[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    44.025
    http://www.accujazz.com/ - и пишувањето ми оди полесно.
    Либето ми нурка во забавни паркови, ми игра со желки, се слика со карпи од седимент, а јас сум со вишок килограми, тотално неинтересна, сакам црвено капутче, се плашам дека ќе се расплачам на следниот глупав лигав филм, тропотам по тастатура, создавам нејасни реченици што ни херменевтика не ги спасува и сакам нови приказни. Со него. Не сакам стравови и чувство на негрижа кон својот ментален склоп. Морам да се навикнам дека имам многу работи што треба да се завршат, инаку никогаш ништо друго не би ни почнало. Со леснотија и џез во трагите. И чат пат по некое залутано прашалниче.
    Срцево ми е бордо боја. ПМС ме убива. Скромно јадам, сакам да пешачам, да се запишам на зумба или аеробик, што било да правам. Не сфаќа ова мое тело дека е само сега и не треба да потпаѓа во сладострастие на храна. Душата не се лекува во осаменост. Само се пролонгираат нотите до следната весела мелодија.
    Каков филм можам да снимам богами за своиве драматизирања, о, да. Ко Бриџит Џоунс, со мидер, како јадам крофни во кревет, пишувам теза што практично е мојата лична историја, кенкам што либето ми е уџум, плачам на X фактор младине пејачи и одеднаш ќе ми текне - Абе, јас сум вљубена ко ќофте, еј! И доста. Тука престанува мојот плачкарски филм, се облекувам во пижами, пишувам, не пијам ништо пред компјутер, не сум Кери Бредшо, а и не ни носам штикли со тој ентузијазам како неа, мирисам на бебешка пудра и посакувам снег на јазик. Чисто да го допрам.
    Или да почне да паѓа по шофершајбни, па да начкртам со ракавица #ЉУБОВ
    И да си се фасцинирам од сопствените глупости што сум ги пишувала во трета средно, кога плачев на Џим Морисон, а еве години потоа, на неговиот гроб на Пер Лашес, со кармин напишав - Thank you for all the poetry. И јасно ми е која сум.

    Жена со вишок емоции, секогаш. И морам да пишувам. Инаку сево ова би се претворило во фрустрација и малтретирање недолжен народ во реалноста. Па вака, ве мачам вас, драги феминки.
    Еее... Снег, дожд, чорапи полумокри, се’. И џез. Многу џез, ама тотално конкавно, без никакви помпи и фолирање. Везе немам што слушам, ама ме допира. И не се сопирам и опирам.
    Го сакам, како што се сака Маж. Со сите нишани и без ниедно оружје.
     
    На ines.h и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  2. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.520
    Допаѓања:
    145.027
    Пред некое време, Лилитка пиша дека на фемина можеш да ги најдеш другарка ти, комшиката, или колешката, дека можеш ептен да се изненадиш од тоа кој се ќе сретнеш тука.

    Но... некако не бев спремна да ја најдам мајка ми :D
    Не знам дали е зачленета, ама вчера правевме еден муабет за рецепти, и буквално цитираше едно мислење што јас истиот ден го читав тука :D
     
    На sweet-cherry, kate21, Buttterfly и 28 други им се допаѓа ова.
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Си го одмарам мозоков со музика. Одбивам да им возвратам на повиците за нервоза кои не ме прескокнаа ниту денес. Јас не знам, не можам да сфатам што е толку тешко да исполниш ветување.
    Првиот пат вели: Што се секираш, штом јас ти речам, сметај дека е сторено! И јас една тооооолкава насмевка на лицето.
    Ништо не бидна.
    Втор пат: Ми испадна нешто, ама ветувам дека ќе го направам тоа во најбрзо време. Јас, онака, ок.
    Ништо не бидна.
    Трет пат: Не можев тогаш, еве следниов пат сигурно, не се секирај. Јас - ах, ајде во ред, ќе причекам.
    Ништо не бидна.
    Четврт пат: Пак ништо, ама што се секираш, штом јас ти речам, сметај дека е сторено! (со ист ентузијазам како првиот пат) Јас - ништо не бидува од ова, џабе само си трошам време и нерви, кај ти поверував воопшто.

    Штом не можете да исполните ветување, воопшто не го давајте. Има луѓе што се потпираат на вас и тоа што треба да го направите, не знам што не е јасно!

    И како што не можам веќе да се замарам, ги зае*ав сите правила денес, си направив мерак само за мене и ми е гајле. Ми е гајле барем само за денес. Некои нешта едноставно не вредат.
     
    На Hopeful, julie77 и MistiqueB им се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Ме мрзи, ми се спие, ладно ми е .
    Што време ќе беше ова, од 23 на 3 степени. Парно има ама нема, некоја чудна логика имаат со парното не им ја сфаќам. Ги извадив сите 40 ќебиња и вечер обратна принцеза на зрно грашко ќе изигравам.

    Ме прати некоја среќа ама секогаш првото предавање ми го откажуваат. Секогаш. Дремев низ возови, два пати ќе се симнев на грешна станица, се расшетав по продавници како никој. Во Сефора, кога запна продавачката чекај да видиш и ова. А јас се смеам на тоа дали некој навистина би дал 25 евра за сенка.

    Мило ми е што сум од Македонија. Имам чувство дека тука не ги користат сите предност што ги имаат. Си се провлекуваат, си шетаат на штикли, далеку од реалноста. И фантазијата им е провидна. И боже господе, опседнати се со Halloween.

    И така, со три пара чорапи, некој нов чај и полузатворени очи се решавам да го поздравам понеделников. За убаво.
     
    На Moira, kravce, cinderella5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. MistiqueB

    MistiqueB Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    46
    Што е со неа?
    -Не знам. Повеќе не се смее. Погледот и е замислен, повеќе не се радува на ситници. Ја скршија оние на кои највеќе им верувала, ја скршија лоши луѓе. Сега живее без причина, секој ден и е ист. Престанала и лажно да се смее, навечер плаче. Веќе не е среќна, се ја боли, а душата најмногу. Престанала и да се надева дека ќе и биде подобро. Тоа требало да ја научи да прекине да им опростува, но не, таа повторно ќе продолжи да им опростува. Таа не знае да биде лоша, премногу е добра. Вели дека ќе им врати за се, на оние кои и нанеле зло, но таа знае дека нема, таа никому ништо лошо нема направено. Само на неа и се случуваат лоши работи. Одсекогаш сакала да има пријатели и сакана личност покрај себе кога и се потребни, но никогаш ги немало баш во тие моменти. И се приближуваа само кога нив им било потребно. Сама без никого се обидува да ги реши сите проблеми.
    Сама, нема никого покрај себе...
     
    На Chica.Loca, Springy, cinderella5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК зошто секогаш бараме повеќе?Зошто никогаш не сме задоволни?Дури и кога го имаме тоа што го сакааме не сме задоволни и бараме уште,уште и уште се додека не изгубиме се....
     
    На danichap му/ѝ се допаѓа ова.
  7. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Родена сум кога други сакале, ќе умрам кога нема да сакам, затоа ќе живеам како што јас сакам!
    Мото на животот. Така е,всушност јас животот го сметам како игра во која нема победник. Само една долга а и воедно досадна игра. Но доста ми беше од тие мисли! Млада сум и ќе уживам во животот,овие години не се враќаат!! [​IMG]
    Добра ноќ феминки :*
     
    На bluegirl7, Cacy, zarah и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    СДК ми се смачи од колоквиумскава а уште не е ни почната |(
     
  9. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Ми кажаа: Премногу си горда. Ама, некогаш и некој друг ќе биде премногу горд..
    Знам. Но, не можам на друг начин да функционирам во една љубовна врска. Гордоста ми е најважна. Затоа ги губам нив.
     
    На The-Queen, cinderella5, SnowWhite8 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.621
    Пол:
    Женски
    Прекрасно се чувствувам.
    Иако денов беше предодреден за писмена и тест многу добро ми помина. Одложивме :lol: .
    Се чувствувам исполнето. Со другариве цел ден ми помина во смеа. И ај сега машките биле подобри од женските. Машките другаства повеќе ги сакам. Те опуштаат, те насмејуваат. Нема поискрено пријателство. После школо со другар ми отидовме на кафе кај него. Ми фалеше еден кафе-муабет. Одамна не сум пиела кафе во друштво ( а и поретко пијам кафе во последно време). Па муабет, шала, кафе, цигарче. Абе мераци. Тајни, оговарања :$ . Исто како да го пиев кафето со другарка ми. Се чувствував како да ми е многу близок пријател, ми кажа некои тајни, значи има доверба во мене. А јас се колебав долго време да одам на кафе кај него во стан САМИ порати некои си глупости што ми истекнуваа, и не само на мене туку и на другите.
    Абе душа човек е и мило ми е што имам таков пријател. Си го сакам бе. :inlove:
    Ми кажа дека сум му го направила меракот што сум пиела кафе со мене, му фалел нашиот муабет. :)
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.823
    Еднаш една другарка ми рече, ако те мачи нешто, а мислиш дека не сакаш со никој да ја споделиш маката, напиши ја на парче хартија, напиши барем мејл па избриши го, ќе ти олесни.

    Така фино си се распишав овде, а потоа по грешка се ми се избриша, со што сфатив, дека камчево отишло и дека ми е полесно :)

    Без никој ништо да дознае.
    Само знам дека денов ми е набиен со мисловни рокади, комбинации, размислувања. Наводно било до полната месечина, а јас си мислам дека е до овулацијава.

    Вчера ме насмеа едно чиче, таксист. Абе кога ќе ти извадат некој муабет од нигде негде...
    „Леле којзнае колкава љубов е во прашање штом во вакво време си излегла па и без чадор.“
    |(

    Претрчав низ дождот и се качив на еден покрив. Пиев турско и ги гледав другите покриви.
    Сум ви кажала колку сакам да замислувам среќни животи позади завеси во станови кои светат? Многу! Сите се среќни. Сите!

    Веројатно самата чекам некоја инспирација за мојава дилема. Ама после се, знам две ствари.
    Првата е дека спонтаните одлуки знаат да ти ја направат ноќта мека и пуфлеста. Исто ко вчерашната. Без планови, спонтатно, се случи убавина.
    Втората е, дека сфатив, колку сум идиот. Цело време се трудам да поттиснам нешто што очигледно одамна постои. Плашејќи се да не ме повредат повторно други, се повредив самата. Останав да стојам цврсто на земја, и толку се заковав за неа што си ги одрав петиците.
    Најлошо е кога не си искрен кон самиот себеси, и кога свесно си правиш mindfu*k убедувајќи се дека така е подобро. За арно на сите. Демек, рационалност. Море ајт.
    А забораваш дека малку си утнал во проценките.
    И дека со емоции не треба да си играш. Особено кога се сопствени чуства во прашање.
    Не се гушат солзи, не се поттиснува гласна смеа и не се затнува нос кога се кива. Златно правило.

    Сега веќе знам.

    И знам дека Скопска Црна Гора ми е поубава од билокое друго ридче. Особено на ваков ден како што беше овој.
     
    На Srekicka, Chica.Loca, Artemission и 10 други им се допаѓа ова.
  12. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.858
    Пријателството со сестра ПРАЈСЛЕСС :!: примаш љубов, даваш љубов.....и она кога постојано од исто дуќанче си купувате исти марами :) сем боја различна :D .
     
    На Shelea, Hopeful, stylishh и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.392
    СДК .. Колку бргу поминува времето..
    Денес цуцката моја прави 1 месец :) :) :) :)
     
    На MarchelineAmaru, bittersweet, kate21 и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.811
    Драги жени, чичко Фројд објаснуваше дека фалусот е симбол за таткото, од друга страна опседнатата жена со фалуси и мерки на истите... хистеријата, фригидноста...толку. Ама жал ми е за вас. Искрено.
    Колку повеќе ми зборувате за вашите сексуални авантури и се поврзано за тоа,толку поубедена сум дека е обратно од реалноста...
    Тоа е,животот е кучка...како и вие.
     
    На MarchelineAmaru и Neytiri им се допаѓа ова.
  15. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.229
    Допаѓања:
    25.848
    Пол:
    Женски
    СДК maja8 ти си единствената денеска што ја читам што посакуваш да нема многу жртви и штети од ураганот што го зафати источниот дел на америка,за жал не многу Македонци го делат твоето мислење,се изненадив на фејцбук колку злобен народ има и и посакува на америка да се срамни со земјата,не размислувајќи дека има милиони и милиони невин народ,голем дел и Македонци не има тука,а нашите ни посакуваат да не снема и арно ни било убо ни се случувало,кој не терал да идеме тука :x
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Квалитетно сум уморна, рамнодушна и некако шашава.

    Денес - кај него на гости. Ме бара. Многу работи кажав, направив и напишав. Блиску сме до пропаста можеби.Од друга страна ми фалеше оваа недела кафето на таа тераса, полупразната пепељара и неговите рецитирања.
    Некогаш се сомневам во она подобро утре, а некогаш сум само недефинирана

    Хаос на биро и дефицит на сон! Која комбинација.
    Уште од сега ја чувствувам мекоста на перницата. Отидов да сонувам.
     
  17. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Сум била себична, инаетлива, горда...А не сум. Да, можеби малку тврдоглава ама попуштам. И не сум себична. За тие што ги сакам го давам последното залче, последниот денар. За нив давам се. И јас сум била себична. А горда, скоро никогаш. Знам дека треба ама ете секогаш за тие што ми се мили попуштам пред гордоста. Ама за денешните луѓе не вреди. Ништо не вреди. И секогаш викам ова ми е ум за друг пат, и овој пат ке ми биде. Ситница, ама мене многу ми значи. Не попуштам веќе. Знам.Од сега ќе гледам само за себе за НИКОЈ друг, па шо сака нека ми е. А баш бев среќна и опуштена цел ден. Цел ден над книгата, со кафе до мене и вечерна прегратка од него. Не знаеме веќе што сме.Гледам ни него веке не му е гајле кој што мислел. Ама неќиме ни сами да го дефинираме нашиот однос :) Ако се прашувам јас би сакала да останиме другари кои ќе можат да се гушкаат и да бидат среќни цело време. Порано ни сметаше кога некои ќе не наречеа двојка. Кога мене за него ќе ми речеа дечко ми или него за мене девојка ти. Сега после толку време веќе ни е сеедно :) Само се смешкаме и не се објаснуваме. Се држиме за рака и не се чувствуваме незгодно од другите.
    Денес ме праша колку го сакам? Сум го гледала чудно. Му кажав само дека многу. И дека нема веќе да се повторувам. Дека го сакам како другар и дека и да станеме нешто друго прво сакам другар да ми биде а после дечко. Конечно. Другарството ми стана поважно од љубовта. Имав другари, некогаш. Повеќе. Сега се многу прстите на едната рака за да ги изборјам тие што ми се другари. Едниот веќе никогаш нема да го видам, никогаш не ме разочара но учам да живеам без него. Другиот другар, кој мислев дека ми е другар се изгуби. :| Го снема. Не заборави. И не го барам. Другарка ми, да. Остана да ми биде другарка и е човек на кој моментално можам за се да му зборувам и се да му кажам. И иако поради начините на живот поретко се гледаме од порано, да, ја сметам за другар и можам да речам дека ми е другар за тоа што неа ја има во мојот живот. И другар ми. Многу касно влезе во животот но другар ми е. Се надевам ќе потрае... :)
     
    На Chica.Loca и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Требаше ураган како Sandy да ги погоди Американците за да сватат дека пола свет им посакува лошо и несреќа , Да не спомнувам од неколкуте иљадници слики каде што има најмногу Срби и Ирачани и остало каде што слават пред телевизорите и гледаат како Америка е во поплава и хаос .....

    Мене искрено ми паѓа жал , не за тие што им мислат лошо , туку за тие тамо невини кој заради глупата влада која го навлече гневот на пола свет ... да бидат ставени во ист кош со нив, да луге се молат да им бидат уништени домовите и да им се деси некоја апокалипса , граѓански војни па и некаде читав напади од вонземјани ......Незаслужуваат сите да патат заради глупостите на некој , али тоа е....


    Омразата ќе не уништи сите еден ден .....
     
    На MarchelineAmaru, sweet-cherry, kate21 и 13 други им се допаѓа ова.
  19. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Иако немам никој познат таму знам дека има многу наши, па ме загрижува ситуацијата и цела вечер гледам онлајн на Јутуб што се случува. Има секакви зли јазици и безчувствителни и на јутуб пишуваат многу срби лоши коментари :x
    Се надевам дека си на безбедно и дека нема да биде многу страшно, сепак природата во прашање и не може да се спречи, да се надеваме само дека нема да биде многу катастрофално.
     
    На eli25, imelda, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.472
    Jас имам тетка во Њујорк, гледам на Фејсбук само постира нешто во врска со ова, ваљда куферите им се спакувани :x
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.