[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Во овој момент сакам две работи.
    Да можам да се изнаиграм како Џенифер во првите пет минути.
    И да бидам на концерт на Енрике Иглесиас, во следните пет минути од видеото.
    Ама малку, а? :D

    http://www.youtube.com/watch?v=KkfVocwM ... redirect=1
     
    На Monna.Monna, anabel-a, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.922
    Пол:
    Женски
    Љубов не е да имаш два салони за козметика и еден бутик, љубов не е да ги гледаш децата секоја вечер на скајп, кажувајќи им дека ако имаат потреба од пари мама ќе им прати, љубов не е да се дотераш во најскапата гардероба, да се нашминкаш со најскапата шминка.

    Љубов е кога немаш козметички салони но имаш почитување, кога можиш децата да си ги прегрнеш, да пиеш утринско кафе со нив, па дури и да им викаш, љубов е кога брчките ти се бројат на лицето, кога носиш тренерки кои некој ти ги подарил, кога косата ти изгледа како никогаш да не видела чешел, кога после напорниот ден сепак имаш насмевка за твоето семејство, кога имаш разбирање и почит.

    Драга госпоѓо можеби мајка ми не е дотерана во најскапиот бутик, можеби нема долги нокти и скапа фризура, не е нашминкана со најскапата шминка, но мајка ми барем може за добра ноќ да ме прегрне, наутро може со кафе да ме разбуди, може дури и да ми вика, жал ми, можеби сум сурова но ти тоа не го можиш твоите деца се далеку, работат некаде, ти љубовта на твоите деца им ја покажуваш со тоа што го им ги полниш картичките со пари.
     
    На sweet-cherry, Monna.Monna, crazylady и 18 други им се допаѓа ова.
  3. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    ЗНАЧИ! Доста со лигавењето бее. Ми се плаче од тоа лигавење. Верувај ‘‘мила‘‘ дека не сакаат сите лигавење. На работа нема да можеш да им се лигавиш да ти простат или да се правиш наивна. Еднаш, два пати третиот пат ‘‘мила‘‘ ќе те сфатат и нема да пројдеш така. Како бе мислите така со лижење гз цел свет да го освоите?? Нема да можеш така кај секого. Помогни им господе не знаат што прават.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    А каде да фатиме џаде?
     
    На Springy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Ги мразам оние прибирливите пуфли кои стално во секое машко барат мани и додека го чекат принцот на бел коњ, кукат како тие неможат да си најдат дечко.
    Уфилмани дека го заслужуваат најдоброто од најдобрите, не сфаќаат дека тој некој исто како и нив ја бара најдобрата успавана лепотица, која по дифолт не е гореспоментата.
    Од вакви прибирливи ми се кења, па и сеуште не се свесни дека големи се шансите да завршат сами стари грди со многу пари во огромна празна куќа, чекајки го принцот кој многу пати дојде но таа неможеше да го види бидејки не гледа подалеку од носот.

    Знаете што е важно? Да најдеш некој кој кој ке те сака. А како ке го најдеш ако не му дадеш шанса? Вреди да одбиеш некого само заради тоа што имал клемпави уши, крив нос, или долга коса?
    Фор егзампл. Јас дечко ми не го засакав долго време одкога се фативме. Ама тој беше толку фин, добар, со мене што сега неможам да си го замислам животот без него. На изглед не е како излезен од списание, има просечна лепота ама мене ми е најубав на свет, дури и поубав од оние кои се нереално убави односно машки кои користат шминка и хемии за да се Урко wanna be.

    Е сега, не велам да давате на било кој шанса, на секој кој ке си побара. Но оној кој просечно добро изгледа и има добро понашење со вас, па го ставате во френдзона бидејки “несакате да го расипете пријателството“ всушност е оној кој заслужува шанса.
    Жално е што се` судат машките по финансиската состојба и по надворешниот изглед. Зошто? -Затоа што тие се оние кои најчесто го прават првиот чекор. Значи вие му се допаѓате, тој ви приоѓа, и добива корпа, бидејки не носи во рака клуч од БМВ, не мириса на Пако Рабан, и носи очила. И ова е фер?! ФЕР ЛИ Е МА?! Не е, не. :fubar:

    А уште пожално е пак, првоспоменатите уфилмани пуфли да се замислуваат дека се којзнае колку убави, кога всушност може на типчето со очила нозе да му мие. :wasntme: А и да се навистина убави, убавината фала богу не е вечна, сите ке станеме збрчкани како хартија, само е прашање на време. И срце со толку шминка злато, големи се шансите ти најубавата прва да се збрчкаш. :sun:

    Пиис.
     
    На Monna.Monna, crazylady, kravce и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Vezilka

    Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    311
    Почнав да претварам тага во гнев.
    Можеби не е здраво но полесно ми е да живеам во негирање на некои работи.
    Од ова најверојатно по погрешен став нема, но понекогаш животот не принудува да правиме работи што не се својствени за нас и да си ги прекршиме принципите.
    Премногу сум млада за овие работи, со што го заслужив ова јас?
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  7. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    Не знам дали на вистинското место го пишав ова но ќе ги замолам сите феминки кои можат да ми помогнат да ми пишат Имам кученце кое многу си го сакам го правев операција имаше гној во матка и тумор на града операцијата помина добро тоа беше пред 2 месеца,сега се појавуваат некои меурчиња над градите,ја носев на ветеринар ми рекоа демек ако станувале поголеми повторно операција
    Значи ве замолувам доколку некој имал проблеми со кученце како мојов проблем со ричи би ви била благодарна за вашите мислења.....Феминки сега мене ми треба помош помогнете ми
     
  8. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    За сите оние кои направиле да се плаќаат импровизирачките паркинзи меѓу зградите, па уште и по 50 денари за еден саат, посакувам вечно да ги прскаат коли (со водата од вирчињата по нашите скопски улици). Да бидат утоп мокри при секој дожд и снег.

    Луѓе, дали се нарекува паркинг гз место кое не е ни асфалтирано? Па ставиле и рампа и тоа во центарот на градот, онаму кај поранешно Кинг Бургер. Се ежам од глупоста на оваа влада, а и на претходните. Аман каде се катните гаражи? Аман, како очекувате да ви платам 50 денари за саат кога таму кај што ќе ја паркирам колата ќе си ја испокршам целосно??? Какви беа тие глупости дека ќе не контролирате кога да си купуваме алхохол? Идиоти сте. И не е ова моево некултура. Ова е еден млад крик кој сака да се спаси од новопечените богаташи кои немаат грам памет за водење држава. Скопје е заеба*но трло. Недај боже само волкот да дојде и да направи ршум еднаш засекогаш во него.

    Инаку јас сум смирена, ако вака паламудам.
     
  9. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Уништена сум.Незнам што да кажам.Дури сега видов каков е светот.Суров.Знам дека се лоши луѓето,ама до толку ли бре :x :x И што добиваат од лошотијата? Е не,си има Господ па да ве видам тогаш.Офф какви се не луѓе постојат.А поголем број се тие одвратните со најнизок степен на култура,арогантни,дрски :x :x
    Ама ако.Се се гледа се се враќа!
     
  10. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Ехх да си бев сега тука, да си станувам рано и да си шетам низ ливадите ... Или во некоја дрвена куќарка далеку во шума, со чаша црвено и книга вино пред каминот ...

    [​IMG]
     
    На Name, sweet-cherry, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  11. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.009
    Пол:
    Женски
    Пред извесно време виртуелно запознав девојка по име Петра која има 20 години и живее во Нов Зеланд. Не се сеќавам како налетав на нејзиниот блог, но бев фасцинирана од нејзините прекрасни фотографии на кои ви ја нуди природата на дланка. Како голем авантурист и ентузијаст, за себе вели дека слободното време секогаш го користи да замине некаде и да искуси нешто ново. Досега освоила многу планински врвови, пливала со делфини, нуркала на големи длабочини, се искачувала по карпи, спиела под отворено небо, неколку месеци живеела на куќичка на дрво, се искачила на самиот кратер на активен вулкан, го извозела Golden Gate Bridge со велосипед, ги истражувала пештерите на Бермудските Острови и патувала низ многу земји во светот. Сите нејзини авантури се документирани со фотографии на кои природата буквално пленува со својата убавина.

    Откако го разгледав нејзиниот блог и ги видов сите нејзини патувања, почнав да размислувам за нејзиниот толку исполнет живот. Досега со нејзините 20 години видела и искусила многу повеќе, отколку некој за цел живот. Јас не сум авантурист, едноставно тоа не ми е во крвта, но се повеќе почнав да ги разбирам оние кои се водат под мотото: Подобро краток и исполнет живот, отколку долг и празен. Таквите луѓе ако утре умрат - нема да жалат. Затоа што знаат дека животот го искористиле до последната капка и секој ден го вдишувале со полн здив.
     
    На Name, sweet-cherry, innablood и 33 други им се допаѓа ова.
  12. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Толку си завидлива ,површна ,бесрамна,бесчуствителна и нечовечна ...
    Не никако неможе да ми влезе во глава како може да постојат луѓе како тебе .

    Што е тоа во луѓето тажно што живеат во животи туѓи ???
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Сите сме патници,но ретко кој од нас знае правилно и вистински да патува.Има голема вистина во сето ова.Сите ние живееме,секој ден почнуваме нов ден ,но дали вистински го живееме животот,дали вистински го поминуваме тој ден?Многу ретко патуваме низ животот,низ неговите лавиринти и со полни гради можеме да кажеме дека живееме.Кога последно некој од вас отишол на некое ридче или планина,се изнадишал чист воздух притоа викајќи на цел глас за да одекне ехо?Кога последен пат туку така сте се решиле да заминете некаде макар и на еден ден ,кога последен пат некој од нас се одлучил да лета со падобран?Многу малку се тие нели?За жал во ова секојдневие каде што за жал забораваме на самите себеси и на нашите желби за патување се потиснати од некои други чувства.Ајде да научиме да патуваме вистински,да го зграпчеме секој момент кој што ни го дава животот бидејќи само така можеме да кажеме дека живееме.

    Сдк 2 Овие два дена сум огорчена,вчудоневидена од човечкиот род.Не ми е јасно како може да му посакувате несреќа на некому кој што не го познавате?Зошто по вина на некој друг да страдаат и да бидат на тапет еден куп семејства?Па тие семејства можат да бидат и ваши,зарем не сте се запрашале тоа?Нее,тоа никако нели,важно е само нив да ги нема. :x Зборувам конкретно за последниот случај со Америка кому што му се закануваше ураган од кој што се очекуваше да направи огромни штети и да има илјадници жртви.Фала му на бога нема илјадници жртви,туку како што прочитав малку.На еден Србин коментарот беше Зарем само 15 жртви има? :^) ОВа беше моментот кога се засрамив што сум човек,што живеам во свет кој што повеќе не го препознавам.Никако не ја оправдувам неговата омраза,ја разбирам неговата болка,но што се виновни невините луѓе за тоа?Туку тоа е нашата човечност,ние самата ја сееме омразата,дволичноста,алчноста.ние самите ќе се уништиме меѓу себе ,а и нашата планета.Најтрагично е што и покрај сите указатели на тоа никој сеуште не согледал што прави и какви последици ќе се направат.
     
    На tweety26, cinderella5, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  14. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Добро бре што сте се возбудиле толку за Хеловин ??

    Прво,Хеловин е католички празник,се слави најчесто во Америка,нема НИКАКВА врска со нашава државичка,исто како Американците да слават 11ти Октомври(нема логика,нели ?).Во ред е тоа дружење и креативност и се,ама не на Хеловин.Второ-Хеловин е еден вид сатанистички празник.Прочитале ли некакви приказни и легенди нашиве луѓе па да знаат зошто и во чива чест се слави Хеловин ? Очигледно не. И трето-најтрагично е што се организираат забави во чест на Хеловин...

    Е,тоа си имав да кажам.Прво малку едукација,па после славење туѓи празници. |(
     
    На The-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    незнам што ми е денес ама сум баш ко :$ исто Тетовско јаболче :D
    пред малку се видов со една другарка со која се дружиме уште од средно школо-некогаш ја сакав ко сестра, и преведував од Англиски на Македонски текстови во средно -и беше проблем, кога и беше тешко после извршениот абортус јас само знаев, и ја тешев , а таа кога и кажав дека одам на медитација ми кажа дека сум забегана :lol: не и се налутив, не го сватив тоа ко навреда-и да не беше таа медитација немаше да имам искуство со каса и со картички а таа кога имаше момче се со него беше, за дружење немаше време, слава и било на Петковден-не ме викнала, била со уште една другарка во Скопје Сити Мол-набрзина било, не ме викнала, а јас сакам да ја запознаам со една моја многу добра другарка па сите 3 да се дружиме :)
    Тоа што имаме различни свакања за некои работи, не ми пречи па да ја понижувам како што има девојки-не си иста ко мене ти ма НЕ ПОСТОИШ |( а за ваквите еден :punch: -и на роденден не ми беше, ни подарок не ми донесе ама јас и однесов-беше во криза и уште е , немаше земено плата, после ми кажа дека разботела без пари , ама некако ко да се јавува љубомора за тоа што успеав да направам 2 чекори напред за вработување-нема зошто, се сама го правам тоа-од никого помош ни поддршка (добро имаше за првиот пат за во гифт шопот, што е право е право) па барем биди срекна за мене, радувај се-се радувам на секој нејзин успех, тажна сум на секој нејзин неуспех ама ете секоја со свој памет, со свој живот, со своја срека . Изгледа јас со години наназад сум во духовноста :lol: -таму е се да им помагаш на другите а да не бараш ништо за возврат :)

    да не заборавам да напоменам дека каде што работела, се било преку пријатели :!: а јас секаде САМА
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  16. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Правила... Кој ги измислил, кој ги запишал? Кој не ги запишал и ги нарекол „непишани“? Можеш ли постојано да се раководиш по нив? Можеш ли да не скршнеш од нив? САКАШ ли да ги почитуваш, или ги почитуваш од што мораш?

    Правила на игра, правила на однесување, правила на плаќање, спортски правила... да без нив не може да се функционира без нормално, но некојси непишани правила на луѓето...!? Прави вака за да не речат онака? Не, благодарам, доволно ми е од правила. И не го велам ова само онака со филм во главата: Баш ми е гајле за сите, што сакаат можат да зборуваат... Не! Зборувам за мојата дива природа каде што не можам да се најдам на иста бранова должина со глупавите правила на моето опкружување колку и да се трудам. Лажам. Не се трудам веќе. Пробав, ама штом веќе еднаш им го дадеш твоето тело и штом почнаат да ти ја цицаат крвта, нема лесно да се задоволат, ќе цицаат дури можат!

    Епа не ќе може така. Кршам глупави и себични правила. Никој нема да ме стави на прво место, ако не се ставам самата себе.
    Понекогаш, отстапувањата се позабавни од правилата.

    Нешто во пилог:
    If you obey all the rules you miss all the fun.
    Live one day at a time emphasizing ethics rather than rules.
    П.С Горенаведеново не се однесува на правилата на форумот :D
     
    На tweety26, Oxymoron, Divinebutterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  17. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    ...
     

    Прикачени фајлови:

  18. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    сакам да кажам дека почнува да ме фаќа страв за зимава што следува
    уште отсега ми студи и мислам дека ке замрзнам ако излезам и појдам до улица..
    А не па вака во наредниве 4-5 месеци аууу лошо !
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.859
    Допаѓања:
    101.682
    Пол:
    Женски
    Има ли во овој несреќен град нешто за нас плус size :o
    Бев денес да си купам нешто,имам крштевка набргу ,мајко света не ми беше добро...
    Едно тесно,друг кратко,трето бабесто,четврто продавачката го соблекуваше од мене....Чевли најдов,долна облека во Сара Фешн,плико имам.Ама фустан убав,јок...не можам да најдам,и сакам да се обесам :swear: .Јас сум крупна,ама сакам убаво да се облечам.Е сега најдов еден со убав крој ама имаше хоризонтални пруги.Ако го носам ќе изгледам како подвижен трокрилен шифоњер.И уште продавачката ми весла од врата-Земи ја,пробај ја дома...да бе сонце знам јас што ми стои,и што сакам...:emo:
    Капак коментарот на мајка ми-Ти сакаш да менуваш облека со ќерка ти ,ама жено имаш 40 години.Поблиску си до мојот стил ,отколку до нејзиниот...
    Баааааааааааааам................... :x :x :x
     
    На Monna.Monna, Moira, kravce и 8 други им се допаѓа ова.
  20. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.744
    Допаѓања:
    17.711
    Јас ли се молам за оценка?
    Дај наставничке олади, пиши ми 3 кеца у графата ако сакаш, ама ја нема да се спуштам на тоа ниво да ви речам ве молам стајте ми поголема оценка. Ако знам, ќе станам, ќе одговарам е тек тогаш (ако одговорам) ќе ми ставете оценка. А јас никогаш, никогаш на никој наставник нема да речам „Ве молам, стајте ми поголема оценка“.
    И ако те замараме ние, затворете ја вратата од позади, и гоните се у 3 лепи мајчини!

    Господ да не даде таква да ти улезе у куќа, [​IMG]. Амин.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.