Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Уф како ми надојде вака, ко планинска река да си пишам на темава една ода на
    сексот
    па си викам, деца читаат, не могу бре!

    А во стилот на К15 ми текна да го заменам со некое друго позгодно зборче. Нали пиење - читање.
    И сега се мислам со кое зборче можам вака да си го заменам.

    Ајде нека е сочно, чоколадно, тазе направено, колаче. А не можам ни тоа. Затоа што од него се слабее, а од колачето не :D
    Па си велам, ајде нека е коктелче, ама пак не иде. Порок е пиењето.

    Што и да е, како и да е. Сакав уствари во ова глуво доба да си рикнам на темава и да кажам дека сакам да јадам колачиња, овај да пијам коктелчиња де.
    Ме зашеметуваат, ме прават среќна, ме тераат да се шетам како удрена со волнена мокра чорапа, човек потоа нема ни апетит бре, горам калории, ми се тресе цело тело после колачето кое ми се погодило токму по мој вкус...и кога го нема. Нешто ми фали, ептен ми фали. До таков степен да загледувам други колачиња и да ви кажам, често помислувам да си ги побарам лигавчињата од бебешки дани, чисто онака да ми се најдат.

    Шо и да е, колачиња и котели - нека има! Пау! :D

    Ми фали хорни смајли ај па да не!

    Кој ми замерува на постов или превртува со очињата, нека му текне на некое последно изедено, сочно, вкусно, меко, па и крцкаво бре, КОЛАЧЕ и нека ми каже дека не е така :D

    Иш Пирамидо, легнуј си, иш иш! Собирај енергија, ќе ти треба ]:)
     
    На LivingGlam, sesilija, Artemission и 2 други им се допаѓа ова.
  2. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    И ја би Пирамитке за истото не дека не :lol:

    Може исчоколадирани колачиња со бел со црн крем онака ... Вкусни ... Да се топат ...
    Мислам стварно ја не би да правам проблем околу калориине ... Сепак ...
    само да се најде по некое ...

    Ке дај Госпо колачиња без гајле :lol: :rofl:
     
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.257
    Допаѓања:
    43.758
    http://www.youtube.com/watch?v=rL0O1yuTJEU
    "Well, I've been afraid of changing
    'Cause I've built my life around you
    But time makes you bolder
    Even children get older and I'm getting older too"


    Ја слушам, и ми го смирува духот. Ех, зима. Некому радост, некому тага како девојчето со кибритчињата.
    ...
    Се изнамачивме денес со колешка ми да си ја вратиме мотивационата кондиција, но, кога има многу да се работи, тоа е тоа! Нема бегање. Секако и должам една дланка радост утре, кога ќе и треба. Зошто ценам карактери и луѓе кои духовно можам да препознаам дека се лојални, и себеси и за другите.

    Ади ќе прави журче во петок, сакам да му отидеме, џез варијации и некакви обиди за будалеење. Треба и на сликарската изложба да појдам, страшно ме интересира каков концепт и хибрид направила другарка ми. Се радувам што трезвено си ја промовира уметноста, нема регрес, ги менува своите правци, експериментира. Браво за оние што имаат храброст да го сторат тоа, секогаш! Меланхолија ме фаќа, некое чувство на крајност. Веројатно зошто се ситни годинава, утре веќе е декември, тој студен и ладен декември. Убаво е што имам Дом. И кој да ми го стопли срцето, а и јас неговото.
    Веројатно, тоа е. Растот секојдневно, како што Тори милозвучно ми го пее, ме прави она што сум, и можеби некоја нова, скриена јас, која само сака да е спокојна.
    Но, раатот мора да е и рат, нели? Дали со упад или тага, дали со радост или некое превртливо случување, мора да е несовршено. Секое наше будење, е несовршено. Како повик, ехо, кое се дуплира секое утро, но во различни интервали.
    Гледајте да се будите насмеани, без украдени мисли, енергија. Чувајте се.
    Ве бакнувам ко баба ми, во челце. За радост и симнати гревови. :lol:

    Добра ноќ. :*
     
  4. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    СДК ја сакам сликата што ја стави Марли во темава за аватар, ама не знам дали имам дозвола :?: Марли ? :)
     
  5. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Добредојде декември... биди убав месец и донеси ни снег! :inlove:
     
    На AnaKarenina, zhap4e, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Acerola му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marley

    Marley Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    1.130
    Пол:
    Машки
    Од мене... имаш ;)
     
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.993
    Пол:
    Женски
    Аман од овие несонициве.
    Неможам убаво да се издишам веќе! |(
    Туку си листам низ форуми и низ ФБ и гледам нешто нова мода да се пишуваат неповрзани статуси што демек би требало да делуваат мистериозни, уметнички и тешки за одгатнување, а всушност ни самиот автор врска нема што сака да каже.
    Чекај кога веќе пишувам, да се испробам и јас.

    Се слушаа звуци од вецето на комшијата, а листот и` падна на дланката кога таа се напи вино. Тој трчаше по неа и фати автобус. Гумата пукна. Морнарот дуваше во лулето. Косата и` се вееше под ладовините на сонцето, а птиците свиреа на електрична гитара. Помина циган на точак. Тие летнаа. Повторно падна лист, овојпат во виното. Таа повторно се напи и се отру. Лулето падна во морето, автобусот продолжи понатаму.

    :worried:
     
    На la-chicka, maca99, enca.69 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Поскапе бензинот, поскапе и парното, поскапе и брашното, а со него и лебот, поскапе и таксито, а од пред некој ден поскапе и јавниот превоз...
    Поскапеа и штилките во Шутка, само чорапите на Бит пазар уште се 5 за 100.
    Длабоко, со полни бели дробови кислород воздивнувам, не од мака и тешкотија, туку уживам во бесплатниов воздух, зошто како што тргнала работава и тој ќе почне да се наплаќа.

    За жал имаме плафонски цени, а патосно ниски плати.

    Велат луксуз било денес да носиш бунда од природно крзно, пих, камо среќа да беше да така.
    Но за жал не е, денес е луксуз да имаш полн фрижидер, секој ден да имаш тазе леб и различен ручек, да носиш топла облека и здрави чорапи, да имаш регистрирана кола со полн резервоар, и пак да ти остане некој денар во паричникот.

    И во ваква ситуација уште прашувате дали бираме ваков или онаков партнер, со диплома или без, со ваква или онаква професија, кога сите негде длабоко во себе го посакуваме само она луксузното, под услов сите „овци да ни се на број“.

    Мене на пример не ми треба бунда од нерца, ниту некој незнам колку каратен дијамант за да се почуствувам ексклузивно и луксузно, за мене лускуз е кога Петко на сред секс ќе успори, ќе ме бакне, ќе ми упати поглед кој и Антартикот би го стопил и ќе ми каже „Те сакам“.
    Мене луксуз ми е тоа, зошто знам дека секој може да скрпи крај со крај, да продаде нива, и да купи дијаманти или да наследи бунда од баба, но ретко кој е искрено и безусловно сакан од дечкото или девојката.
    Зошто кога ќе се навратам на она со професиине и дипломите сепак сфаќам дека денес во запрепастувачки голем број се ваквите условени врски, мора да има диплома, работа, мора ова или она.
    Луѓето станале толку расипани што заради некои мочани 200-300 евра плус во месецот ја жртуваат својата среќа, својата љубов, својата емоционална исполнетост.
    Спремни се да бидат цел живот несреќни со некој кој пред името има д-р или м-р наместо да бидат ценети, сакани а богами и среќни со некој на кој во полето преофесија му стои чистач, метач, молер, водоводџија....

    Можеби сум себична, злобна и иронична, и со постов ставам сол на нечии рани, но драги мои тоа ни е реалноста, тоа е вистината која понекогаш знае ите како да здоболи.
    И да се вратам на цените и поскапувањата, за среќа љубовта се уште е бесплатна, почнува и таа да се наплатува но во глобала сеуште е живо џабе.
    Нека не ви маваат во глава бундите и дијамантите, зошто ниту најскапата бунда нема да ве згрее колку што може да ве стопли нечија прегратка, нечиј збор кој не само што ќе ви го стопли телото, туку ќе ви го стопли и срцето. Никој дијамант нема да ви го даде тој сјај во очите како што може од среќа да ве расплаче нечиј поглед, нечиј збор, нечија постапка.

    Со пари среќа не се купува, парите се само хартиено или метално платежно средство кое само за момент може да не усреќи, љубовта е таа која може да направи крвта да ни зоврие, да ни потечат солзи само затоа што во тој момент сме пресреќни.
    Затоа сакајте искрено, и ќе бидете сакани, има некој негде што ве чека со широко раширени раце, не се преоптертувајте туку дозволете му на времето и животот да си го направат своето.
    Оставете и простор и на судбината да вмеша и таа малку прсти.

    Од мене толку а вие како си сакате така правете си.
    До тогаш ве гушкам, и ве тапшам по рамо секогаш кога ќе посакате.

    А сега останете ми во добро здравје и одлично расположение :hai: .
    Љуби вас, емоционално исполнетата и ваша Најубава ^_^ .
     
    На bittersweet, Go-Girl, LilBaby и 25 други им се допаѓа ова.
  10. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    01. Декември - Светски ден против СИДАТА.

    Инаку според статистика 25 од заболените од СИДА во Македонија се жени а дури 117 мажи.
     
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски

    Прикачени фајлови:

    На Neytiri и Zlatusko им се допаѓа ова.
  13. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    738
    Дојдете, Прашувајте, Научете!

    СТОП СИДА!

    10:00 - 12:00 - Делење на превентивен и едукативен материјал во дворот на УКИМ - Комплекс факултети и Медицински Факултет;

    13:00 - Трибина во Ректорат на УКИМ;

    23:30 - F*** You AIDS Фестивал во клуб 69 .

    Исто така има штандови и во Рамстор, на плоштад и екипи низ улица Македонија од повеќе невладини и здравствени организации. Ќе се дели заштита, а и можете да прашате се што ве интересира. :)
     
    На AIT му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Ти се јавува на мобилен у 3 саат ноќе и те прашува што правиш ? ...
    Те гледа на автобуска како чекаш и вика што чекаш ? ...
    Те гледа болен шмркаш вика ај играме фудбал ..

    [​IMG]
     
  15. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Да се боревте , да ви беше упорноста за петки и десетки, бар половина од тоа што се борите за лајкови , коментари и боцкања ќе бевме најпаметна и најучена нација ...

    Да не беше трагично ќе беше смешно ...
     
    На Bright, Chocoholic, maca99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Прв а последен. Ден и месец.

    Декември ветува многу а јас едвај чекам да ми ги исполни ветувањата.

    Бидете ми умни, користете кондоми, бидете сакани и убави.

    Четврток, за мене ти си магија!

    Ставам капчето на страна и ич нејќе да ми чуе.

    Ах Скопје, колку многу те сакам. Љубовник си. For life!
     
    На Nina24, rossonerka и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  17. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
  18. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    СДК Барво :clap: :clap: :clap: овие аплаузи се специјален поздрав до дечко ми...арно сторив,сега речи фала е работава..

    СДК 2 Поздрав до сите феминки :*
     
  19. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    722
    Денес ми е еден од најубавите денови од цела година! Со месеци го чекав и еве конечно дојде: Мојот омилен, Декември. Некои ќе речат дека овој месец е еден од најужасните, ама мене ми е најубав. Па кој може да им одолее на снегот, празничните трески..?
    Welcome December, you've been missed! Па да си знаеш драг мој Декември, дека јас многу те сакам :* :inlove:



    И уште нешто.. VIVA LA COLD WEATHER! :D
     

    Прикачени фајлови:

    • 201628318.png
      201628318.png
      Големина на фајлот:
      334,9 KB
      Прегледи:
      166
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.303
    Допаѓања:
    285.344
    Еден од оние денови кога се будиш рано полн со очекувања за тоа што носи денот, и си викаш ај прво да ѕирнам малку на нет и ...неколку часа покасно сеуште зјапаш у мониторот :geek: ....

    Капак на се и си се уморил :^)

    Мотивиран од својата немотивираност пишуваш еден краток пост надевајќи се со лесно ќе мине, и мозокот ќе убржа од 10 на 100 на саат,но сепак нели Декември е , зима, си влијае
    Си викаш It's not my fault :puke:

    Као некој зависник мора да ги поминам сите фази:
    го лоцирав проблемот, еве дури и пишав краток пост за него.. го признавам неговото постоење, е сега со другиве фази ке мора малку да убржам ....оти јас нели академски граѓанин :$ , треба да ја посетам академската институција каде се стекнува знаење и мудрости |(
    иако имам претчуство дека единствена моја мудрост денес ќе биде што да зготвам ѕа вечера
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.