[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.104
    Допаѓања:
    110.988
    Пол:
    Женски
    Денес имам еден куп муабети да ви кажам дур чекам да ми дојде време за антибиотици и сирупче, ко дедо ми покојни со ќесичката сум, бомбоњера си ја викаше.
    Више ве предупредив у темава со фризернициве, си ја добив и ја првата фризура ала баба Зумбула, или ко што веќе ја напишав, Круела Девил, помалата сестра :D Ај што ме навитка ко ја да бев невестата, ај шо ми ги стутка шишките ко да сум удрена со мокра чорапа, па коа почна да тапира луѓе, да тапира.... Ми вика ама тебе не ти е одамна миена косата :tmi: , како бе викам, па мокра ми е, ама дека ти е мрсничка у коренот, ахаааа.... и почнав да и објаснувам дека користам еден грд сапун да ми ја исчисти себореата и дека од него ми е таква, и ми праи фаца ко демек, добро е, сум имала еден куп такви ко тебе кои се измиле само со ладна вода и ми доаѓаат да ми се правдаат. Ми идеше четката од глава да и ја треснам, ама така да и се збрца, да не и текне друг пат да дава непотребни коментари. Ало, погледни се у глава, ко сто кокошки да те чупале си, ти најде да ми наоѓаш замерки за мојата густина на косата, за моето влакно, за должината, помири се, ти си една обична локална фризурлајка кај која сум дошла пошто сум морала. И ме загуши во облак од лак за коса, ко филм да снимав со димни сцени, демек немала како да ми ја зацврсти, само лак зацврстувал вакви неквалитетни коси ко моите, а за крема за коса, за некој гел-восок, не чула, од кај да знае, таа учела занат од маалскиот бебрберин :^) И нејсе, ми наплати дупло пошто ми била многу долга и ми била погуста, зини земјо голтни ме :tmi:
    И си ја сместив ја така фино лепо флизурава у еден ќош у еден ресторан шкљ категорија на Дојранско езеро, си делкав од салатката пред мене и си пиуцкав узо, онака од душа, па затоа и го оставив антибиотикот, не го почнав дента, се за тоа пусто узо :lol: И започнаа, од невестата, од кумата, од другарите, па се молат пијаните да не ја фаќаат певаљката со мрсни раце, па летање чаши и флаши, но врв на се, пауновите пердуви на невестата и на сестрите на невестата, парада пијанства и кича, убаво реков во претходниот пост :x
    И уште еден бидермаер ми отиде, замислете ме, помеѓу петнаес девојчиња на 12-13 години, се џиткам за бидермаерот, а невестава и го мести на внуката од 5 години, па не ми се верува, само за на YouTube беа, бидермаеров, ама буквално што не го бапна девојчево у фаца. А како круна на вечерта морам да ви се пофалам, Пингвин денс, еротика у живо, и младо и старо, од 7 до 77, на чело со невестата. Одамна не сум била на ваква свадба, ал свадба је свадба и шта да се прича.....
    Отидов ја да кркнам еден Цефаклор и едно капаче Бронлес ;)
     
    На Sanniii, Monna.Monna, Doozy и 14 други им се допаѓа ова.
  2. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    На antonina, anabel-a, Serafima и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Katerinceee

    Katerinceee Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.230
    Пол:
    Женски
    Mногу сакам кога врне да седам покрај прозорецот.Да гледам како врне,како паѓаат капките дожд од небото.А јас покрај прозорецот седам и да ми течат солзо од очите.Секогаш кога врне моите очи се полни со солзи.Дождот ме смирува ми дава надеж за се.А понекогаш додека врне,јас плачам и дождот ме враќа кон топлите спомени во минатото...
     
    На tweety26 и EmmaBass им се допаѓа ова.
  4. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Убаво е чувството кога некој ќе те гушне и ќе заспиеш на неговите гради. Убаво е кога некој ќе те покрие со неговота јакна додека спиеш во неговата прегратка, притоа обидувајќе се да не мрда многу за да не те разбуди. Убаво е кога го осеќаш неговиот мирис на твојата маица. Убаво е чувството кога пред сите другари трче и ти подава рака за да не шлапнеш во некое вирче. Убаво е чувството кога знаеш дека е преморен ама ги држи очите отворени само за да го гледа твојот омилен филм. Убаво е чувството кога ти го дава неговото омилено чоколадо тебе. ...Иако знаеш дека тој ти е само другар. И дека неможе да ти биде нешто повеќе зошо и двајцата знаете дека неможе. Ама убаво е. Убаво ми е со него. Да се смеам, да плачам, да му се лутам. Сакам да кажам денес тој другар ме направи среќна
     
    На zarah, tweety26, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК се прејадов :sweat: ќе пукнам, ќе почнам да се тркалам, наместо да одам :D арно шо не се фаќа, ќе кажам по којзнае кој пат :emo: Па и ја незнам шо толку се прејадувам, како боже секнале изворите на храна, па се да изедам :D |(

    Денов од убав, поубав,здравје! :sun: :emo:
     
    На perlaa, Cacy, tweety26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Ајде нека е со помин.. Понеделник веќе стана, нека ни е лесна неделава на сите :D :D
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Човек не е целосно облечен се додека не стави насмевка на лицето. :)
     
    На Umbrella22, ludoto19, anabel-a и 15 други им се допаѓа ова.
  8. EmmaBass

    EmmaBass Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    Се чуствувам одвратноо! навистина мразам недела! :@
     
  9. Idonea

    Idonea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2012
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    642
    No hard feelings за постов. Ме потсете цитатов па пишав...нема лутиш, нели? одамна не бев пишала на оваа тема...

    "..И наеднаш во животот ти станува странец, оној кој некогаш ти значел се..."
    Знаеш, после се, заклучувам дека единствената работа за која си виновен е што не успеа да го убедиш Сатурн да заспива околу мојот прст пред да почнам да се сомневам, пред да ме повредиш...
    Вербата можев да ја одглумам, ама сомнежот не. Знаеше дека за ова неможеш да ми судиш, затоа ми дозволи да заминам. Можеш ли да му судиш на пламенот што станал студена вода?
    А сите што ме повредиле ги закопувам овде, со три метри гордост.
    Едно време од лутина одбивав да признаам, но вистина е, вистински те љубев. Ти благодарам за тоа. Да, тебе, зошто да не беше ти, ќе научев ли што значи да сакаш? А и како велат, кој не љубел, тој не живеел, кој не умрел, и тој не живеел.
    Ете, јас и љубев и умрев. Умре онаа јас која те сакаше.
    Сега конечно живеам
    Живееш и ти
    Живееме и двата, но посреќни, во некои нови, паралелни светови.
    :hai:
     
    На julie77, ludoto19, marama и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    [​IMG]

    ...кога не си спиена 24 часа, а те чекаат 6 саати предавања па колоквиум.
     
  11. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Стомакот ми се преврти кога го видов знакот Скопје....
    Очекуваш гушкање на дожд, бакнежи што се чекале со денови, милост и радост, а добиваш само исклучен мобилен...
    Да не беше добриот таксист кој до двор ми ги остави сите торби, мислам дека ќе полудам, крај.

    До каде стигнавме, од едно обично недоразбирање, од ситница, од мравка до слон.
    Колку само лесно можеш да рикнеш наеднаш, не дозволуваш, не ни сакаш да слушнеш, тоа што ти го мислеш е секогаш е така, никогаш и никој не може да те убеди дека грешиш.
    Знаев дека си таков јас, и ретко е да, но секој пат, кога ќе стигнеме до оваа точка, ми се гадиш.

    И не, не ми е криво за се што кажав, иако знам дека бев груба и не преќутев, нем ожев, веќе не можев, те навредив знам, ама јас не се чувствувам виновна и воопшто не ми е жал, пошто си таков.

    Празнина и тишина дома.
    ОД почеток лупав и тропав од нервоза додека ги местев сите работи што ги донесив од дома, но од како се средив, си направив само едно јако кафе и седнав, уште се тресев...
    Мајка одма ме позна по мобилен: Ане, шо е проблемот?!
    Залудно да ја мачам, па ај некако замачкав, а таа, најмила моја, како што таа знае да ме утеши и да ми даде потпора во тие моменти на слабост, никој не може, нема ни да може, љубов до тебе мамо, знам дека само ти ме сфаќаш најдобро и ме читаш како буквар.

    Ладна постела, кошмари.
    Три исти сонови, јас, мама и тато и демони.
    Боже мој, за прв пат во живот се потев а ми студи, се тресев и врескав.
    Тој три пати ме будеше: Ана што ти е ма, ме плашиш, еееј разбуди се.....
    Луѓе, се исплашив од сонот, мир и спокој нема за мене периодов очигледно.

    Ладно поздравување, тој замина на работа во 5:30h, а јас немам желба за сон освен за едно големо кафе и да си ги напишам маките...
    Денов е долг, факултет, напорни лица, професор кој очекува премногу, а јас немам желба ни сила за ништо.

    Мачето ми преди во скут и ме гледа со тие големи очиња што и го зафаќаат цело лице.
    Душиче, како да ми ги сфаќа маките па ме теши...
     
    На innablood, La.Reina.Del.Sur, Doozy и 12 други им се допаѓа ова.
  12. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    сдр добро утро :D иако мене денес не ми е баш најдобро, ќе се потрудам во теков да денот да си бидам расположена.
    Се прашувам толку ли тешко му беше да рече добро утро , не мораше да добијам бакнеж, можеби срамота е тоа пред другар му |(
    Како и да е време е јас да да се фатам за работа :)
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.396
    Допаѓања:
    17.618
    Пол:
    Женски
    Што ми требаше пак да почнам да трчам по државни столчиња, кога многу пати се изгорев и сега пак истата грешка, демек овој пат ќе биде поинаку. Не ме ни известија за интервју, а со помалку поени ги известиле (ама рамковен де, ако треба и да не полагал ќе го викнат). Без намера да навредувам, ама тој рамковен не уништи, се откажав, ама криво ми е во своја држава кога се чувствуваш вака глупо, кога ти оди да задавиш некој политичар или пак сите, кога исполнуваш толку обврски спрема сопствената држава а таа не ти враќа со ниедна услуга. Ова веќе не е моја држава, НЕ Е, ниту се чувствувам сигурно во неа, ниту пак сум среќна.
    А местото кај што сум сега, сакам да го уништи багер и никогаш да не се изгради ново место, само неколкумина кои можат да се избројат на прстите на една рака, заслужуваат да работат, другите, посакувам само еден месец да видат како е од онаа, другата страна, која се прават дека не ја гледаат. Не е многу еден месец, ама самата помисла на празен џеб може да ги убие.
    Ебати депресијата и песимизмот, исто како времево се чувствувам, натежнато и полно солзи. Дури и да се појави малку сонце, пак сивилото ќе го покрие.
     
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Искрено се надевам дека денов нема да тргне наопаку..
    има нешто блуткаво во него од моментот кога се разбудив, ама не знам што е.
    А и..не сакам да знам.
    Подобро е кога некои работи засекогаш оставаат прашалници зад нив.

    Сакам да се случи барем една весела работа за скроз да ми ја сврти перцепцијата кон денов, на пример, да се погледнам у излог на минење и да изгледам добро, и да бидам задоволна од самата себе.
    Тоа никогаш ми се нема случено..

    Сонце, па дожд, па сонце.. уште неколку минути пак седнувам во автобус, и пак истата релација.
    И пак се' е исто.
    Ми се гади од она што го слушам, од она што го гледам.
    Почнувам да губам на осет за се околу мене, гадни сте ко не се замарате за ништо, така да знаете!
    И јас ќе станам гадна...

    Ајт, аирлија деноф...

    |(
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    доброутро :)

    сакам да споделам со вас 2 работи

    едната е приметив дека една девојка со која се дружиме веке година и 1 месец некако како да ми е љубоморна-баш вчера кога се вракав од медитација се прашував НА ШТО би ми била љубоморна
    -на дипломата која ја имам
    -на партнерот кој ме сака и за се ми удовулува
    -на друштвото кое ме сака и не може без мене
    -на местото каде се вработив и добрата плата што ја земам
    -на здравјето што го имам
    -на прекрасното семјство што го имам дома

    во ниту еден сегмент во животот да не си успешна, и пак да ти љубомори некој т.е. некоја :fubar: :x
    една добра работа-убавината, ама за жал и таа е минлива-иако давам се од себе да остане што е можно подолго :)

    друга работа
    -лани имав можност да запознаам едно типче коешто кога ке го видам мислам дека не е истиот-ми бил колега на факс, ама не сум знаела после дознав. Од фин, мил, стана надуенко а како што ми мириса работава и алкохоличар ке стане (се разделиле со девојката, и никако да ја преболи) не ми е јасно што се замислува дека е-стана еден од потпретседателите на општинскиот комитет па мисли дека е недостижен |( арно се вели дај му на човек власт, па да го видиш што човек е :!:
    не заслужува ни да помислам на него, доволно е да го скролам, ама феминки не можам да го препознаам
    a заборавив да ви кажам дека откако дојде новиот претседател го вработија-потпредседатеел невработен, не бива нели :D позиција што да ви кажувам :tmi: и нормално неговото однесување се смени :x
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.426
    Допаѓања:
    143.399
    Темпото овој период од годината се потешко и потешко го прифаќам. За жал, оваа година не ни престана. Можеби имаше три месеци кои беа за нијанса полабави, ама другиот дел од годината беше пеколно тежок.

    А не е една година. Денес правам точно 11 години од првиот ден, што е право во сестра-фирма. Претходно беше поиздржливо, може затоа што бев помлада, и затоа што не беше вака цела година, па кога ќе дојде периодов имаш сила. Ама сега сум исцрпена.
    Ми се собираат барем по 10 часа ефективна работа секој ден, и уште 10 вкупно за викенд, а каде се обврските со децата. Се прашувам дали на сите им е вака. Туку ајде, атер на платата... не е во ред да се жалам.

    Имајте убав ден. И тие со слична динамика, и тие со различна, и тое што се на факлутет по цел ден, и тие што се дома, и тие што се во училиште. Се надевам дека сте во подобро расположение од мене. А мене ме држи она - после :rain: доаѓа :sun:
     
    На ludoto19, anabel-a, zarah и 11 други им се допаѓа ова.
  17. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    На La.Reina.Del.Sur, Glossy-girl, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк ми треба само д :) обро кафе, девојка и мир.
     
    На ViktorijaMari и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  19. Kathlin

    Kathlin Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    232
    СДК дека конечно научив и се спремив за утрешниот тест и дека конечно си ја најдов сукњата :party:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    28
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.