[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Жени де некоја шо парле франсе нека ми ајуда силву пле. :(
    Заглавив на граматика а утре правам писмена.
    Мерси боку однапред! :D
     
  2. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.740
    Допаѓања:
    10.290
    Викенд дома значи хронично сум не наспиена и поднапиена.
    Кога ќе те разгалат со зготвена храна, цела куќа ќе замириса на кифлички, па колачи, па скара. All inclusive во спа? Не фала, пратете ме дома.

    Се видов со некои мили луѓе, со одлуки за големи промени во животот. Се замислив каде ќе сум за 5 години, а каде тие и дали само ќе се сеќаваме на амбициите или ќе ги живееме?
    Лани бев на TED и еден од предавачите рече: Внимавајте кој се се наоѓа околу вас, зошто луѓето што се околу вас покажуваат што мислите за себе, а мислите најчесто стануваат реалност.

    Затоа си ги сакам пријателите со големи амбиции, ама да се разбереме, реални. И ги сакам зошто сакаат и се трудат да се одлепат од дното на кое сме залепени заради околностите.
    Песимистите што замараат колку е тешка ситуацијата, колку им е тежок факултетот одамна ги избришав.

    Туку, растреперена сум. Ме чува и трпи. Ако најдете некој кој ќе стане наместо вас да го исклучи алармот сабајле, чувајте го.
     
    На bittersweet, zarah, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    За разлика од повеќето, јас ја сакам Недела. Ја сакам!
    Викендов ОДЛИЧЕН!! Петокот прегратки и бакнежи со него, додека ни пееше еден од малкуте квалитетни пејачи во нашата државичка. Вчера филм, топло ќебенце, прегратки и други активности, со него се разбира, а надвор врни турва. Се изгушкавме, го мирисав цело време и пак не бев задоволна. За некои работи сум ненаситна. :angel:
    Денес, најубава Недела. Утрото помина со многу гушкање од најмилото и најбуцкастото детенце на светот. Лавче на дада, го изгњавив квалитетно и пак ме сака. Само тој можи да не се лути ако го касам до болка. :* Кажав еднаш дека сум ненаситна?
    Денов не можи да биди по есенски, од што ми е моментално мене. Ќебе, тиква со мед и цимет и книга.
    Подоцна ќе ја чекам другарка ми да ми дојди на чајче и филмче.
     
    На bittersweet, innablood, Sara123 и 9 други им се допаѓа ова.
  4. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    троп троп троп троп,слушам на улица си излегуваат,си одат на кафенце а јас киснам на работа,а инаку ја мразам недела уште повеке ја мразам кога сум дома,обавезно мора мала кавга да падне,депресивен ден ми е,осамен,седам дома цеел ден или одам по роднини,а секако и мене би ми бил убав ден доколку го поминам со дечко,и се гушкам цело време :inlove: ама нема таков и затоа отсекогаш сум мразела недела како ден |(
    инаку немам уопште апетит,ако продолжам вака 45кила ке станам
    а инаку гадно е кога жена вади пари од градник,гаки,чорапи :puke:
     
  5. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    648
    Навидум глупав и досаден ден а прекрасно исполнет.
    Се започна со серијата и топло утринско кафе во кревет.
    Потоа женски муабет со двете најдраги личности.Сестра ми и мајка ми :inlove:
    Заедно најубаво функционираме.Направивме најубав ручек и сите заедно фамилијарно уживавме.
    Следеше попладневна дремка па малку серии, малку учење, топла када, и вечерта дојде.
    Го направивме благото и ги дочекавме гостите.
    Моментално уживам во својата соба ги слушам моите како уживаат во муабетот и како се расположени.
    Ве оставам во убаво расположение, имајте убава вечер и убава работа недела. :*
    Многу среќа на сите испрашувања и тестови кои следуваат, потребна ни е на сите :!:

    :* :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Sara123, cinderella5 и SomeWhere им се допаѓа ова.
  6. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Е ретко кој има прилика роденденот да му трае 25 часа :D

    Пораснав и јас :party: Уште не ми се верува дека сум полнолетна.
    Мама ја зготви најубавата торта што некогаш сум ја пробала за денов.
    Го имам и најубавиот подарок што постои на светов. Љубов!
    Љубов од најмилите мои, љубов од него, љубов од сите мои роднини.
    Инаку баш ми дојде смешно кога се преиспитав како еволуираат желбите кои биле замислени додека се дуваат свеќичките. Ако во прво одделение сум замислила желба да добијам гумена барбика, денес желбата ми е мир и спокојство. Пресреќна сум, денес е мојот ден ^_^
    [​IMG]

    Почастете се и вие, сега легално ми е и алкохол да ве частам :lol:
    [​IMG]
     
    На Sara123, antonina, UbavkaBube и 13 други им се допаѓа ова.
  7. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.238
    Допаѓања:
    48.560
    Пол:
    Женски
    Мразам кога сум прва смена на работа , мразам и мразам |(
    Сдк први е на прагот ^_^ ^_^
     
    На pamelche и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  8. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    По некое правило неделите ми се омилени денови,но денес не. Го мразам овај ден,оваа недела,се што мислев дека ќе е добро веќе не е .Него го гледам со други очи,го сакам сеуште и без размислување животот би го дала за него,но овие дена ние се изгубивме во некој чуден свет,она нашето е чудно наше.Што се случува?Ни самата не знам да си појаснам,ќе почнам да мислам дека некој некоја чудна магија ни има напраено недела да ни е супер,недела да се караме до бесвест.Надежта е таа што не ме остава и ми е верен пријател секогаш,само таа остана единствена која што ми кажува дека се ќе биде во ред.Ох животе,зошто мора да ми е вака се прашувам?Час добро,час толку лошо што ми доаѓа да заминам некаде далеку и никогаш повеќе да не се вратам.Тоа е што е тука е,мене ми останува само да сум со крената глава и да не дозволам да ме уништуваат секојдневните проблеми.
    Кога размислувам моите проблеми се ништо за разлика од некои дечиња кои што се сами на овај дожд надвор без никој околу нив,а сепак живеат и се борат.А што е со оние кои што имаат некоја тешка болест?Со оние кои што изгубиле некој свој близок кој што никогаш нема да се врати?Што е со оние кои што не јаделе со денови,а сепак кога ќе ги погледнеш има среќа на нивните лица и надеж која што ни дава и нас надеж.Треба да се засрамам самата себеси и се страмам што кукам за нешто што за овие луѓе е банално и би биле најсреќни на свет ако имат таков проблем.Тоа ме одржува во живот,баш тие луѓе кои што секој ден се борци и мои херои.Затоа верувам дека се ќе биде добро,мора да биде.
     
    На cinderella5, Glossy-girl, SOVRSENSTVO и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Сдк,

    Ако не Те запознаев, сеуште ќе бев изгубена.
    Ако не Те допрев, сеуште немаше да знам што е вистина.
    Ако не Те засакав, сега немаше да знам што е љубов и како е да те љубат.
    Знам...
    Знам дека никогаш неможам доволно да се оддолжам. Но сепак само едно ќе правам.
    Неизмерно ќе Те сакам и ќе се обидувам да го докажам тоа :f: .

    Сдк,

    Не сум ве заборавила.
    Да се јавам дека сум жива :) .
    Ќе се врати Леси еден ден, ќе биде :wasntme: .
     
    На kravce, stylishh, La.Reina.Del.Sur и 20 други им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Денес сфатив колку мене музиката живот ми значи, ме распламнува, ме создава одново. Ме чисти.

    Во студио, после долго време, трема, пеперутки во воздух, како којзнае што да ќе се случи. Ме храбреа Фиши и сестра ми, Доријан беше многу стрплив и целата атмосфера ми беше магична! Без его, без натегања, без остри планови, чиста музика.
    Се прави демо верзија на првата песна од музичкиот проект што го главиме веќе долго време. Не сакав никогаш конкретно да се потпрам на некоја идеја, зошто ми беше неверојатно дека такви професионалци во музика сакаат да работат со мене и мојот глас. Ете, недовербата кон себе, сега се претвора во моќ. Чудно чувство, драги мои. Како да се будам од сопственото Јас.
    Впрочем, отсекогаш знам која е мојата болка. Тоа што работата што ја работам, ми носи само финансиска сигурност, дисциплина, ми тече стаж. И толку. Другото е рутина, капитализам, стрес. И ок, сето тоа е мошне поволна положба за 25 годишна девојка во Скопје, што живее со глава во облаци а со нозе на земја.
    Но, ми недостига креативниот потенцијал да претече во песна. И токму таа шанса денес ја добив, да ми излезат сите тие нешта низ и од мене. Прекрасно чувство, на катарза, страв, смеа.
    Ете тоа е мојата вечна положба. Поделено небо, ко на Криста Волф.
    Ни прва ни последна. Важно е да си ги остварам сите можни идеи и да го отворам креативниот вентил, да се случат радости и да оставам зад себе добра музика!

    Реков, комплетна жена ќе бидам кога ќе имам зад себе своја книга, албум и чедо.

    Другото, веќе сеедно е. Не мора да бидам моќник, за мене уметноста е најголем благослов!
     
    На innablood, Springy, Peppermint и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Сакам да учам. Во недела најдобро ми оди.
    Таков си е денот, тивок. Сакам да стекнувам знаење, ме исполнува тоа.
    Ме интересираат сите области, но струката е таа што ја љубам.
    И ми биле некогаш мачни 800-1000 страни, некогаш помалку, некогаш повеќе.
    Трудот секогаш се исплати. После успех, забораваш на маката.
    Срцето се смее.
    Сега правам пауза. Со чај. И слатки. Мириса на цимет. Дожд.
    Duran duran за финиширан спокој.
    http://www.youtube.com/watch?v=m8zksSKb9Zg
    Aah, it'll take a little time, might take a little crime to come undone... :music:

    За кратко, пак на учење.
    Подоцна, филм. Анимиран :wasntme:
    Чус :coffee:
     
    На Sara123, anabel-a, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.654
    Пушти чекор, ако сакаш негде да одиш.
    Следи, а потоа и ти води.
    Научи, само така ќе знаеш.
    Давај, тогаш ќе почнат и тебе да ти даваат.
    Сакај, и ќе бидеш сакан.

    Светот е лошо место, ако сакаш да го смениш тргни од себе.
     
    На EmGreen, Trendafilka, Sara123 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Убаво е кога имаш некој покрај себе :)
     
    На kate21, Cacy и Gordana10 им се допаѓа ова.
  14. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.436
    Конечно добитно.. :D
    Ај да ве почестам.
     

    Прикачени фајлови:

    На Trendafilka, kate21, Sara123 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Мразам, многу мразам кога некој(а) што слуша турбофолк, Џастин Бибер, Ники Минаж и сличните ќе ја стави мојата најомилена песна на фејсбук. И уште ми се прави најголем љубител на истата, а два стиха не знае. Па нели не оди само линкот од песната да го стави, мора и по некој стих да додаде, па за таа цел оди прво на гугл да најде текст и да го избере најдобриот стих, во оној во кој се „пронаоѓа“ и да го стави.

    Е мразам бе. И ме боли душата затоа што таа песна ми буди секакви спомени, секој пат кога ќе го погледнам спотот плачам поради тоа што ми буди најразлични емоции, а некоја си гуска ја става само да се направи хардкор и да собере лајкови, а душата и плаче за турбофолк.
     
    На FortuneTeller.xD, crazylady, sweet-cherry и 13 други им се допаѓа ова.
  16. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Сдк, ко што нимфоманите се жедни за секс, е така ја сум жедна за нови , нови, нови и само нови проекти.. Ама јебига мора прво некои обврски да се завршат па после се друго... Ама кога бе тоа друго ?? КОга ке дојдат на ред и мои 5мин , кога ке седнам мирно и ке почнам да ги планирам до крај ??

    Ке дојде некад да, кога ке бидам изморена од животов.. Зашо се друго е побитно. Така е, таков е светов, се врти без да застане за миг барем малку, воздух да земам да се псоветам на моја љубов....
    Да завршат колоквиумиве, и се фрлам на нешто да сработам... неможам више , ми се прават планови ми се плаче ...
     
  17. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Сдк и покрај сите проблеми што ги имам,и покрај тоа што знам дека татко ми би ме убил ако дознае за се јас пак сум среќна.На мајка ми и татко ми и направави мноооооогу проблеми,бељи и глупости.Татко ми,секако веке ме отпиша.Ама мајка ми не.сеуште мноогу ме сака.Пред малку ја прашав дали некогаш би ме убила ако направам гооолема беља (не најдов посоодветен збор) и ми кажа дека само може така да збори,ама никогаш не би го направила тоа.Вика дека ке ми даде гоолема казна,ама никогаш тоа.Среќна сум што сеуште ме сака.
    Утре можам да плачам,нормално татко ми ке дознае и ќотекот не ми бега,ама ако.Ако тоа ми е казната за се што сум направила тогаш прифаќам.
    Од утре следат тешки денови,ама знам дека се ке помине.
    После :rain: доаѓа :sun: . :)
     
  18. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Кафе, палачинки со еурокрем и банани, џез и работа ! Уорк бич, до сега требаше да си готова, а ти се влечеш како желка. Ма не знам ни кој ден сме, а за датум па да не збориме. Така ти е кога си џаболебариш по дома, немаш обврски, не одиш на факултет и немаш риал џаб и не мора да стануваш рано секое утро. Барем за година знам дека е 2012, ама и за тоа не сум мн сигурна.
    Вчера за прв пат излегував во мојот град, си се спремив убаво и излегувам надвор, кога ме удри ветерот ќе ме однесеше, врска немав дека времето било лошо. Некако не ми се виде интересно да стојам со дечињата кои не достигнуваат ни до кваката на вратата, па седнавме демек на винце, и да јадеме нешто.
    Ајде палачинки да јадеме.
    - Келнерот: А немаме палачинки. Ајде реков ќе земам некоја салата. -Немаме салати, ни скара немаме.
    А тоа све фино лепо си го има на менито. Е добро , што има за јадење ? - Само пици и пастрамајли. Ооо боже |( И така си пиев пиво и чекав да се подисчисти од малолетници што само се туркаат, влегуваат и излегуваат од единствените два кафичи во градот за да отидеме таму. Иии ситуација - страшна смрдеа на пот, женски се спуштаат на песни од Слаткар и некој српски рап, а од страна манијачки фаци ги меркаат со пивото у рака. Сто пати подобро да седневме кај некој дома, со пиење, музиче и муабет. Сто пати се покајав што излегов, се покајав што купив роман после 100 години - средношколски состав во кој се тупи, тупи и му нема крај, и се покајав што изгледав филм.За џабе изгубено време. Ама изгледа викендов ќе ми се отствари желбата за планинарење и кампување, и сум хеппиии ^_^

    http://www.youtube.com/watch?v=9tpMhl1W9-o
     
    На Sara123 и Hipster им се допаѓа ова.
  19. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.083
    Допаѓања:
    110.939
    Пол:
    Женски
    Демек отидов во домата за да se oporavam, се вратив три пати поболна. Ал свадба је свадба и шта да се прича, парада пијанства и кича.... Ма оваа беше и пијанства и кич, и тоа најмногу досега што сум видела. На враќање со локалната превозна компанија се осеќав ко пакет батаци на задно седиште, седумдеспет души у автобус за четрсдвајца, море машала. Арно ми вика директорот, седи си и мчи си, избор немаш. А што сум видела вечерва собрано еден куп автобуси на само две улици, бајдвеј, едни од поглавните у градов, автобусиииии.... Е отпосле сфатив, имало политички дешавки, почело је почело.... Градот на југ ужасно ме инспирира. Ве частам јапонски и калинки :rofl:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Е мене ме многу нервира пример кога ми лајкнуваат слика а не ни знаат што всушност се наоѓа на сликата. Ставив слика од Dr.House..ептен интересна беше.. и ајдее оние што ги знам за најпрости.. ставија лајкови. Ај да ја гледале серијата, да знаат.. ама тие една книга не прочитале што се вика овде за Dr.House ќе лајкнуваат, и не само за него уште 100 такви случаи имало. Е мене тоа најмногу ме нервира... :fubar:
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.