1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.247
    Допаѓања:
    10.422
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува дека со некои личности со кои не сум била блиска ама воопшто, па дури и сум се мразела, сега ми се толку драги.Така ти е тоа кај мене, прво треба да мразам некој за после да го засакам .
    А за некои што ја ставав раката во оган-ме разочараа.
    Ех, животе...


    Како и да е, минав уште една прекрасна вечер, а пак тука исправам некои криви дрини. :D
     
  2. honey95

    honey95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    289
    Пол:
    Женски
    тешко ми е,иако се праам дека не ми е.идев со тебе скоро година ипол..не ти е срам да се муваш со моја најдобра другарка?! идете кршете глава,ќе продолжам да бидам јака,и дај боже да се мувам со тој шо го меркам па да го дознаеш и ти тоа! И да знаеш ич гајле не ми е како ќе се осеќаш и да ме видиш со него... умриииииииии :@ :@
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.943
    Допаѓања:
    164.090
    Стварно не можам да спијам. Испив тон кафе, очиве саде шољи ми станаа... И не и не и не и не, НЕ МОЖАМ да верувам,па се склетосувам. Едно кафе врпочем истурив на килим,па фатив да го рибам, рибам,рибам... се оставив... цуцка го сторив,па му шлапнав и омекнувач. Впрочем папа ми го беше прал летово, па земав замив чинии за мајчец...Онемевме...што да кажам?! Повеќе за нив не знам веќе што да направам. Баба ми се јави сто пати, како од турска серија, со колонска вода да сум ја замила мајка ми?! А бре жено,нормална ли си ти?! Каква колонска вода?! Ау па немате?! Хм...не. :^)
    Па си правам цинични смешки сама на себе. Некако кога ми е мука на душава, не ми се зборува. Си заправ некој џемпер и тоа е... се ежам.
    Од увек најмногу се кршам,ама и најмногу ќутам зошто мора некој да ги соземува... Така дедо ми кога почина...мислеа дека ќе се распостелам над безживотното тело,уствари и јас мислев. Ми дојде задоцнето месеци потоа...само дента татко ми, ми ги триеше рацете оти од стрес ми беа помодреле,крв немав во нив,јас мирно застанав,му пуштив едно ливче. Кога го спуштаа надоле, е тогаш ме пресече нешто под ребрата,некој тремор, самото ти оди,солзи. Тој после дојде ме собра од гробишта и ајде...си отиде дедо...И после долго си ќутев,си патев, си мислев. И еден ден,се срушив...пеплосав. Ни момент на моиве не им дадов да видат од све тоа. Ама таква сум...што да правам... И еднаш ех да беше никогаш, ме гледаа и им викав,абе дечки па,што ви е на вас,јас сум јуначе,знаете вие! И ете дете,што знае,ама јуначе бре...срце јуначко,на толкцко. А лигуш сум,голем,си признавам... и тоа е себично,многу себично. Зошто да посакам бескраен живот за сите само затоа што така сметам јас дека ќе биде добро и ќе бидеме среќни?! Впрочем смртта не секогаш и е најголемо зло на светов...ама кој знае па,ако сме бесмрттини можеби ќе имаме доволно време да ги надминеме сите фази на човечка глупавост...
    Да си постоиш,да ги куражиш,дека ипак животов си има некоја смисла... Не знам, и така некаде по пат научив дека смртта е својствен дел од животот и дека себично е да посакуваш ни ти,ни никој друг на светов да губи било што, дека разделбите болат дури и кога е на другата страна на светот жив и здрав. Не почувствував болка за себе,иако ревносно си го барав дедо ми за да ми даде показатели на добро извршена работа,ама никогаш не ме заболе толку многу за мене,колку за него... сакав да поживее, ме дробеше секој болен крик кој го даваше тоа гипко старче. Тоа ме болеше, ме боли баба ми кога длабоко ќе воздивне,па ја избегнувам, ме боли кога мајка ми ќе ја загледам и ќе забележам дека и се поматиле очите од мисли... Добро лажам, секој ден ме боли да ми рече моја красива девушка...

    Си велам да си тргнам мисливе,да се удавам во апсурдно секојдневие,да се сликав за твитер календар мене не ќе имаше со што суптилно да ме затскријат, не постои нешто оматеријализирано од сарказам,цинизам и иронија. Уствари...има,и се вика Скопје 2014...па може да ме сликаат она као Венера,без раце и нозе...
    Татко ми пушта брк...го зезам од завчера,кога ќе се насмее смешен е,а вечерва ниту еднаш не се насмеа...и мене не ми е смешно.
    Мислев да одам во МЦМ, ама...ништо... животец,си ко да не си...
    Ноември стандардно ме фаќа таква летаргија и меланхолија што ми оди да му влезам со клизачи и партал да го направам! Увек ме гаѓа на најслаби чувства!
    Друштвото ми е тапа. Сите минуваат низ фази, слабо ги гледам, дома не сме прибрани... другар ми ми пишува мејлови секое утро, другарка ми исто така. Ги слушам по телефон и сите се бљак... сакам бар да седнеме да се поприкажеме,ама избегнувам. Страв ми е да не соберам емотивен товар како и секогаш, не дека некој бара од мене де,јас сум ти ко парче газа,задржувам ствари,па моите, па нивните и оп,пролупала је мала...

    И така...сакајте си ги вашите... ве молам... и извинете се... и ослободете се од секаква суета, од секаква гордост... Еве мене на пример дури и драго ми е што ги слушам како синхронизирано хрчат,мајка ми елегантно,впрочем дамски да не речам, а до мене мачоров крчи, кучакот по малку... симфонија,семејна,прекрасна... Ма да не е здраво. Од понеделник сите комплет ги носам на пулмо да ги лечам од апнеа! Ги сакам!
     
    На bittersweet, Moira, monni.t и 13 други им се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Соништата не се остваруваат тешко.

    Тури си чај во чаша од Вигор.
    Легни во кадата, речи си Кадата е голема, а јас малечка, и замислувај си дека си Кери Бредшо.
    Испраните алишта нареди ги по цевките од парното и претвори ја собата во истата онаа ливада во која едвај чекаше да се истркалаш.
    Земи го подметачот за чаши и доближи го до лицето. Кој рече дека Синаја е толку далеку? Ѕирни низ прозорецот на Пелеш, пушти рака, и земи колаче од масата....

    Доколку немате што да додадете, заминав на пат околу светот за 80 дена.
    http://www.youtube.com/watch?v=Sgk4cIEL ... re=related
     

    Прикачени фајлови:

    • esen_030.JPG
      esen_030.JPG
      Големина на фајлот:
      456,3 KB
      Прегледи:
      299
    На pamelche, 1209, zarah и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    ... чекав блузер со гитарче, па дочекав сељак што ќе ме кани да играме на турбо-фолк песни.
    Топ. -.-
     
    На Sara123, Hipica, L-enna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.863
    Допаѓања:
    101.713
    Пол:
    Женски
    Недела за мене е по правило мрзлив ден.Полека станувам зашто знам дека нема да ги влечам овие моиве за нозе да станат,прво едната нога,па тегнење па другата и ете...машината за садови си ја извршила беспрекорно работата,дворот е изметен ѓубрето фрлено ,алиштата прострени....а јас пред несреќниов пц.И ништо не мислам,дури не се замарам и што за ручек денеска...и така е празен нема ништо во него...барем да го исклучам да го исчистам...
    ...а имам работа не да не ,цвеќето треба да се внесе некаде да се смести.Ви кажав дека сакам цвеќе?Не? Не е ни важно.Е,за ланскиот роденден маж ми ,ми купил кротон.Тоа ви е растение со шарени листови.Го дрндав те ваму,те таму,за да му најдам идеално место,купував прихранувања ,го чував од мачката...само уште песнички за добра ноќ што не му пеев.И како влезе во куќава почнаа да му паѓаат ливчињата.Е оттогаш почнаа моите маки.И речиси го спремав за погреб кога братучетка ми предложи да и го дадам.А таа го шутнала некаде ,го полива кога се сети,а тој не да расте ,дивее...и вчера ми го донесе,раскошен,преубав,ма се вљубив во него...ако пак не ми успее никогаш повеќе нема да купам собно цвеќе...
    И така ....да ви кажам ме фати некоја мака што си немам никого свој,да имаме поделена днк...мислам страшно ми недостасува да имам брат или сестра...да ми е мажот посвесен би си очувала и на овие години уште едно дете...па што баш ќе бидам вистинска мајка... не чини кога човек е сам на светов верувајте...
    Бидете свои,посетете ги најблиските,гушнете ги домашните и уживајте во денов.
    Ве сакам :l:
     
    На bittersweet, Moira, Hipica и 8 други им се допаѓа ова.
  7. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Добро утро срцки:)))
    ааааааааааа значи ќе полудам.!!!!Здосадено ми е од се,а најмногу од неговите глупости:/:/ И пак џабе пишувам кога ништо неможе да се смени.Да знаев пред да се фатам со него дека ќе биде како што е сега,ни на крај памет немаше да бидам со него.. Но ете лажаммммм! Не ми е гајле што толку многу ме повреди !! Не се каам за ништо со него. Многу го сакам.Знам,ќе помислите ова не е нормална сигурно но тоа е :/ Никако не можам да престанам да го сакам ...
     
  8. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    47
    Колку е убаво да плачеш,а татко ти да ти се смее во лице,ама од што е толку убаво несакам никој да го осети тоа чуство.....
     
  9. AlanisM

    AlanisM Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    590
    Ми недостигаш ти , која ми беше се. Сеуште си ми , овие денови највеќе ми фалиш.
    to my best girl friend
     
  10. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    45.931
    Пол:
    Женски
    Пак почнав да сонувам блесави соништа.Аман.Се капев во некое езеро, матно, матно и ладно, ама бев некако исполнета, се смеевме и прскавме, ех ќерата што ќе да е.Морам да одгатнам.
    А што да ви кажам, некако ме демнат обврските, ми тежат, а ништо не правам за да си помогнам.Мизерија жива.
    Неделно, ручек, муабет, кавга со татко ми, кафе со другарките и пат сабајле, така како и секогаш, рутинско.

    И да сакам снег, многу снег, ако поради него ги оставам коските на улица, убаво ми е дур го гледам.
    И уште нешто, многу ги сакам вашите постови во темава, се радувам ако дете кога видам нов пост, се чувствувам како некој да споделил свој дел со мене, иако не ве знам лично, само овде, виртуелни лица со исти радости и маки како и мене, се радувам и тажам со вас, верувајте, некои од вас ги чувствувам толку блиски, чиниш муабетиме со кафе секое сабајле и делиме трачеви и тајни.Ете така, сакав да знаете.
     
    На bittersweet, kravce, Sexybaby86 и 12 други им се допаѓа ова.
  11. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Абе ајде,ама буквално вчера насекаде околу мене беа,стварно ќе си речеш дека ме прогонуваат :rofl:
    или па може дознале дека сум бендисала некој оженет со трудна жена,па малце да ме полудат,ко демек у нејзина поддршка :rofl: :rofl: :rofl:
     
  12. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.527
    Допаѓања:
    92.230
    Пол:
    Женски
    Вчера со сестра ми излеговме да одиме на шопинг. Не собра братучед ми и не однесе во неговото царство. Тој човек има во себе огромна креативност, жално е што не ја споделува со повеќе луѓе.
    Јас и тој сме толку исти, исто реагираме, за исти работи се интересираме, начинот на кој зборуваме е ист, начинот на кој се лутиме и се смируваме е ист. Мајка ми често ме вика со женската верзија од неговото име.
    Кога не собра ни вети дека ќе не однесе до местото кое ни беше во план за шопинг ама не остави на пола пат. Збесна тој во кола ради некој муабет, а јас збеснав од кога не остави. Правец со сестра ми во маркет да пазариме за дома, а ете го по некое време се јавува- Ај да ве соберам, да ве однесам дома, да не одите со ќесите. И не собра... двајцата бевме лути неполн час претходно, а потоа ко да не било ништо. Се шегувавме на сметка на сестра ми :lol:
    И така, денес одиме со сестра ми до Шутка, ај да видиме што ќе се најде.

    Имајте убав ден :sun:
     
    На kravce, tweety26, monni.t и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Cruel intentions...today! :tmi:
     
  14. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Нема крај. Не постои. Го измислија оние кои престанаа да веруваат во себе. Тука си. Светот не може да заврши. Не може никогаш. Со еден поглед во мене се раѓа и умира по еден човек. По еден страв. Луѓето мора да ги закопаат своите стравови. Стравот се закопува со песна. Кога пее душата. Тапан во срцето и во него уште еден тапан. А ми тропаш. Немам страв. Нема крај. Нема страв. Ме има мене. Ме има и за двајцата. Кога ти ќе се умориш, ќе носам јас. Јас мора да го носам сето ова, само затоа што нема друга вредност за да се носи. Немам толкава верност према ништо. Исто како што ѕвездите си ветуваат мрак, колку да светат. А светиш. Светам и јас. Нема крај. Има само почеток: кога еден облак ќе заспие во друг облак, а небото ги одгледува како свои деца, допуштајќи му на секој ветар да ги раздели и да ги збие, па да се сретнуваат секогаш одново и да раскажуваат за потеклото на светлината. Облаците секогаш први ја здогледуваат светлината, исто како што секое утро будењето те носи поблиску во мене и ми траеш низ денот, па во видливата невидливост на сето што треба да биде живот- пронаоѓам една нова смисла. Човек не смее да биде добар за сите. Утринава, мојата добрина ја нарекувам збивање облаци врз небото што живот значи.
    I: Се врати.
    II: Мислев ти ќе дојдеш.
    I: Помислив неколку пати. Помислив: ме чека. А знаев дека те чекам.
    II: Зошто не тргна?
    I: Зато што знаев дека ќе дојдеш.
    II: Каде сега?
    I: Секаде или никаде. Сеедно ми е.
    II: Само спакувани куфери. Не можев да ги распакувам. Дојдов само да ти кажам…
    I: Дека заминуваш.
    II: Види, не може само да се замине. Секој остава дел од себе секаде. Секаде кај што бил.
    I: А мислев, мислев ќе се вратиш. Ќе дојдеш. Ќе останеш. Мислев ќе дојде старост и прегратки. А останаа гаврани на гранки и пропуштени возови.
    II: Светот стои. Неподносливо стои. Особено стои кога мислам на тебе. Стои и часовникот. И луѓето кои ги среќавам. И оние кои не ги среќавам. Стои…
    I: Стојат и твоите куфери. И врамените фотографии. И еден празен стол додека вечерам. Секоја вечер стои.
    II: Се вратив за да ти кажам…
    I: Дека секогаш ќе стои. Дека секогаш ќе го имаме вчера.
    Мојот облак секогаш ќе те чека на ова небо. Тука ми е домата. Срцето на небото, ти како облак. Пред секое заминување и пред секое враќање. Ритуално ја одделувам душата од телото. Во еден поглед ти ги прераскажувам моите вистини: вакви љубови постојат отсекогаш и ова е нивниот среќен момент, само затоа што конечно ја добиле својата човечка форма. Мојата човечка љубов за тебе е падната од ѕвездите и секогаш ќе остане таму горе. Ќе ти светам кога ќе ме нема. Ќе те чувам.
    Затоа не постојат краеви.
    п.с Превземено е ама сепак сакав да го споделам со вас .
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    се прашувам ЗОШТО отидов вчера на така наречената забава :tmi:
    бевме само две девојки другите машки, и немаше атмосфера се некои партиски муабети до толку ја зачадија просторијата што не можевме да дишиме ние понежниот пол :worried: , а за алкохол да не ви кажувам :puke: верувам дека за половина час, час време откако јас си отидов сите пијани беа.
    на тој што ни е најактивен од потпрецедателите, сите валкани работи му ги кажуваа од љубовта-со која колку, како што и тој се разбира- демек јас сум фраер :x, а кога рече сакам врска :D (си помислив по ова што го слушнав, која би сакала да е со тебе во врска), а другото девојче очигледно му ги знае сите детали од приватниот живот, па ке му местела некоја(очигледно немала подолга врска и е сеуште невина) кога рече ти ке и бидеш газда-мене ми се згади :puke: доликува ли на ЖЕНСКО таков израз :fubar:
    за на крај во еден момент да се запрашам што барам јас овде и нормално си отидов-другите останаа нормално-и ај после дружи се со лугето со кои што си во иста средина, излегувај-не можам да ги сварам, антипатични ми се-како и претходната гарнитура така и оваа, се надевам дека барем нешто арно ке видам од таа политичка дружба -само здравје :)
    дури вчера размислував пред следниот состанок да се напијам Лексилиумче малку да ме смири-ама да не заспијам и да се избламирам пред сите :D оти ептен ми одат на нерви, а за по изборите има да се тргнам од таму па што сака нека биде.
     
    На Ilusionist му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Се` започна пред некој ден, кога на еден час во училиште, ни рекоа да напишеме состави за нашите баби и дедовци. Тогаш ми се наполнија очите со солзи. А вчера, за духовден, не ми се наполнија, туку преполнија. Веќе неполни 10 години, откако не го употребувам секојдневно зборот „бабо“. Толку ми падна тешко, што не можам да опишам. Многу ми фалат.
    Вчера се затворив сама во веце, и почнав да плачам. Ми текна колкава идиотка сум била, што не сум ја пуштала баба ми, да ме бакне. Бегав. Кога бев поголемка, само еднаш и дозволив да ме бакне. Она беше пресреќна, а јас веднаш се избришав. Зашто? Затоа што сум била идиотка, и не сум сфаќала колку сум всушност среќна. Сега сакам да се навратам во тоа време, и се` да направам, само за да имам баба, и да се врати тој момент. Секогаш од сите криеше благо и сладолед, за на мене да ми даде. Едвај чекаше да одиме кај нив, а јас... бегав. Глупава! Во моментов, не можам да се сопрам од плачење, криво ми е. Затоа што уште сум била мала. Едната не дочека да тргнам во забавиште, а другата во училиште. А едната од нив, толку многу чекаше да ми купи ранец за во училиште. Секој ден ми викаше: Ако сум жива, јас ќе ти го купам првиот ранец. И не дочека. Затоа и не си го сакав мојот прв ранец, не беше од баба! Кога починаа, ниту за едната, ниту за другата не плачев. Дури и едната баба, кога почина ми рече: Ти мене не ме сакаш, сестра ти плачеше за мене, а ти не. Јас ништо не реков. А секој ден, ме учеше како да играм карти, ме носеше во парк, секој ден ме шеташе, ме носеше надвор. Заспивав кај нејзе во скут. Заедно гледавме 2+1 со Драган Вучиќ. Секогаш беше со мене. Само кога ни се јавија на телефон од болница, и кога му се преполнија очите на татко ми со солзи, тогаш сфатив...
    Едниот дедо, не сум го ни видела, починал пред 34 години. Тогаш не сум била ни во план. А и како можам да бидам во план, тогаш татко ми имал само 12 години, дете... Можам само да замислам колку тешко им било... Незнам каков бил дедо. Понекогаш си го замислувам, дали бил строг, добар...
    Другиот дедо почина пред 6 години. За тоа не сакам многу да зборам. Зборев еднаш, и доволно беше.
    Криво ми е, криво ми е... Што не сум сфаќала колку сум среќна. Сакам да бидат тука, до мене. Да ми зборат. Дефинитивно работите сфаќаме колку вредат, кога веќе сме ги изгубиле. [​IMG]
     
    На Monna.Monna, monni.t, simon4etooo и 4 други им се допаѓа ова.
  17. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629


    Политички активна стана srcekrsacka,може така ке си најдеш работа.поздрав
     
  18. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.674
    Допаѓања:
    29.481
    Пол:
    Женски
    Имам еден најдобар другар.Се знаеме цел живот,пораснавме заедно и секогаш знам дека ќе имам подршка од него.Живее карши мене па често ги шетаме кучињата заедно.Јас имам пудлица, тој страфорд.Најчудна комбинација евер, и така шетајќи ги вртиме најдлабоките муабети.Прво почнуваме со највообичаено школо, јас му се жалам, он ми се жали.Често му мрчам дека се чуствувам како да не припаѓам во цела таа збрка, а тој ме теши.Ми вика можеби средно едноставно не е за тебе, не си човек кој што потпаѓа под другите влијанија само за да се вклопи во нечие друштво, ама јас од секогаш знаев дека ти ќе бидеш успешна подоцна.Ќе завршиш добар факултет, ќе се вработиш, ќе имаш своја куќа и ќе бидеш успешна во секое поле. А јас ќутам.А што да му кажам?Понекогаш стварно се надевам дека барем дел од тоа ќе биде точен, и дека сепак можеби средно не е период во кој јас би уживала.A тешко ми е, едноставно гледам како луѓето околу мене се менуваат со цел да бидат вклопени во околината,прават нешта за кој рекле дека никогаш нема да ги направат.Ама не знам, времето ќе покаже.А јас и тој често ќе ги шетаме кучињата и ќе ги продлабочиме муабетиве.
    To my best friend, кој ми влева позитивна енергија :d:

    [​IMG]
     
  19. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Денеска, само благо јадам. Никако да се сопрам. :D
    Уф како би ми дошло едно вакво. :inlove:
    [​IMG]
     
    На creshicka и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
  20. Emma89

    Emma89 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    426
    Ах, ми се исполни малку душата. Да видам и јас малку светлина на крајот од тунелот.
    Но тоа да не е возот :D

    Иста ситуација кога времето ти минува брзо кога ти е убаво или спротивно на тоа, многу споро кога чекаш на автобуска, не минува. Мислиш стоиш со часови, а поминале само 20 минути.

    Јас бев во првата ситуација, летнаа 5 часа ко да беа 5 минути. Многу насмевки, среќни и пријатни моменти, луѓе околу а никој не гледаш, не слушаш, се препушташ на моментот и за ништо не се грижиш. Ах само кога тоа би траело засекогаш, далеку од лошите работи. Личноста која ти треба е до тебе, ништо друго не е важно. :angel:

    Но за жал не е така, реалноста е друга. Повторно се враќаш на грижите, проблемите, обврските.

    За џабе не рекле, убавите моменти се и кратки. Треба да уживаме во нив. :angel:
     
    На crazylady, Hopeful и PeaceLoveBasketball им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.