[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Барајќи низ облеката,тетка ми нашла еден елегантен долг фустанво темно зелена боја.
    Го купила кога била бремена но никогаш не го облекла.Била слабичка колку мене не и се ни познавало дека носи бебе во стомакот.Ме викна да ми го покаже,и премногу ми се допадна.
    Ми го даде за мене,па мое е сега да го средам малку да му додадам нешто по мој вкус... :)
    Денес убав ден за јадење торта.Соседката ни донесе благо од славата бидејќи не отидовме јас и мама,а сега ќе идам кај тетин на роденден,па и таму торта. :lol:
    Инаку на двете сестри им тргна некако финансиски,што среќа имаа.Уплаќаме завчера сите спортска чекај чекај ништо не бива,а сестра ми оп си зема 300 денари и башка кога одевме по пат вечерта си најде на улица 100 денари па си ги зема. :D
    А ова малечково мое сестриче уплатила вчера,баш ме изненади,и фатила 500. :D
    Алал да им е. :) Сега јас сум на ред и точка! :D
     
    На Hipster, cinderella5, Doozy и 6 други им се допаѓа ова.
  2. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    СДК раката ми е како црн патлиџан , ќе ти ебам ќората докторка, да неможе вена да најди да му се сневиди?! :geek: :devil:
     
  3. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.623
    Допаѓања:
    10.360
    Го знаете вицот за штотуку запопениот поп што правил крштевка? Дајте жени друго дете овоа не биде.
    Така и јас и тиквата синоќа :$
    А колку и се спремав. Гуглав како да ја правам, па цртај пола саат, па крива е, едното око е погоре едното е подоле, па бриши ја со мокра крпа па пак цртај. Се задоволив на крај како би изгледала, и I am going in!
    Прво капакот, ја забодев со едно ноже и се заглави, не мрда. Поголем нож! Врп врп врп, и се мислам ако вака тешко иде некако само за капакот да не треба да ја измијам уште еднаш и да ја нацртам поедноставна. Ама за тоа после ќе му ја мислам си викам. Го тргнав капакот, семки, јеееее, вадам и ги поскам од тоа лигавото една по две по три. Нема многу, не знам ќе ми се свиде ли фурната да уклучам за толку. Нема веза, после ќе ги мислам. Земав со една лажица да ја изгребам (ова треба да се смета за вежбање колку енергија зема). Едното око, полееека отцртав површно по линијата, па забоди одбоди, забоди одбоди, се изнамачив ама излезе око. Ајде другото, аха, сега знам како и ова побрзо го извадив. Носот и он готов. И сега критичниот дел, устата со заби, на сегменти ја поделив, и ајде едно по едно. Сечи вади. Ајде, ќе ја биде, и го гледам крајот и подмочнувам од радост. Додека стигнав до пола уста и кога рече тиква кррррц од уста преку нос и преку левото око, како оноа од Ice Age кога се распука ледот.
    Е се распукав и јас! :@

    Час ќе правам тејк ту. Барем доволно семки ќе ми се зберат за печење, а ако вака продолжи како синоќа, и семкара ќе отворам :lol:
     
    На bittersweet, Moira, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  4. Lunaria

    Lunaria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    1.087
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам,(не)оправдано ме снема,денеска во памет си се присетив на фемина и викам еј бе,одамна не сум отворила на форумот да си прочитам да си напишам нешто,а страната ја отворам не да не,но не е исто без сите ликови што се овде :) ми фалеше ова мое скромно катче.
    Периодов за мене можам да го опишам како доста солиден,доста интересен и чуден :D Другаркиве ми велат-поопуштена си ,поенергична,блескаш,носиш убавина секаде ( не сакам да излезам сега сама си се фалам да се разбереме,не сакам да бидам погрешно сфатена боже мој јас најмалку сум таква,самољубива) :D. Дел од нив (добро,можеби само една,која има навика да зборува во име на сите,но сеедно,си ја сакам ) мислат дека е поради мојот стар сингл статус,што ме замисли навистина- како тие ме гледаат мене? Како птица што била во кафез па сега лета без ориентација,такакажано. Ниедна од нив не размисли дека можеби поради тоа што изминативе неколку месеци се зближив со нив на едно многу повисоко ниво,ме направи посреќна? Да бидам искрена,да не беа тие и нештата кои ме правеа зафатена,тешко ќе минеше времето и болката.

    Втора работа- мојот статус се врати на старото. Ете и тоа дојде,макар што прогнозирав за порано но ете,дојде и тоа чудо. Но како нешто да ми недостасува,не е исто како од она место каде што застанавме. Веројатно е нормална појава,сепак разделбата беше слатко-горчлива,си реков на себеси- ќе почекам и ќе видам. Едно што знам е дека нема да ми биде жал некогаш во иднина, затоа што сум дала шанса,но не била искористена. Но тука доаѓа прашањето-штоако јас себеси не сакам да си дадам шанса за нов почеток со него? Дали Кери Бредшо многу ми влијае затоа што се предозирав со нив, :D или е нешто друго во прашање,стварно не знам,во овој мисловен хаос,добро е што сеуште супер се справувам со обврските.

    И морам да ви се пожалам од шопинг вирус,кој оди во фаза на неконтролирање. Па добро бе,секоја недела да можам ќе купувам нешто,уффф,стискам заби и минам без да фрлам поглед кон попусти и привлечни чизми и се и сешто :)
     
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Знаете што значи да добиеш комплимент кога си тотално омалаксана и уморна од антибиотици, ниту имаш концетрација ни волја за меѓу народ? :)
    И тоа баш од жена. :D
    Ви благодарам на убавите зборови, ми го разубавивте денот. Плус, ако ме опоравите што поскоро од болките ќе ви купам чоколадо и на двете. :*


    Кукла сум била, молим лепо. :emo:
     
    На kravce, tweety26, Hipster и 3 други им се допаѓа ова.
  6. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Ете уште еден ден поминува,денес сум подобра и со него е добро.Размислував за да почнам една работа која што не ми е по ќеф,но од седејќи дома ништо не добивам.Сепак ќе размислам и се надевам дека ќе ја донесам правилната одлука.Ќе започнам да му ја правам на брачед ми магистерската,така барем ќе се осеќам корисна,а и нему ќе ми помогнам да заврши побрзо.И така добро го владеам англискиот,па да му го преведам материјалот ќе биде плус и за мене,ќе се потсетам на некои термини кои што сум ги заборавила,а ќе научам и нови.
    Преѓеска прочитав статија за едно младо момче кое што има даунов синдром,а сепак е многу талентиран,интелегентен,со предобра душа и спортски дух.Без разлика на неговата болест ништо не го спречува да се образова ,да оди на факултет и да води нормален живот.Ретки се таквите луѓе кои што го сакаат животот и се борат,имаат надеж и сила и покрај сите проблеми.Му симнувам капа на тоа момче кое што ме расплака и ме натера да го гледам светот со поинакви очи. :bow:
     
    На tweety26, cinderella5, Emma89 и 5 други им се допаѓа ова.
  7. arontt

    arontt Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    528
    Допаѓања:
    1.835
    Жената ти вели: „Оди по ѓаволите!“
    Ти одиш, а таа веќе те чека таму :devil: -
    Данте Алигиери
     
    На zarah, Cacy и La.Reina.Del.Sur им се допаѓа ова.
  8. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Му го купив најубавиот поклон на љубовче,му љубоморам ]:) ама ако пак ке си биде моЈа ,коа ке се преселиме во новата дома :P
    40 минути се остаив во SEWA ,зирни ова зирни она до детаљ, секогаш истиот муабет коа ке влезам во продавницава ,си купив и масло од лаванда ,држач за свеќи со фигурата на буда ,и уште еден пар стапчичи :tmi: :D
    и конечно одвоив пари да си ја купам "Вероника реши да умре" ,по долго думење да ја купам или не пошто ЕПТЕН се разочарав од филмот ама нАли книгата е секогаш подобра од филмот па верувам дека нема да се покаЈам .

    И така цел ден ми помина у шеткарање ,мислам одмор и топло чајче не би ми дошло лошо ....
     

    Прикачени фајлови:

    На cinderella5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.744
    Допаѓања:
    17.711
    Да беше дождов човек ќе беше Латас.
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    3ашто?
    :D има некоја финта? :D
     
  11. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.744
    Допаѓања:
    17.711
    Досаден е ко Латас :D
     
    На BoaVista, cinderella5, Stoimenovska и 2 други им се допаѓа ова.
  12. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Tе молам да не го споредуваш дождов, со тој господин човек :D Bо него нема ништо романтично, и ништо инспиративно :D
     
    На sweet-cherry, kravce, BoaVista и 13 други им се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.744
    Допаѓања:
    17.711
    Ја се испричавам. :D
     
    На ludoto19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Има моменти кога ке речеш ДОСТА Е! Е драга, еве го тој момент ..
    Надминав некои работи.. Сакам да кажам, сакам да викнам. Од среќа, од задоволство..
    Продолжувам да чекорам сама, да работам и да го правам тоа што го сакам и што ме прави среќна. И го добивам тоа што го сакам. Сваќам дека тоа е тоа што го сакам, и дека не би правела ништо друго..
    Не се двоумам, имам пордшка, морална! и доволно ми е, не барам ништо друго, го имам талентот а и го имам и најважното, снаодлива сум..
    Што и да треба ке го направам..
    Ама и многу среќа сум имала бе, таман ке ми текне да се пожалам, и оп нова понуда, нова работа, се качува квалитетот..
    Нови луѓе..
    Еххххх кога ке бидам многу позната, ке ви октријам можеби која сум :lol:
    Ви посакувам се најубаво и на вас..
     
  15. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Недела дена откако не разговарав со брат ми, се скаравме за глупости, и не попуштавме.

    Се движев на сред улица, нозете ми клацкаа а срцето ми удираше брзо, очите ми замаглуваа, ги почувствував солзите кои се стркалаа низ лицево.
    Го гледав автомобилот кој ми се доближуваше а немав сили да чекорам. Во еден момент некој ме фати за рака и ме привлече кон себе, следното на што се сеќавам беше тоа што лежев на мојот кревет и мајка ми и брат ми до мене :|
    Се напив лимонада и брат ми ми кажа што всушност се случило, тој одел по мене, кога видел дека не реагирам на автомобилот кој ми се приближува ме фатил за рака и ме повлекол накај себе, ме спасил од ударот на автомобилот, сум го погледнала немо и сум се онесвестила во неговите раце :|
    Исплашен повикал такси и ме донел дома.
    Цел ден го поминав лежејќи, со вртоглавици и солзи... Тежок период за мене, се надевам дека наскоро ќе помине. :)
     
    На zarah и ludoto19 им се допаѓа ова.
  16. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Крушево е најубавото место во Македонија... Мирно, тивко, чиниш не е дел од оваа држава.. И реков на мајка ми, јас или ќе се мажам во Крушево, или ќе си заработам доволно за да си купам една куќичка таму.
    А па таа само ми вели По далеку ќерко не можеш да заминеш? Онака да си прашам. :D Се уплашила дека нема да ме гледа често. Од неа подалеку не, ама од сите други би сакала да заминам, да си ја одморам главата.
     
    На kravce, Neytiri, cinderella5 и 7 други им се допаѓа ова.
  17. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    5.238
    Допаѓања:
    48.560
    Пол:
    Женски
    А, можеби и некој веќе знае која си :wasntme: :D

    Сдк дека чудно за мене али некако ги засакав овие тмурни и дождливи денови, сонцево почна да ме нервира :swear: Сакам да си врне а јас и ханито да си се гушкаме под ќебенце :inlove:
     
    На WomanInRed му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SomeWhere

    SomeWhere Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    70
    Пол:
    Женски
    Ако сум поголема сестра ке бидам главна ааааа па за грев сум што сум помала само 2 години, како разликата да е 10 години па таа ке ми соли памет и моите ке трчаат по неа.Не е фер, па не е фер да, ама кога е мамина и татина принцеза,а јас слугинка нивна така ке е.Епа сестро тако НЕЌЕ ДА МОЖЕ!
     
  19. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Физика утре тест, а до прееска дефиниции вадев.
    Македонски испрашување.
    Географија испрашување.
    А за 15 минути на англиски треба да одам, утре на базен од 8, па во школо од 1 ипол.
    Ако научам се` ќе ме частам колачи, жими вера ќе ве частам...
     
  20. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Хммм... баш убаво. Многу блиска личност да ти речи дека си КЛЕТ. Порано се правдав на секој и сешто, за најмала ситница,му објаснував а ништо од тоа за возврат. Па сега сум била клета?? Ама некој луѓе стварно не знаат шо значи да сум јас клета :D Ама набрзо ке дознат... хеххехех :) Dodzi da me upoznash ;)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.