[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Се чувствувам како марсовец. Шетам низ улиците и се чувствувам буквално како марсовец.
    Мислам дека додека се движам низ факлутет на челото ми пишува со големи букви СТРАНЕЦ! Озбилно.
    Нит сум овде, нит сум онде. За нигде сум.
    Треба да добијам и ме обземаат хистерии.

    Ама тоа е тоа. Додека да бликне крвта ќе се патетизирам, па ќе ми пројде и ќе бидам пресреќна што сум тука, се до следниот напад на носталгии, и се така во круг!
    Прекрасно.

    Вчера потрошив 5ипол саати учејки програмски јазици на компјутеров и се уморив, иако сфатив дека тоа ме прави среќна на некој начин, така да денес сум во состојба само да пијам капучино, да јадам чоколади, да се легачам со милка ќебенцето, да пушам цигари како да сум на норма.

    BTW компјутеров го силував со розева боја.. Се е розево, browser-oв, desktop-oв, темата на седмицава исто така ја пошмизлив..
    Да, денес розева ми е омилена боја, башка, пред пола саат го симнав Legally Blonde, првиот дел. Зошто?
    Незнам.

    Денеска сум пуфла.
    Барем така си го лечам предменструалниов синдром.

    http://www.youtube.com/watch?v=fgEeZ73TP8c
     
    На Miss-Angie92 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    СДК добив 4ка хемија, затоа дојдов да ви се пофалам јас. :wasntme: :D :D
    Абе ќе полетам од среќа. :wasntme:
    А вчера и кец географија добив, ама тоа не е толку битно во моментов. :rofl:
    Cheers и за двете! :d:
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Не знам кој ме брише во категоријата Литература, и ми ги корегира постовите- не можам да ја обвинувам Реин, изгледа и таа почна да го крие нејзинипт онлајн статус, ама искрено ми здосади ова.
    Доста ми е од немање демократија никаде, ама не можам едноставно да трпам вакво однесување и на форум, каде што треба човек слободно да се изразува.
    Или некој добил некаква власт да брише мислења и мисли го фатил Букефал за мадињата?
    Аман искрено, аман.

    И како да пишува нешто човек, како?
    Преиспитајте се.
     
    На Hipster, JoxyTheFreak, cinderella5 и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Spell

    Spell Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    400
    Пол:
    Женски
    Спас. Спокојство. Мир.
    Убаини :)
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    СДК ... не знам како, не знам зошто паузирав скоро месец, два со читањето книги?? :?: Ама еве пак стартувам. Ми треба одземање на концентрација и насочување, смирување на нервозата, насочување на мислите кон нешто поинакво и поубаво место ... ми треба мир, ми треба малку повеќе креативна фантазија. Каде да ја најдам нели освен во книгите. И поубав период од овој есенски после зимен нема за другарување со нив. Со кафенце, чајче ... по некоја слатка и деновите ќе минат.
    Ајде јас стартувам со книгата ... со кафенце и нешто за облажување.

    Ако не ве прават ситниците и ваквите едноставни моменти среќни, тогаш не знаете што пропуштате ... :)
    Убаво попладне девојчиња :hai:
     
    На bittersweet, slavica999, Neytiri и 2 други им се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.202
    Допаѓања:
    124.850
    Секогаш ќе фали нешто.Нема никој на светот на кој му е се подредено.Кој ќе каже,ќе излаже.Секогаш фали нешто,дури и кога мислиш дека имаш се.
    Однадвор изгледа дека се е ок,ама изгледот лаже.....
    Ова си го ставив во глава,и да,полесно е.Барем ќе научиш да си среќен со она што го имаш,а некој го нема и сака да го има :)
     
    На nekoja85, Hopeful, ilipili и 2 други им се допаѓа ова.
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.744
    Допаѓања:
    17.711
    Смејте се и радувајте му се на животот.
    Еве една позитивна песна која секако, ќе ви украде насмевка. :hai:

    http://www.youtube.com/watch?v=G8wydee8Yf8
     
    На I.love.your.lips му/ѝ се допаѓа ова.
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Се сетив на една констатација на дечко ми, сега скоро обелоденета. :D

    Откако виде како на другар му, му ги кажав сите последни резултати кои го интересираа додека пишував ливче, видно возбуден кажа: Веќе уште од сега можам да почувствувам како ќе биде ситуацијата. Она гледа фудбал со чипс и пиво, ја мијам садови и усисавам.
    :rofl:


    Јас ништо не реков. :!:
     
    На crazylady, bittersweet, BlackSwan5 и 12 други им се допаѓа ова.
  9. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    ...дома мирис на кромид од пропржениот кромид за спанаќ што си го готвевеме со мечокот, а истиот се шири и од моите раце, ќе мирисат уште два дена, само заради тоа го мразам, инаку сум страсен јадач на кромид, можам гордо да кажам.

    Учење, учење, сите за тоа пишеме, сите тоа правиме овие денови.
    Јас настината денес, ни на факултет не стигнав да одам, затоа од сабајле учам и се топлам пред печкава и се одмарам со фемина.
    Само чекам да заминат следниве 10 дена и после одиме со друга песна, со нешто полесно, и секако на она што најмногу се радувам, авантурата во Турција, Истанбул.
    Тоа е град за кој реков пред две години дека морам да одам да го видам, просто сакам и знам дека многу ќе патувам и шетам во мојот живот, сакам да сознавам нови култури, да бидам сведок на нивното секојдневие, нови бои на лица, нови јазици и нај различни градби, сакам гужви и сакам да слушам музика во позадина додека шетам. И сакам пред се, насмеани, позитивни и љубезни домаќини во новите земји, а ваму, добив доста позитивни коментари, што уште повеќе се загреав, и уште еднаш, многу се радувам на ова патување.

    Денов, сам по себе, ми е мрачен, студен и сив.
    Се разбудив затната, чај, кисeлo млеко, спанаќ, чај пак, кафе, сега кафе пак.
    Мечокот мој, ете го во двор, јунак скопски, со другар му, ракиичка неготинска пијат, јас како домачица една шопска голема колку газот мој им направив, и нека уживаат, секој со својот мерак, не дека јас немам мерак за тоа, ама пуста настинка и стотици страни врескаат дека не, не е време.

    И затоа, топлете ми се денес, не се нервирајте и не нервирајте други, терајте си го своето гајле, и својот мерак, пуштете музика која ви годи и нека допре есента до вас, јас ја обожавам, ама сеуште значи не сум стигнала да уживам во неа, и додека трепнам, дошло зима, дошло Нова година, празнициве, јас пак сум се здебелила и се тако даље, ама за да не биде се тако даље сум си направила еден план за следниве неколку месеци, ама за него, не ви кажувам сега ништо, не сакам да ми летне од рака! Секогаш тоа ми се случува :|

    Еве го Владо, песната е создадена за овој ден, просто ме стоплува.

    http://www.youtube.com/watch?v=D2U0h6ogo3Y
     
    На bittersweet, Moira, Hopeful и 9 други им се допаѓа ова.
  10. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.228
    Допаѓања:
    25.843
    Пол:
    Женски
    Перфектната бура или Perfect Storm се има вистина случено на 28 октомври 1991 год.или под друго име е позната како Halloween North eastern of 1991.e сега Сенди ја споредуваат со таа Перфектна бура заради тоа што двете се многу слични двете невремина нанесуваат огромна штета,се случуваат скоро на исти датуми,двата се на источната страна од Америка итн,мислам дека е споредба а не дека ова е ''перфектна'' или многу ''убава'' или ''супер''бура :)
    P.S
    има и филм снимано за таа ''перфектна бура'' многу итересен the perfect storm
     
  11. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    сдк ме уби ладново и настинкава. се некако уморна се осекам и никако да се адаптирам на зимсково време. спијам по 9 саати дневно ко медвед, што воопшто не личи на мене. добро е што барем тренинзите ги одржавам иако на пола копје.... :(
     
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.744
    Допаѓања:
    17.711
    Ја најдов оваа прекрасна приказна и сакав овде да ја споделам. Ме наежи, сфаќам колку секоја минута во животот е важна. Во продолжение прочитајте ја.


    „Беа поминати години откако Џек го имаше видено стариот сосед. Колеџ, девојки, кариера го наведоа да се отсели на другиот крај од земјата во потрага по своите сништа.

    Во сета градска гужва тој имаше многу малку време да размислува за минатото и уште помалку време поминуваше со својата жена и син. Џек беше посветен на својата иднина и ништо не можеше да го запре.

    Телефонот заѕвоне, а мајка му од другата страна му кажа: „Господин Белсер умре синоќа. Погребот е во сабота“.

    Спомени на брзина поминаа низ неговата глава од деновите од детството.

    „Џек, дали ме слушна сине?“

    „Ах, извини мамо. Но, помина толку многу време откако сум помислил на него... јас искрено мислев дека починал пред неколку години..“

    „Да, но тој не те заборави. Кога и да го сретнев прашуваше како си. Секогаш се потсетуваше на деновите кои ги поминуваше од неговата страна на оградата. Откако почина татко ти, господин Белсер беше оној кој помогна ти да имаш машко влијание во животот“.

    „Точно. Тој е оној кој ме научи занает. Без него немаше да бидам во овој бизнис. Тој помина многу време да ме научи работи кои сметаше дека се значајни... Мамо, ќе бидам таму за погребот“ – рече Џек.

    И покрај тоа што беше многу зафатен, си го исполни зборот. Го фати следниот лет до родниот град. Погребот на господин Белсер беше мал. Тој немаше свои деца, а повеќето роднини му беа починати.

    Ноќта пред да се врати дома, Џек и мајка му поминаа до неговата куќа. Стоејќи пред вратата Џек запре за момент. Се чувствуваше како да преминува во друга димензија, друг простор и време. Куќата беше иста како што ја паметеше. Секој чекор навираше спомени. Секоја слика, секое парче мебел... Џек одеднаш застана.

    „Што не е во ред Џек?“ праша мајка му.

    „Ја нема кутијата!“ – рече тој.

    „Која кутија?“

    „Имаше една мала златна кутија која тој ја чуваше заклучена на својата маса. Го имам прашано илјадници пати што има внатре. А, тој само ќе ми одговореше: тоа е највредното нешто што до имам“.

    Ја немаше. Сè во куќата беше на исто место како што помнеше Џек, освен кутијата. Тој заклучи дека сигурно некој од фамилијата Белсер ја земал.

    „Сега, никогаш нема да дознаам што е тоа што му беше толку значајно“ – рече Џек. „Најдобро ќе биде да си легнам. Утре наутро имам лет рано“.

    Поминаа две седмици откако почина господин Белсер. На враќање од работа дома, Џек најде порака во своето сандаче: „Задолжителен потпис на пакетот. Ве молиме поминете во главната пошта во следните три дена“.

    Рано следниот ден Џек го подигна пакетот. Малиот пакет беше стар и личеше како да е испратен пред 100 години. Ракописот, тежок за читање, но видливо: Господин Харолд Белсер.

    Го отвори пакетот во својот автомобил. Внатре беше малата златна кутија и писмо. Рацете на Џек се тресеа додека ја читаше пораката.

    „По мојата смрт, ве молам испратете го овој пакет на Џек Бенет. Тоа е нештото кое најмногу го ценев во мојот живот.“ Мало клуче беше залепено на писмото. Срцето на Џек чукаше забрзано додека солзи течеа по неговото лице. Тој ја отклучи кутијата. Внатре најде прекрасен златен џебен часовник.

    На него беа изгравирани следните зборови:

    Џек, ти благодарам за твоето време! – Харолд Белсер.

    „Работата која тој најмногу ја ценел...била...моето време...“.

    Џек го држеше часовникот неколку минути. Се јави во канцеларијата и ги откажа сите состаноци за следната недела. „Зошто?“ – праша неговата асистентка Џенет.

    „Ми треба некое време да поминам со син ми“ – рече тој. „И, патем, Џенет... ти благодарам за твоето време!“

    Извор:ЦрноБело.
     
    На Monna.Monna, N.Kety, Hopeful и 5 други им се допаѓа ова.
  13. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Сакам да сум авантгардна уметница шо седи дома, пие кафиња и дизајнира кавери за албуми на бендови што предобро звучат у гаража.
    Да се топлам на сопствениот шпорет шо смрди на солинарска боја и чури ко локомотива, да си ги соблечам чорапите и гаќите у кој дел сакам од сопствената соба. Да се затворам и да нема право никој да влезе.
    Да има ЕДЕН КРЕВЕТ, ЕДНА МАСИЧКА, ЕДНО ШКАФЧЕ, да има простор само за едно прднувало.
    Сакам. :(

    Ама знаете што?
    нема.

    Сакам после школо да си дојдам дома и да учам борејќи се со желбата да чмаам на фејсбук.
    Да имам кул атмосфера у секое ќоше од куќата.
    Да има мир во светот, да нема војни, да завршам факултет, да чувам многу животни, да живеам сама, у сред ливада каде стално врне дожд и нема никој!

    Сакам да сум сама..

    Знаете, кога во одреден период од животот, напати ви доаѓаат некои работи што ви се знаци дека треба нешто да промените? Мене така вчера ми се превитка зглобот.
    Цел ден ме боли и ме потсеќа дека нешто треба да променам..
    Ама што?

    :x
     
    На Hopeful, Chica.Loca, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  14. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Понекогаш колку и да сакаш да бидеш позитивен не можеш
     
    На midnight.flower му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.934
    Допаѓања:
    163.980
    Ќе си влезеш и ќе си се испукаш буквално уште посабајлечки. Татко ти ти прави хај фајв и ти вика, мое дете си и одите да си пиете кафе. Другари и пол.
    Некои денови имаат вкусна смисла во секој поглед.
    Сега прашањето е Метастаза, Халувин или сериозни посветувања на нешта и филм по дома.

    Малку сум измешана.
    Многу мислам на луѓе кои од големо его сакаат да станат се и на крај остануваат големо лузерско нешто. Како и да жените и мажите кои мислат дека сите им се пуштаат и треба сите да ги освојат... тоа се тие дубоки теми на размислување. Ама ме курчат во секојдневие,што да правам?! Мислам,го разбрав концептот на функционирање и можам да разликувам многу нијанси на човечка гадост, нема потреба некој да ми се подметнува само зошто си молчам... само му викам, глеј,имам модрица на зглобот на средното прсте на десната рака. Знаеш од што ми е?! Претходната недела удрив протестно по маса, малку несмасно, ама сепак... и пресеков. По не знам кој пат годинава...немој да ме предизвикуваш, зошто ако почнам аргументирано да зборувам со тебе, твојата позиција е незначајна,така што немој...те молам.
     
  16. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Од ова школово неможев денес на нет да седнам,да јадам и на фудбал да одам...тееии глупостат на квадрат беше тоа што го правевме цели 3 часа...
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.272
    Допаѓања:
    67.877
    Пол:
    Женски
    Сесилија ако мислиш за мислењето што ти било во предизвик за читачите оф топик ти е, нема врска твојот коментар за некоја членка со темата, така што било избришано. Ако имаш нешто да и кажеш на членката пиши и лп, ако имаш да кажеш нешто за постираното мислење пријави го. Дали Петко, Станко кој што пишувал, крадел, не крадел, или други работи има кој да разгледува. Ако имаш и мене нешто да ми кажеш пиши лп, мислам дека секогаш сум ти одговарала, без разлика каква и да била пораката и сум била коректна.

    Дојдов нешто друго да кажам, ама ете...
    Ајт, нема везе.
     
  18. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Абе добро,па се имаат случено и други јаки бури таму,ама ете,претеруваат понекогаш. Филмот го имам гледано,ама незнам дали во реалноста се има случено нешто такво,толку силно. И аман,никој не рече дека е убава или супер бурата |( Јасно е зошто е наречена супер бура. Можи и да се случила и предходно таму,ама таму секогаш има урагани,можи уште многу пати да се случи,тоа е Земјата. Се само нив им се случуваат такви "чуда" ,на другите во светот не,за греота,само тие имаат перфектни бури,а другите што имаат цунами,земјотреси,вулкани и незнам што,кај нив обични се |(
     
  19. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Ми се гади.
    Ми се гади од егоизмот кај одредени персони и свртеноста само кон себе и никој друг.
    Ми се гади од супериорноста која ги има завладеано луѓево и ставот ,, Јас и никој друг ''.
    Ценам самопочит, ценам се. Ама види, никој не е должен да слуша само твои животни приказни цело време. Усул, нешто, м?


    Сакам да сум во моментов на некоја планина и да се извикам саглам.
    Да исфрлам се што имам собрано во мене периодов.
    Да се исчистам и никогаш повеќе да не се валкам.

    Декаденти работи ме сопираат.
    Ме сопираат и ме кочат. А јас не сум така бистра па да се извлечам, него се повеќе пропаѓам во канџите на беизлезноста.

    Несврзани мисли, тон обврски и доза на гадливост кон оние што ги спомнав погоре.
    Мразам егоизам бре.

    И ви се пофалив дека ниту ајварот не ми е интересен веќе?
     
    На bittersweet, BlackSwan5, Monna.Monna и 24 други им се допаѓа ова.
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакаш да кажеш дека никој не го пријавил мислењето на дотичната личност?
    Еве јас сега ќе го пријавам. И, дали ќе го избришете?

    Па веќе и пингвините од Антарктикот можат да забележат дека е копирано, треба и да се нацрта за да мислењето биде избришано и да биде предупредена личноста да престане да копира мислења/рецензии од други сајтови, и упорно да докажува дека чита безброј книги.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.