Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.221
    Пол:
    Женски
    Мразам да бидам повредена, повредена && повредена.
    Зарем јас не заслужвам да бидам среќна? :|
    Со се да е во ред, и без ниту една кавга.
    Преку гла ми е од се.
    Болна сум, ќе издржам, ќе си давам сили.

    Имајте убав ден.
     
  2. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Премногу ја ценам внимателноста кај луѓето.
    Личноста која синојќа го донесе поклонот за роденден кој значеше милион зборови и кој побуде толку емоции ме поттикна на постов денес во сдк .
    Благодарам .
    Значи постоеле неблагодарни и ќе постојат ...одиш им носиш не такви не вакви поклони им го посветуваш цело внимание што го имаш тој ден и кога ќе дојде ред ке ти дојдат со еден термос од JUMBO од 100 денари.
    Не зборувам за матријалната страна на поклоните ами зборувам за внимателноста, за посветеното внимание, за тоа кога ќе видиш како некој ТИ посветил ВНИМАНИЕ се потрудил ја искористил креативноста и ти изнудил најширока насмевка на лице.
    Колку малце треба да се потрудат некогаш луѓето за да неправат некој друг да биде среќен само за миг .
    Не се свесни дека колку повеќе даваш толку повеќе ќе добиеш за возврат само треба малку внимание да им посветиш и несвесно ќе направиш добро дело ,исто како од мајка кога ќе добиеш едн пар чорапи, а ти се чини светот на дланка да ти го подарила .
    Зошто ,затоа што ти ги подарила со љубов со топлина со сјај со очи .
     
    На Chocoholic, Divinebutterfly, Hopeful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Затоа што утре имам работа и не знам колку ќе стигнам ... денес вака во убаво расположение ќе си го напишам долгоочекуваниот полн со љубов декемвриски пост. :)
    Ооосеќам дека постов ќе биде долг, во тие расположенија сум ... па јас се извинувам, не сте приморани да го читате, ама јас сакам да си напишам што ми лежи на душата и да споделам со вас ...

    Јас го сакам декември ... ја сакам зимата.
    Зимата ми го топли срцето.
    Во декември ми е слава. Во декември му е слава. Во декември им е слава.

    Декември во животот ми ја донесе љубовта.
    Во еден од најладните Декемвриски денови, на минус степени, мене ми беше топло.
    Како вчера да беше кога седевме на скалички, зборевме ... чисто другарски, и прв пат се смувавме. Бев толку мала, ситна, збунета ... и среќна.
    Истиот декември, ме молеше и молеше само да ме баци уште еднаш.
    А јас, 15годишна дама која не се дава толку лесно не му давав.
    Лажам, се тргнав од него затоа што на една од основно и се свиѓаше, а и затоа што имаше мувачица која ми беше познаничка...
    Како вчера да беше таа нова година, тој со мувачицата, јас со мувачот, играме а се гледаме и се смешкаме.
    Отидов со него до бензиска не памтам што точно не пратија БАШ нас двајца да купиме. Другарот е крив за се ... тој знаеше се. Застана на едно бош место со цел да ме баци ама пустата не сакав. Го гледав во тие очи негови, и тогаш не знаев што гледам.
    Тој и "раскина" на мувачицата ... јас не се ни смував со другиот таа вечер, и си фативме магла од таму. Одевме по улици, се смеевме, пеевме, тресевме зелени, по малку потфатени затоа што беше смрзнувачка. Јас лепршава во црно фустанче, фраерка, а тој во џемперче со боја на очите.
    Таа вечер се фативме.
    Ич ама ич не го сакав. Секогаш му го повторувам тоа, како бе така еј, ич не те сакав, а сега види ...

    Во декември секогаш ми навираат спомени. Најмногу спомени.
    Си го навраќам филмот ... како вчера да ни беше првата кавга ...
    како вчера да беше кога прв пат во школски пред сите ме крена и ме вртеше ...
    како вчера да беше кога летна првото те сакам.
    Како вчера да беше кога во себе осетив нешто чудно, некои пеперутки ...
    Како вчера да беше нашиот прв одмор.
    Како вчера да беше првиот пат во страшните кавги кога го гаѓав со нешто.
    Како вчера да беше кога ме стисна и ми рече доста, те сакам, аман, а јас продолжив како квачка да крескам.
    Како вчера да беше кога прв пат имавме односи.
    Како вчера да беше кога прв пат заспав до него.
    Како вчера да беше секој убав и смешен момент што сме го поминале заедно.
    Како вчера да беше првиот пат кога плачев а тој ме насмеа ...

    Како вчера да беше и тој ден кога раскинавме.
    Кога тој фати нова девојка а јас нов дечко ... а во меѓувреме се мувавме цело време.

    И како вчера да беше, кога пак на нашето место кај што прв пат се смувавме, седевме и зборевме цела ноќ ... и несвесно се смиривме.

    Како вчера да беше првата зафрканција што падна на наша сметка.
    Како вчера да беше кога ми рекоа, еј го напорави човек, а јас срамежливо се смешкав.
    Не го направив јас човек, љубовта не направи луѓе двајцата.

    Како вчера да беше кога на секоја кавга раскинувавме.
    Како вчера да беше и кога еден ден после тоа се смирувавме...

    Како вчера да беше кога ми ја посвети првата песна и кога си ги купивме првите будалести поклончиња, срциња и мечиња ...

    Како вчера да беше кога стиснати во прегратка прв пат двајцата заедно плачевме ...

    Како вчера да беше се ама ...
    Не беше вчера ...
    Од тој Декември, штета што не знам точно која дата ... поминаа 6 години.
    Години во кои се оформувавме, и меѓусебно се учевме.
    Години со периоди во кои сум сакала да го треснам од ѕид ...
    И кога сум сакала 24 саати да сум до него, со него ...

    Години на подеми и падови ... среќа и несреќа ... радост и тага ... страв и убавина.
    Во само една од тие години роденденот не си го дочекавме заедно ... пошто ни е на ист ден, знаејќи како ми беше мене, знам како му било и него, и затоа што не беше убаво ... сакам сите родендени понатака со него да си ги дочекам.

    И завчера кога по толку време ни текна дека доаѓа декември, се изнасмеавме ... се изнасмеавме на работите за кои сме се карале, на раскинувањата, на глупостите, на среќните мигови, на блесавите деца што се во нас ... на работите што јас ги правам за него и тој за мене.

    се смеев и сфаќам дека од тој ден кога гледав во неговите очи без љубов ...
    по 6 години гледам во него, и сфаќам дека се гледам себе.
    Тој ме надополнува ... исто како да сме едно.

    И по толку време секогаш под неговиот допир треперам исто како првиот пат кога го почувствував тоа.

    И по толку време, од неговата уста да слушнам, не можам без тебе, ти си ми се ... душата ми дојде направото место.
    Сфатив дека понекогаш сум будалеста, правам кавги за глупости ... а не можам ни јас без него. Само јас порадо би го напишала тоа тука отколку да му го кажам.

    Ама му кажав ... му кажав дека ми е се, дека иако збеснувам го сакам, и дека не можам без него.

    Прегратката после тоа не вреди ни колку сите пари на светот собрани заедно.

    Гајле ми е колку години имам, или сум имала кога ја почнавме врската.
    Гајле ми е што ми е единствената врска што е сериозна.
    Гајле ми е што сите ми викаат да не бидам будала со еден пробан ку* не се умирало.
    Гајле ми е што сите мислат дека нема да успееме.(освен неколку блиски личности)
    Гајле ми е што сите упорно ме уверуваат дека врските од толку рани години не се успешни.
    Гајле ми е за се.

    Никој не може да ми влезе во срцето. Ниту во неговото. Никој не може да се осмели да ми рече тој не те сака. Никој. Јас и тој пораснавме заедно. Поминавме заедно сито и решето. Јас знам каде стојам со него. Јас знам што чувствувам за него. И тој за мене.

    И ако дојде ден да нашето заврши ... јас знам, длабоко во себе знам, дека никогаш нема да се чувствувам со некој друг вака ... па, како да сум три метри над небото. Затоа што тоа, навистина се чувствува еднаш во животот. И во ни едни очи нема да се видам себеси, како во неговите плави очи ... тие очи, што мене ми се се.
    Затоа што покрај тие очи, јас и во зима цветам како пролетно цвеќе.
    :f:
     
    На Chocoholic, MaxyMax, 2468 и 46 други им се допаѓа ова.
  4. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    научив-
    дека неможеш да натераш некој да те сака
    можеш да бидеш само некој
    кој може да биде сакан
    се друго зависи од другиот.

    научив-
    дека без разлика колку се грижиш
    на некои луѓе воопшто не им е гајле.

    научив-
    дека ќе изгубиш многу години за да створиш доверба
    а само секунди за да ја срушиш.

    научив-
    дека не е важно што имаш во животот
    туку кого имаш во животот.

    научив-
    дека не треба да се рамниш со најдоброто
    кое другите можат да го направат
    туку со најдоброто кое ти можеш да го направиш.

    научив-
    дека за секунда можеш да направиш нешто
    поради кое ќе те боли цел живот.

    научив-
    дека колку прецизно сечеш
    секогаш ќе има две страни.

    научив-
    дека ќе снема доволно време
    за да станеш човекот кој што сакаш да бидеш.

    научив-
    дека е многу полесно да направиш нешто
    отколку прво да помислиш што правиш.

    научив-
    дека секогаш треба да се разделуваш со оние што ги сакаш
    со љубов,
    можеби тоа е последен пат кога се гледате.

    научив-
    дека сме одговорни за тоа што го правиме
    независно од тоа што го чувствуваме.

    научив-
    дека или го контролираш однесувањето кон луѓето
    или тоа те контролира тебе.

    научив-
    дека независно колку страсна и да е една љубов на почетокот
    страста поминува и подобро е да се најде нешто што ке
    го заземе нејзиното место.

    научив-
    дека херои се оние луѓе кои што прават она што треба да се направи
    и кога треба да се направи без разлика на последиците.

    научив-
    дека за да научиш да простуваш треба пракса.

    научив-
    дека има луѓе кои што искрено сакаат
    но не знаат како да го искажат тоа.

    научив-
    дека понекогаш луѓето коишто мислиш дека ќе те рипнат додека си на земја, ќе бидат тие коишто први ќе ти подадат рака.

    научив-
    дека понекогаш некој не те сака на начинот на кој ти сакаш да те сака
    но не значи дека не те сака со целото срце.

    научив-
    дека не секогаш е доволно да ти простат другите
    треба да научиш и самиот да си простуваш.

    научив-
    дека независно од тоа колку ти е скршено срцето
    светот не запира поради маката.

    научив-
    кога некогаш пријателите се караат
    секогаш ќе одбереш некоја страна без да сакаш.

    научив-
    дека нема потреба да ги менуваме пријателите
    ако разбереме дека тие се менуваат.

    научив-
    дека не треба да бидеме упорни да дознаеме некоја тајна
    таа може да ни го промени животот засекогаш.

    научив-
    дека двајца луѓе можат да видат едно исто нешто
    а да гледаат сосема различно.

    научив-
    дека независно од последиците оние луѓе коишто се чесни кон себе
    постигнуваат повеќе во животот.

    научив-
    дека животот може да ти се смени за час
    од луѓе кои дури и не те познаваат.

    научив-
    дека дури кога мислиш дека немаш што повеќе да дадеш
    кога пријател ќе повика за помош ќе собереш сили за да помогнеш.

    научив-
    дека е тешко да се одреди каде ќе повлечеш линија
    меѓутоа да бидеш добар и да не ги разориш чувствата на луѓето
    и да го заштитиш тоа во ќе што веруваш.

    http://www.fakulteti.mk/news/11-11-29/a ... neska.aspx

    Жива вистина. ;)
     
    На teddybear, Hopeful, ines.h и 3 други им се допаѓа ова.
  5. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    СДК дека решив од денсека режисер да станам,утре купувам карта и флај то Холивуд |( Па луѓе по измрдани,нереални,смешни,хорор,научна фантастика сонови само јас можам да сонувам.
    Абе што немаше во сонот :lol: цел филм снимив.Јас не сонувам,ама ако сонувам е тоа е веќе за оскар...
    И сдк убаво ми е,иако се преспав денес ептен |-) ама си седам сега со кафенце,на мојата омилена фемина,си читкам интересни темички,и многу ми е мило што веќе има постови во темата што ја отворив за Кингс оф леон,ај лов дем :inlove:
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Ете, ова беше еден прекрасен премин од зелено цветче кон жолто. Не, не е цветчето важно, ниту бојата. Важни се знаењата, дружбата и љубовта споделена со секој допир на копче од тастатурата.

    Во овие 1 000 мислења јас искуцав одреден период од моето време, само трошка од мојот живот, но и дел од моето срце. На Фемина оставив дел од себе, како што и сите оставаме. Како што сите се грижиме за луѓето тука, во нашево катче и како што ја споделуваме среќата која никој не може да ни ја одземе.

    Можеби на некого му се допаѓам. Јас ќе се трудам тоа да остане така. Можеби на некого не му се допаѓам. Ќе се трудам да се подобри тоа.

    И јас, како само една апстрактна честичка тука на Фемина помагам да се одржува овој еСвет убав и разновиден. Можеби Фемина нема да се промени, но јас би била ништо без Фемина.

    Не би била ништо без вас, без советите кои ми ги давате, без љубoвта која ја пружате..

    Ви Благодарам за се!

    Со љубов, најискрено, вашата Линка :*

    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly, WildCherry, L-enna и 5 други им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    собрав храброст да отидам таму, едвај го пронајдов(наводно било така намерно скриено) за на крај да не ја најдам сестрата да ми земе крв и да ме тестира(имала зената смртен случај) бог да го прости покојниот покојната
    како и да е , утре е светски ден на Сидата , така да сите на плоштад мозат да го сторат тоа БЕСПЛАТНО, во нивните приколки кои ке бидат поставени(такво објаснение добив :) )
    ако секоја од нас не води сметка за себе и своето интимно здравје кој ке води сметка за неа?момчето, мазот,како да не бе
    кога ја отворив страната на ХЕРА(една од многу бројните невладини организации ширум републикава) не мозев да се изначудам колку е низок процентот на луге што се тестирале :tmi: а сите сакаме телесно задоволство нели, а ретко кој има храброст да отиде да му земат крв од прст, и за 15 минути да дознае дали е заразен од ЕИДС или не, еее тоа ти се вика Македонштина :fubar:
     
  8. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    СДК дека ми фали татко ми.
    Се остави на пат бре, па и тој шефот негов претерува.
    Ми фали да шета низ дома и да се издишува, да оставава зад себе растурено и мајка ми само да собира и да му мрчи, па доколку е расположен да и запее и да заиграат танго а јас да чмаам како мисирка и да бидам форевр алоун. Се караат, да, премногу.. Ама си имаат некој свој јазик, се разбираат кога сакаат!
    Ми фалат нашите разговори, препукавања, кавги, војни! Ми фали да ми каже- ај марш на учење, доста ја снимаш дневната.

    Само што отворив очи денес и се свртев кон календарот се расонив. Си помислив- тато се враќа!
    Денот ми пројде брзо, ма одвај чекав да падне ноќ и само што ќе влезе од врата да му се фрлам во прегратки, да му се обесам на врат. Како мало детенце... Ама крш филм било тоа. Останува до петок.
    Па сега само седам, ја гледам сликата на биро од мене и тато, пред некои 5-6 години, на зимување. Јас со јогурт-брк а тој слаб и згоден...
    Кој би рекол дека после сите кавги, тој сеуште ќе биде единствениот маж кој ќе го сакам без одглед на се..
     
    На Divinebutterfly, Hopeful, srcekrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.170
    Пол:
    Женски
    Денес, другарките од основно, ми кажаа дека сум се променила. Дека имало огромна промена кај мене, сум станала многу ладнокрвна.
    Фала Богу, не у смисол дека сум станала водоземец, дека они се ладнокрвни, сепак сум цицач, и сум топлокрвна. х)
    Дека можеби и не сум истата таа јас. Искрено, и јас се чувствувам како да сум променета, не баш на подобро. Но, едноставно смачено ми е, да се преправам дека не ми е ништо. И да сум тука, за некои, а они кога ќе ми затребаат да ги снема. Смачено ми е од користољубиви личности. Многу избрзувам кога зборувам, понекогаш дури и навредувам, без да знам. Што ми дојде на ум, тоа на јазик. И после тоа се каам. Смачено ми е, да му одам по г* на секој, како што ќе рече, Елена така. Како што ќе рече, на сите да им угодувам. Колку повеќе ги тинтриш, толку си правиш полошо сам на себе, и толку повеќе те од*ебуваат. Смачено ми е.
     
    На Chocoholic, Divinebutterfly и IndieGirl им се допаѓа ова.
  10. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    2.620
    Изреволтирана сум од професорите во мојата гимназија и од самата гимназија! :devil: Полошо однесување не знам дали постои некаде :fubar: Точно дека сите си гледаат во своја корист и за себе, но ме нервира тоа ако детето е на ПОЗНАТО семејство СИН/ЌЕРКА, мора да има добри оценки! Проста работа. Па што сега јас треба да се фалам кои ми се родители за да имам 5-ки? :swear: Поради тоа во иднина на фукнции ќе бидат прости луѓе т.е членови на ПОЗНАТИ семејства. Како и да е, нема да си го трошам времето со нервоза за проклетите професори(со исклучоци). Јас барем чесно си ги добивам оценките и мирна ќе ми е совеста. :)
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    4.992
    И јас сакам да кажам што ми лежи на душава....
    Мојот поранешен (не го сакав, го знаев тоа но само се лажев), сега го мразам, неможам да опишам колку. Сфаќам дека си се сакал со бифшата, и дека ме утепа од варање со неа кон крајот на врската (среќа не дознав многу касно), ајт и тоа да го разберам си се сакаат децата, неможам преку тоа. Едноставно раскинав, никому ништо... Но после пролемите почнаа..
    Јас си закачив инфекција, сега и ХПВ позитивен (а пред него немав ништо се ми беше уредно). Да му се јавам да му кажам, да бидам Коректна, (па веќе не контактирам со него) не иде, будала е тој ќе ме направи крива (зошто за се јас бев крива до сега), па нека не знае, нека му каже таа неговата сега (ако воопшто оди на лекар)...
    Знам дека се ќе се среди утре, ќе бидам супер здрава, ќе си најдам некој разбран што нема да ме изневерува, што нема да ме обвинува и што заедно ќе поминуваме низ проблеми, но сега сум оставена сама на себе (не дека ми треба тој)... се прашувам дали ќе верувам на некој пак, но и тоа да се случи ќе ми треба многу време (па никој нема да ме чека толку време, да ми донесе црно на бело дека е здрав :^) ) И пак сакам да кажам, многу се разочарав, толку наивна бев што сега ми е џабе, да го спомнувам, бидна, ама ете...
     
  12. Gluvcee

    Gluvcee Нов член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    27
    Ќе излезам од дома малку да ме фати воздух. Сите брмчат :^)
    И да ми фали дечко ми. Не сум го видела премногу време. Сакам да сум со него.
     
  13. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Се сеќавам, со братучетка ми си игравме на барбики кај баба ми. Чадорчето од крофните што го имав, а ги имав милион туку секогаш завршуваа тажно - скинати и расипани, ми се скина. Тажев по него, ама ми текна на она што го правев - од тапа, волна и чачкалки, отидов да си го земам, кога гледам - дома стои компјутер, во тогашно време модерен, а сега тапа. Беше бел, а мониторот отпозади имаше еден огромен додаток :D , ама сепак, се изненадив и се израдував. Брат ми уште тогаш научи како да ракува со него, уште од мали нозе стана махер, а јас знаев само колку некоја игра да си уклучам. Признавам, тапа бев. Па, си го имав бато.

    И да ви кажам искрено, се дивев на машки игри. Не дека немав барби, ама зашто секогаш бев со брат ми - го ценев она мушкото.
    Не дека не ја сакав Кели, Репанзел или други барби игри, ама на мото или авто трките им се восхитував. Се сеќавам дека не ни знаев убаво да возам, ама сепак возев. :lol:
    Мид тоун ми беше хит. Колку жалам за таа игра што ја немаме веќе. Брат ми проба да ја слегне, ама не бива. Избирав град - или Лондон или Сан Франциско, ама речиси секогаш го избирав вториов. Поинтересен ми беше, а и цел го знаев напамет. Имав куќа, зграда, секогаш одев на мостот, низ тунелчиња, и секогаш ми беше ептен интересно.
    Така е кога растеш со брат.
    Дома стално си бевме распостелани со колички, оние малите, како еден прст. Се сеќавам дека имавме и едно ферари - мала играчка, ама нели ферари беше... Ферарито беше мое, а голфот на брат ми.
    Па со фигурите од стариот шах и школките си правевме гараши, паркинзи и возевме.
    И не дека немам барбики, кукли, или дека не сакав да си играм со нив, ама сепак, со кој си - таков си. А оти нели он поголем, па секогаш одев по неговиот памет.

    Слушав и постари песни, не бев од оние кои од мали нозе ја знаат Ријана или Кети Пери.
    Ги слушав и ги слушам Битлси, Иглси, Ерик Клептон, Хулио Иглесиас, Елвис Присли. Ете, моментално татко ми ги слуша Иглси на двд-то. Ма, прекрасни песни. Татко ми ме научи да ги слушам бре.
    Не дека сум конзервативен тип, дааалеку од тоа, ама уживам и во вакви песни.

    И да ви кажам...Ми недостига детството. Раното детство.
    Ама, не се враќа...

    И, ќе пробам да ја цитирам мајка ми:
    И така е да ви кажам, не дека зборувам од искуство, не сум мајка :D , ама стварно мислам дека е така. Си познавам по мене, дека кога сум се’ поголема и поголема желбите не ми застануваат.
    Ама тоа е... Можеби, и желбите растат со мене. Којзнае. :?:


    п.с. Рилакс а литл: http://www.youtube.com/watch?v=C0_WAgwBR90 :)
     
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    После мислењето на Тедимече, секое наредно што го прочитав не ме допира како нејзиното.

    Толку се пронајдов во секој твој збор и реченица во која ти си ја опишуваш нормално твојата љубов и среќа, и можам само да кажам на кратко за да не го тупам многу, дека ама буквално џабе е се на светов ако немаш некој до тебе на чие рамо можеш да се потпреш, на чие рамо можеш да се изнаплачеш, на чии усни можеш да заспиеш, на чии гради можеш животот да го поминеш, во очи очи можеш да ја најдеш смислата за своето постоење.



    Сакајте се луѓе, нема нешто поубаво од љубовта на светот.
    Навистина нема.

    :l:
     
    На Divinebutterfly, teddybear и L-enna им се допаѓа ова.
  15. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Среќна нова годинааааааа :party:
    Да бе, па што, па си добив пакетче, се чуствувам баш новогодишно.
    Чоколадно пакетче, од тато. :wasntme: Бил во Европа (купувајте македонски производи :!:) ми купил црно чоколадо со лешници, црно чоколадо со ораси, рум плочки и плочки со желе и фејворит црно чоколадо со бадеми :mm:
    И како да не сум среќна, како? Потскокнував ко мало детуле.
    [​IMG]

    И времево не е арно, не е. Сабајле во 7.30 беше -3 степени, ѕивра.
    Се наоблеков, поточно се наоружав со џемпер, плато, ракавици, капа, шал. А сеа беше 12 степени. Па се препотив, испофрлав во кеса се што беше плетено на мене. И вечер пак пингвини во несвест ќе паѓаат од студ. Многу големи температурни разлики имаме на секои 12 часа.
    А кога сме кај пингвините, пред некој ден го гледав цртанот со пингвинот Пабло. Ви текнува? :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=YMSIzoKUbhM

    И денес случајно шеткав низ продавници и гледам пижамчиња со пингвин, со Пабло бе :wasntme:
    И сеа се мои, среќна сум, плус на чизмичките-топлинки ми одговараат. Среќа.
    Таков е денот, не е до мене.
    Среќни беа луѓето околу мене, колегата стана вујче, плус добивме близначиња од колешка. Јадев и мекици и благи крофнички, нека се здрави и живи.
    Имајте убав ден и со насмевка од шестка до шестка. [​IMG]
     
    На BoaVista, AnaKarenina, Hopeful и 7 други им се допаѓа ова.
  16. Lady-Cha

    Lady-Cha Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    23
    Си ги сакам другаркитееееее !!! Преубав ден исполнет со многу смеење. :)

    Само уште вечер да испадне како што треба и утре ќе биде лудо. 8)
    А сега време за некој добар филм.Чао :*
     
  17. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Една слика вреди 1000 зборови :!: :rofl: :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

  18. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    32
    Сакам да кажам дека како мечка сум,.... :wasntme: легни,стани,јади,,,,,едно исто како ритуал..па више не можам ке пукнам....од S na M туф туф....мајче вели сега личиш на човек...како не...румена топка ете така.Тоа сакав да кажам.Ако сакате рецепта за мечка слободно обратете се кај мене. ]:) :D :D :D
     
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Сакам да кажам дека е ужасно страшно кога ќе заглавиш секојдневно во истите работи. Истата рутина, истите луѓе, истиот град, истите настани, истите места. Почнуваш да размислуваш се поплитко и поплитко, не гледаш можност за напредок и полека, полека, ти станува сеедно што ќе се случи со тебе и твојата личност.

    Се ужаснувам кога ги гледам луѓето, како заглавиле, тапкаат во место, не промениле ништо, ни кај себе, ни пак во окружувањето. Отупавеле, се замараат со небитни работи, бистрат политики, гледаат некои безвезални серии, не читаат, не одат на кино, театар, малку некаде каде што ќе се тријат со други луѓе, не прават ништо, пак и пак и пак вегетираат. Се испомажиле на 20 години, се затвориле во кујни и не гледаат ништо пред себе. Зошто бе така, се нервирам. :x

    Па да, ignorance is bliss.

    Инспирирана од муабет со, ајде да кажеме моја сограѓанка, за која, немажено 24 годишно девојче е немажена краветина. Озбилно планира да се мажи кај и да е, очигледно, и озбилно ќе ме нарече краветина некој ден оти нема да се мажам на тие години.

    Дај бе малку, проширете тоа видикот.... :puke:
     
    На Chocoholic, zhap4e, DressedToKill и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сонце, what goes around, comes around или по нашки, тркалото се врти.
    Бившиот што ме вараше мене, уште се влече по сокаци со ороспија по стари години, а јас фала му на Бога си имам срекен дом и прекрасно семејство. Тури им пепел и бркај си работа, ке си најдеш момче кое ке те носи на раце ;)
     
    На drugarka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.