[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.654
    Љубовта кулминира во оној момент кога со љубениот ќе почнеш со поглед да се разбираш, кога по ликот ќе читаш што тој чувствува и мисли, кога ќе сфатиш дека му е тешко само слушајќи како диши.
    Ако вас овде ви пишам празен пост ќе мислите дека е грешка, ако на другарка ми и пишам празна порака ќе ми врати "?" , а само Петко знае што точно да одговори " ;) , :* ".
    И после некој ќе ме праша дали жалам што толку рано се впуштив во нашава опуштено-моногамна врска. Не, не жалам, среќна сум и убаво ми ѐ, крај, ди енд...

    Мене ми е најтешко кога треба да бирам зборови за да кажам нешто, затоа и ова е третиот обид да напишам нешто овде. Не е проблем цензурата, проблем се емоциите, пишаниот збор подолго ќе трае, изговорениот ќе се памти, но безгласните дијалози ќе останат засекогаш.

    Вчера од досада ме акна и депресија, комбинација снова. А тој така мил како што е, зема вино и чипс, запали миризливо стапче и легна до мене. Доста долго молчевме и се гледавме, де во очи, де во некоја изгубена точна држејќи се за рака. Кога се вратив при себе, пуштивме Госип грл, исто како што заедно гледаме Топ гир, или следиме ИТ конференции, гледавме "женска" серија и убаво ни беше. После првата флаша, следеше втора, а негде на средината на втората на сцена стапија пригушени светла, свеќи, романтична музика, а јас во корсет и подвезици. После сексот кој се подразбира дека се деси, завршивме секој на својата страна од креветот среќни, задоволни со блажени насмевки.
    Сабајле откако го испивме кафето јас спремив ручек, а тој ја расчисти куќата и хаосот од претходната ноќ. Сега тој е со другари и се пијанчи а јас имам време само за себе, слично како кога јас скитам а тој останува дома. Воглавно ние така функционираме, без непотребни прашања, притисоци и празни муабети.
    Спонтаните работи се најубави, кај нас освен првиот муабет се друго се случуваше спонтано, можеби затоа ни е толку убаво.

    И после некој ќе ми каже дека не постои совршен партнер, епа еве ви го г'зов ми, гризнете ми го ама постои, тврдам, си имам еден таков покрај мене.
    Друго немам што да ви кажам, освен да бидете умни и сакајте онака како што сакате да бидете сакани.
     
    На WildCherry, Moira, antonina и 45 други им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Отварање на фрижидерот 10-20 пати во текот на ноќта надевајќи се дека ќе пронајдеш нешто ново да се засладиш но секој пат е едно исто

    [​IMG]
     
    На DeMelo, monni.t, LilBaby и 19 други им се допаѓа ова.
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Ме мрзи да се пакувам, а не ме мрзи да дремам пред компјутер и да си пинувам сликички од Џемс Дин, лазања со брокула и моцарела, акварели и лонгплеј плочи?

    Се прејадов тост, се изнаслушав секакви прикаски, видов атомски бомби паднати во нечии души, пустеж и јадеж, грабеж и сон за ново утро, работниот ден помина лесно, а многу досадно...
    Со моја пиќола си правиме бајрам на паметот дека ќе отвориме мачкарник во Скопје, и уз кафе, чај, што годе, и мачка да си галиш. Ем мекост, ем раат, ем куриозитет.
    Што да вам причам.

    Многу мислење не е на арно. Затоа пуштам мозок на пасење и идам да дишам езерски бранови.
    Вода, чиста информација, а не ова бетонов туп, што ме прави раздразлива како диносаур.
    А сакав само да кажам дека многу си ја сакам даде. Сестра. Каков дар е тоа од мама и тато за мене. Ме чувала, ми читала приказни како мала. Си ја чувам како дланка верност и знам дека што и да се случи во животот, секогаш ќе си се имаме една со друга.
    Љубов за сите сестри! Гушкање меко како перница.
     
    На Peppermint му/ѝ се допаѓа ова.
  4. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Морам да признаам дека ми фале некој до мене, некој кој ќе ми биде потпора, кој ќе ме сфаќа, некој на кого можам да му се отворам, да ме ислуша, утеши, некој кој ќе ме прегрне, кој ќе ми каже дека се’ ќе биде добро, кој ќе верува во мене тогаш кога јас нема да верувам, некој кој ќе ми се јавува во доцните часови, кој ќе ме буди наутро, некој со кого ќе можам да си ги греам рацете во овие студени ноќи.
    Но, нема.. Не постои тој некој. Штета.. толку љубов можам да дадам, ама нема на кој.
     
    На CaperucitaRoja, antonina, cigarce и 14 други им се допаѓа ова.
  5. Vezilka

    Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    311
    Некои спомени можат да разгорат жарче и да ме потсетат дека во животот навистина се случуваат убави работи за кои вреде секој ден да се впушташ во нова битка бидејќи се надеваш дека нема што да изгубиш доколку веруваш во своите постапки. Клише? Можеби.
    Други денови, способни се да ме доведат на работ.
    Болат повеќе од жива рана, дополнително овде е што неможам менталните рани да ги третирам без да остават белези. Копнеам по нешто што било некогаш мое. Пробувам да го поттиснам длабоко она што ми го одзело. Не сум крива што сум огорчена, минатото ме направи таква.
    Мразам кога не сум во контрола, кога сум ранлива.
    Мразам што неможам да се помирам и да преминам преку некои работи, адаптирање одбивам.
    Тажниот дел е што некој видови на болка ствараат зависност...
     
    На CaperucitaRoja, SparkyAngel, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.942
    Допаѓања:
    164.080
    Твитаат за детство. Дел од све тоа го почуствував,но никогаш и желбата на мајка ми да ме напика у кревет до 9 саатот. Најсериозно...
    Увек ми го ценеле интегритетот. Ок,измиј заби со пастата со диносаур на неа и биди мирна. Ок мама, бидам мирна, скроз. И цртав...до кога сакам. Моите ќе си легнеа, јас си цртав на подот до нивниот кревет,а потоа сама си легнував и се беше ок.
    Не беше ок коа беа будни,па онда со лак за нокти цртав и по мебел. Кај баба ми се уште може да се видат траги со неидентификуван облик.
    Кога тргнав у школо, тогаш не беше проблем,сам ме совладуваше уморот до 00.00,ама до тогаш пишував полжави и коси црти.

    Исто како и она, дојди си у толку. Никад ми немаа кажано дојди си у толку и толку! Татко ми вика, не сум бил глуп бе,па ти мене да ме мразиш?! Јас знаев дека другите ќе ги ограничат како и да е,ти нема каде да одиш,мораш дома да си дојдеш! :D Тактички скроз исправно! :D Ќе го применувам ова на моите деца! :!:

    И пред малце се огорчив од неправедноста. Стварно не е ок,јас како единка да барам космичка правда,не?! Ама луѓе,гроооозни сте...
    Му викам на татко ми сега,добро бе, зошто не ми најдеш работа како сите родители на моите врснички,а?! Туку тука се дообразувам,се пријавувам за лиценци некои си,па ме примаат и се радувам,а тоа не значи дека ќе имам пари! А тој многу у право ми одговара, затоа што си таква што секогаш ќе се чувствуваш омаловажено на местото каде што ќе те напикам, затоа што сите секогаш ќе викаат,тука е заради некого. Затоа што нема да се цениш самата и од срам што заради некого си таму, ќе останеш на некое ниво од кое никогаш нема да мрднеш,а не затоа што нема да можеш или нема да знаеш.

    Стварно треба да поработам на себе. Да се соочам дека нема правда под еден, под два да имам помалку совест и под три, да ме боли увце за све! И тогаш ќе сум тамам спремна да ме вработат било каде!
     
    На bittersweet, antonina, Sara123 и 13 други им се допаѓа ова.
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Си помина уште една недела, добро уште викендот фали ама ќе биде и тоа. Си шкртам уште една недела од 2012 и не знам, уште не можам да се свестам кога толку брзо одмина времево :^), се поневеројатно ми станува.
    Задоволна од пола колоквиумска недела, фали уште другата пола да ја средам и ќе можам да кажам дека имам добар старт оваа студентска година. Ајде, барем во тоа ми се нареди среќата, кога се друго е збунетост левел 9000... :)

    Овој цитат ме подзамисли, колку ли само вака се чувствувам изминативе месеци.
     

    Прикачени фајлови:

    На creshicka, Hayley, Sara123 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.942
    Допаѓања:
    164.080
    Заборавив да си кажам денес,колку сум среќна што берзата у Њу јорк е бек он трек. Пак ќе можам да си тргувам непречајно...
    Оф леле...
    :D
    Ај чао.
     
  9. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Јас, great and mighty as I am, се зафатив да го спремам еден од потешките предмети во два дена.
    Резултат? На 11 сати пред полагање мене мозокот ми е шашма, ни една задача не ми компајлира како што треба, а што е најтрагично, смирена сум. Не паничам. Chill, јануари е создаден за полагање испити, не славење празници и полнење на мешето со вкусните специјалитети од бабите и тетките. 8)
    На останатите три колоквиуми се надевам дека ќе поминам добро, зошо во спротивно не чекам од дома да ме повлечат Охрид, сама ќе си се спаковам и ќе се вратам . Ќе се запишам на гастрономија и ќе уживам.
    Ам така де.
    Ај малце на брајт сајд оф лајф. Славам роденден за две недели некаде, фак јес. Ќе присоберам пари и ќе си ја купам јакната која си ја меркам еден месец веќе. Има да се начукам за сва времена, па три недели не сум излезена мора да надокнадам. Торко мој можда ќе ме удостои со тоа што ќе направи некаков, каков било напор за да се видиме во следниве две недели иначе маф е работата. Слушањето секој ден по 5 минути не е моја интерпретација за некаква си врска. Ту и там ќе ме изненади со некоја мила порака, ама мене тоа не ми е доволно. Не сум ненаситна, не ни барам премногу, ама ние сме како дропка со именител нула, недефинирнани. Му викам да ја смениме нулава со некој x!=0, ама торко вели не. Епа добро торко, има други кои би се согласиле да бидат некој x!=0.
    Само има еден мал проблем. Јас го сакам торко. :?:
    Него да повторам јас, џист ин кејс да ги добијам тие 10% задачи што ги знам па на луда среќа да се извлечам како неколку пати досега.
    Добра ноќ, добро утро, зависи за кого како. :)
     
    На bittersweet, cigarce, Sara123 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.394
    Допаѓања:
    12.261
    Се видовме. Се видовме по скоро три месеци. Ти на твојот точак, јас со мојот куфер, пред мојата зграда. Ако ова не е некоја од твоите планирани „случајности“, тогаш е најголемата коинциденција на светот.

    Можеше да ме видиш во поинакво, подобро издание. Можеше да ме видиш во прегратките на друг пред некој ден, можеше да ме видиш во новото фустанче, можеше да се видиме во некој локал или барем во некој трговски. Можеше да ме видиш насмеана и блескава, како доказ дека добро ми оди после тебе, среќна сум и не сум сама, а ни најмалку не ми недостасуваш. Но на кого ќе му докажувам и зошто да ја создавам таа лажна слика? Имав и лоши денови, имав и многу лоши денови, денови кога не бев сама, но бев осамена, денови кога проклето ми недостасуваше.

    Ме виде во истото палто и чизми од лани, со марамата што ја носев на нашиот прв состанок, како се борам со тешкиот куфер и лаптоп, изгледав уморно и тажно. Ме виде како изгледав однадвор.
    Однатре? Однатре е тишина. Мртва тишина. Не почувствував ништо кога те видов, магијата веќе ја нема, шоуто заврши. До некаде и ми требаше ова, да видам до каде сум со опоравувањето од најдолгата врска во мојот живот. Излезе дека сум на крајот и мило ми е поради тоа.

    Ми беше мило што те познавав. А сега секој по својот пат.

    http://www.youtube.com/watch?v=G3OQclWMICs&feature=plcp

    Една ептен очигледна, ама ако.
     
    На EleMental, bittersweet, Moira и 27 други им се допаѓа ова.
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Ништо не е случајно.
    Не останав сама викендов случајно.
    Чудно како одеднаш сите ми ги снема. Ми оставаат време и простор и мир и тишина да размислам. За што? Допрва ќе откривам. Викендот само што започна.
    ...
    А секој еден ВАКОВ викенд ми е како дооооолга вожња со автобус. Не можеш да им побегнеш на мислите.

    Заминав во бескрајот, преку оградата, во густото непрегледно сивило.
     

    Прикачени фајлови:

    • esen_052.JPG
      esen_052.JPG
      Големина на фајлот:
      317,7 KB
      Прегледи:
      473
    На bittersweet, crazylady, AnaKarenina и 10 други им се допаѓа ова.
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.863
    Допаѓања:
    101.713
    Пол:
    Женски
    Некои луѓе претеруваат со делење совети.Да не ги познавам ќе помислам дека имаат совршени животи,па уште има останува мојот да го средат.А животов се однесува спрема мене како пијан келнер,секогаш ми наплатува погрешно или дупло.
    Го продадовме моето климаво црвено југо.И имам празнина во мене.Ги продадов и спомените.Тоа беше моето прво возило на кое се учев да возам,со него одев на работа,плачев ,се смеев и пееев на обично радио...со него си ги доведовме децата од болница...,му зборував како да е живо суштество...ма беше дел од мене...многу се приврзувам за работи...ех... :doh:
     
    На Moira, DeMelo, ludoto19 и 19 други им се допаѓа ова.
  13. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.746
    Допаѓања:
    17.711
    Добро утро на сите.
    Сабота а јас уште во 9ипол се издигав, ама во главно се отспав. Надвор има сонце, значи денес ќе можеме да воземе ролери. Супееер.
    Мајка ми прави некој специјалитет колку убаво мириса од релната, мх, мх.
    И незнам шо друго да кажам. Имајте убав ден. :)
     
    На cinderella5, Glossy-girl и gingerchild им се допаѓа ова.
  14. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Женскава над мене за миг ме однесе пред рернава нејзина. 8) :rofl:
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.211
    Допаѓања:
    124.906
    ....не само денес,секој ден е тажен.Секој ден е празен,твоето отсуство е огромно.Ги мразам овие денови,ама ете ако се за душа.....
    Те сакаме тато,не си свесен колку ни недостигаш ;(
     
    На bittersweet, Moira, ludoto19 и 17 други им се допаѓа ова.
  16. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    До пред 5 години најдобри дригарки, а сега? Сега најголеми непријателки. Зошто?! Заради твојата тврдоглавост и неуспешност во животот, мораше да не скараш со другарка ми. Заради сите твои успеси и неуспеси, се обиде да ги свртеш сите против мене. Тоа ли се вика пријателство?
    Секогаш која ќе ме видеш мене, ја свртуваш главата на другата страна.. Зошто? Зашто вистината боли?
    Нека боли...
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Две работи:

    1) Некој пишува навредлив коментар за твојата земја/народ и тн. Кога веќе мора да му одговориш со навреда, навредата упати му ја нему, а не на цел народ на кој тој припаѓа. Инаку шо покажуваш? Дека сељачизмот ви е на исто ниво, ништо друго...

    2) Ми се смачи веќе од изјави на Кристен и Роберт Патинсон. Добро де, се смиривте, aј за убаво нека е, ама секој ден изјави давање, да не може чоек од вас мејл да отвори...страшно...
     
    На SparkyAngel и Sara123 им се допаѓа ова.
  18. Dala

    Dala Популарен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2012
    Пораки:
    1.512
    Допаѓања:
    1.890
    Сакам да кажам дека воопшто,воопшто несакам некои девојки,ако може да се наречат девојки кои тоооооооолку многу си испонакитиле,што мислиш дека пајак им се вселил кај очите од толку многу маскара,или на лице 1кг пудра,а се случува некогаш и да ја утнат бојата,да не им е таква кожата,нокти-1метар,па кога ќе им се скрши,мислиш светска апокалипса се случила!Фустанче-не,не,не,не фустанче,туку мааааааааааалку подолга блуза на која заборавиле да облечат хеланки...Штикли-високи 21цм,а уште не ни знае правилно да оди на штикли :!: ....
     
    На Sara123, Lepaaa, Glossy-girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Незнам дали ми олесни на душава што те посетив или уште потешко ми е...Ти направив капучино од чоколадо твоето омилено .но што вреди кога не си до мене па заедно да го пиеме .
    Аххххх колку ебано боли .
    Денес ништо не ме радува ни сонцето ,ни црцорењето на врапчињата ,не, денес не е убав ден ,денес се е сиво ...денеска ми фалиш ПРОКЛЕТО МНОГУ .
     
    На cinderella5 и eli25 им се допаѓа ова.
  20. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Кратка ќе бидам.

    Саботааа !
    Убав почеток на денов.Сонце.После на фитнес,вечер на годишнина(ќе ставам комбинација во модни критики ако успеам да се сликам.). :D

    Феминки,ве гушкам сите и ви посакувам преубав ден ! :hug:
     
    На bluegirl7 и Glossy-girl им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.