[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Си ги прелистував мислењата со цел да видам што правам јас всушност, како реагирам во одредени моменти, едноставно се преиспитував... пред не цела година имав тешки моменти па сакав да видам што сум кажала во моментот, како изгледа сето тоа кога го гледаш и размислуваш со ладна глава.. И сосем случајно наидов на ова мислење:
    Како вчера се сеќавам што ме натера да го напишам ова... не направив копи-пејст на некоја мисла, го исфрлив од себе во момент на болка и јад, и сега сваќам колку правилно сум размислувала во тој момент, што не е случај денес.. Денес јас уште повеќе се оптоварувам, и се повеќе ми фали старата јас....
    Се трудам да ја вратам, со сите сили се трудам....
     
    На Peppermint, kravce, k.i.m и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.148
    Допаѓања:
    1.049
    :|
     
    На sweet-cherry, kate21, Sara123 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. midnight.flower

    midnight.flower Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    541
    Допаѓања:
    1.052
    Дождов не престана. Само се пресели во мојава душа. Солзите се излишни. Срцево ќе ми изгние... Зошто? Зошто?
     
  4. PeaceLoveBasketball

    PeaceLoveBasketball Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    589
    Допаѓања:
    1.177
    Камо и јас да имав нешто убаво а кажам.
    Зборовите болеле повеќе од делата,ете.
    Со цел да повредиш,згазиш,срушиш некого,не си свесен што може да ти излета,што можеш да кажеш.
    Не ни верував во тоа до денеска,сеуште плачам.
    Да ти го е*ам татко ти во гроб.
    Е браво,да,успеа да ме повредиш,успеа уште нешто во животот?
     
    На Hopeful му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MistiqueB

    MistiqueB Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    46
    Кога сум тажна, си пеам. Е тогаш сфаќам дека гласот ми е полош од проблемот! :rofl:
     
    На Sara123, mal.ecka и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  6. Elena-97

    Elena-97 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    2.107
    Алисон Харвард.
    -Совршенство.
    Не верувам дека ја знаете, беше учесник во Следниот топ модел на Америка. Учествуваше во 2 сезони, и ми стана фаворит.
    Толку е чудна, awkward! Тивка и срамежлива, а толку генијална! И да, не победи, и во двете сезони беше во последните 2 и се некој друг победуваше...

    А тие очи :inlove:

    [​IMG]

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Гледам некои мамини и татини галеничиња на фејсбук уште од прееска, и не можам да не искоментирам околу некои работи. :^)

    Некогаш им завидувам на таквите, знаејќи дека животот им е подреден ама баш во секоја смисла. За ништо не треба да се секираат. Имаат некоја потпора позади, некој дебело зациментиран ги бутка. Нивно е само да се шлапкаат со рачињата по реката наречена живот, електричен мотор им е вграден отпозади, за разлика од нас, останатите смртници, кои вергламе наместо удоле, угоре по текот на реката. И цел живот така, осеќам дека не мотор, дрвени весла мкнам со мене.

    Да почнеме уште со тоа дека од најмала возраст, нивно било да се смешкаат на час, се знаело кој чие дете е, како на тоа дете да се стави, чувај Боже, тројка. Па дојде средно, па како елегантно беа прескокнувани од испитување и мистериозно добиваа петчиња, додека не пропуштија ниеден викенд во локалното квази-дискотекиче, па се одеше на зимовање и дискретно си го продолжуваа распустот, летовање едно пред 10ти јуни, летовање второ по 1ви септември.... И никој не смееше да им зуцне ни збор.

    Се дојде на факултет, ми пуштија малку вода под газ со тоа што ми платија дел од студирањето, ама веќе ни за тоа немам толку голема желба како порано. Како да имам, кога гледам дека се тоа, наводниот крем од кремот, а всушност најдолниот шут, се испозапишани во некои мини факултетчиња, со однапред осигурани работни места кај татичко и мамичка, со не врски, ами ортоми во системов... Ако испадне проблем, се ѕвони кај тате, кај мамето, се иде, од едниот до другиот крај на светот ако треба, сами никако не смеат да го решат проблемот. Нит некој се замара со вистински труд, нит некој го интересира да научи, нит учи од што сака. Мора оти тате рекол така сине, мораш.

    И како јас да се вклопам во целава слика, кога цел живот сама си пишував состави, и тоа директно на час, кога не вежбав за писмени со најдобрите професори од градот ами со дедо ми, кога си ги заслужувам одморите, кога зад мене имам само мој и ничиј друг труд. Кога останував и останувам по цели денови дома пред колоквиуми и испити, оти нема кој да ме дигне ако се ,,сринам,, и нема кој да ми најде еден ден работа ако сама не си ја најдам. Кога има проблем, да, моите ми помагаат, ама еве при едно најситно проблемче како што е потпис на еден документ, и тие, и јас сме немоќни. Ете тоа ми е маката, што за некој ова не е ни предмет на дискусија, одма се решава, тап, тап, а за мене е. Не е фер.

    Секогаш ми викале учи, снајди се, биди истриена, имај решение за секој проблем, мисли со паметот, биди итрица. Тука тоа не функционира, жими се ви кажувам. Тука треба да си изгубен, несовесен, отиден, неодговорен, незаинтересиран... така најубаво ќе си минеш. Се за мене си правам, само тоа ме теши.

    Да не ме сфатите погрешно, јас си се гордеам со тоа како се сама сум постигнала, како одам во животот по линија на поголем отпор и еден ден нема да бидам изгубена амеба кога вистинските проблеми ќе мавнат во мене... ама...

    ...Ама денес... денес само посакав мајка да е женскиот Бил Гејтс, па и јас некогаш со лесно да си поминам. :geek:
     
    На GarpovaV, sweet-cherry, Mishela и 48 други им се допаѓа ова.
  8. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Понекогаш, единствениот начин да покажеш што мислиш за нечие мислење е да повратиш. За некои работи порано си велев - кога ќе пораснам. А сега, како да се тешам?

    Доволно се наспав и се‘ ми е рамно. :smirk: Имам полна кутија со цигари, чај од хибискус со цимет и Пласибо на риплеј. Win ситуација. Можам и да зборувам за тоа колку љубов имам во мене, исто и колку љубов давам и ми ја дават free. Ама ете баш таа ме чинела најскапо. Не би да го носам куферот со спомени со мене.
    Можеш ли да се наречеш канибалист ако се јадеш самиот себе си? :geek: Од друга страна пак некои луѓе умираат на 25, а ги закопуваат на 75. Тоа е тоа.



     
    На bittersweet, Sara123, kravce и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Може моево семејство е далеку од совршено, прекрасно и розево, може не се собираме секој празник заедно па така среќни и задоволни си муабетиме како и сите нормални луѓе впрочем и може не ,,летаат'' замислени светки и срциња околу нас од преголема доза на хармонија и љубов, ама јас не би можела да се замислам во друго семејство. Си земам примери од мои блиски познаници, ма јок бре, не би можела јас уствари да функционирам на друго место и во други услови. Колапс, нервен слом, 360 степени.



    Ми се гледа некој црно-бел филм.
    Ама на касета.
    Во темна соба, со огромна чаша цедевита од портокал до мене и меки перничиња од пердуви, кои тек - таму и не така срамежливо боцкаат.

    А животов ... саде убавини.
    Штета не умеам да го искористам целосно.
     
    На bittersweet, kate21, caroline.costa и 16 други им се допаѓа ова.
  10. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Не ги игнорирајте проблемите во врската само поради стравот да се соочите со партнерот. Денес нова чувствителна тема ќе ги отвори старите рани, па обидете се да ги залечите засекогаш.

    И после ке ми речат фемина немала точен хороскоп..абе ајде!
    Секој ден ми пишуваат како да ми ги читаат мислите :?: И јас мислам дека е време да се соочам со проблемот,за наше добро..па се надевам дека денес е денот .. :swear: :|
     
  11. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Го сакам мирисот на печените костени во комбинација со јаболка :inlove: Вечерва испеков костени,сите во домашна атмосфера покрај печката ги љупевме, си муабетевме и правевме планчиња за нашата иднина,што понатаму.Ги сакам тие домашни собиранки кога се чувствува мирот,хармонијата во домот.Чичко ми ни кажа една шега на која што сите се смеевме премногу,а потоа се заозбили и ни кажа дека секогаш ќе ни е другар,а истовремено и наш татко.Ми се насолзија очите од среќа,а истовремено и мала тага бидејќи знам дека осеќа како за некое време ќе оди на небото,само се надевам дека тоа нема да е за брзо.Вечерва ги слушам воздишките на моите и знам дека се задоволни од нас-своите деца и неизмерно ми е мило поради тоа.
    Размислувам да се запишам на постдипломски студии :?:,но од друга страна никој не ми гарантира дека мојот труд ќе се вреднува еден ден.Сепак идат и други нешта на кои што треба да мислам,па затоа тоа сега за сега е во заден план.Сакам да направам нешто повеќе за себеси,да се чувствувам исполнета и корисна.Кога бев мала имав еден тон желби,сонови,амбиции но каде се тие сега? Ги има не дека не,но некако реалноста ги поклопува тие сонови.
    Од секогаш сум сакала да одам во Венеција и Париз,некако ме привлекуваат со својата магичност и романтичност.Тој ми вети дека наскоро ќе одиме во еден од овие градови.Пиејќи го чајот во тишината сонувам како ние двајца во гонгола пловиме низ водите на Венеција или пак дека сме во градот на љубовта,градот кој што никогаш не спие,а на секој ќош се гледа по некој вљубен пар кој што ужива во бакнежите и прегратките,а некаде тука сме и ние.Ахх ја сакам љубовта,среќата,сакам да давам и да примам љубов :inlove: Таа ми е двигател низ животот.
    Отидов јас да сонувам ,а вие имајте најубави соништа кои што еден ден ќе ви се исполнат.
     
    На bittersweet, kate21, ludoto19 и 21 други им се допаѓа ова.
  12. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    СДК ептен убав ми беше муабетот со едни џенцки, со кои ковавме план за едно убаво, фино патешествие :D :rofl: Се знаат кои се, ќе им текне :D :hai:
     
    На ilipili, Emma89 и perlaa им се допаѓа ова.
  13. Roxanne

    Roxanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    120
    Слушнав една приказна како мала за човек кој бил многу несреќен па тргнал да го најде најсреќниот човек на светот и да го праша како живее така. Како што патувал дошол до едно гратче каде еден богат човек правел забава. Сите се смееле, пиеле, се забавувале, а човекот дознал од некој дека ова забава се случува секој ден. Кога се стивнало, човекот му рекол на богатиот:
    -Ти си најсреќниот човек на светот. Сакам да бидам како тебе.
    Богатиот одговорил:
    -Ехее, кога ќе видиш од висока планина една долина, таа ти изгледа голема рамна и зелена, но кога ќе се симниш ќе видиш дека цела е стени. Сега ќе ти ја кажам мојата приказна:
    Жена ми беше пред умирање, и последната желба беше ниедна жена да не ме има како маж после неа, па побара да си ја одземам машкоста. Откога го направив тоа таа оздраве. Сега бидејќи јас неможам, секоја ден води во кревет различен маж. Ете зошто правам забави, за да заборавам што прави таа горе.
    Таа приказна секогаш ме прави посреќна, ме потсетува да го ценам тоа што го имам и да бидам благодарна што немам помалку.
     
    На midnight.flower, blond и ViktorijaMari им се допаѓа ова.
  14. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Прегеска по пат накај Скопје од тие дупките на нашиот ни автопат од трескање бубрезите ме здоболеа!јеееј и ке гласам за вмро да знајте,оти освен споменици и перални за пари ништо друго не направија.Ама нели ние се карактеризираме како добар, чувствителен,емоционален, трудољубив, народ кој знае да трпи, грижлив народ,народ кој простува и дава санса,патриотски насторен народ, јас ке му дадам шанса на Груевски, се надевам дека ќе се искупе за сите гревови шо ги направи! :) Или после тоа јас се селам од нашите државни граници.Вчера бев на доктор.Главата ме боли секој ден.Веројатно ништо ново за големиот број граѓани кај нас м?И вчера посакав никогаш повеке да не треба да отидам на доктор.Замислите.У една ординација наидов на 3 различни мислења за таа моја состојба.Едно од докторот, едно од сестрата која работе со него и едно од чистачката која моментално се згоди таму.И на крај излезе нешто сосем трето од коа ги добив лабораториските резултати.Зборот ми беше пола ден ми помина таму, а они мака си немаат бе. Па може ми е многу лошо. Од убаво сигурно не сум отишла кај нив. Ама не бе си пијат лезетски кафе,си мезат,цигарче полека, а надвор луѓе дремат и чекаат.Аман дај некој нека се најде нека ставе ред у здраството.Друг пат свесно нема да отидам на доктор.Друга работа која ужасно ме фрустрира у последно време е образованието.Ние имаме квалитетен образовен систем? :?: Ма нееее, лаги со опашки.Знаете ли од колку неквалитетни и дебилни учебници и материјали учиме?Да не цитирам извадоци од книга од професор кој предава на факултет.Знаете ли дека професорите од високообразовните институции бараат многу повеке од нас одколку тие самите што можат да ни дадат. мене у животот ќе ми треба многу пракса ама у моето досегашно образование јас не сум видела ни П од пракса.И нека не се удира у гради цела влада на чело со Коле дека образованието е бесплатно оти не е! А за сила и моќ ич па ич оти не добиваме ние ни сила ни моќ од нашето образование вакво кавко што е. Се отиде у неповрат у државичката ни мала.И не ми е убаво и незнам до кога вака.
    Не ми замерувајте денес сум нервозна.Многу.Или плачам или се карам.Денес ништо продуктивно од мене.Три пати викав по другар ми на телефон, два пати се скарав со мајка ми и еднаш со татко ми.Е со сестра ми сеуште не,ама ќе биде и со неа, ваљда нема видено дека пола алишта си ги позајмив од кај неа.Извинете ме мене.Сите други бидете весели и насмеани :) :*
     
    На Peppermint и imelda им се допаѓа ова.
  15. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Колку ми е смешно коа гледам и слушам девојки, т.е. девојчиња од 18, 19, 20 години опседнати со свадба и ти реков ми рече домаќински работи.
    Ама не онака како секоја девојка што понекогаш си помислила и нормално се замислила како невеста, туку онака опседнати во смисла дека сакаат да се мажат.
    Некој многу сериозно си ја сфатил онаа игра кога бевме мали "ајде да си играме тетки".
    Ќе пораснете бе аман не се брзајте, уживајте во младоста бе. |( Да се чудиш едноставно.
    Тоа се за мене деца, зошто да си барем мааалку созреан, ќе ја сфатиш тежината на тоа да се биде сопруга и мајка, и се кладам дека тогаш нема да се занесуваш и толку да го посакуваш тоа, зошто едноставно... сеуште си дете и не можеш да се справиш со тоа. :wasntme:
    А свадбата... да, убаво е, ама трае само еден ден, и после тоа....ајде да те видам. :)
     
    На sweet-cherry, Mishela, bittersweet и 23 други им се допаѓа ова.
  16. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.542
    Допаѓања:
    289.081
    Прекасно е да ги формулирам сите мисли.

    Само делчиња од сеќавања, трошки од соништа, лавиринт од желби и цели.
    Повеќепати помислив да легнам да плујам, и да се намирам што би рекле, но меретен Ксавиер што го сонував до пладне сега ми ги држи очите отворени.
    Не ми се спие пусто.
    Ќе се нурнам со сопствените сеќавања и прочкрапам неколку мисли.

    Повеќето кои тука ги читам се студенти, средношколци, дипломци...
    Секојдневно се наоѓам во туѓите зборови, но зборови кои биле мои во некое минато време.
    Оние исти мисли кои многу други девојки секојдневно ги пишуваат за своите проблеми, стравови, желби и копнежи, некогаш биле и мои.
    Првата љубов и првата солза, долгите непроспиени ноќи пред испит и разочараноста од макотрпната потрага по работа.

    Нели она што не не убива не прави посилни...но дали е стварно така.
    ЈАс би рекла она што не не убива не прави пола човек. Пола здравје, дали психичко или ментално ни отушло уште во младоста во обиди да држиме чекор со секојдневието.

    ЈА прочитав Илипили...една од многуте прекрасни девојки тука. Постот со печените костени во кругот на фамилијата ми навра толку многу спомени.
    Се двоумев дали да додадам и едно тага, но не го сторив тоа. Сепак непостоењето на тие спомени и непознавањето на истите е полошо од нивното непоседување во овој даден момент.
    И јас обожавам коштани. Се сеќавам уште кога бев дете со широко отворени очи стоев до мама и чекав да ми испече една рака од неколку стотините грама кои ми ги купи.
    Тие 100-200гр беа луксуз за нас , и колку само им се радував.

    Немавме ништо, но затоа големи соништа и многу ветувања кои си ги давав на себе си.

    Да имам прекрасен сопруг кој ќе биде родител каков што никогаш не беше мојот.
    Прекрасен брак каде ќе нема викотници, проблеми,алхохолизам. Брак кој вечно ќе трае.
    Сонував за куќа, да не мораме со мама да одиме по кириите.
    Работа за конечно да имаме пари ако ништо друго да си купиме нешто за јадење, да не чекаме на милосрдие на најблиските за едно тенџере манџа.
    Плакар полн со облека и милион чевли наместо да чекам на некој братучед да му омали облеката па да ми ја поклони.
    Давав се од себе за да успеам во овој сон.
    Грешев, и тоа многу. Често знаев и да скривнам од правиот пат...но секогаш се враќав на правата трака.

    После матура сакав да студирам во една од соседните змеји каде што веќе беше студент брат ми.
    Останав, не сакав да ја напуштам мајка ми.
    Жената која толку многу жртвуваше за нас, која конечно има свој покрив над глава и работиче...двете деца да ги прати во странство.
    Зарем не треба токму сега да им се порадува, да поужива барем малку со ќерката покрај себе после се тоа низ што минаа?
    Таа никогаш не си го прости тоа што не заминав тогаш.

    Дипломирав поради принципот дека не сакам недовршени работи, а не дека гледав иднина.
    Решив да почнам од почеток некаде подалеку, да ризикувам и да се борам со сите сили за мојот сон.
    Оној од детството.
    Често пати го слушам прашањето што си постигнал во животот.
    И јас сум одговорила на истото многупати.
    Сум промрморила многу за академскиот, професионалниот бекграунд. Местата кои сум ги видела и за тоа како сум сопруга, домаќинка, студент и работник истовремено.
    Но нема веќе воздишки, барем не мои.

    Патот на кој стасува човек на неговата зацртана цел може да биде причина за воздишки кај слушателот но истовремено и за немост кај оној го говори.
    Колку потрнлив толку по нем.
    Детската искреност, тинејџерската наивност и младелашката лудост ги нема.

    Сите соништа се исполнети и сум на пат кон остварување на многу други кои неодамна поставени но далеку од сите.
    Детскиот сон е исполнет и сега ќе се извади вагата да се измери што е изгубено уз пат.

    Но нема простор за жалење или тагување.
    Никој не рече дека ќе биде лесно.
    Мораме да си го пробиваме патот низ животот, и некогаш тоа мора да е далеку од оние најблиските.

    Тој еден куфер кој го влечеме во текот на целиот наш живот со себе е со ограничени димензии.
    Некои нешта ќе ги отфрлиме а некои додатно спакуваме, и така цел живот.
    Пријатели, работа, колеги влеваат и излеваат од тој куфер но сеќавањата за нив засекогаш остануваат во нас.

    А фамилијата не припаѓа во никаков куфер, таа е секој ден во нас, во нашите срца.

    А за што сонувам сега.....
    Сонувам повторно да ги доживеам тие моменти кога со мама ќе печеме коштани, и свиткани под јамболиичето кое го плетеше баба молчиме и уживаме во тишината.
     
    На Doozy, bittersweet, kate21 и 24 други им се допаѓа ова.
  17. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    Ме гонат грешки од минатото. Иако знам дека јас не сум виновникот за некои работи, сепак ете потсвесно ме мачат.
    Сонувам речиси секоја вечер. Се извинувам, одново и одново. А сепак треба од спротивната страна да добијам извинување. Многу тешки зборови беа кажани, многу лоши работи направени!
    Но, се прашувам, дали личноста во сонот, ме сонува мене? Дали има грам срам и црвче што што ја јаде совеста? Мееех, не, нема и никогаш нема да има. Таква личност е.
    Не вреди, она што е во минатото треба да остане таму засекогаш, закопано со сите тие емоции и ситуации.
    Го знам тоа а сепак сонувам за деност кога ќе ги изустам зборовите извини, другари пак?
    Расчистив со се од минатото, но не и со себе. А таа борба ќе биде вечна.
     
    На bittersweet, ludoto19, Hipster и 6 други им се допаѓа ова.
  18. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Сдк дека колку и да си добар,колку и добро да правиш да ти биде убаво пак не им чинат..Овој сака вака да направиш,оној така,и ај како можеш на сите да им погодиш? И на крај како врв на сево ова пак ке зборат лошо за тебе....
     
  19. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    7.389
    Допаѓања:
    262.089
    Пол:
    Женски
    Уморна сум ама ако, убаво ми е. Вчера имав многу гости, семејствата одамна не се собрале во комплетен состав. А поводот уште поубав-роденден на мојата принцеза и тоа прв :clap:
    Беше збунета од толку луѓе и внимание па реши да ги игнорира и да се држи за проверените баба и дедо. Доби подарок кукла бебе и она стаса да храни некого и да го заспива, се израдува баш како поговорката како мало дете на играчка. А јас, јас бев збунета и возбудена како да бранам дипломска а уствари служев руска :lol:
    Животот го прават убав ваквите моменти, само нека потраат.
     
    На ana-banana, MSkorpionka, sweet-cherry и 43 други им се допаѓа ова.
  20. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    ^ Нека и е среќен роденденот на ќеркичката :f: :)

    Јас? Здраво. :emo: Ме поттикнавте да отворам хороскоп да прочитам :^)

    Возбудени сте? Па се разбира дека ќе бидете, затоа што ова е вашиот период од годината. Добрите вести постојано ќе пристигнуваат, а вие ќе го искорените песимизмот од вашиот живот.

    |( Толку сум возбудена што ми иде во подрум да се пикнам и да останам таму до Нова година.
    Видете, јас и Ноември...тоа никогаш не успевало. Тој е мој, јас негова, ама... не дека не го сакам... се плашам од него :| Сите зборуваат за него, а јас го чувствувам, ми гребе по кожава. Доказ ми е, сведок, за се' што сакав, а не сум, за времето што изминува оставајќи ме зад себе, за секоја година истото чувство што ми натежнува од самиот старт, од 1ви. А јас па му се предавам...будала. А толку слабо се чувствувам за да се борам... Чувствувам како да ме набљудува од секаде :| манијак е Ноември!
    Да беше Ноември маж... ќе беше тоа садо-мазо врска меѓу нас :|
    Ноември ми е искрен. Ноември ми е reality check
    А јас, таква, смотана, и да запре времето...не знам да го искористам, времето ме користи мене.

    http://www.youtube.com/watch?v=yRkovnss7sg
     
    На Doozy, bittersweet, ilipili и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.