[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Математико туго моја, овде х, овде корен ја за тебе нисам створен.

    Не знам што мразам Математиката или професорката која ништо не објаснува...а бара сештоо! ;)
     
  2. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Не!Кој рече дека се сомневам?
     
  3. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Ау да најголема животна сатисфакција е да имаш танка фигура.
    Недостаток на тоа=недостаток на смисла на живот.
    Одлично!
    Со вакви современи размислувања на високо интелектуално ниво младината ќе тераме напред.

    Значи како се полните со комплекси од ова страните со нафурани анорексични дрољи како weheartit,чудо едно! :|
     
    На Stoimenovska, imelda, Monna.Monna и 3 други им се допаѓа ова.
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Господе дај ми концентрација и воља да седнам да доучам, оти за 24 и пол часа го имам првиот колоквиум. :( Не можам и не можам, не ми се уче, мрзе ме. :@
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    излегов малку на чист воздух-да ми се разбистрат мислите, и да си направам еден рефреш на мозоков и ми текна да каснам нешто-и кога гледам едната од девојките вработена таму девојка т.е. жена е со која учевме средно(кај си што правиш, од кога те немам видено) како што тргнало :D
    вчера со една девојка со која се дружев ко мала, денес оваа, утре незнам кој ке биде на ред :D

    и така размислувајки, видов еден преубав тип од сениорите(повозрасните) во партија вчера, и две недели пред тоа -а со сличен на него се гледавме преклани, ама овој е каде каде поубав-во вистинска смисла на зборот манекен :$ да го ставиш во витрина и да го гледаш ништо повеке :nod:
    (висок од прилика 1.90, црна коса како со боцки, црни очи-ова ме потсека на онаа песната црне очи црне косе све е црно око мене :rofl: слабичок првиот пат кога го видов беше во кошула беше :inlove) ама мислам дека е зафатен ама не сум сигурна-па да е слободен би ме чудело :D
    ептен ми е анонимен-сватив дека тука-некаде живее, дури не ни знам како се вика :doh:
    што значи дека срце се заљубила :D само држете ми срека најблиските и тие од партија да не ме приметат :P што срека имав јас, се некои вакви да ми се привлечни :worried:
     
    На mims-89, ludoto19, Hopeful и 7 други им се допаѓа ова.
  6. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    На GarpovaV и Tenkai им се допаѓа ова.
  7. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.081
    sweet.star
    Очигледно си имаш проблеми, но премала си за некој од горенаведените да биде еден од нив.

    Дете си(барем таков е општиот впечаток :^) )

    Ќе растеш, ќе се развиваш...менуваш.
    Висина, тежина, изглед се релативни - посебно во таа возраст.

    А во однос на делот со сиромашна, никој нема се што ќе посака. Дури и кога ќе започнеш сама да заработуваш ќе си поставиш приоритети и самоограничувања. Гледај на светлата страна, тоа е начин да цениш она што имаш и да ги гледаш вистинските вредности во животот.


    Работи на самодовербата, преиспитај ги своите ставови и обиди се да извлечеш некоја животна поука од поискусни.
    Со такви гледаишта на животот и осаменоста ќе ја додадеш наскоро во листата на проблеми.

    Концентрирај се на нештата во кои си добра, на убавите работи во твојот живот и труди се да се надоградуваш (интелектуално, културно...).
    Негативност, презир, исмевање не се добри за никого.
     
    На midnight.flower, kravce, marama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023

    Ако трчаш на кеј и не јадеш многу ќе ослабиш ,
    Ако седнеш да учиш ,завршиш факултет и се вработиш ќе успееш да ја избегаш сиромаштијата
    Ако знаеш како да се поставиш во животот , многу мажи ќе привлечеш ...

    Решението е тука само бара многу внимание , труд и решителност

    Лесно е да се откажеш....
     
    На antonina, crazylady, ludoto19 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    На Libera, crazylady, Hipster и 13 други им се допаѓа ова.
  10. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    616
    Допаѓања:
    2.009
    Есенска идила и долги, осамени прошетки во борова шума. Студенила, а на душава топло ми е. Кога ми крцкаат суви лисја под нозете, ме сече ладен воздух и станувам едно со природата, најсреќна сум.

    Утринската магла и студот ме потсетија на местото кај што го поминав летото, ако може да се каже, затоа што таму на север цело време бев на долги ракави и ништо не осетив од топло, ни 1 % од тоа што било тука во мкд. Сакам кога е ладно и да можам на северниот пол ќе се преселам. Утрово не можев а да не се потсетам на најубавата вечер од мојот живот. Последната вечер сакав да се поздравам со едни пријатели, и после работа заминав кај нив. Како што се искачував низ ридот здивот ми го одзеде глетката пред мене : боцкавите врвови на високите елки го допираа сјајното небо полно со растреперени ѕвезди. Но, некоја чудна прашина се ширеше низ небото и не знаев што е. Не беше ни магла, а ниту облаци. Наеднаш прашината почнува да се згуснува и да добива некоја зеленкаста боја . Снопови зелена светлина доаѓаа од северната страна на небото, под Малата Мечка. Бидејќи елките пред очите ми го затскриваа видикот, и не можев да видам од кај доаѓа светлината, мислев дека се некои рефлектори од ридот. Но, наеднаш зелениот облак го покри целото небо, и низ него се измеша и малку црвена светлина. Луѓе, бев пресреќна ! Трчав и скокав од радост низ ридот ! Тоа беше Северната светлина ! Најубавиот момент во мојот живот, плачев од среќа ! Ми беше мака што немав убав апарат за да ја сликам, и што сум високо на ридот и не можам да видам како магично се отсликува во езерото .. Стоев и ја гледав, и јас не знам колку долго.
    Ми рекоа дека таму често се случува, особено во тој период од годината, и дека е поинтензивна од тоа јас што го видов. Желбата еднаш ми се оствари, ама сакам пак. Некаде над Скандинавија, со многу снег ... Можеби оваа зима ? Којзнае, јас чекам.. И се надевам .. ;)

    [​IMG]
     
    На midnight.flower, Libera, Shelea и 11 други им се допаѓа ова.
  11. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам вакво сра*е одамна немам прочитано, е сега не да те навредувам, да ти кажам јас скоро морам да кажам бев се од ова што наброи, само што бев енормно слаба и ме викаа костур на батерии, така да почнав да се облекувам ко машко за да си ги кријам коските на мене. Не битно, богат живот.. мм чекај па идев и вц у полско оти немав поинакво до мое поаѓање во средно, немавме водовод, носевме вода од извор ќе наполниш дете од 10 години количка со 30 литри ма и повеќе вода, и мкнев по една угорница за да имам да пијам и да се бањам нормално. Сиромашна? Нмав ништо што имаа другите, бев дете, чував деца за да ми сошијат ламбада и да се фрцкам по земјениот пат. Бев поприлично болникаво дете, па можам да кажам и немав ни здравје. Е сега моментот моја СВИТ СТАР е тоа што ни во еден момент не покажав слабост, не се жалев, и не сакав да ме сожалуваат, си викав фала и на тоа што го имав, денес сто пати повеќе кукам оти сега се сериозни проблеми во животов. Туку ти мило да си поработиш на самодоверба, да си поставиш цели, и ако мислиш дека си дебела да се потрудиш да работиш на тоа со физичка активност и пребирање што ќе каснеш. А мило Петко, Трајко што ќе ти каже нека ти чуе. Многу пати бев таа од селото на која сега и тропаат на варти и бараат комункација во животов. Така да сконцентрирај се на тоа дека треба да станеш некој и нешто, и работи си на промените, а фрустрирани деца ќе има, и секогаш ќе има тоа е ралност, не се сите со огромни срца и уста полни епитети.. туку научи да се носиш со проблемите, и да ги решаваш и селективно да слушаш, има многу полоши случаи од мене и од тебе, и секогаш ќе има, само работата е што некој ќе има повеќе храброст, некој помалку, а ако ти си се осмелила да кукнеш дека пре би умрела и сите тие бла бла работи заради тоа, осмели се сега да направиш постапки што ќе го побијат тоа, и потруди се, а не како повеќето тинејџерки ќе земе ќе кукаме, и ќе плачеме и солзите ќе ни решат се!! Не сама ќе земаш да го решаваш проблемот, смени се сама ако не можеш другите. А јас од тебе ќе очекувам секој ден да ми напишеш како се носиш со ситуацијата и како се справуваш..и немој да бидеш слабак, од такви полн е светот биди херој на сам себе, и за мене..
     
    На Devojka20, martinuska, Libera и 40 други им се допаѓа ова.
  13. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Сакам да кажам дека ужасно е кога чувствуваш дека не му значиш ништо,на оној кој тебе ти значи СЕ. :|
    Дај Боже да грешам!
     
  14. nonenceee

    nonenceee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    1.016
    Сакам да кажам дека многу е ужасно кога ке снемаш секакви контакти со некој а немаш појма која е причината . ааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа :@ ;(
     
  15. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.863
    Допаѓања:
    101.710
    Пол:
    Женски

    Па кај најде да налеташ на мојот!Тргни ги рацете , ]:) ]:) ]:) ]:)
    :D :D :D
    Ах срцекршачка редовно ме смее :D
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.614
    ... генгбенг гушка за сите почитувачи на ликот и делото на величествениот НОЕМВРИ месец. :hug:

    Мојот месец, најсилна и најсвоја, во спокојно исчекување на роденденот и сите минорни, а толку значајни нешта. Луѓето се чудат како ме радуваат ситници, а замижувам пред големата слика и поента.
    И јас си се чудам самата на себе, ама со огромна насмевка, како среќен клапчо.

    Марфи овојпат затаи од дождот - еве го први на прагот и - денеска земав плата. :party:
    Не дека парите не ми се важни - важни ми се, ама пофалбите кои дојдоа на мојата сметка беа бесценети, плус мало бонувче... како за прв месец сум задоволна и среќна.
    Тава за мама, чоколади за тато, поларно ќебе за баба и дедо, баскет за Хуго, оооо, списокот ми е бесконечен, :D чувствувам дека за брзо време ќе останам со многу малку банкноти, ама со првата плата е секогаш така, па само нека е за арно, за убаво.

    Феминки, ви благодарам на вашите убави желби и поддршката која ми ја пруживте кога бев на дното.
    Сите виртуелни поздрави и порачиња ги паметам и на сите ви посакувам уште поубави успеси.

    Јас знам дека ова е мојот нов почеток, почнат одново, по којзнае којпат, долг, бавен и трнлив, но сега знам дека ме очекуваат само ѕвездички над моево тикве... доволно долго бев во калта... иако и оттаму не престанав да ги посакувам. :)
    Бидете ми живи и здрави...

    [​IMG]
     
    На midnight.flower, Libera, crazylady и 46 други им се допаѓа ова.
  17. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    28
    Браво Данче.
     
  18. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    635
    Допаѓања:
    965
    СДК
    Биковите со статус сингл можно е да го запознаат оној вистинскиот. :wasntme:

    [​IMG]
     
  19. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Најмногу од се боли кога знам дека и тој чувствува нешто за мене а сепак не се помрднуваме од мртва точка и никако да им се препуштиме на чувствата :@
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    ...и така... по многу среќни денови мора да дојде и ваков тажен. И можеби немаше да биде тажен ако немав добиено ама тоа е. Јас сум од тие девојки што имаат ПМС 3 пати (ако е то можно :^) ) пред да ми дојде, кога ќе ми дојде и од кога ќе ми заврши :wasntme: и си плачам така напати, не заради мене туку заради ПМС-то |( Иначе сакав да кажам дека толку многу ми е дојде преку глава од плачење шо сакам да си ја удрам главава од ѕид и да се онесвестам, за да престанам да плачам нели :?: оти пробав и со "исплачи се ќе ти помине" е не ми мине бе, не ми мине, можам да плачам цело време! И ако е можно да бидам оперирана од солзи :wasntme: и да неможам да плачам :lol: и тогаш ќе бидам или :| или :) ама пошто тоа е неизводливо, ќе одам јас да се видам со домашниве додека не плачам, оти пак ако заплачам ќе треба да си седам цело време во собава |(
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.