[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    happy and in love with The city but it was super cold!!!

    Koмплетно се вљубив во Budapest!Секое негово кошенце,секој тесен сокак плени со екстравагантност!
    Почнуваш од Пешта,па завршуваш во Будим,гризејќи ги усните од совршенство.Создаваш болка од совршенството.
    Сакам да живеам таму!Сакам сакам и сакам!
    Aрхтектурата,уметност!А особено за едно дете кое ја гледа архитектурата како своја идна струка.
    Се вљубив.Тоа ми е доволно.

    Ми фали поспаноста на појадокот во Прага.Беше слатко!
    Ми фали црвено осветленото лоби на хотелот во Прага.

    Виена...потребни се денови за да го почвуствуваш 'оној' шмек на градов.
    [​IMG]
    Road tо Budafest..јас морам да се вратам таму.Со малк куфер и сама.

    Ви испраќам поздрав со омилента блогерка моја,која воопшто не останала рамнодушна на Будимпешта!
    Гледам ги постирала моите омилените места од градот.
    ццц да го посетеше неколу дена порано ќе се лигавев сега со фотографии од мене на славен блог. :wasntme:
    Ајт бегај таму...........

    Црвени меки ракавички на моите ладни раце.
    :makeup:
     
    На Cacy, kravce, Artemission и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Glossy-girl

    Glossy-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    3.196
    Допаѓања:
    8.926
    Пол:
    Женски
    По втор пат на темава... :hai:
    Сакам да кажам дека едвај чекам да падне првиот снег!

    Од неколку причини:
    Да си носам џизмички, капутчиња, баретки, шалчиња, топли џемперчиња итн.
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG]
    Го обожавам крцкањето на снегот под моите нозе, се е покриено со бела боја, ушињата и обравчињата ти се црвени, а косата ти е украсена со бели акцесоари - снегот.
    [​IMG]

    Снег... се е обвиено со бела боја, како еден знак на промени, нов почеток, нова надеж...

    Особено ми се допаѓа кога ќе се вратам од школо така измрзната ќе се облечам и ќе застанам пред огнот за да се стоплам.
    Ќе си се напијам топол чај/млеко ќе си се покријам со ќебе, ќе гледам филм или ќе ве читкам.
    Ахх... ми се смачи од сонцето.
    Сакам снег, снег сакам!!!
     
    На kravce, cinderella5, ludoto19 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Повторно сум меѓу истите ѕидови. Почнуваат веќе да ме гушат.
    Се повлекувам во себе, раздразлива сум и кенкава. При секое ненамерно спомнување на него ги голтам солзите позади насмевката. Го премотувам целото минато од почеток, пак, цело време.
    Кој згреши? Дали јас што ја разголив душата, со сета љубов и искреност, или тој што не знаеше да ја цени истата? Никогаш нема да сфатам како може човек толку лесно да си отиде од некој кој му значи, како толку лесно крева раце и ја врти страницата. Токму тогаш кога конечно се опуштив и си реков сега ќе бидам среќна, животов мој ме изненадува повторно. Викав дека сум силна. Се лажам самата дека ќе се смени нешто, а ги лажам и другите дека вака е подобро.
    Знаете, Французите не велат "ми недостигаш" туку - "tu me manques", кое е поблиску на "недостасуваш од мене". Тој има голем дел од мене што му припаѓа, дел од иднината во која сакав да ги пробам најубавите работи со него.
    ...Сега во тој дел има голема празнина, а сепак тежи.
     
    На Moira, julie77 и kravce им се допаѓа ова.
  4. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    СЕ боли ама баш се ....но заб како што боли ништо друго ! ;))) и сега лек да се напијам апче и да си легнам.
     
  5. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.116
    Допаѓања:
    43.541
    Пол:
    Женски
    петок е ...ама сеедно ми е
    си седиме со мм на софава си грицаме чипс , пивце ..

    не го чекам толку еуфорично како порано спремање цел ден , после кај некоја другарка малку запивање иии се знае искачаме Ах времиња :worried:
    сега го чекам викендов само за да се собереме сите по дома :D
    секое време си има своја убавина
    Сега си слушам македонска музика со слушалки , и потпевнувам Мм се чуди си мисли со пее оваа и така нишо не разбира :$
    И се подсекам на детството , на тинејџерските денови ..
    Убавини :$

    Имајте убав Петок и уште поубав викенд
    [​IMG]
     
    На Moira, bittersweet, kravce и 4 други им се допаѓа ова.
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    :) :) Hешто си ги средував облеките, шкафот што имам што немам, и имам една табуретка, викам ај да видам што има внатре.
    Oтварам- што да видам
    Mојата омилена кукла, највеќе што си ја сакав, мајка ми ми ја чувала... си пуштив солза радосница :D
    Cега треба да ја чувам од грабливецот мој, кутрето, цело време хипнотизирано ја гледа на сталажата, можам да замислам колку сака да си игра со нејзе, ама нема ]:) Mоја си е!
     
    На Moira, Buttterfly, AnaKarenina и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    .........дечко и е фаца има џеб да биде така келава глава со лузни кило злата око врата ни кадар не го мери нешколуван криминалец има се што и треба само нема памет..........

    [​IMG]


    http://www.youtube.com/watch?v=xHhs7mjtBXE


    сакаш да си фаца ? ]:)
     
  8. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Некоја депресија ме зафатила деновиве,пропратена со пмс...со солзи во очите за секоја ситница...
    А кавгите се само нешто плус.
    Се наоѓам во незавидна ситуација,премногу се двоумам,не сум решителна...
    Постојано го изговарам тоа ШТО АКО...
    Сакам да ја прекинам еднаш засекогаш оваа наша фарса.
    Да имавме многу силна љубов,животот ќе го дадев за тебе...кога ќе ми текне на моментите од минатото се прашувам каде ли згрешивме...таква љубов ретко се раѓа,но ете се изгуби некако,или ја потиснавме...
    Не можам да ја градам иднината со тебе,не се гледам со тебе понатака.Не сме еден за друг,два различни светови сме...
    Прости ми,знам дека сеуште ме сакаш и дека никогаш нема друга да засакаш како мене.Знам и јас дека како тебе нема да најдам друг,што толку многу ќе ме сака,што ќе му бидам најдоброто нешто во животот,што ќе ми угодува во се...
    Што и да се случи никогаш нема да ја заборавам мојата единствена чиста љубов,но иднината не не води кон исти патишта.Не сакам да страдам...подобро да страдам без тебе одколку со тебе...
    Прости ми...не можам да продолжам понатаму...
    Можеби во некое друго време судбината пак ќе не спои...
    Незнам само како ќе го направам тоа што морам сега...
     

    Прикачени фајлови:

    На Cacy, AnaKarenina, julie77 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сите кои моментално пеат на МРТ1 се ретардирани. Ушите ми крварат.


    фалачаопријатно. :bow:
     
    На sweet-cherry, Sanjichka007, marama и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485

    [​IMG]
     
    На creshicka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Петочно, дома сум.
    Ама не ни чувствував потреба да за да излезам.
    Така ми студи, ми се спие...абе ми се ужива во моето креветче. Имам ново ќебенце :D Изгледа затоа ми е толку мерак :lol:

    Ги полнам батериите...после напорната недела |-)
     
    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Се качувам денеска во автобус од Водно и слушам две баби си прават муабет како горе негде кај крстот требало да направат базен и да стават некој поситен песок како плажа да го направеле местенцето.
    Кога чув бев ваква :o .
    И едната вика: ладно е сега, a другата вика: не за сега, туку за на лето кога е 50+.

    Леле се запрепастив од муабетов. :D
     
    На tweety26 и Gordana10 им се допаѓа ова.
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Хормоништа мои мили, имуни и на Б6 и на све...

    Па дајте паузирајте малце со журката!

    Мислам знам дека викендот е за журки, ама....

    дојдов до фаза на крајна збунетост... ;(

    која најмалку ми треба сега.

    Ај на спиење...иш, иш :punch:

    Значи среќа шо сум дома и шо сум трезна...среќа...
     
  14. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Дефинитивно нема подобра терапија од смеењето. ^_^
     
    На Cacy, bittersweet, sweet-cherry и 11 други им се допаѓа ова.
  15. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    363
    Зависта е СТРАШНА работа!!!
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    Петок... требаше да испаднам... ама |( шо ми текна денес да отидам кај баба на ручек :^) имаше грахче грахче :lol: се натискав и си дојдов дома, и прееска одам на вежбање, леле луѓе, кога ме стегна стомаков :worried: неможев ништо да правам [​IMG] вежбам пилатес и треба да се качам на топкава односно со стомаков да ја држам топкава :| пробувам, се качувам, почнува стомаков да се бунтува, ми иде да се
    испрдам :wasntme:
    па кога ми дое нагон за повраќање... леле ама се изнервирав, одвај чекав да завршиме, мислев дека секој момент ќе повратам :puke: [​IMG] и кога завршивме трчанка накај дома, арно шо блиску живеам, влегувам со шпага и право во wc [​IMG] па и кога видов ми дошло, ах, уште тоа ми фалеше. Уф, ама напорен тренинг. И така еве си лежам, стомаков го чекам да се врати во нормала оти ако испаднам не дај боже да ме фати серка шо ќе правам :tmi: веќе грав никогаш повеќе :x
     
  17. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.849
    Допаѓања:
    101.562
    Пол:
    Женски
    Секој човек ужива за своја душа,и има право на тоа.Како таков на мене тебе или на било кој,можеби тоа нема да одговара,ама има на некој на кој ќе одговара.Секоја крпа најде закрпа,а зошто да се полемисува,моралисува за закрпи кои лично не не интересираат.Секогаш ми било смешно да го слушнам тоа осудување од другите во стил-леле,ју,ју,ц,ц,ц,страшно.Абе ајде.Нека се јави барем некој кој некогаш не направил за свое задоволство,она што повеќето го сметаат за неморално.Светот на се ќе најде мана,а не треба да се живее по мерките на светот туку по свои сопствени...
     
    На Moira, julie77, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Значи толку проклет народ како нашиот никаде нема, никаде! Завидни, зајадливи суштества што би избрале туѓа несреќа дури и пред својата среќа. Ете такви се овие прости закоравени наши жители. Ако треба и на душа ќе носат некого, ќе живеат со нечиста совест само за никој друг да не биде среќен, па ако треба ни самите тие.
    Толку сум разочарана и револтирана од вакви гнаси.
    Имам една пријателка, има навидум совршен живот, и велам навидум бидејќи не сум толку блиска за да бидам сигурна во исказов. Си има прекрасно семејство, живее во убава уредена куќа, си има и пари и си шета постојано, гледано со просечното македонско око живее ко кралица. И кога ја гледам, како цел живот се бореше и на крај и се исплати, и се восхитувам, ептен ми е мила, дури и понекогаш ми е идол. Ако има некој што си го заслужил совршенството, тој некој е таа, сигурно. Ама, како и секогаш, не можеш да бидеш среќен тука кај нас, не смее, мора сите да тонат во мизеријата. Пред некое време и се окучи кучката на пријателкава, која патем ја чува дома, со 7 мали кученца. Поминуваше време, си нараснуваа постепено и сите беа резервирани за нивниот иден нов дом. И сега дознавам дека проклетите комшии и отруле две. Мали, слатки души, некој ги отрул. Како е можно не можам да сфатам. Како може некој да остане рамнодушен на таква глетка, двор полн со дечиња и со кутриња, како некој без трошка совест отрул мали бебиња, и како без и малку памет го фрлил отровот во двор каде знае дека играат мали деца кои лесно би можеле да бидат жртви. Кому му сметале мали кутриња 2 часа во денот што ги гледал надвор.
    Е ситни души ниедни, не можете да бидете среќни ако цело време ковате планови и правите завери како на некој да му го уништите задоволството во животот. Не можеш да бидеш среќен ако немаш мир, а мир не можеш да имаш со нечиста совест.
    Скапан менталитет, скапан народ, само да побегнам.
     
    На Moira, sweet-cherry, julie77 и 9 други им се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.194
    Допаѓања:
    124.740
    ...убава ноќ.
    Пижами,нова постелнина,нова перница(конечно ја пронајдов идеалната ^_^ ),печката до мене,меко јорганче,чаша црвено вино и сиренце.....е баш уживам :mm:
    И не,не жалам што не излегов по кафеани,дискотеки и слично.Напротив мило ми е.Ама кога и да е ќе треба пак да се социјализирам веќе,станав пензионерка,си легнувам во 23часот,некогаш 22 :wasntme: ,откога се немам прибрано насабајлечки,откога немам јадено топол бурек после излегување,откога ме нема болено глава насабајле итн...Дефинитивно фалат ваквите денови,ама па кога ќе си размислам и вака не ми е лошо :wasntme:
     
    На Moira, ljubam, AnaKarenina и 18 други им се допаѓа ова.
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Мајка ми викаше, ако можат и за болест ќе ти завидуваат :D. Ќе се навикнеш и еден ден ќе престане да ти смета, такви се, ситни души :).
     
    На honorthyself, Doozy и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.