[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029

    Друштво примате? :wasntme:
     
  2. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.608
    Пол:
    Женски
    Цело време гледам една мува како стои на надворешната врата на терасата. Да не е толку здодевна можеби и би ја пуштила да влезе :lol: Јас во пижами, дебели, портокалови, фротирски, фатирани, нозете боси, кафето испиено, а пеглата стои и чека...само да знае колку мразам да ја држам во раце.
    Спиев како дрогирана, конечно сонот ме совлада мене, наместо јас него,телефонот го нема да зуцне, последен повик од мајка ми утрово, ме испокара како да имам 13 години, а не 30, уште да ме префрлеше преку нозете и да ми го испердашеше задникот, кој морам да признам се намали доста во последно време, па убаво личи во фармерка :D
    Вчера извадив еден куп гардероба од минатата зима и се ми е за неколку броја поголемо и навистина срам ми е да кажам, ама немам што да облечам. Буџетот ми е ограничен, а еден куп славја и родендени, за кого попрво да купам подарок и каков? Има една кумановска поговорка: „Куде ДУМ ти тамо КУМ“, па некако се препознавам во неа. Значи сума сумарум, нешто ќе теснам, нешто ќе комбинирам со каиш, некој партал ќе измасакрирам, а за нов член на семејството Шифоњер, малку ќе се почека.
    Денов ми е некако мрачен, но сепак згоден за релаксирање на мозочните ќелии со некој добар филм, иако во последно време се убив од читање книги (мора де се одбележи на некој начин месецот на книгата) :lol:
    И напишав еден куп глупости, си направив муабет во прво лице и сега сфатив колку ми треба малку дружба со околината, па кого го мрзи да ме чита, слободно нека ме скрола.
    ДоМинџења анд хев а најс деј!
     
    На Moira, Mishela, Buttterfly и 13 други им се допаѓа ова.
  3. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    вие девојки само кажете :)
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.717
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Женски
    Спремањето испити секогаш ми оди правопорционално со максимално поминување време дома, максимална опуштеност при комбинации и количини на храна и максимално дежурање од 24ч на форумов.
    Вчера гледајќи ги турскиве серии, бидејќи по дифолт се ти е поинтересно од закони и редови испишана задолжителна литература, заклучив дека само во турските серии можеш да паднеш и да доживееш сплет од неколку удари во животот на различни полиња, за веќе наредниот ден да си на нозе и да си над сите!
    Колку без везе режија и тешка манипулација, евентуално бабами со нејзини 80 и кусур години би продолжила да ги гледа и даље воодушевувачки.
    Делуваат фингирано и просто, иако додека ги гледаш се е така едноставно и розево.
    Размислувајќи во тој правец, заклучив дека јас сум човек кој незнае за средина и умереност во животот.
    Секогаш сум или горе или доле, или среќна или неисполнета и тажна.
    И така гледам на нештата околу, па кога правам нешто правам со целосна посветеност за да би се дал одличен резултат, или воопшто не чепкам прсти.
    Страшна работа е патот до врвот,успехот и среќата. Одиш скромно скала по скала, поминуваш низ трња со боси нозе, искусуваш горчливи ноти, ги дополнуваш скалите одново и одново со се повеќе вложен труд и напор.
    А падот ? Падот се доживува за помалку од 2 минути, или како што оди во серииве, легнуваш слугинка а се будиш газдарица. Така и тука, само не треба ни ден да осамне, за жал, по екстра забрзана постапка доживуваш шамар или шамарчина јака.


    Баш би било лепо кога животот ќе ти биде серија, а ти си главната хероина во која се заљубени 80% од машките ликови, без школо и мака наследуваш империја, сите ги усреќуваш и си живееш исполнето и среќно.
    Оу јес! :hai:
     
    На Lilliana, anabel-a, ludoto19 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Вчера беше убав ден,посебно вечерта беше прекрасна.
    Очекувам уште многу вакви денови. :wasntme:
     
  6. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Рубинчо Благадуша- Езел мислам :x
     
  7. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.342
    Допаѓања:
    13.091
    Пол:
    Женски
    Во големиов, стар плакар во мојава соба, има едно ќоше со една кутија на мајка ми. Кутијата е пожолтена, а во долниот лев ќош има залепено сликичка со барбики. Изгледа јас сум ја залепила порано.
    Во кутијата жената чува прекраснотија од џемпер. Направен од свилен конец, со копчиња- бисерчиња и со рачно навезени цветови. Бел, недопрен, заштитен.
    Го купила скапо, го облекла неколку пати. Сега е мое наследство. Изваден од кутија, да се излуфтира од мирисот на времето.
    Мојава мама чуден човек ми е понекогаш. Ама најдобар.
     
    На Moira, Gea, Buttterfly и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Ох ох ох, како сум се изнаспала, алал да ми е. Колку ми требаше добар сон ни сама не бев свесна. Па уште кога станав и видов дека врне, се испорадував како дете! Ги сакам ваквите есенски денови кога почнува да се чувствува ладното, кога си го спремаш мантилчето, чизмичките, чадорчето и излегуваш да му се радуваш на дождот! Така јас утрово, се спремив и излегов, дури ни кафе не се напив (што е многу нетипично, да не речам невозможно за мене)

    А и малку бев лоша, морам да кажам. Си го земав и кучето со мене, иако врнеше :toivo: Виде дека се спремам да излегувам, дојде до мене и почна да скока, да мавта со опавчето и да ми пее (да, мојава лепотица не лае, туку пее :rofl: Кога се радува, испушта некои неартикулирани, ама слатки звуци од кои се топам) и после како да не ја земам бе па? Па пустата оди брзински покрај мене, јас ја држам врзана на каивче, а таа ми се залепила до нозете за да биде и она под чадор, да не ја врне :rofl: Значи, колку е паметна, дури и повеќе од некои луѓе, најсериозно. Си се прошетавме, си купив доручек и си се вративме домче. Ми беше страв да не настине ако ја оставам мокра, па земав фен, ја исушив :angel: и се испорадува, не знаеше што да направи и како да се преврти. Многу се радува на фен, чудо од куче :lol:

    И да, нема боље ствар од бурек во саботно утро, најсериозно! Ау како ми легна да знаете... Оргазмички добар беше. А јас многу љубам бурек со месо и јогурт, би можела секој ден да јадам. Го мислев од вчера да ви кажам право :$ и денес си го дозволив. Еднаш месечно си кркам бурече и ич не ми чуе, убаво ми е. Ама строго од маалската пекара, најдобар бурек во свет има! Колку беше добар, секоја чест.

    И така :) Гледам, парново млакичко, сега сигурно 5-6 дена ќе го загреваат, нели, не оди одеднаш да го пуштат :^) Останете ми со здравје, а мене ме чека работа :tmi: Конечно решив денес да го направам долгоодложуваното преместување на гардеробата, т.е. заменување на летната облека од плакарот со зимска. Виш ми лак :hai:
     
    На stetoskop, Hopeful, anabel-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    денес е ден на свадби :party: во моето маало кај што живеам има свадба,девојчето беше разведено па и се насмевна среката уште еднаш,и посакувам се најубаво,заслужува :) ,а сега дојдов на работа и во ова маало гледам свадба,леле се прашувам како ли им се душичките на овој нивен срекен ден,којзнае колку се возбудени и срекни,и после се прашувам дали некогаш и јас ке го доживеам тоа,дали ке бидам срекна со мојот избор,кој ли ке биде младоженецот :$ ,си посакувам многу срека и љубов :*
     
  10. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Ој што убав ден!
    Времево ми е за мерак, мајка ми купила 6 кутии Рум Касато од кои веќе 2 отидоа, па ај уште малку па на слава. ^_^
    Единствено ме нервира носов што ми тече, т.е затнат ми е, знак дека сезоната на настинки започна. :D :D
     
  11. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Ама е убаво времевоо. Само за седење дома е, и решавање задачи по математика + нескафе + музика = У-БА-ВИ-НИ :inlove: :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

  12. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Come fly with me - Frank Sinatra, фала тато што ми ја пушти. Една песна може да те потсети да си бидеш посреќна. Еее што ми е убаво. Да си мислиш на убави работи и спомени... Единствен лек за депримиран израз на лицето.

    Вечер сум на пливање, еех кога ќе се измориш, уживанција бе, чекам автобус и си седам на клупа. Гледам различни луѓенца, анализирам... =) Влегувам во бус и ми дувка од прозорчето, филмски погледи фрчат, си мислам за важни работи, фантазирам. Ова беше еден многу позитивен пост, дај боже да биде така и за идните.
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Види го бре времево! Милина.
    Таман е за топло јорганче, какао и некое добро филмче.
    Ама ај гледај филм, кога нареднава недела ќе биде пеколна. Само (не)учење, (не)учење, (не)учење... Кога е сончево времето, мене не ми се учи. Кога врне надвор, мене пак ми се учи. Епа ни јас, ниту се водам, ниту се терам. Јадев, пиев, седнав на компјутер, гледав во ѕидот, гледав реклами, бев до веце. Нареден изговор - нема. Така да, пишано ми е да (не)учам.

    Абе, доста! Доста!
    Врти, сучи, само за учење зборам. Па доста, веќе.
    Ете, да се пофалам, ја добив првата 5ка во петокот.
    Добро, готово, нема веќе за школо.

    Ми оди да си лупнам така едно две-три, четири-петнаесет. И да почнам да учам, а не само да ломотам, и да се жалам. И готово крај, немам што друго да кажам. Отидов.
     
    На srcekrsacka, Glossy-girl, cigarce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК пак јас :D Човек никогаш не треба да дозволи да потклекне пред препреките во животот, без разлика колку и да е тоа тешко, никогаш не треба да се откаже, бидејки уште со самото откажување, ја губи битката предвреме.
    Друго, во врска со имунитет на организмот, разбирам, секој си има свое мислење, ама не е можно еден организам да е јак, доколку истиот се преоптоварува со штетни нешта, кои се бомба за истиот.И после при првата настинка, човек се онесвестува, па нормално кога организмот е шокизиран од тие работи, кои се ем непотребни,ем штетни.Пример, цигарите, ем пишува дека се штетни, ем се користат и после ова ми е, она ми е, па нормално.Не дека пушам цигари, него сум видела што пишува на нив, кај оние кои истите ги користат.Не разбирам, зошто свесно си го уништуваме организмот? Порке бре луѓенца, порке? :fubar:

    Ми се приспа, пак... |-)
     
    На ilipili, I.love.your.lips, Hopeful и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    Времево е само за читкање,пиење топло кафе или чај и секако многу гушкање и галење :)
     

    Прикачени фајлови:

    На I.love.your.lips, martinuska, fallenangel и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Johny

    Johny Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    614
    Пол:
    Машки
    Бевме вчера на гости собрани јас, мојот другар и неговата жена, и уште две други жени.

    И некако почнавме за темите околу жените, околу наталитетот, околу тоа дали е срамота или не да се биде сингл како маж и жена, на 30 или 40 години, па дали е нормално, па како другите гледаат на нас и на таа појава ;)

    Знам деке во Берлин сето тоа е нормално, ама немам баш слушано лични искуства од жени во Македонија, па еве што слушнав вчера од двете немажени жени, како нивни лични искуства.

    Едната живее сама, во стан во зграда и ни се пожали за љубопитноста на комшиите за нејзниот, нели, сингл живот, а еве има 40 години. Како пример за лошо искуство ни наведе случај кога викнала некакви си мајстори во станнот, за кујна ли, за купатило ли да наместат, кои биле изненадени од тоа што таа живее сама и веднаш почнале да ја гледаат со други очи. Ја гледале како можен сексуален објект, или како лесна жена. Со други зборови, неа ја погодило, токму таквиот директен и примитивен начин на гледање на нејзниот сингл живот. Нормално дека таквите мажи се за осудување.

    Втората жена (околу 30 години) кажа свое искуство во некоја си државна административна институција, кога пополнувала некакви си формулари, па кога ја прашале, покрај другите прашања и за тоа дали е мажена, на нејзиниот одогвор дека не е, била погледната чудно. Демек е, чудно или изненадувачки, што ете таа не е мажена на тие години. И таа се надоврза на муабетот од претходната жена дека и смета тоа што во секојдневниот живот понекогаш била доживувана како сексуален објект, било поради тоа што не е мажена, било само поради фактот што е жена.

    И жената на другарот се согласи со таа лоша појава, жените да бидат гледани на работно место, во секојдневие, во државни институции, во политиката или било каде, како сексуални објекти, преку својата женска димензија на личноста, а не првенствено и исклучиво како жена-личност. Таа дури и кажа пример, дека во некои фирми, за чисто деловни прашања, се случувало, мажи да не сакаат да зборуваат со жени на тема бизнис, договарање, преговарање, цени ...итн. Мажот маж си бара за бизнис водење и отворено кажува дека сака со маж да зборува на таа тема.

    Признавам дека бев изненаден од вакви искуства, посебно кога директно и од прва рака ги слушнав.

    Нормално, сите се согласивме дека има и такви жени, кои својата сексуалност, својот изглед и својот сингл статус, го користат за напредување во општеството и кариерата, но поентата беше за една друга група на жени, кои одбиваат да бидат перципирани како сексуални објекти и дека тоа многу им смета. Се разбира дека голема вина имаат во тоа и мажите, кои имаат такви сфаќања и претстави за жените. Претпоствувам дека маж кој има таков поглед за некоја или секоја жена, и за себе како маж има претстава за својата личност и карактер исклучиво или доминантно преку својата сексуалност, а не преку останатиот и тоа поголемиот дел на својата личност - интелектуалност, моралност, способност за бизнис, за политика ...

    Ете, да бев јас жена ќе напишев и вриснев: Одбивам да бидам доживувана и перципирана во моето секојдневие како сексуален објект! Јас сум личност, еднакво вредна и способна како мажите, а можеби дури и поспособна!

    П.С. Јас на пример не можам да зборувам на мобилен и да одам, а камоли да возам кола :lol: Или ќе го згрешам патот или муабетот :D
     
    На 1209, Lilit, Libera и 9 други им се допаѓа ова.
  17. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    колку е убаво на воков врнежлив ден да седиш дома со дечкото и гледате некој убав филм
     
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.850
    Допаѓања:
    101.582
    Пол:
    Женски
    Дожд!Звучи така едноставно а така нејасно,,,дали некогаш сте се запрашале кое е неговото значење?Зошто небото плаче секојпат кога се разбудат спомените!
    Толку зошто! А ниедно затоа!
    Животот е полн со успеси и падови!Во се постојат некои мисли кои те водат по вистински или погрешен пат!Тие мисли кои одат до секој смртник да би го опоменале на неговите дела...и тогаш тој размислува...размислува со тие чудни капки дожд...ги слуша ударите во олукот,му годи тоа!Опушта.Човекот треба да го сака сонцето кое го сјае...облаците кои понекогаш се тмурни и злобни... и тие имаат свое значење,и тие се појавуваат во одредено време... го сакам овој дожд кој мене ме поттикна да ги фрлам зборовите овде.
    И сакам гумени чизми и убав чадор ,ама не кинески.Се колнам нема да пропуштам ниту една баричка да шлапнам во неа.
     

    Прикачени фајлови:

    На Moira, julie77, srcekrsacka и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Животот и смртта ,енергијата и мирот,вечната борба ...
    Ако ме снема денес ,дали се што сум доживеала досега вредело ?!
    дури и најлошите грешки што сум ги направила и тие што немаше да ги направам ако неморав ,болките што ме изгореле и оставиле лузна на мојата душа ,дали вределе?!
    Хм ...токму поради нив слободно чекорев каде што несмеев , пеколот на небото , рајот на земјата ...
    :?:
     
    На Ognenija му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Дождлив ден,но сепак не толку лош...
    Зимната облека е конечно средена под ред.
    Сите собрани на куп дома,пиеме семејно кафе,после долго време.
    Депресијата веќе поминува,уште од ноќеска приметив,штом помина 00 часот веднаш се сменив. :D
    До хороскопскиот знак ќе да е,ние раковите знаеме да бидеме многу променливи со расположението... :)
    На него сеуште лута,и не планирам да попуштам,или ќе биде по мое или воопшто нема да биде!
    А сега полека се спремам да отидам до кај тета,да видиме каква е прогнозата со кафето. :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На Cacy, AnaKarenina, Hopeful и 2 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.