1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.898
    Допаѓања:
    4.903
    Пол:
    Женски
    Ех... така на сета моја мака си се сеќавам јас на тие убави денови,на времето кога бев детенце кога единствена болка ми задаваа исгребаните колена. А сега што? Болка,тага,плач,мрак.Очајно ја барам светлината.Жива сум само кога,сум таму.Со нив со сите нив.И најсилниот удар што вчера го претрпив,застанав и го преболив,без ни една солза.Ќе мине.Но овој пат,тоа не бев самата јас.Тоа беше тој.Тој што беше мојата прва платонска љубов.Абе ме мана со сета сила по зад колено. :rofl: :rofl: Несакајќи беше,му излетав како топка пред него.Па затоа и ми притекна на изгребаниве колена од детството. :lol: Ејди ејди Бананче,која будалетинка само бев.
    Епа му вратив :devil: А од страна се довикува : Кој се тепат тој се сакат. Зарем е вистина? Тоа беше чиста случајност. :?: Или можеби не.Во последно време ме чудат неговите погледи и постапки. :?: Пред неполна година,таму.Сами јас и тој. И тишината околу нас. Одеднаш од сета тишина одекна неговиот глас со Не кани ме од Миле Кузманоски.Ехејј па тоа беше толку романтично.Толку топлина.Премногу љубов од моја страна.А од кај него? Ма кој знае он сакаше само кога беше малку поднапиен.Да се разбериме немав и немам ништо со дечково.Само си го сакав. :!: :rofl: :rofl: :rofl:
    Абе кратко кажано,муабетов ми беше. Првата љубов е она љубов која е дариш а не очекуваш да биде возвратена,а на крајот останува само изматена крв која тече низ вените. Колешка ми ми вика : Од каде знаеш никогаш не знаеш што носи времето? Зарем не?!
     
  2. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Добро утро девојки :) СДК денов ќе биде краток за мене. Половина од обврските кои ми беа планирани не ги завршив у старт :) Неможев да се натерам да го напуштам креветот толку рано. Синоќа заглавив до касно над книга. А сега? Сега дремам со кафето пред мене и се гушкам со двете најмили суштества на светот. Ја гледам сестра ми. Колку сакам да се вратам пак во средно.Да ми биде досадно.Да нема што да правам кога ќе станам. Па да мавнам еден туш, полека да си се спремам и да одам да пијам кафе пред школо.Да поседам на некој час и да ме снема :D И ич да не ми е гајле. Е не се враќаат тие денови. А јас сега дремам, гледам во една точка и се обидувам да си го испланирам денот. А шо ќе планирам. Плановите ми заминаа со моето доцно будење. Пола ден ми помина.Сеа ќе треба брзо да го испијам кафето, да го испушам цигарчето, да изважбам набрзина пошо морам, да се истуширам набрзина и да си заседнам пак над книгите, и да се обидам да го научам конечно глупавиот предмет! А краток ми е денот. Колоквиумите се ближат и пак ме фаќа страв. Како можеше најмутавиот предмет да ми го стават прв. Ајде јас ве поздравувам и одам. Имајте убав ден :*
     
  3. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.749
    Допаѓања:
    4.846
    SDK 'e ja svaram ribata vo vrel akvarium... :D :D :D :D
     
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.200
    Допаѓања:
    124.831
    Се греам со капучино од чоколадо,не ми се испушта шолјата од премрзнатите раце...фиока полна чоколадца и телефон на silent...се трудам да не размислувам на ништо ама баш ништо.Веќе 2 недели така.
    Се изморив од прашалници без одговор,се изморив да барам одговори,да прашувам и да размислувам....
    Некои фантазираат за љубовта,некои за нова гардероба,некои за иднината,некои го бараат минатото,ретко кој живее во сегашноста.
    Дури се плашам на моменти дека ова не сум јас,без моите мисли,сосем индеферентна кон се :smoke: :|
    Како и да е ,не бива ни така, ни вака.

    Не го сакам сонцето,бирото ми е најмрачно од сите :^) Барем денес не.Сакам да уживам во сивило и ќе се потрудам да размислувам за тоа како да ја уредам куќата ....Барем ми создава насмевка барајќи низ нет
    мебел,кујна,спална.......Да се осетам барем малку продуктивна |(
     
    На Monna.Monna, teddybear, cinderella5 и 16 други им се допаѓа ова.
  5. I.love.your.lips

    I.love.your.lips Популарен член

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    970
    Уште еден врнежлив ден како поминува додека јас го поминувам со костени и топло млеко потпрена на парното. Мислам дека денес срушив со костените и млекото прво јадев печени и млеко а после варени и млеко. Како посакувам да постои таков дожд и мојата душа да ми ја исчисти од едноставни проблеми кои ми го оптоваруваат срцето а јас не сум свесна за тоа. Сакам да одам надвор и да го почуствувам дождот на моето лице. Сакам да бидам облак :)
     
  6. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Како ме тресна сега со муабетов :tmi: Ми иде да си станам од столчево, низ врата напоље и да продолжам да одам додека не го најдам тоа што стварно го сакам и ми треба...или додека не се најдам себеси. Па на крај ќе завршев на некое лозје...ќе си одгледував грозје и ќе си правев винце за мерак. И можеби ќе си имав повеќе дечиња, и тие ќе вееја змејови низ околните полиња...и од сите страни музика ќе свири, ќе ми пее радиото додека си седам на некоја стара веранда. Можеби под портокаловото сонце во некое француско село или далеку на западот од Ирска, сиво и влажно, брановите да ечат, осамените острови на Норвешка (таму тешко со лозјето ама сепак... :D )...како и да е, да сум среќна... Ох брее...крај нема... филмови... |(
     
    На bittersweet, Hopeful, Micheleljubov и 9 други им се допаѓа ова.
  7. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    И на крај, секоја една работа како делче од сложувалка што е полно со прекраснотија,си го наоѓа своето место во големиот склоп. :)

    Само сеќавањата од некаде и понекогаш ми го режат срцето.
    Да се постојано околу нас оние кои ни се најдраги..ништо друго не е важно....
     
    На cinderella5, Gordana10, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Јас денеска си решив нешто, па ај да ви го кажам. :geek:

    По 40минутно размислување и фантазирање, јас решив пред да се омажам за мажјакот, планирам да си направам свадба сама со себе. ( :^) )
    Jас сум луѓе one woman show понекогаш. :D
    Така, нека биде и запишано негде со документ да се знае, дека вечно ќе си се сакам себеси и во добро и во лошо, дека ќе тагувам и ќе се смеам самата со себе, дека кога ќе бидам богата ( in my dreams ) ќе ги частам сите, а кога ќе бидам на дното - нека ми палат свеќи пред врата, и нека се молат за мојата душа, дека ќе се облекувам и соблекувам кога сакам, дека никој да ме уќутува кога ми се пуштаат воздишки, фрижидерот ќе го отварам само јас и никој друг. :devil:


    Ете таков завет треба човек да си направи сам со себе, пред да почне да дели заеднички живот со некој друг.
    По можност и со документот да следи бесплатен стан/куќа за да можам да си ги остварам желбите.


    Благодарам, и пријатно.

    [​IMG]
     
    На Mishela, I.love.your.lips, bittersweet и 20 други им се допаѓа ова.
  9. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Сдк. дека ова ми е првата писмена по математика, и тоа да ми биде 4. Абе скокам од радост. :rofl:
    Зnamм глупо звуче, ама до лани, тапа бев, едвај 3 вадев.. Ама оваа година нешто ногу учам. :geek:
     
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.744
    Допаѓања:
    17.711
    Зошо пишуваш во мое име? :^) Срамота. :rofl:
    И јас добив на писмената по матемтика 4, ногу сум среќна. Лани 2-3 најмногу ми беа. :D
     
  11. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Чекав, цело утро го чекав повикот....

    Знам, знам колку се трудеше за тоа, знам колку и значи тоа, колку и значи поддршката што ја има од нашето семејство. Сега кога се јави...солзи ми потекоа во очи :!: АМА ОД СРЕЌА, ми кажа дека димпломирала.
    Луѓе, пресреќна сум, пресреќна.. МАЈКА МИ ДИПЛОМИРА, од сега е дипломиран психолог. И еве додека пишувам овде сеуште ми течат солзи, ама ако.. само за убави работи.
    :party: :l:

    Еве да ве почестам виртуелно... :)
    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Monna.Monna, Lady17 и 40 други им се допаѓа ова.
  12. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Додека си среќен деновите минуваат брзо, но штом треба да се заборави некој тогаш деновите се проклето бавни.

    Денес ја слушам само песнава, и се прашувам дали моево некогаш ќе помине.

    http://www.youtube.com/watch?v=9g3ODGasaw8
     
    На teddybear, cinderella5, Hopeful и 9 други им се допаѓа ова.
  13. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    СДК дека ретко кој маж знае да цени љубов и посветеност од жена
    ама :!: секој маж знае да памти кога ке го исцедиш ко лимонче :lol: :rofl: и уште ако сакаш реприза-капут :D
     
  14. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Честито ! :clap:
    Само сакав да кажам дека и малце ме насмеа , сигурно сакаше да кажеш дека солзи ти потекле од очи не во очи така? :D
    Сепак нема везе, најважно е што си среќна :)

    Иначе јас што сакав да кажам, денес ми се деси нешто чудно . Преминувајќи улица (*на пешачки) преминувам , немаше ни една кола само што стапнувам на другата половина од улицата, ми “летнува’’ еден џип пред очи. Косата грмушка ми ја направи . Џип со затемнети стакла. И уште се чудам и збунета сум од кај изникна? Немаше ни една кола, ни пак некоја малечка уличка? Веројатно или имам проблеми со видот или бил некој вонземјанин :D .Шала на страна, може од некој паркинг излегол, се е можно, ама чудно ми е , или пак од соседните куќи. Ма не ми е гајле, само имам среќа што не ме лупна, зашто тешко дека жива ке останев на таа голема брзина, скраја да е. Ај ај, што било поминало, време е да земам да си дојдам на место и да прекинам да мислам на тоа.. :|
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    ^ Од среќа едвај и пишував, ама ќе разберете..паметни сте вие.. :D
     
    На LittleFairy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    дека после разочарувањето од првиот колквум конечно вториот полесен и без изненадувања
     
  17. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Си ја замотав депресијата во палачинка ,и ореви ставив..многу е повкусно вака :mm:
     
    На Oxymoron му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК ништо не е случајно во животов, се е намерно.

    А за тоа во Америка, се надевам луѓето ќе бидат добри таму, дека се ќе се среди.Фатила бурата таму и тоа не е случајно, главните на Америка и онака во цел свет се мешаат, па сега бурава нив ептен ги смеша.Лошо е што луѓето страдаат, секаде, некогаш ни криви,ни должни, страдаат поради туѓи грешки, не е фер.Ех, многу работи во животов не се фер, само ај оди смени ги, кога човек нема ни влијание над истите, а камоли пак да ги смени.Некогаш човек едноставно останува не моќен, колку и да се чувствува така.Гледам бури имало и на друго место, природата е многу згодна, кога човек се грижи за неа, ама многу незгодна кога не се грижи за неа.Америка, ич не ја сакам како држава, не зборам за луѓето што живеат во неа.Колку само истата направила ујдурми по светов, а од една бура, се испаничи.Можеби тоа нема врска, ама се бива, може и да има врска, денес човек може да е богат, а утре сиромав, којзнае.

    Ај ќе биде подобро, сонцето пак ќе грејт :sun: :sun: некогаш мораме да поминеме низ триста работи во животов, за на крај да дојдеме до она вистинското, токму она што ни треба.Човек треба оние работи кои не може да ги контролира, да ги остави да се одвиваат сами по себе, по некој си нивни терк, бидејки колку и да се труди да ги контролира, нема да успее.Во животот, се поминува, останува само здравјето, доколку и тоа се чува.
     
    На LittleFairy и ilipili им се допаѓа ова.
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.818
    Ко Пипи Дугачка Чарапа (ова на скопски де :D ) цел ден си потпевнувам, денес ќе се прават лапачинки, денес ќе се прават апалчинки, денес ќе се прават палачинки.


    ^_^

    Туку, понекогаш се осеќам ко селебрити. Или ај не! Народов мора да се одучи од глупаво буљење. Еднаш и засекогаш!
    Влегуваш некаде, цап - скенер. Мислам аман, скината ми е гаќата, прслуков ми е у друга боја, сигурно некое недепилирано изгубено влакно ми штрчи, немам славно презиме, немам вујко владика, искочив само за да се видам со друштвото.
    Може ли?

    Се претходно кажано не важи само у случај да те загледа згоден машки примерок, чисто онака, да ти го поскокотка стомачето :D За сите останати, аман прекинете!
    Што ќе правевте да сте у Париз, таму столчињата свртени накај улицата, мхм за мераци таман за манијачење и скенирање.
     
    На kravce, bittersweet, cinderella5 и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    „На тебе налетувам, кога не сум бањат, или со испиени сто „џинтоници“,
    Ради тебе запаѓам во некои чудни стања, мамурлук, депресии и несоници..
    Цел еден век, џим те видам моментално болен легнувам, и нема лек, ќе те следам, а ти стално ќе ме избегнуваш.. “
    Си имал проблем човеков што ја напишал песнава. :D Очигледно јас денес нема да излезам од дома, само за да не ме сретнат во вакви стања, оти ова веќе нема смисла. Цел ден нема вода дома. Неможам лице, раце да си измијам, да се избањам. Ќе паднам у депресија веќе |(
    Сега тие од водовод вака ги замислувам, маме им нивно!

    Сега се чувствувам како твор. Не дај Боже да не ми ја пуштат водата за еден саат, еве јавно се заканувам, дека вака смрдлива и небањата ќе им отидам таму, и ќе им смрдам у канцеларија. ]:)

    Сега дефинитивно одговара вицов за мене,
    Што прави Мишел пред компјутер?
    Смрди :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    • 178808_700b.jpg
      178808_700b.jpg
      Големина на фајлот:
      27,3 KB
      Прегледи:
      415
    На kravce, Phyramide, teddybear и 6 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.