велат се отворени кога разговараат со некого, а кога ќе дојде време, истите никаде ги нема.И тоа да ти било храброст? :^) |(
    Во животот има доста интересни работи, за човек да се занимава и опседнува со некој, кој воопшто не му посветува внимание, тоа е само губење време, ништо друго.
     
    На ozbilnazena, julie77, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    СДК дека сакам авантурааа !! Ми се журка, ми се пие, ми се лудува, ми се оди на кампување, и ми се патува некаде со автостоп или да извадам месечна за воз и да се будам секое утро во друг град. А друштвото ми е така заспано, заозбилено, напнато, сите се во некој филм на сериозни луѓе со обврски и така ме нервираат што под итно морам да најдам начин да ги опуштам. А најмногу ме нервира кога ќе ми речат дека така се чувствувам затоа што доволно не сум се "изживеала" во средношколските години. Е како бе луѓе, зарем на 16 години да се пијанчам и глупирам, кога сум под контрола на родителите, со ограничен џепарлак, време до кога треба да се вратам од град, да барам дозвола за се и сешто, и плус тоа кога имам обврска секој ден да одам на училиште и еден куп за учење ? Па не ми е доцна и сега, на 22 години како дипломиран, и финансиски независен студент, без обврски и попаметна работа да се журкам и пијанчам :emo: Како да не, не личело, пфф...
     
    На kravce, cinderella5, SparkyAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Знаеш какво е чувството да научиш се 3 дена пред колоквиум?!
    Ни јас.


    тоа учење "5 до 12" мора да почнам да не го практикувам |(
     
    На cinderella5 и Sara123 им се допаѓа ова.
  18. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Ич ама ич несакам да помине овој викенд.
    Несакам да дојде понеделник мислам нема да имам толку сили да издржам :doh: :doh:
     
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Пак ќе упатам еден текст,но овој пат на име на брат ми,во чест на неговиот ден.

    Мил мој,сакам да знаеш дека многу те сакам,можеби понекогаш те замарам и сум досадна,можеби понекогаш не знам да те послушам и на крај излегува дека секогаш си бил во право,но искрено како помалиот брат така и тебе ве сакам најмногу и не би можела да си го замислам животот без вас.
    Заедно поминавме многу во животот и издржавме.Можеби многу желби не ни се исполнети но ќе се исполнат.Важна е нашата близина,важно е дека можам да ти се исповедам за се.Знам дека и од сон да те разбудам ќе ме ислушаш и одма ќе ми помогнеш.
    Вечерва пиеме со тебе и за тебе.
    Да си ми жив и здрав.
    Te сака сестра ти најмногу.
     
    На bittersweet, kravce, cinderella5 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Си се радувам за утре, и си мислам колку рано треба да станам. Кафе престана да ми делува, ќе барам зелен чај.

    Насмевка низ капки дожд, прокисната марама. Кај најде денес и утре баш да врне. Кога јас шетам со балетанки и немам дебел капут. Безсрамно зјапање во моиве гради од метар раздалеченост ете тоа доживеав денес. Па другар ми барем ми кажува кога го прави тоа, овие ми зборат и зјапаат. Што нема да доживееш.

    Вовче ваму, вовче таму. По некој промумлан збор и допола сфатена реченица. Деновиве ме следи она чувство the best is yet to come. Ми прифале брат ми денес, си мислам кај ќе го шетам. Висок он на дада. Си пеам на глас и заборавам на сијалицава што трепка. И тоа дека парното е ладно.

    Ете тоа.

    пс. Добро бе, аман луѓе со тоа сликите, статусите за петок! Па човек да не може да заборави кој ден е. Не разбирам каква разлика ви прави кој ден сме. :|
     
    На Smilly и Cacy им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.