Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    СДК дека секогаш се зезнувам на ист начин со ова мое кампањско учење. |(
     
    На Beauchamp и CharmedGirl им се допаѓа ова.
  2. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    I never wanted to be your weekend lover.



    Всушност, немам ништо посебно да ви кажам.


    Добра ноќ,.јас за некоја минутка ке си легнам :tmi:
     
  3. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    СДК дека мразам кога некој на мене си ги лечи комплексите. |( Неизживеани суштества-не ге бива за ништо па почнуваат и други да напаѓаат. Само едно сакам да им кажам, да си најдат живот! |(

    Ете така, промрчев малку па сега е време и за нешто убаво. Убаво ми е кога остварувам некоја цел ( па на кого не му е :wasntme: ) ама посебно кога после труд и многу маки ќе го постигнам тоа што сум го посакувала. Таквата победа ми е најслатка. :)
    Ве гушкам и ви посакувам пријатна вечер! :hug:
     
  4. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Некако среќна сум, за чудо. Цел ден имам вишок енергија, во почетокот на денот бев ептен pissed off и сите ме прашуваа што, како, зашто, а тоа уште толку ме изнервира. Е онда дојдов дома и одеднаш насмевка од шест до шест и еве уште си се смешкам повремено. Сега плус ме изнасмеаа некои типци (иако претпоставувам кои се) што ме заебаваа по телефон, додуша мислам дека едното уво ми е оштетено поради нивното неконтролирано, женско вриштење ама ајде. Они мене, а богами и јас нив ги заебавав. Фала и на Ема (која и да е) што ми го има бројот, поради неа нели „брат и“ и неговото другарче ме заебаваа.
     
  5. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Денес сфатив дека моите очекувања се големи. Или можеби толку можат да ми дадат за возврат.
    Ми доаѓа да си ја удрам главата в ѕид и да плукнам на се што сторив за неа.
    Барав само лојалност и искреност во замена за неизмерна љубов.
    Ја сакав како сестра и се уште ја сакам. Во тоа е проблемот, во „се уште“...
    Мислев дека е човек на кого можам да се потпрам, на кого можам да кажам се, кој никогаш нема да ме издаде. Таа е човек кон кого јас бев секогаш максимално искрена и отворена. Таа ми е се, и братучедка и најверна другарка и сестра. Се што во животот сум немала.
    Само едно нешто скрив од неа мислејки дека е доволно возрасна за да сфати и сама. Не и кажав дека ми пречи што прима една личност дома. Личност која од галениче на моето семејство се претвори во најголем непријател. Личност која е алчна и која е спремна на се за да ми го земе она што од дедо ми припадна.
    Тоа не и го кажав дирекно в лице, а таа токму тоа го стори.
    Ја викна дома личноста која мене почна да ме мрази (или можеби секогаш ме мразела, ама сега покажа).
    Личноста чија задна намера е да создаде караници секаде каде ќе стапне.
    Да, тоа ме повреди најмногу. Таа го стори тоа што не го очекував од неа. И тоа не еднаш, туку повеќе пати.
    Два пати преминав преку тоа. Веќе не. Веќе не можам!
    Имам и јас чувства. Ја сакам неа, ама го сакам и семејството. И давав шанси и шанси. И давав се...
    Не покажа ни лојалност ни верност. Не покажа почит кон оние кои и помогнале во животот.
    Не покажа почит ни разбирање кон мене. Не беше ни искрена... Барем да кажеше дека ја бира неа, немаше да бидам олку повредена. Постапи....не знам...лицемерно можеби. Не знам кое друго име да го дадам на постапката нејзина... Седи на две столчиња.
    Па, зошто да зазема толку почесно место во мојот живот кога не го оправдува?
    Можеби нема целосно да ја избришам и заборавам, сепак 16 години поминаа без ниеднаш да се скараме, без ниеднаш да се излажеме, 16 години во љубов и искреност не се малку и не ми е лесно да ги прегазам, но мојот однос ќе се смени.
    Ако тоа не допре до неа, тогаш навистина вреди да си ја удрам главата во ѕид и да плукнам на се што сторив за неа...
     
  6. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Можеш да поразиш секого освен себеси ...
    Можеш да излажеш секого освен себеси ....
    Најтешка била борбата која ја водиш со себе најтешка !!!
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.432
    Допаѓања:
    91.594
    Пол:
    Женски
    О алергијо, алергијо планираш ли некогаш да ме напуштиш?

    Изгледа не, ма не е ни важно имам оправдание зошто се шминкам :wasntme: Со денови не сум излегла, а немам ни потреба ама утре евај чекам да видам 3 премили личности. Па ќе се наканам да станам од креветот. Лажам! Ќе се наканам да станам од фотељата пред компјутерот и ќе одам на лаф-муабет. Го сакам зборов зошто ми е онака баш старачки :wasntme:
    Кога се погледнувам во огледало сфаќам дека изгледам благо - ужасно. И пак оставан за утре дека ќе се средам.
    Денес беше малото сонце кај мене. Срце мало се смее ама онака заводнички. Уште сега се знае дека ќе биде шармер прав. Ми го топли срцево неговиот поглед, така навино, а палаво детенце. Сакам такви деца, ова не дека е наше :wasntme:

    Некако имам желба на сите да им кажам какво мислење имам за нив, ама не се осудувам. Луѓево не знаат да ценат искреност и никогаш не би го поправиле она што го грешат.
     
    На Chocoholic, bittersweet, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.280
    Пол:
    Женски
    Somebody wants you,
    Somebody needs you,
    Somebody dreams about you every single night,
    Somebody can't breathe without you, it's lonely
    Somebody hopes that one day you will see
    That somebody's me...
    Љубовта е чудна работа,за да добиваш онолку колку што сакаш треба да даваш во иста мера :!:
     
    На Lady-Cha, BlackSwan5, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    што ми се случи денес, се изнасмеав. :)


    идам ја во Тера Нова горе на спрат и оп симпатични чизмички. викам ај ќе ги пробам кога сум веќе тука, и како што ги земав ја спуштив ташната таму кај што стоеја помеѓу две кукли. и ок идам до најблиско огледало на 5 метра од мене, се видов што се видов, се враќам и гледам две девојки ми ја фатиле ташната. ја гледаат, вртат, бараат цена, па изглеа тешка нешто чудно им дојде и едната оп на рамо и вика ќе ја прашам продавачката колку е. :o
    и ја таква со една боса нога, една у чизма викам девојки моја е.
    и овие еден срам коа ги фати, поцрвенија и оп брзо не ги видов веќе.
    држ недај за ташната. :rofl:
     
    На Buttterfly, stylishh, KrystalTears и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Денов е ептен за нигде. Нека заврши најбрзо што може. Се осеќам како да сум у сон заробена, некој кошмар каде се е измешано и не можам да се разбудам. Е баш така.
    Ама како што секогаш вика една моја многу драга личност: Немој да се грижиш, утре е нов ден, ќе биде многу подобар од претходниот. :* Да беше сега до мене сигурна сум дека ќе ми го речеше ова.
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    I don't want to be your friend...
    I just wanna be your lover...

    Дури и на 24 години се стопив кога дечко ми ми ги посвети овие стихови. :$
    Заруменев како дечињата кога ги штипкаат во обравче, и јас - the girl with so many words конечно замолчев.

    Додека се гушкаме, дечко ми вика дека сум причината која го спречува да не полуди на работа и да не даде отказ.

    Знаеме и каде одиме за Нова година - на едно многу убаво место.
    Ме прашаа и моите, човечки им кажав - на многу убаво место.
    А каде е тоа?
    Таму каде што е тој.
    И јас до него.
    Таму е тоа убаво место.

    Се надевам секоја ќе си го пронајде своето.

    Знаете, баба ми опека да го види дечко ми.
    Уште ја немале честа за здраво-живо.

    А се сеќавам, кај другарка ми, традицијата налагаше - секој внук или внука откако ќе си фати дечко/девојка да ги однесе на запознавање кај баба и дедо.
    Другарка ми викаше - да фатам дечко, прво го носам кај баба и дедо.
    И не и` се исполни желбата.
    Пролетва бабичката почина. :(

    И така денеска, замислена и потресена, по којзнае кој пат сфатив - животот е краток колку еден здив.
    Денес нѐ има, утре нѐ нема.

    Готово, се носи Д кај оние кои милуваат вторнично и петочно возикање. :D

    А вие... не оставајте за понатаму... за некој месец... за една година.
    Зашто -
    “We don’t beat the Reaper by living longer. We beat the Reaper by living well.”
     
    На Buttterfly, Marilyn-Monroe, tigerlady и 27 други им се допаѓа ова.
  12. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Добро е.
    Утрото е помудро од ноќта,но јас ја сакам ноќта.Го сакам и утрото,но ноќта повеќе. Го сакам денот,што си оди..но уште повеќе тој што доаѓа.
    Вечерва го сакам денот што си отиде.Уствари денови,што си отидоа. Не жалам,но ми недостигаат.
    Спомените ѕидат спомени.И ме скокоткаат.
    Додека одев накај школо,така замислена ја сретнав учителката од прво до четврто.Прекрасна е.Истата насмевка,истиот топол лик.На уште неколку чекори,го среќавам класниот.Ми вика маљо,матурантка стигна да си..8 години поминаа откако ми седна прва клупа и ме гушна силно.Вистина поминаа.Премногу брзо.
    Тој пак,не старее.Истиот дотеран човек,мангуп. Уште сите трчаат по него,за да се насмевнат.
    Вечерва ме пука носталгија.
    Деновите кога татко ми ме влечкаше на полигон да гледаме фудбал,а јас вриштев и се дрецкав од земја да си одиме.
    Деновите кога со брачед ми се колевме,зошто ме разбра кој ми е симпатија и истрча да му каже.
    Деновите кога тој малиот од маало дозна дека ми е симпатија. Деновите кога игравме надвор маалски игри и во еден ќош ме бакна в образ. Незнам ни јас колку време не спијав.
    Деновите кога нему,истиот..му дозволив да ме бакне во уста. И дури после 5 месеци се смувавме,француски. После продолживме да бидеме другари.
    Ко вчера се сеќавам на полуматурата,летото измеѓу и првиот ден гимназија. Него го запознав тоа лето. Дојде и ме замоли да му ги причувам телефонот и ланчето,додека исплива.Ми пишуваше секоја вечер на мсн.
    Се сеќавам и на ноќите кои ги поминувавме во пишување пораки. Се сеќавам и кога прв пат се скаравме.Се згрчив,се убив од плачење.
    Месеци кога се одделувавме,кога мислевме дека е крај и пак надминувавме. Пројдовме буквално низ се.Со него бев и кога сите му судеа.Кога му свртија грб,кога правеше глупости,кога ме оставаше на чекање.И јас се глупирав.
    И сега сме тука,еден до друг. Можеби не засекогаш,но доволно што знам дека утре,кога ќе се разбудам ќе му се јавам него. Заедно чекориме со план за иднината. Се грижиме еден за друг и доволно е.
    Го љубам.
    Незнам до кај сум,ни што сум..но знам со кој сум.Немам се,но имам доволно.Љубови.
    Доволно за да се смеам и сонувам.Доволно за кога ќе паднам,да станам.
    Доволно за да уживам во тагата,понекогаш.
    Вечерва..имам тајна.Ја чувам за себе и за никој друг. Ќе ги извадам дневниците од детството и ќе ги читам.
    Можеби ќе плачам,можеби ќе се смеам..но низ времето.
    Вечерва.Плазма,бело чоколадо и љубов.
    Ах,да..времето тече во еден правец,кон иднината..засекогаш,неповратно.
    Приказната се повторува,во други околности.
    http://www.youtube.com/watch?v=r8OipmKFDeM
     
    На Marilyn-Monroe, LivingGlam, Sparks и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.936
    Допаѓања:
    81.244
    Пол:
    Женски
    Ми рече дека сум му различна, да не кажам чудна, а јас се топам ко мраз пред оган и се смешкам ко бебе - гугалче.
    Колку жално и патетично.
    Не можам да се препознаам, се надевам дека нема да се заљубам, а истовремено се прашувам постои ли некоја која би одолеала на машко со кое и' се совпаѓаат речиси 80% од интересите, хм.
    I hope it's gonna be a good one, не сакам разочарувања, поточно, не се намачиле моите да ме нацртaат за некој да си игра мајтап со мене и да ме разочарува - auf keinem Fall ! :!:
    И сакав да ви кажам, дека вашата Мишела забега малку од повеќе, ама добра сум - средичу се во најскоро време.
    Деновиве сум мнооогу мрзлива, речиси немам желба за пишување, ама ќе се средам викендов - се надевам дека нема да ме разочара како минатиот - упс, грешка!
    Минатиот викенд, ма го љубам, зашто ми даде ваква ненадејна прилика, а знаете како велат - случајните работи се најслатки.
    Слатко ми е, уживам во благотијава.
    Топли поздрави, а во позадина хитот со кој ми започна неделата.
    И пак ќе кажам, по којзнае и кој пат денеска - некои преработки се навистина подобри од самиот оригинал, небаре оригиналот e бледа копија на самата копија - вечити парадокс.
    http://www.youtube.com/watch?v=6I3kgbBp6PY
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.968
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Си купив едни колачиња преубави,вакви
    [​IMG]
    пијам кафе и грицкам од нив и се пукнав во читање постови од денес,уууу не можам да ги дочитам! Многу сте изсшишале бе :D Ама ако,тоа ме радува,активно да го радуваме форумов со мислења,и тоа гледам сите квалитетни!Браво!

    За ова MandyLane стварно немам зборови! Како бре така опериран човек го ставаат на мантил????Луди ли се? Да не е нарочно така наместен под него? Немаше и обичен чаршав на креветот? Лелееее да му однесите одма! После инфекции имало и умирале луѓето,па како нема ко основни принципи и хигиена не се запазува? Ме запрепасти со ова!Кажувајте таму и побргу да му менуваат преврски се,и тоа да гледате пошто ко што гледам луди се,како смеат бе така?

    Леле а една вест ме потресе,дај Боже да не е вистина!!!!
    :x :(

    Денес убав ми беше денот,со радости,дај Боже да не заврши лошо...
     
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Секој ден нова шанса, нова надеж, нова болка, ново утро..
    Зошто толку тажно? Каде е допирот и бакнежот за добро утро?
    Каде е таа жена што секое утро ми даваше надеж, поткрепа и поддршка за подобро утре?
    Толку силно допреа тие зборови до мене.. Зошто бев таква?
    Ова утро сватив колку МНОГУ ми недостасуваше за денот да ми биде целосен, не тоа не е ништо се ќе помине, знам.. се ќе биде многу подобро!
     
    На Adi888, IndieGirl, la-chicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    И кога се ќе си испланираш и да ти биде мерак што се ќе иде како подмачкано, едноставно да се опуштиш и да уживаш, ќе се најде некој да ти скрши филм и да те кутне во бездната.
    Епа неќам :doh: , епа оставете ме еднаш па :doh: ! Се прашувам некогаш дали сум до толку разгалена или едноставно јас не заслужувам во тој е**н живот да видам среќа.
    После јас сум онаа weirdo, никаква, искомплексирана, секогаш што се одвраќа, намуртена и сл.
    Епа што да направам? Што?!!
    Епа имам и јас чуства, не, не сум од камен. Епа ќе пукнам па.
    Кој и да е на оваа планета заслужува барем трошка среќа.
    А јас, јас немам ништо што ќе ме бодри да продолжам понатаму ;( .
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sugar

    sugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    67
    И баш сега најдов да се разболам. Значи кој баксуз сум, не ми се верува. :x
    Ама добро ај,барем во школо нема да одам.
     
  18. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    хо хо две годинки сум тука :ninja: Не дека сум била секогаш активна де, али првите и последните месеци - турбо. :)

    Фала ви шо ме трпете, шо ме читате (ако не ве мрзе да ме читате :D )
    Тука се среќавам со интересни женски и момци од кои можам многу да научам за животот, а веќе многу работи и научив. Овде оставам дел од себе, кој го прифаќа и кој го чуствува тој дел од мене- фала му. Секакви со секакви карактери се испреплетуваат, колку повеќе и поспротивни ставови и мислењеа толку подобро, значи луѓе сме.
    Обожавам да водам дискусија и ако чат пат се спречкам со некој :D тоа е за во таа тема, во друга тема сме друго, во друга тема сме најдобри другари :D

    Постојат форумџики, кои мене лично многу ми одговараат и многу ми се мили и баш би сакала да ги гушнам, ама тие не го знаат тоа 8) Се правам фраерка бе ;)
    Ве гушкам сите, пробајте да останете позитивни, а ако не успеете - ништо лошо де, повеќе брчки кога ќе остареете. :*
     
    На Strumfeta93, BeYourself, Smilly и 25 други им се допаѓа ова.
  19. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    ^Добро што ме потсети, јас денес славам 2 години и 1 недела откако се зачленив на форумот :party: :) (не знам како сум го заборавила :^) :$ )

    All in all, my dear friends... убаво е и ваквото дружење, делење солзи и смеа, радост и тага, добар став и аргумент, убава поезија или проза и убави фотографии... пред се‘ - ИСКУСТВА :) Ве поздравувам сите!
     
    На crazylady, Theodora, L-enna и 6 други им се допаѓа ова.
  20. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.927
    Допаѓања:
    4.583
    Колоквиум утре, со материјал за учење вечерва... а јас?
    Јас си седам на фемина/фејсбук и си немам гајле... До кога вака? :/

    Некојa нека ме избрка да учам... Благодарна ќе и сум цел живот :lol:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.