[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    Незнам какво е времето кај вас но овде се истури дожд. А јас како голем „љубител“ си седам дома си редам мисли,си фантазирам уф уф релаксирачка музика абе за мерак и се така додека не се сетив дека имам еден куп работи кои треба да си завршам. Треба да одам на заболекар а пусти страв...треба да научам цела книга и плус имам едни книги од библиотека ги земав и сега треба да ги вратам! Останав со отворени очи и си велам животот ми е хаос сум легнала да кулирам а еден куп работи си чекаат да ги завршам. Незнам што ќе правам со овој живот :tmi: Абе вечер очи нема да склопам затоа пред време ќе си симнам некои филмчиња...маратони ќе правиме. :geek:
     
    На Miss-Angie92 и Sara123 им се допаѓа ова.
  2. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Овие денови поради учење бев ослободена од секојдневни обврски, па дури и од празничните обврски (чистење, готвење..) Затоа вчера, кога останав сама си застанав до мијалникот и ги измив сите чаши и чинии. И мислам 'рбетов ми излезе од под месово и кожава.
    И си велам, колку е тешко да измиеш сто чинии со раце, а уште потешко тоа да го правиш секој ден, плус домаќински обврски од типот перење, пеглање, усисување, вклучувајќи ги и мајчинските обврски сослушување и воспитување.
    И понекогаш се прашувам, добро бе како не им доаѓа преку глава?
    И баш тогаш си размислив. Никогаш не сум била материјално поврзана, не сум сакала материјалните работи да ми се се во животот, но си направив еден бајрам на мозок. Си велам, да имав дебела сметка и да спиев на пари, немаше да се к*рчам низ градов, ни да шетам по егзотични места, туку прво ќе и купев на мајка ми една машина за перење садови. Уствари кога после размислив, тоа не дека ќе заврши некоја работа, па си велам, би и изнајмила хигиеничарка, секој ден по 2-3 саата да и чисти низ дома. Ем ќе ја гледам мајка ми одморена, ем како господична со нозете на маса, ем нема да се преоптоварува колку прашинки паднале на подот во последните 3 мин. |(
    Ама ете, во вакво секојдневие, се случува за гс папир да се нема, а не за такви инвестиции да се размислува.
    И така, додека ги миев садовите, како само мал дел од она што треба да се среди, си направив еден бајрам, што би било, кога би било. Обично помагам низ дома, ама сега ем фаќа грижа на совест дека ако почнам да средувам, нема да научам доволно, па тоа му доаѓа како нож со две острици. Јеби га.
    ДОдека правам паузи, гледам нешто да потсредам, чисто мала помош. Да не ја чувствувам и другата грижа на совест, дека не сум помогнала дома.
    Ете така. Сега ми е полесно.
    АЈт :)
     
    На Monna.Monna, marama, cinderella5 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Денес, бев на работ да изгубам една многу значајна личност во мојот живот. :(
    Дедо ми. Тој ми значи многу.

    Браво дедичко, денес покажа дека не си само по професија борач...НАВИСТИНА си вистински БОРЕЦ.
    Сакам да бидам како тебе. Многу храбра. Многу издржлива.

    Кога ти го слушнав гласот, кога ги почувствував твоите солзи...целото срце ми се распарчи.
    Емотивец си и ти, и јас. Убави работи си кажавме на телефон, небаре се разделувавме засекогаш.
    Но, ти беше силен.
    Знам, за нас. За ние да не бидеме тажни. За да не патиме по тебе. Голема ќе биде празнината ако не си со нас...

    Ах, ете пак ми навираат солзи во очите. Абе те сакам, те сакам најмногу. Ти си мојот идол! Беспрекорен си! :) Сакам сега да те гушнам, толку најсилно...Ќе дојдам утре, ќе те посетам. Ќе те израдувам!
     
    На Monna.Monna, AnaKarenina, Buttterfly и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Сакам да кажам дека само најубавата приказна влегува под кожа, за да може да излезе над неа во секој момент и да те ежи до насмевка и солзи! Секогаш...
     
    На ilipili, marama, cinderella5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    СДК Колку купови глупости се трескаат. :!:

    Многу си ги сакам тие денови кога си имам пари. Ќе си купам сокченце и чипсче и ќе си ги мрцкаме заедно. Врати си се расположен, да си имаме прекрасна вечер. Иако е вакво времево не пречи што. Те чекам да ги слушнам имресиите дал добри дал лоши, понекогаш се и истите но иако така зборам не ми сметаат да ги слушнам по 100 ти пат.
     
  6. WeHeartIt

    WeHeartIt Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2012
    Пораки:
    270
    Допаѓања:
    130
    Девојчето незнам во кој филм е!!! :swear:
    [​IMG]
     
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.742
    Допаѓања:
    17.705
    Пуштете ми среќа за утре, потребна ми е. :D
     
    На bittersweet, kate21, sweet-cherry и 5 други им се допаѓа ова.
  8. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Речиси секоја вечер ритуал ми е чаша винце до две уз омилениот ми пењоар (бањарка како и да се вика :tmi: небитно),со многу свеќи и миризливи стапчичи ...

    и вчера нормално истиот муабет ,седнавме со милиот да го гледаме "TakeN" вториот дел ,една чаша ,две, три ...љубовчето го гледам заспало а јас продолжив со филмот а и со виното, некаде при крај на филмот гледам флашата празна .а мене така ми се отвори дизна за вино а и така загреана отидов и купив уште една . ајде следечи филм ("STOLEN" со Николас Kејџ) си реков нека поспие малиот уморен е , јас ке го изгледам филмот ке испијам уште чаша две ,а другото ке го пиеме заедно откако ке стане .
    Заврши и вториов филм втората флаша беше полупразна јас веќе бев тотално "под гас" (како што би рекол мил мој тате) :lol: .Се разбуди ... Mу реков сакам дете .Да тоа го реков ,иако бев пијана знаеше дека искрено го мислам тоа .Mи рече знаеш дека ке биде и тоа ,ти си моја единствена ...
    И да од срце го кажав тоа ,зошто знам дека он е TOJ вистинскиот и би му родила дете еден немирко како него ,палаво мало детенце со крупни зелени очиња .

    Да знам дека сум негова единствена, илјадапати сум кажала колку сум среќна што го имам ,не е совршен но јас го сакам токму поради тие негови несовршености ...
    Oн е првиот маж што направил да се почуствувам како ЖЕНА ,како најсаканата жена на цела планета .

    ..... Среќна сум луѓенцааааа ....

    уживам во љубовта ,уживам и во тмурниов ден ,уживам и додека другарувам со џогерот и правосмукалката....
    денеска ништо не ми е тешко ,си ја чистам собата си уредувам,прередувам гледам слики се присетувам на стари спомени и ми се исполнува срценцево.

    Убаини ,само убаини околу мене ...
    да довршам со чистењето, ке си направам сосче мама сварила шпагети,па у план ми е да си го пуштам "Black Swan" ми дојде желба да го гледам пак .

    ете така ПОЗДРАВ ДО СИТЕ ШТО ЉУБАТ И СЕ НЕЧИВИ ЉУБЕНИ
     
    На Moira, Monna.Monna, Nymeria и 9 други им се допаѓа ова.
  9. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Мување
     

    Прикачени фајлови:

  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Уште од прееска се туфкам.
    Вчера реков дека ќе учам? Епа не учев. И сега наместо да учам, јас си го тупам мозокот.
    Дали порано, дали покасно, дали повеќе, дали помалце ќе спијам утре. Па дали ќе биде разденето, или уште ќе биде темница кога ќе се вратам, или кога ќе одам во школо.
    И што лажат? Тромесечие дошло. Е како да не! Уште 2 месеци не поминале, а камо ли 3. Глупости.

    И времево го сакам, да. Ама зашто мора да се покривам со 2 работи?
    Таман ќе се наместам. Ќе се свртам, и јорганот отиде налево, ќебето надесно. Па ај од поново местење. После јорганиот преку глава, нозете ми штрчат. Па ќебето наместо во должина да го наместам, јас во дебелина, и пак нозете ми штрчат. После ќе ти се приоди во веце, па ај запали светло, од поново намести сè. Дремката отишла. Незнам ни јас, како сум успеала, нозете да ги бутнам во навлаката од јорганот, и да ја расцепам цела навлака, со сè копчиња. А ќебето да го забутам под кревет. Претачки мултиталент, се вика тоа.

    Да се префрлам повторно на учењето? Ај подобро не.

    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Sara123, moliv4e, Monna.Monna и 10 други им се допаѓа ова.
  11. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.715
    Допаѓања:
    24.244
    Пол:
    Женски
    Типичен неделен ден кај мене дома. Само што оваа недела го вративме времето еден час наназад :)
    И помогнав на мајка ми, усисав и избришав прашина, брат ми цел ден гледа фудбал на ТВ, а во шпоретот се крчкаат пастрамајлиите :smirk:

    Сакам вака кога денот ми е исполнет со домашни обврски, и на крај седнуваме на семеен ручек. Фали само татко ми, ама кај и да е ќе си дојде и тој од туѓина :)

    Од утре почнува пеколната недела, секој ден имам колоквиум! А книгите ич не ги дружам некако оваа година. Се правдаме со колешката дека последна година ни е :D

    И така, се средив, собрав сили за претстојниот период.
    Имајте убава недела.
     
    На Doozy, TheCandy880, Kathlin и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    Ти пуштаме Памелче :*

    И јас сакам среќааааа :( ама среќа во мега пакување.. Ќе ми биде мноооогу потребна...

    Менаџмент
    Менаџмент
    Менаџмент
    Менаџмент
    Менаџмент
    :devil:

    Сад или никад :rofl:
     
    На cinderella5 и pamelche им се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Се заебав што отидов :@
    Македонче си е македонче каде и да се наоѓа во светот.
    Организација 0, среденост 0, хигиена 0, хаос невиден.
    Бурек, 5 тепсии за над 3000 народ :fubar:
    Ќебапи пече на скара помала од таа што ја имам во двор.
    Сок топол, пиво топло само кафето ладно, како во Охрид да си во екот на сезоната :lol:
    После ќе се жалат дека не направиле пари, е како ќе направат пари ако немаат продукти, фрли рипче фати крапче, овие без ништо сакаат крапови да фаќаат :^)

    Јас обично избегавам вакви собиранки, знам што ме очекува ама се запна снаа ми и ај да и го направам ќеифот и кажав да си се најаде од дома таа не слуша и си остана гладна, после наваливме на највлискиот Мкдоналдс.

    Потоа следува муабет со секакви луѓе, мене лично има 2 типа кои страшно ме иритираат.
    Првиот тип се носталгичарите кои не стапнале во Македонија 30-40 години :swear:
    Тие се истите кои мене ми се чудат како не ме влечело ништо за Мк и сега џабе им објаснувам дека со двајца родители Македонци јас сум Македонка ама не ме влече ништо за Мк, татко ми си го влече, таму си е роден, фамилија има, младоста ја поминал во Скопје и нормално е да го влече нешто, мене што да ме влече, тука сум родена, тука сум се школувала, тука ми е фамилија и на овој муабет ти вика:
    - Eх што мори да не си ози случајно |(
    Истиот човек лани кога дојдов од Мк ме праша дали имале што да јајт луѓено таму, не бре му викам сите стануваат на сабајле и трева пасат, во денешно време со интернетов вакви глупави прашања иритират.
    Тие се истите што си мислаат дека Македонија е на ниво на времето кога го напуштил селото без струја, вода итн, тие се оние кои драјват по стритовите затоа што за 40 години не научил англиски а не ги знае зборовите на македонски затоа што немало улици, автомобили итн во неговото село и тие се оние кои праќаат 5 долари на роднините мислејќи дека ги обогатиле :|

    Вториот тип се оние тазе дојдени, кои после 4,5 години ќе отидаат за Мк и кога ќе се вратат тука просто да ти се слоши кога ги слушаш какви глупости тропаат.
    30 години живееле во Мк и сега се чуди како живееле луѓено без еркондишн, а и тој истиот живеел без клима и затоа го вика еркондишн, па како немало каде да купи манго а му барале децата да јадат, Тинекс, Веро, Рамстор имаат ама ај убеди го кога тој ни тука купил ни таму побарал, поентата му е само да се просе*ава, лигуши првокласни :swear:

    Да не биде работата само мрчење има и арни Македонци (како мене :rofl:) што не се дел од овие 2 типа, си праваат нормален муабет, не те пукаат со негативна енергија ама се помалку и помалку се :worried:
     

    Прикачени фајлови:

    На baby-star, tinkerbelll, Moira и 33 други им се допаѓа ова.
  14. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    :|
     

    Прикачени фајлови:

    На Sara123 и cinderella5 им се допаѓа ова.
  15. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
  16. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.555
    Недела ко недела, ден за одмор. Плус постпразнична, вчера на велико се славеше Св. Петка, надвор, надвор од градот. И поштено си се разболев, па го будев во 5 сабајле да ми помогне при умирачката.

    И ми кажа дека помислата на јас болна му е пострашна од секој кошмар. Па ми облече чорапчиња, ме утопли во јоргани, ме натера да пијам камилица и ме гушкаше дур не заспав.

    А јас сабајлето го разбудив со кафенце и бурек. Па ме караше, па ме караше на српски, па си лежевме во кревет и гледавме филмчиња.

    И после ни се чудат како толку многу се сакаме. Сродни души и во недела се сакаат. :inlove:
     
    На Moira, antonina, Monna.Monna и 15 други им се допаѓа ова.
  17. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    СДК дека сама си зборувам по дома.... :tmi:
    Како некоја будала се чувствувам :fubar:
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.903
    Допаѓања:
    163.771
    Не знам како се вика оноа кога се мажат и женат зошто дошло времето,ама ... како минува времето, се си мислам дека сите ќе не фати истата *љубов*. Мора да се смисли соодветен израз за бракот кој произлегува од сомнителни причини...

    Со или без Дизни, немам нереални очекувања од нештото кое се нарекува љубов,кое во последно време многу е налепено со шљам,очај, патетика и лажни солзи и емоции... Но, се повеќе гледам бракови зошто дошло времето. Фиксација за 30тка...особено мажи. Да,признавам и јас сум фиксирана за таа бројка, но до тогаш се надевам ќе имам убава врска во која ќе ја имам удобноста да го изживеам животот пред да решиме да дојде моментот заедница или брак веќе како наложува светот и нормата. А не брак- цедевита, додај вода,од прашинка направи сокче,направи чудо... Јас те знам тебе,ајде да се земеме,морам,ми се брза,мајка ми е желна за внуци.
    Но,нејсе... муабетот ми беше,што познавам многу момци кои живееа со полни гради,наводно, беше се во грозните изрази од типот пи*ња-мичиња...и останаа со девојки кои се повеќе од мекотелки кои им родија деца и фино се скрасија покрај нив и нивните пари. Момците на изглед, изгледаат солдино,за сметка на снајкиве, кои изгледаат очајно,особено во однос на оние кои ги мотаа у нивната младост...но кога ќе ја удриш цртата за сума,ќе видиш дека се работи за просечност и под просечност, просто помирување и живеење зошто годините веќе почнале да разјадуваат. Па се прашувам кога ли ќе паднат во очај?! Жал ми е за дечињата на кои веќе почнаа да им слават родендени... Додека нивните татковци бркаа девојки за бројка, подзаборавија што значи љубов,чак што више кутрите излегуваат во јавност со бесрамните изјави дека се работи за љубовта на нивниот живот, додека сите останати сведочевме тешки пијанчења и изневерувања пред самиот брак. Но,ајде да не глумиме, не можеме ние да знаеме како човек се чувствува,но можеме сосема прилично добро да процениме. Не би сакала таков татко на своето дете. Впрочем на која вредност од животот би го научил?!
    А не нешто поарни ми се и оние кои и летаат со помислата дека љубовта на животот е нешто крилато кое со текот на времето еволуира и двајцата ги проголтува и постануваат едно. Тоа едно во кое ќе станете, може да биде само вашето дете... И оние кои опсесивно се окупирани се една личност без да умеат да го распознаат истото...не разбираат дека страста колку што е убава кога е возвратена,толку е и луда кога не е задоволена. Може и ако отидат до крајниот исход, задоволувајќи ја желбата на базално ниво, потоа ќе разберат дека тука и повеќе ништо не преостанува...но да речеме тоа е *излечливо*, што е пак со оние убедувачите кои сакаат да бидат секому се и на крајот остануваат никому ништо,па ни себе,но се уште, се опседнати со една личност, до крајот на животот,како анатемисани... Се плашам од такви луѓе,повеќе пати имам кажано.

    Сериозно,многу се загрижувам...зошто има работи кои и те како нагласуваат каков човек си ти. Она кое најдобро зборува кој си е си ти самиот, твоите интереси, твојата професија и твојот партнер,за подоцна на се тоа сублимат да бидат твоите деца...
    Проблемот го гледам и од поинаков агол,но за тоа немам време. Да нафрлам едноставно, таква ни е културата тука,традицијата, комшилукот, туѓите желби и очекувања пред нашите. И мажи кои едноставно се плашат од жени...ама жени, не сопруги. Од толку силни мажи кои веројатно треба да се носат со силни жени бидуваат задоволени со нешто навистина безрбетно кое знае само да ржи и да разоткрива нога, задник, гради и да се погордее со неа,да рече,а и паметна е,освен што е убава. Паметна е, не велам не, зошто е прилично помлада од тебе и паметно ти ги троши парите...
    На здравје нека ви се,да ви се живи и здрави дечињата! Друго и не преостанува,ама навистина е језиво што навистина стравот од подлабока емоција, стравот од целосно предавање,а сепак сочувување на себе си, неумеење на истото,е неретка појава...

    Сакаат подобар свет, не умеат да се искрени пред себе. Зборуваат за подобра држава, не знаат да бидат подобри за себе...
     
    На Ariel, Moira, Phyramide и 4 други им се допаѓа ова.
  19. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Цела почетна ми е со слики од палачинки и у дискрипшн:
    :fubar:
     
  20. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Прекрасно било чуството кога после толку депреси солзи нервози конечно ке ти дојде менструација и на сето тоа му викаш само едно ЧАО и повторно ви блеска насмевка на лицето :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.