[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.901
    Конечно дојде викенд.. :party: :party: :party:
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.942
    Допаѓања:
    164.080
    Рекламата на Нивеа лосионот за мажи со таурин...Ма самиот продукт,е тотален фејл...Типов решава да остане доцна да се забавува,иако утре е на работа,зошто сепак заради лосионот ќе изгледа убаво. РИЛИ?! Само заради тоа не останувате доцна во работни денови?! Само за да изгледате свежо и убаво утредента?!
    ФЕЈЛ!

    Реклама на Маестро,за павлаката или што и да е... Женските...кои сакале да зборуваат за секакви глупости... ми делува како реклама за паштета нанесена на нивните одвратни лица.
    ФЕЈЛ!

    И новост која цел ден ми зуи низ муабети,особено зошто другар ни е засегнат...секоја скопска фукса и локално мангупче станале стјуардеси и стјуарди...ама за оваа тема поопширно друг пат... Се запрепастив. Чиниш у ЈСП у вторник,петок и сабота опслужуваат пензионери,а не сериозна клиентела... Другаров,строен,згоден, арслан,со меѓународни сертификати за парамедик,со три јазици,подготвен од некогашна шефица на академија за стјуардеси и стјуарди во Македонија,не е примен...сите зеваат од изненадување... А овие кај слетуваат се чекираат по аеродроми и прашуваат у која временска зона влегле да не си го утнат летот за назад. Ма што се секираш бре,ова е 20ка,па ќе дојде следна за 20 минути. Друг другар од блиски извори на една тн стјуардеса кажува,нема поим од триажа и кој има предност при опасност,а бога ми шеретски вика - за неа не сум ни сигурен како поминала психолошки тестови... Ни сериозност,ни етика во работење,ни професионалност...
    Како одлучува дали ќе користам производ од некоја компанија/фирма?! Покрај производот ја гледам и сериозноста на оној кој работи и ми го нуди... Во случајов,уште еден голем ФЕЈЛ!

    Сезона на упалени синуси,време беше... |(

    И се изнаслушав работи кои демек требаше да ги научам,а уствари ги знаев.Главата као у буре ја осеќам...
     
    На SparkyAngel, Monna.Monna, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Ви текнува пред неколку години колку беше луксуз приклучувањето на интернет?
    Па посебно преку ден, ауф отидоа паричките ако заглавиш.
    Диал ап конекција, прво ти треба 3 минути да се поврзеш, а потоа ко луд отвараш што ако не Мирц.
    Хаха мирц бе.
    Ви текнува кој ви беше никот? А кои ви беа омилени канали? :lol:
    Сум трошела дома интернет, притоа ужасно скап, за еден мирц, свашта.
    Сега ако сме ера на фб и фејсбук врски, тогаш пред 10 години беше ера на мирц и на утнати состаноци од мирц.
    Сеуште се чудам со која храброст се состануваа девојки со мирц пријателчиња. Јак гз треба да имаш богами за такви работи. Манијаците ко луди работеа. Сеа слободно си имаат отворено ФБ профили на познати македонски шмизличиња па имаат материјали, порано јок бре. Па на некој слика да пратиш преку мирц требаше да се заслужи бре. Сеа албум лето 2012, албум јуни 2012, јули 2012, август 2012, слики тон за мушки очи.
    И така денес со другарки си зборевме за мирц, се пукнавме од смеење.
    А уште поинтересно постојат врски и бракови денес од мирц излезени. Мирц родители, ФБ деца, а којзнае што следи во иднината.
    А ако немаш дома интернет порано а имаш компјутер седиш и боиш во paint, играш solitaire или minesweeper. Евентуално во word пишуваш романтики. Се чудев што прават луѓето толку многу на компјутери на филмовите.

    Него периодов време слабо за социјалниве и интернет мрежи. Ама ако убаво е кога ми е исполнет денот и времето. Доволно е тоа што цел ден работно дремам преку компјутер па ако и дома тоа го правам ќе оќоравам дефинитивно :geek:
    Повеќе работни часа, повеќе платичка.
    Добро е, светол период бар во тој поглед.
    Затоа петочки пензионерски со нозе во вис си пуштам серијалки.
     
    На Hipster, Monna.Monna, eli25 и 17 други им се допаѓа ова.
  4. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Уф што убаво е чувството кога од некои парчиња облека што ги имаш а не ти текнало некако поинаку да ги комбинираш или не ги носиш често си направиш интересна преслатка комбинација :lol:
    Е мерачки ќе си се дотерам за утре..

    А вечерва и јас ќе им се турам на сериите :D Мислам доста беше шетање за денес, се остаив во град.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Искрено, пмногу жал ми паѓа кога ќе видам интелегентни дечки кои патат од тешки комплекси. Денес имав средба со една таква личност и навистина интелегентен човек ама со комплекси кои не се оправаат за ништо на свет. Жалосно, а особено за некој кој работи со луѓе на кои треба да им биде пример и кои треба да учат од него. :fubar:
    Барем видов како не треба да се однесуваш со луѓето, независно од позицијата која ја имаш и си ја заслужил врз основа на сопствени заложби и напори.
     
  6. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Колку може една песна да врати спомени ...

    Денес си седев на клупа во училишниот ходник и си читав физика . Примерн ученик :D И читајќи , на разгласна како и секој ден пуштаат музика. И читам јас физика , закони , константи и туку слушам: Сјети ли те дах љета и пјесму уз гитаре ... И си реков каква физика , какви закони ... Затворив книга , затворив тетратки и си ја слушам песната , зборовите ми го копкаат срцето , а тој не ми се насмевна и јас нему . Запјевај нашу пјесму , мени и теби рјечи познати, чекам те на старо мјесто таму гдје љубав почиње.... Толку ли е тешко ова да го кажеш , зошто секогаш јас да наведнам глава, зошто ?

    П.С . Те поздравувам со песната http://www.youtube.com/watch?v=76qqnCgxpVE
     
  7. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Ги мразам турските серии!!!
     
  8. Dr.Ofboli

    Dr.Ofboli Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    312
    Пак сакам да чувам хрчак.

    Ќе се вика Мико и ќе живее во зелен кафез.

    Само последниот пат кога им спомнав на моите дека сакам уште едно животно ми рекоа дека ќе ме исфрлат од дома :wasntme:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Ееее.... Фемина... :)

    Колку го љубев ова место, колку милував да си бидам виртуелна друшка со Лилит, Трендафилка, Сесилија, Лудото, Роси, Боа....... да не ги набројувам сите и да потоне постов во срцепарајуЌи поздрави и честитки за Нова Година.

    Ете носталгија ме фати, а стимул за прошетка по темиве и оставање мој печат, некако не...
    Дали дека имам пропуштено толку многу, дали само навидум ми е се бледо и монотоно...ама ете пустото, времето кое јас го љубев, Фемина која ја љубев некако се оставила некаде, во моите спомени.

    Ми дојде една кнедла, ми застана та ме гуши...
    Како нешто да е уништено :?:

    Бидете поздравени, се читаме некогаш и некаде...пак ;)
     
    На Elennaa, EleMental, kate21 и 22 други им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Жими мене, можев да се заколнам за неа.
    Со сопствена глава, со сопствен живот, ма комплетно, тотално, премногу и верував.
    Мислам дека премногу им верувам на луѓето.
    А се нешто помислувам дека и да ме праша некој, па ќе можам да се заколнам и сега, ќе тврдам и ќе стојам дека ТАА НЕ Е ТАКВА, таа ми е другарчето од најстаро време, таа ми е првото другарче, другарче кое си го сакам... без да ми речеа и еден збор.
    :|

    Шокирана сум. И не знам на кого да му кажам и кај да се обратам, двете кај што обично се обраќам моментално се позбунети од мене. Или јас од нив, не знам, не можам да мислам.

    Сакам да верувам дека луѓето се дип даун во себе добри, дека го враќаат вишокот денарче назад во продавница и не си зимаат јаболко повеќе на пазар, дека има вистинско пријателство и другарство, дека небото е плаво, облачињата се бели, травата е зелена, пилиња си леткаат, светот е розов...

    Ама не е се така.

    Знаете, секогаш ќе пробувам да ги оправдам луѓето. Беда, сиромаштија, мизерија, посрана земја сме, секојдневно се случува по некое срање во нечиј живот. Нечиј татко добил отказ, некој се изживува врз нечија мајка, нечиј брат или сестра работи од јутра до сутра за јадни пет илјадарки, значи апсолутно се може да ти се случи. И сфаќам дека секој од нас добива моменти на слабост, потпаѓа под некои свои, внатрешни демони, се буди тоа малото, зелено монстерче, се прашуваат прашања зошто кога може тој, да не можам и јас... Се сфаќам луѓе, стварно.

    НООООО мора, мора, мора да се најде начин да се испуштат тие издувни гасови кои ти ја трујат душата внатрешно. Значи или пишувај дневници, или чкртај па фрлај листови, или земи и истрчај 15км со сиот бес во тебе, земи дери се на некој рид, не заборавај дека се е период... Еден ден си горе, наредниот доле, ама и обратно.

    Морам да се обратам директно иако никој нема да ме прочита, жими се, морам... :( Другарка си ми, значи јас се ќе направам за луѓе што ми значат. И ќе пробам да ти помогнам. Сега ми е мене жал што полека те испуштив од раци, ми се лизна едноставно, како не препознав и како не сфатив.... Зоштоо, бре жено, зошто не ми се издра кога очајно ти требало помош, зоштооооо не ми се јави едноставно, зошто дозволии да се бориш сама со тие работи, зошто дозволи да не можам да те препознаам, зошто не ми крена слушалка, во истиот момент ќе дојдев и ќе ти помогнев. Заедно ќе ги вратевме работите на старото место. Буквално зборувам.

    ЗОШТО?

    Другачке, јас тебе ќе пробам да те сфатам, жими се, и пак, ако дојде такво време, пак ќе речам НЕ Е ТАА ТАКВА, јас ја познавам... Прашањето е дали ти ќе можеш да се сфатиш и да си помогнеш сама на себе. :(

    п.с. Уште си ми човек кој би го викнала да копаме заедно некој што јас би го отепала, во ниедно време од ноќта. Ме разочара тоа што мислеше дека попрво би те пријавила, отколку што би дошла и би зела мотика...
     
    На zarah, crazylady, Moira и 24 други им се допаѓа ова.
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Се будам сабајлево, не знам кај се наоѓам, на раката ми закачил мм пост ит-Внимавај малиот спие врз тебе и нацртал смајли.
    Едната рака што сум ја користела како перница не можам и да сакам да ја мрднам, мисли, мисли како да станам а малиот да не го треснам од земја, со другата пробувам да го разбудам малиот, после неколку обиди се разбуди, конечно можев да станам и да го убијам маж ми :devil:
    Право телефонот го земам му вртам на мажот, добро бре човек кога си видел дека малиот спие врз мене не можеше да го ставиш во креветче и да ме разбудиш место писменца да ми пишуваш :@
    Ми вика погледни ја сликата во телефон, толку бевте слатки ми беше грев да ве разбудам :angel:
    Инаку да појаснам сум заспала долу на под, затоа што малиот се претвори во вампирче, се буди во 2-3 сабајле, спремен за играње ]:)
    Одам божем да го искарам и да си легне да спие, ме разоружува со најубавата насмевка, рачињата во вис, бакнежот е спремен и ај одбиј го, знам дека ме манипулира иако веќе видно исцрпена од неспиење се тешам дека I`ll sleep when I`m dead :lol:
    Му попуштам затоа што има сипаници и не се жали воопшто, се гледа на огледало и на точките им се цери како блесав, шета со чорапи на раце за да може да се чеша и сака само да си игра, издржлив на мене е :D
    И така ноќеска пак сме си играле додека не сум заспала на под како избркана од дома :D, сум му пуштила музика на малиот, најнова занимација му е да трча од звучник до звучник, ја лови музиката :lol: легнува врз woofer, subwoofer како и да се вика и пак од почеток, тој си играл што си играл и си легнал врз мене а не сум го ни осетила :x

    Имајте пријатен викенд ве поздравувам со најомилената моментално песна на син ми, нонстоп бара да му ја пуштам со бам, бам, бам додека сфатив што сака ехееееј :lol:
    http://www.youtube.com/watch?v=HZwMX6T5Jhk
     
    На Hipster, FortuneTeller.xD, Moira и 38 други им се допаѓа ова.
  12. MistiqueB

    MistiqueB Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    46
    Секоја есен ми е иста. Монотона. Досадна. По малку романтична. Ладна. Мрзелива. А со неа и јас. Не можам да се одделам од креветот. Сакам само да спијам и да јадам. Многу да јадам. Колку си личиме со Гарфилд. :inlove:
    Мразам ладно. Не можам да поднесам. Носот мразулци може да ми фати. Не сакам кога сум облечена со стотина блузи и дваесет пара чорапи. Ме нервираат. А да се соблечам пак не оди. Е тогаш има сите аптеки да ги прошетам.

    Ноември ко ноември. Напорен. Тежок.. Иако сега си дојде, ги бројам деновите кога ќе му кажам чао. Не се поднесувам ни самата себеси во вакви тешки денови. Или е до ПМС-от? :^)

    -Nevermind.
    Си барам утеха во жешкото горко кафе. Не го сакам со шеќер. Па не вкусувам тулумба, туку кафе. :rofl:

    Друга работа- Мразам професори кои се мислат СЕМОЌНИ. Значи сработив 20 пати повеќе од другите, а пак "не сум заслужила добра оцена"... Да да. Ќе имаш и ти дете некогаш, ќе видиш.

    Ај да не бидам толкав песимист, да свртам на подобро. Си сакам одредени личности. Само одредени. Ги сакам, а и живот би дала за нив. Свесни се за тоа. И ми треба топла прегратка од нив.. Убава, пријателска, полна со љубов.

    И би ги замолила Сител да прекинат со турскиве плачки и жалопојки. Напнаа веќе. Доста е. Нека сменат веќе нешто. Греота е за нас, ‘‘Оние другите‘‘ кои не ги гледаме.
    Ова сум јас кога почнуваат жалопојкиве.



    Ве гушкам сите. :hai:
     

    Прикачени фајлови:

    • turska.gif
      turska.gif
      Големина на фајлот:
      855,8 KB
      Прегледи:
      494
    На Sara123 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Речиси цела моја генерација (женскиот дел) си стави прстен на рака..
    А имам само 20 години...
    Што ми фали мене? :D

    Со среќа нека им е, јас уште долго ќе бидам ерген!
     
    На Sara123, Name, Glossy-girl и 15 други им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.526
    Допаѓања:
    92.230
    Пол:
    Женски
    Мацоооооо ма, не те познав, нешто лицето нафрлано ти е...

    О Боже, да знам дека е, се погледнав во огледало и утрово кога се миев и кога излегував, а за чудо и насекаде има огледала :devil:
    Фацата не ми е сменета, таа е.

    Убав денов, прошетка со другарка ми, разговори триста... откажување од минатото и гледање кон иднината. Ќе можеме ли?
     
    На DeMelo, creshicka, Glossy-girl и 13 други им се допаѓа ова.
  15. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Македонски апсурд:
    На ТВ има се повеќе емисии за готвење,
    а народот се помалку за јадење.
     
    На Sara123, Name, Glossy-girl и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Абе се случи најнеочекуваното - си се свиѓам како испаднав на сликата за лична :rofl:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.745
    Допаѓања:
    17.711
    Добро бе, не гледаш на профилот колку години имам. Еј 14 сум, значи 14 треба да ти нацртам? |(
     
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Ми фали некоја ко Прити Ј ака Милки Кенди ака..заборавив третото, со мултипли персоналити, да видам до кај може да оди со лагите и да се гуши во самата себе..
     
  19. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Ја потрошив целата енергија залудно,на погрешно место.
    Па не е никој привилегиран да добие гратис позитивна енергија од мене.
     
  20. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    И за добра ноќ, гледајќи ја сликава се потсетив на некои личности од моето далечно минато
    Оу мај год :rofl: :rofl:
     

    Прикачени фајлови:

    • 1088.jpg
      1088.jpg
      Големина на фајлот:
      120,8 KB
      Прегледи:
      598
    На Sara123, gothchick, kravce и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.