Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.266
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    :wasntme:
     
    На Elena-97, Sara123, Cacy и 6 други им се допаѓа ова.
  2. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    663
    Допаѓања:
    989
    СДК
    Во кам имало од моите омилени колачи со рум имало и од оние со марципан, после ќе одам да си купам. 8) :worried:majlistoskokaodradost:
    Инаку имам многу за учење, после 12 часот ќе се дружам со книгата, впрочем и таа ми е моментално единствено друштво, скоро сите си отидоа дома, не бре какво бегање дома и ич книга да не чепнам. Туку ќе кажував сакам да врни, нека врни ако и така нема од дома да излегувам и ќе учам, се чувствувам дека некако забушавам со учењево и не, не сакам никако да ми се повтори прва година, затоа денеска строго и аман веќе од овој интернетов, да не беше брат ми немаше ич да приклучувам нет и што правам сега еве си седам на нет. |(
     
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.102
    Сиво, меко време. Таман погодено за да ти недостига некој.

    Се спремам со даде да излезам. Двете со чадори, пеш до Центар. После тоа јас во студио на снимање вокали, па на ручек дома, цел конгломерат роднини ќе јаде неделно гравче.
    Вчера заглавив во секакви мисли, мирис на мате чај, безобразно тивки улици, бело вино со моиве женички, чувство на осаменост и топлина од џемперите.
    Ми пукна шавот на фармерките додека седев, заклучок - не знам да се облечам, и имам 4 кг плус. А вечерта, се најдов со сестра ми и пред да одиме на винопија, по пола комбиниран од Жужу, жглап! Страшно како хедонизмот се претвора во лудило. Морам да престанам.

    Го чекам ноември со душа. Многу работи ќе почнат и завршат тогаш.
    А до тогаш, ќе си го мотам срцето во спомени, зошто поинаку не можам.
    Чудно чувство, есен во ноти, цела симфонија од мене извира.

    Да ја изведам најдобро што можам.
     
    На Sara123, Trendafilka, happygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  4. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    Добро утро. :)
    Имајте прекрасен ден.
    Мене оваа ќе ме расположи на оваа сиво време. :angel:
    [​IMG]
     
    На Stoimenovska и Magnolija им се допаѓа ова.
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Ова е единствениот ден каде што човек може да го врати времето назад.Јас го направив тоа.Овој пат ништо не ми промени,ни кога би имала можност ова да го искористам како бонус точно знам кога и зошто би го вратила времето назад.Макар и на еден час ама би променила многу,многу работи.
    Можеби на тој начин многу ситуации на би настанале и многу зборови не би биле кажани.Ама залудно,ја знаете онаа "Сама се лажам,сама си верувам",е баш така.

    Сакам и нешто друго да си кажам,во вакви денови се давам во чаеви.Нашето македонско кафе преферирам да го пијам само со друштво.Така ми е поубаво во ваквите денови.
     
    На CaperucitaRoja му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.157
    Допаѓања:
    204.766
    Пол:
    Женски
    Пред некое време почувствував потреба да отидам в црква и да запалам свеќа, без некоја посебна причина. Отидов, и што ќе видам, пред нос ми ја затворија вратата, црквата имала работно време?! :o

    Не сум некој голем верник, си верувам во Господ, ама не трубам на сите страни за тоа, ниту пак одам редовно в црква. Си признавам. Се трудам животот да си го живеам по некои непишани морални правила, како што сакам, но без да наштетам некому. Не сум совршена, грешам и јас, впрочем, човек сум, нели?
    Ме зачуди тоа што не можам да отидам в црква кога ќе посакам, туку само кога е отворена. Ако Господ е отворен за сите, во секое време, зошто и црквата, како Божји Храм на Земјата не е секогаш отворена, за сите, во секое време?
     
    На Moira, bittersweet, cinderella5 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.361
    Купив тиква. Ќе и сечам очи, уста, заби, ќе ја испразнам па ќе има и семки печени, па ќе и ставам и свеќичка и ќе ја оставам пред вратата да свети. Кој сака нека мрчи дека е амерички празник нафорсиран и кај нас, на мене ми е интересно, ради тиквата. Нема смисла да не славам Халуин кога пајаците и така веќе од септември месец ми се вселија дома и работат на декорацијата прекувремено |(
     
    На AnaKarenina, TheKiketoo, bittersweet и 8 други им се допаѓа ова.
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    И пак, пари. :geek:

    Јас моите си ги чувам во банка. Ако се со мене цело време, ќе ги мислам, ќе ми го горат новчаникот, ќе ми жежат. Си вадам само по потреба, најчесто по тристотчиња... Додека не си ги потрошам, не вадам нови. Сакам да ми стојат понастрана од мене, дури и порадо би да плаќам секаде со картичка, да не ги гледам.

    Откако ги отворија евтинарија продавничките, а и богами откако јас открив да копам по пазари и такви работи, кај што можеш да си купиш работи за ич пари, се случува да си купам по некоја ситница. Мајка ми секогаш ми се мрштеше ако и кажам, ова е од ваму, она е од таму. Мислев дека не и е по ќеиф што ги трошам работите на глупости.

    Вчера, банкоматот ми беше далеку, а јас само со минимална сума со мене. Да не одам по дождови, и реков на мајка да финансира уште една стотка, ќе и ја вратам утре. Пак ми се намршти, ама и ми даде, и си викам кај ми текна и мене на крај месец да барам стотки, ама ај....

    Сабајле уредно и ја здиплив на перницата, затоа што ми остана. :wasntme:

    Сега дојде и ми се развика - Како можеш да помислиш дека сакам да ми враќаш сто денари, мене жал ми е што не можам да ти дадам повеќе и што гледам како купуваш во тоа евтините продавници и како мораш да балансираш со парите, а не па 100 денари да ми враќаш.

    Ах леле...
    Никогаш вака нешто ми нема кажано. :|
    Ми дојде жал, не за мене, туку за неа.

    Не си ја познавам сопствената мајка, ич.
     
    На cigarce, Edie.S, Moira и 24 други им се допаѓа ова.
  9. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Кутрата 8)
     

    Прикачени фајлови:

    На MarchelineAmaru, zarah, cinderella5 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.617
    ... кога го слушам дечко ми како муабети со неговите баба и дедо, ме фаќа ем смеа, ем сафра.
    Да се поправам, всушност, тоа не е муабет - тоа е монолог.
    Од едната страна луѓето си го прераскажуваат денот, од другата страна на слушалката добиваш само - аха, мхм, добро, да, не.

    Значи го набљудувам, и ми доаѓа да ја грабнам слушалката, да им направам малку муабет, зашто моето Хуго е намќорче, со никаква идеја за вербално роварење.

    Добро, му викам, можеш ли да бидеш понамќорест и подосаден? Не можеш. |(
    - Аааа, ме знаат они каков сум, навикнати се.

    :^)
    Луѓе драги, јас со моите баба и дедо имам цела одисеја. ^_^
    Во еден час, спакувано е кафе, по некоја овошка, па муабет за - времето, сметките, пазарот, ЈСП, вестите, весниците, доза политика, доза хумор, незначителен сегмент резервиран за турски сапуници (е, жити таму што се затнувам со чорапава, они си зборат, јас слушам мирно), па на крај и на Обама му посветуваме внимание, а зачинуваме задолжително со трач-муабет за роднините.
    И така, средбата е заокружена, они среќни, ја излуфтирана, со стотче во џеб гратис, наместени тв канали по редоследот кој го сакаат, и да нема снег по каналине :D , или се расипал домофонот, па да урлам по комшилукот, невиден менаџер сум.

    Баба ми не ми дава да ја бацувам, стара била, само ја гушкам, а она мене ме бакнува само во вратот, лиценцето ми било наменето само за млади усни. :rofl:
    Ќе се отрујам, ме смеат значи до стотка и назад.

    Луѓенца, правете им муабет и ќејф на постарите. Вакви биле, онакви биле, досадни биле.
    Ние па со цуцлите од бебиња, и сите наши мали и големи желби, болештини, родендени, факултети, врагови и свадби во иднина, па ептен сме интересни, нели?
    Па не кренале раце, не се откажале во ниту еден момент, чиста и бескомпромисна љубов, сервирана на тацна, во секој момент.

    Леле, ми доаѓа прирачник да напишам - Како да ги забавувате вашите баба и дедо. :D
    Бестселер, ви кажувам.

    Роденден ми е дури за 2 недели, ми го тутнаа пликото уште денеска. :D
    По 5 секунди - Аааа, не, не, ќе ги потрошиш, дај го ваму.
    :rofl:
    Ќе ти го дадеме ден пред роденден.

    :hug:
    Гушка за баба и дедо.
    И за сите добри баби и дедовци на светот.
    :)
     
    На laryla, nela.oh, FortuneTeller.xD и 54 други им се допаѓа ова.
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.290
    Јас чекам снег, оно 25 степени.
    Кој датум бевме? Ау да 28 октомври, зимско сметање на времето.
    Нема потреба од промена, па ние уште лето сме.
     
  12. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Луѓе, дај бе кажете некој убиец на апетит? Леле, не можам, стварно, како ме фаќа ПМС само на јадење мислам, ќе спобудалам! Само ми се вртат во глава некои пици, хамбургери од 7-ца, Жужу, буреци... Ај каснав бурек вчера, ама пак го мислам пуста јас :tmi:

    Нормална тежина имам, да се разбереме, нит сум слаба, нит дебела, арно ама... Доаѓа периодот на гоење, јадење до безразумни граници, прејадување, бутање благо, колачи... Сериозно, никогаш не сум се грижела за тежината, сум немала потреба, ама почнувам да се загрижувам да не се здебелам. Се тешам со тоа што непланирано (поради фактот што на работа не секогаш имам време да јадам) симнав некое килце, па имам празнина што можам да ја пополнам без да се грижам :$ Ама бре, никогаш не сум мислела толку на јадење, само тоа ми е во глава! И тоа се некои сочни, мрсни работи за кои душа давам да бидам искрена :lol: Многу сакам џанк фуд. Вкусно ми е, и кој го одрекува истото, лаже :!:

    Еве сега сум земала до мене полна чинија овошје (банани, јаболки и портокали), демек да ме залаже малку. Ги изедов, испив и шолја чај, ама желбата за јадење пак е тука, не си оди :^) А дечко ми па стално ми вика дека убави облини сум имала и да не сум помислила да ги намалам. Сега кога ослабев, ме искара дека требало да фрлам 2-3 килца на мене за пак да го имам задникот од претходно кој тој најмногу ми го сака, за да имал што да фаќа, пошто вака немал :rofl: И вчера кај него бутавме пица :tmi: Ама што можам, тој сакаше, а јас пуста многу уживам кога јадеме заедно, па се согласив :$

    Пуста стрвност, ќе ме убие некој ден :tmi:
     
    На bittersweet, cinderella5, Trendafilka и 3 други им се допаѓа ова.
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Што е лепо надвор. :sun:
    Се испружив на тераса, мајка ми со кран ме изнесе. :D Грее сонце, дува тивко ветре (поетично), пуштив музика, татко ми со комшиите `тивко` комуницира во негов стил. Де бре човек, на 3 чекори сте, а збори на висок тон мислиш од њиву на њиву да збори. Ми ја пере колата, а јас го набљудувам. :D
    И да ви кажам, абер немам за часови вожња, уште помалку да учам прашања. Доста ми се овие за на факултет, уште сообраќајни правила да учам. :geek:
    А мерак шоферски имам, да свирам ко амбулантно возило во шпицот нели во 16:00h, дур семафорот стои на црвено минута и пол да се вртам де лево, де десно да видам кој ме дружи во чекањето, да пцујам ко на стадион ако некој ми се бутне во линија. Ееееех мерак шоферски, мрза белосветска.
    Ово лето је прошло, следно дочиче.

    Ви кажав оти месецов наназад само се жалам на болки и настинки? Ама на се заборавам чим сонце пркне.

    Еве го татко ми со една загатка.

    Ти текнува ли Цвете (овде моето име е вклучено), кога гледавме на ТВ случка, како некој човек кој не направил ништо во животот, му текнало да направи нешто лудо (тука јас треба да се сетам на што збори :geek: ) за да го запомнат по тоа. Ај нека ти текне, па кажи ми.

    Оди, нека ти текне! :rofl:
     
    На Moira, AnaKarenina, Hipster и 8 други им се допаѓа ова.
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Зграбчете го денов за муда, ве молам и преколкувам. :D

    Летам со мисли, затоа што со авион е скапо. Си крпам јорган од спомени затоа што заладува. Нови другарчиња и смеење до бесвест. Вчера имаше педерски дожд од пет минути а јас без чадор. Среќа Австралијанците се опремени, јас со дожд одам шизик на ризик. Ама ќе треба чадор да си купам, неможам веќе да се провлекувам.

    Пак јас неделно домаќински расположено. Цела недела трчам некаде, денес на тенане си бришам прашина, си пеам на глас и пробувам нови фризури. Вчера ни дадоа саде бесплатни работи. Минијатурни чоколатца и лиз ликер. Најубави ми се тие тестерите, како мало богатство ми се. Во Скопје Нескафе никогаш не ми било повкус, уште кога ќе ти го направат со оној глупав чоколаден прелив, најодвратно нешто ми е. Ама тука има милион видови и подвидови и не можам да дочекам да ги испробам сите. Сега шмркцам едно Green Blend, со зелени зрна. Шо убо е. Гледам дома како шверцер ќе се враќам со Нескафе и песто. И перверзни тестенини.

    [​IMG]

    Шарени, како животот.
     
    На Moira, AnaKarenina, teddybear и 12 други им се допаѓа ова.
  15. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    Сакам да кажам дека многу зборувам кога ке се очукам !
     
  16. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ладна, но прекрасна есен во Виена.Не барајте рај после смртта, уживајте во него дури сте живи... :)
     

    Прикачени фајлови:

    • 258.jpg
      258.jpg
      Големина на фајлот:
      445,4 KB
      Прегледи:
      371
    • 259.jpg
      259.jpg
      Големина на фајлот:
      483,6 KB
      Прегледи:
      371
    На Hipster, bittersweet, Phyramide и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.114
    Допаѓања:
    165.967
    Ниту еднаш у животот не сум имала хенговр со физички манифестации од типот гадење и повраќање. Кај мене било све чисто на психолошка основа! :!: Утредента обавезно ме зафаќа сеопшта тапост, безволност, меланхолија, мала депра, мрза и постраш душевна празнина, проследена со самоказнувачки муабет и прекор,ох гад,уај?!
    И ете... никад физички,ама телово ми капитулираше од МЕЗЕТО! Не ни пиев алкохол, уствари, кригла пиво што е?! А две?! Па ич! И фино лепо, кажував молтви над тоалетот цела ноќ, егзорцизам каков ни Кјашаров не направил. Се убив од повраќање, денес се мислам дали да им се вратам и да ги испцујам тие у кујна. И тамам си реков вечер без да направам огромна сметка од изразување на љубов и бес по телефон,ете ти утрово, на сите до еден им се испојавив да ги прашам дали нешто ги боли?! Сите ги боли стомак, ама не, само јас морав да го крунисам на најлош начин! |( Увек Лилит најдебелиот крај,УВЕК!
    И со кетоналот ќе морам да раскинам. Пошто два апови у рок три саати не идело, се тресам ко на електро шокови цел ден да сум...нешто ми кажува дека ќе биде боооолно раскинување.
    Универзумот си игра гачки. Ние се бркаме низ Скопје... он ме барал на место каде не сум. А по телефон нема храброст ваљда. Пред некоја недела имаше, не знам што му станало. Да не го знаев разговорот, ќе помислев дека се тешам, да не прашал каде сум,па бетер...Ете ти...ЕТЕ ТИ!
    И се тешам, добра сум, тамам сум, ќе достигнувам ниво на очај кога ќе носам дел од облеката која асоцира на него. Како една другарка, маица на која пишува,го сакам тој и тој...а и е бивши... Тоа го гледаш више како да има фатено лепра на личноста... :?:
    Мајка ми ми прави чај и ми го пушта инфо каналот на макс тв. Смирувачки делувал! :!: :D Гледам мамо,од искуство ти ова, си заспа...
    Недела... се тркала. Нешто ми оди на гушкање...на сладости...ама...ама ете тоа. Абе еднаш да беше вешт, да ме погодеше каде сум во Скопјево,а не да се бркаме како шлакнати.

    Мене ипак, нешто ми спие свеста во некоја стара,но уредна и чиста, варосана хотелска соба, со дрвен под и прозорци, кревет полн љубов, некаде во близнина на море, иако е есен...Да љубнува глуждчиња,коленце. Да пиеме кафе во локалната кафетерија и да сонуваме гласно за нас...
    Гад дем ит! Ова мезево и психички се манифестира! :D
     
    На MarchelineAmaru, bittersweet, ViktorijaMari и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Надвор си врнуцка а јас маки мачам со главобоља. Мајка ми бидејќи е добра као што е лепа, приметила дека цела вечер се вртам, дека синоќа повратив ПАК |( , и денеска ме изненади со топла супа, баница само со сирење, и еве сега вари кафе. Да се разбереме, не дека не се понудив јас да го сварам ама ете решила денес да биде фина као што е лепа нели. :D

    Од утре колоквиум, планирам вечерва да читнам нешто да не сум ептен боса. :wasntme: Колку брзо ми мине времето сега дур да видиш, Нова Година ке дојде, и ајдееееееее сите масовно ставаме комбинации во МК. :rock:

    Имајте убав ден.

    [​IMG]
     
    На bittersweet, Sara123, Cacy и 2 други им се допаѓа ова.
  19. LOmikol

    LOmikol Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2012
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    20
    Имајте убав деен
     
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Јас не станав минато затоа што не дозволив никој да ме искористува туку се што вложував вложував во себе и во она што знаев дека знам да го правам најдобро и ми се врати и мило ми е поради тоа. Затоа и тебе ти препорачувам. Престани да се угледуваш на другите и да посакуваш да живееш некој друг живот. Ти веќе имаш се што ти е потребно да си го оствариш својот сон, само што сеуште не си почнал/а. А што чекаш?
    Утре е веќе доцна за почеток, почни од денес и не запирај. Светот ќе се поклони пред твојата големина. Биди голем и оствари го сето она за кое си мечтаел!
     
    На ilipili, cinderella5, Cacy и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.