1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Oдсега натаму ке ја сменам насоката и тоа кон нешто што ке ме прави
    задоволна.
     
  2. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.307
    Допаѓања:
    5.985
    Пол:
    Женски
    СреЌна сум.Ми тргна :geek:
    Programmin'-passed. :geek: :geek: :geek:
     
    На Ema.Sk, blond, cinderella5 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.275
    Ја крстивме Кери.
    Ја најдов пред зграда кога се враќав од копирање скрипти.
    Всушност, ги имаше три. Црно, жолто и сиво. Прекрасни, но плашливи.
    Сакав да ги погалам, ама мајка им демнеше постојано, гледајќи ме со омраза и љубомора како да сака да рече „Ќе ти ги извадам очите ако им се доближиш“, а со мачки нема играчка, па разочарано тргнав накај влезот...

    И тогаш истрча по мене Кери, мало сиво-бело маченце кое беше далеку подружељубиво и мило од тие трите што ги сликав пет минути од дистанца.
    Кога видов дека мачката не реагира никако ја кренав Кери и почнав да ја галам, а таа си предеше како тракторче.

    Видов - не видов, ја качив в лифт да им ја покажам на цимерките. Цел час дури беше со нас не престана да преде, дури ни кога ја храневме.
    Се галеше и покажуваше благодарност и премногу ја засакав. Но, не можевме да се согласиме на таква обврска да ја чуваме па решивме да ја однесеме повторно надвор.
    Првата работа што ја направи Кери кога излезе надвор беше качување на оградата од импровизираното дворче и гледајќи ги трите мачиња како радосно си играат, плашејќи се да им се доближе.

    Тогаш ја фатив и ја спуштив долу кај нив, а тие не дозволија ниту да им се доближе.
    На нивен јазик јасно и дадоа до знаење дека не е пожелна.
    И Кери престана да преде и да си игра. Си легна во еден ќош и гледаше тажно со очињата...
    Мајката на трите мачиња се врати со храна на која тие лакомо и се нафрлија...
    Ах, колку само има вистина во басните, колку само животните се слични на нас, луѓето!

    Ја донесов пред еден час пак дома. Само што излегов се појави пред мене.
    Ја нахранив и си поиграв со неа. Не знае со колку среќа се има родено штом налета на мене.
    Нема да мрзне надвор кога ќе дојде зима.
    Ќе му ја подарам на дечко ми. Одамна сака маче. Може ќе ја преименува, но знам дека милово маченце ќе биде на сигурно и ќе прима поголема доза љубов отколку што му е потребно!

    Среќна сум.
    Се надевам дека ќе бидам и после колоквиумот во понеделник!
     

    Прикачени фајлови:

    • DSC02410.JPG
      DSC02410.JPG
      Големина на фајлот:
      367,2 KB
      Прегледи:
      448
    На Anna-Banana, Hayley, Tenkai и 33 други им се допаѓа ова.
  4. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Секогаш мислев дека јас сум онаа што повредува, а всушност другите ме повредувале мене...

    Жалам што сето време манипулираше со мене, ме натера да се обвинувам самата себеси и да мислам дека сум лоша личност.

    Но помина тоа. Понекогаш не се препознавам...
    само знам дека не сум онаа плачка што бев што се разнежнуваше и плачеше за секој лош збор...
    ...Размислував за тоа како некои луѓе правејки лошо не можат да сфатат дека со тоа ме направија посилна од се.
     
    На honorthyself му/ѝ се допаѓа ова.
  5. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.768
    И одејќи по сите патишта кои водат секаде, кои водат никаде, јас пак си трагам по моето место на овој свет, со моето торбиче на рамо, натуткано со спомени, црвени јаболчиња, мали поклончиња и екстра чорапчиња за моето сонце кое спиејќи на моето рамо и дишејќи ми на увце ме потсетува зошто постојам... зошто треба упте посилно да љубам и целосно да се губам, да се молам и мирувам за да дадам од мојот спокој и љубов, за и тие да се спокојни, за и тие да се љубени, да сакаат и да се сакани до бесконечност и назад. Навидум секоја насмевка успокојува, дава некое неопишливо чуваство на семоќност и нежност, а сепак длабоко под тие слоеви се крие некоја вонвременска сила која им пркоси на сите физички закони во случај на опасност. Толку грубо и моќно заштитнички, а сепак најнежно на свет.
    Љубов, да, да и пак да. Те распарчува на небројни парчиња, та пак те составува само за повторно да те распарчи. И одново...и одново
     
    На Moira, cinderella5, innablood и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Marie.m

    Marie.m Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    765
    Дефинитивно минимум 80% од акаунтите на форумов се направени само за прашање во темата Дали сум бремена. Морав ова да го споделам некаде
     
    На PeaceLoveBasketball му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    ... [Во стилот на Трендафилка го почнувам и јас мојов пост.] :) Затоа што баш така се чувствувам. Не дека нешто лошо се случува, ама ете два месеци цееели не си бев дојдена дома! Со обврски триста, со испити и колоквиуми, со проекти, и лекови еден тон од самиот старт на новава учебна година. |( Викаат времето лечи се‘, е па зошто јас да учам 524543254 лекови?! :^) :rofl:
    Вчера кога си влегов дома, ми се плачеше... Ми се плачеше од испомешани чувства, од мирисот на мојата дома, од топлото чајче со цимет... Нигде не е како дома, ама баш нигде иако и во Скопје сум со моите, во мое, ама пак незаменливо ми е тука, незаменливо ми е кученцето мое кое кога ќе ме пречека маратон трча низ дворов и после треба да го наградам со една масажа. Најмило е, тоа на моменти најмногу ме сака од сите... :)

    Со него... И со него исто, знаете... Ако не за нешто друго за него сте информирани. :) Љубов, која еве 4ти месец со ред тера вака на некоја си далечина на која ни јас ни тој не бевме навикнати. Најмил дека е и тоа знаете. Дека многу се сакаме, знаете. Друго исто! :l:

    Наскоро ќе ве дружам почесто и едвај чекам. ;) А сега до наредното читкање ве гушкам! :hug: :l:
     
    На mims-89, honorthyself, M.a.r.i.l.y.n и 14 други им се допаѓа ова.
  8. monni.t

    monni.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    207
    Го гледам саатов 23:50 и си продолжувам. Се враќам, пак го гледам :o 23:50 :tmi: па јас сега јадев. Ама ако, кога се работи за ајвар, ама ако, не е проблем за ајвар. :)
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    Сабота вечер а јас не изигравам пензионер, се натокмив, ко сликичка сум, се напуфкав со парфем и сега седам и чекам да ме соберат. :devil:

    Ич не сум љубител да излегувам и право да одам во задушливи квази-дискотекички без да се подмачкам со нешто, да не ги приметувам тие околу мене. Арно ама, зимно време, поради голем избор на места |( на кои би се одело претходно, порадо би дома да си седам на полноќ и тек да чекам да излезам, отколку надвор по некои локалчиња каде што чоканче ракија е десетче, ме разбирате нели.

    Ситуација статус кво, работава нит напред, нит назад.

    Нит слабеам, нит се дебелеам.
    Нит ми се испаѓа, нит дома ми се седи.
    Нит ќе заспијам, нит не ми се спие.
    Нит слуша што и се зборува, нит не слуша.

    Нит, нит, нит, нитни ќе почнам да везам. :envy:

    Требаше да си пивнам нешто конструктивно дома, сега сите ќе ме нервираат во гужвата и ќе сакам да си дојдам порано дома. Па не знаат луѓево да се забавуваат, стоиме како дрвени дргани два и пол до три саата, не памтам кога во родново гратче сум имала топ провод во минативе две години. Понекогаш треба да одам, така еднаш во 2-3 месеца, за да се потсетам зошто не одам. :D

    Се зјапав во автобус некна со еден тип, и недефинирано ме додаде на фејсбук. Прашањата како ме нашол или дали градов е мал, се излишни. Сабајлево уште понедефинирано ме избришал. Налет, и јас му го мислев истото, низок ми се виде и не ми беше мај кап оф ти.

    Ви викам јас, маж ми во библиотека попрво ќе го најдам, неголи по вакви места...

    Ооооо, ај да си ја најдам тоа ж'тата низ дома, н'шта е мл'жда, што би рекле источните брашта... :yawn:
     
    На tigerlady, bittersweet, Moira и 28 други им се допаѓа ова.
  10. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сдк го видов мачорот. Да, го видов! мојот стар мачор ^_^
    Дада ми вели, што ќе частиш сега Озбилна :)
    Оди секо,куќа части, газда ќе да плати :D :wasntme: ај луда
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Elichka

    Elichka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    545
    Пол:
    Женски
    Го знаете чувството кога некој позитивно ќе ве изненади? Прекрасно е нели... ^_^
    Моментот кога надвор е премногу ладно што ретко кој нормален излегува, а јас и Ф. си седиме на клупа, се топлиме (читај:гушкаме и туткаме еден во друг) и тој ми ја пее
    http://www.youtube.com/watch?v=PoaT6WXUV_M
    Убаво е кога имаш кој да те топли зимно време, освен јакната.
    Знам дека мисливе ми се неповрзани, ама не ми се средени впечатоците сеуште.
    Она кога ќе стигнеш дома и јакната ти мириса не него. Тоа е она кое дава насмевка од шеска до шеска. Убаво е која некој те сака.

    Сакајте и ќе бидете сакани
    (све за љубааав, све за љубааав.. :music: ) :wasntme:
     
    На monni.t, Divinebutterfly и Gordana10 им се допаѓа ова.
  12. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ќе ви кажам, раскажам, зошто да не губите надеж...
    Пред скоро еден час ми се случи нешто навидум сосем обично што ме натера за некои работи да мислам сосем поинаку...
    Само што се вратив од кај него, моиве си легнале, помладиве на шетња нели сабота вечер е, и така...
    Мајка ми, знае дека ќе седам до крај 3-4 наутро, па го наложила огнот. Се чувствуваше топлина во собата ама знаев дека згаснал. Отварам, гледам, навистина, згаснал...Едно ептен маало жарче се гледаше меѓу две огромни дрва, сосем не изгорени. Го гледам така мртвиот да не речам оган, си велам, е ништо ричи нема да седиш по маица на кратки ракави..онака као што се глупирам кога собата е бара.
    Дувнав еднаш силно, се крена само пепел, и мааалку чад, колку да се знае нели дека тука имало оган претходно. Си велам, зошто дувам и јас самата не знам... Ги облеков нај дебелите пижами, одозгора џемперче, зедов нешто да каснам и си го уклучив лаптопот...Сосем заборавив на огнот...Кога после некое време, 10 минути од прилика, слушам крцкаат дрвата..отворам, што да видам, пламен, дрвата горат како ненормални... Си велам, па ова не е можно, жарчето беше речиси невидливо... Но ете, тоа мало жарче, им пркосело...
    Не ми се веруваше, и не е кој знае какво чудо, единствено нешто со ова што сакам да кажам е дека и во животов се случуваат исти работи. Без разлика колку се мали шансите - борете се! Вреди!
    Се зависи од нас и нашата борба..
    Добра ноќ.
     
    На bittersweet, kate21, Monna.Monna и 37 други им се допаѓа ова.
  13. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.924
    Пол:
    Женски
    Во кутијата најдов албум со мои слики кога сум била мала, каква госпоѓица сум била еј :lol:
    на една свадба мама ми облекла зелено фустанче, бели чевлички и сум имала ваква фризура :rofl:
    [​IMG],
     
    На pamelche му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Чувствувам дека срцето ми е парче згрутчена крв, а не мускул. Или можеби грутка.
    Земјено нешто.
    Чувствувам дека толку ми се смали, што за момент помислив дека исчезнало.
    Ама не, тука е. Си чука по малце, одвај, забавено...
    Не ме остава, заедно се бориме.
    Секој пат пред одење ми е така. Чувствувам како грутката чука по градниот кош и ми создава болка.
    Болка голема.
    Уште оваа ноќ.
    И одам.
    Не се сакаме со автобусите многу. Ни јас нив, ниту тие мене.
    Плус грдо мирисаат. На тага.
    Што знам. Изгледа не ги сакам ни тие тетките што продаваат карти.
    Не знам.
    Aaand than again.
    Нема топол појадок. Нема какао со мирис на љубов. Нема топлина.
    Освен онаа од парното можеби.
     
    На kravce, cinderella5, L-enna и 6 други им се допаѓа ова.
  15. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Имам една другарка, и искрено на некој начин ми е инспирација за се во животот.
    Успешна е на секое поле, во професија, љубов, изглед, а размислувањата и се толку реални, иако кога би ги кажувала на секој, не би имале луѓето позитивно мислење за неа.. Мило ми е што мене ми се има отворено за многу работи, работи кои никој друг не ги знае освен мене.
    Тоа е личност што потполно го живее животот, што ја искористува секоја секунда максимално.
    Се што сака добива во животот. Навистина понекогаш се прашувам и ја прашувам како тоа и успева?
    Вели храброст и волја. Кога нешто толку силно ќе посакаш, и едноставно ќе сториш СЕ, нема шанси да не се оствари. Ништо во животот е невозможно..само има недостиг на храброст и волја.
    Тоа е најхрабрата личност што ја знам...а храбрите ги прати среќа..
    Ехх колку сакам да сум барем четвртина храбра од тоа што таа е.
    Интересна работа е што иако не сме најдобри другарки, и типот на "гз и гаќи" другарки, што секој ден се гледаме, слушаме, зборуваме..всушност и не се дружиме многу, а честопати се имаме и сериозно испокарано...сепак има нешто што на крајот пак не враќа заедно.
    Необично другарство имаме ние...но и покрај се, си ја сакам.
    Таа е мојата инспирација.
     
    На blond, crazylady, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  16. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    После подолго време конечно и ние две да се договориме и да испиеме кафе.Муабетите не престануваа а времето беше кратко,но ќе надокнадиме со наредното кафе овој пат кај мене дома.
    Мислев дека со новава боја на коса нема да бидам толку забележана како кога бев светла,но погрешна проценка сум имала...многу машки погледи беа вперени во мене и денес. :wasntme:
    Денов имаше премногу случајности кои ме збунија.Едно од нив беше што покрај цел град јас во ист автобус влегов одма позади мајка ми и сестра ми.Воопшто не ни знаев дека се излезени. :lol:
    Денот си продолжи во пријатно друштво со моите батковци,си правевме палачинки и гледавме-гледаа фудбалски натпревари... :D
     
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.094
    Пол:
    Женски
    Колку тешко му паѓа суровиот свет на искрен човек сместен да живее во реалноста ?
    Тешко јас да ви кажам.
    Дали маските служат да сокриеме нешто , или се одраз на она што вслушност сакаме да бидеме ?
    Сеедно боли кога ќе се симнат. Чесно без игри, фер. Искрени емоции сервирани на тацна со надеж за позитивен фидбек, и без размислување за последиците.
    Руски рулет со животот е некому да покажеш каде те боли. Ахиловата пета скријте ја од луѓето. Штом ќе дознаат каде е ќе го употребат нивното најмоќно оружје за да нишанат во целта. Мета на исмејување е една од најболните нешта кои може да му се случат на човек. А се случува, често во секојдневието, често на добрите луѓе. Оние кои ја разголиле душата и се осрамотиле поради тоа.
    Сакам да ве советувам, пријателски. Никогаш не покажувајте колку некој ви значи. Ние луѓето сме такви, штом ги слушнеме магичните два збора, одеднаш не надвладува чувство на моќ и возвишеност. Тогаш суровото алтер его превзема контрола над телото и нечовечноста во нас настапува на сцена. Иако на моменти изгледа соодветно говорот да се синхронизира со срцето, немојте. Подобро тишината да ги истера луѓето од вас , отколку тоа што сте изговориле да ве натера подоцна вие да заминете од нив.


    Плус кој е божјиот план ? Да шетам по лавиринти ?
     
    На Mikako, creshicka, CaperucitaRoja и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Vezilka

    Vezilka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2012
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    311
    Како да станав наеднаш само дух во ѕидовите, се изолирав комплетно од бучната околина.
    Еуфоријата стана мека, речиси незабележлива.
    Го гледав сопствениот здив во форма на тешки воздишки на студениот воздух.
    Од простор преполн луѓе, веќе не ги чувстував тешките и нападни парфеми, гласното не синхронизарно пеење и туѓите погледи.
    Сватив во сета таа наивна маса луѓе, во цел тој неред колку ми се побркани приоритетите.
    Се разочарав во еден момент од себе си, во друг наеднаш сватив дека имам сила да променам она што треба.
    И тогаш се појави тој. Па, преку другата страна на улицата успеавме да вкрстиме погледи.
    Ова ми измами блага насмевка, ми годеше чувството да знам дека не само јас го доживувам како повеќе од пријател, туку и тој мене.
    Напуштам едно поглавје од мојот живот, од оваа вечер започнувам ново- Се надевам, многу подобро.
     
    На XstrongerX, ludoto19, NoellePage и 3 други им се допаѓа ова.
  19. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    17.795
    Слободното време овие 2-3 дена го поминувам цртајки. Знам дека не цртам убаво, ама вложувам се од себе. А зошто постирам на фејсбук? -Епа оти ми е ќеф. Сакам таму да стојат и таму ќе стојат. Ако ви сметаат драги моите „уметнички дела“ (како што ги нарекувате), има опција сокриј нешто дрн, дрн. А неможете да ми кажете што и како да објавувам и што да правам.
    Фала.
     
  20. karenin

    karenin Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    2.172
    О не, не моја убавице, никогаш нема да ми докажеш дека многу поблагородно е некој да го мафташ со години и да не му раскинеш асално за секогаш, отколку чесно да ставиш крај на врската. Знаеш, при бидејќи тебе ти сакало газенцето твое паметно да ти мрда натаму-наваму, а истовремено не си сакала и да го изгубиш него. Знаеш дека имаш сигурен е.ач и плус можности за илјада мувачи. Си играш со сите. И сето тоа го правиш бидејќи несакаш да го повредиш твојот добар дечко. А ти всушност правиш најголема будала од него, истовремено и од тебе. Само што не ти текнува дека апро по ако си со некој тој некој е на некој начин слика за тебе, слика за твојот карактер, желби и памет. Ама неее, нас ни е потребно ем да си го прошириме нашето интимно искуство, ем па и да си го чуваме крај себе оној мирниот и наивен дечко. Лаги за поширокиот народ кој паѓа на ефтин шарм. Сваштарија преефтина. Зар навистина денес нема искреност, од онаа чистата. Денес, друга другарка ми го растопи срцето. И се случија убавини и дај боже да и се случат уште многу. Некои луѓе вредат вистински, а некои се проѕирни од нивната завидливост. :emo:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.