Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    СДК дека многу брзо ми поминаа овие три дена од неделава... Вчера си земав одмор (незаслужен) а денес и утре испрашувања и тестови колку сакаш...
    И да нешто ми текна да се фарбам кафеава онака чоколадно кафеава :^) Незнам што ми е со идеиве стварно...
    Ајде убаво нека ни тргне декември, си го сакам некако :)

    СДК2 дека дури сега прочитав дека некоја феминка починала :( Незнам за кој се работи но нека почива во мир. :doh:
     
  2. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Секогаш има време и начин да донирате, ако не со вашиот џеб, со вашите дела и мисли. Денес ме потресе реченицата дека некоја феминка починала, и ме тера да размислувам со светлосна брзина, а ме потресе и човечкиот ум и себични луѓе. Само една реченица -Среќен празник сидаши, внесе гнев во мене огромен.
    Мене ме прави човек тоа што знам да кажам убав збор, ме прави човек што знам да се снајдам и да најдам начин да помогнам, ме прави човек што не ја осудувам туѓата несреќа и креативност, ме прави човек тоа што знам да давам. Кога ќе вложам во нешто сакам да биде до крај, ме направи човек зборот благодарам од личноста и сестрите на Јоце за кој ја правиме хуманитарна изложба. Ме прави човек зошто ве гледам како дел од моето секојдневие, и што ми давате да учам од вас, иако сум постара. Ме прави човек што се радувам на новите мами, на новите сопруги, на новите Љубови, ме прави човек тоа што знам да се соживам со тажните приказни, и да се растажам. Ме прави човек тоа што имам чувства, не сум бетон кој што можат да маваат сите, или пак да не покажам емоции.

    Знам дека пак може да има некој пост за мрчење и да звучам недосикажана, ама ми чуе ако се однесува на мене. Оти Човек сум пишувам, се искажувам, грешам.

    Еве ви го првичниот флаер за изложбата на 26 Декември, ве повикувам доколку можете да поминете.

    Почивај во мир ...
     

    Прикачени фајлови:

    • Joce1aa1.jpg
      Joce1aa1.jpg
      Големина на фајлот:
      909,2 KB
      Прегледи:
      329
    На Lepaaa, BeYourself, stylishh и 4 други им се допаѓа ова.
  3. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Декември е и мојот месец без дата :) Кога прв пат ја осетив бескрајната убавина на првиот бакнеж.
    Декември ми ја носел најголемата среќа. Ми ја зачинувал со кристален снег и благ здив. Ме носи кон нова цел.
    Денес, на првиот ден од мојот месец добив ветување од него. Добив прекрасна порака која ми состави насмевка. Знам, ќе ми ја одржува.

    Само овој декември ќе е полупразен без брат ми. А јас не сум навикната да ми фалат моите луѓе во таа еуфорија.
    Не знам како ќе го издржам кога уште не тргнат мене ми фали :(
    Декември, чувај не сите. Прави не среќни, носи радост и смеа.

    СДК...плачка сум...
     
    На AnaKarenina, teddybear, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  4. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Ајде да посветиме малку од денов на сите жртви од ХИВ Сида, горе на небото или сеуште тука, справувајќи се со неа.
     

    Прикачени фајлови:

    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  5. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    1 Декември,почеток на дефинитивно најубавиот период во годината.И не само што е најубавиот туку и најмагичниот, снег на секаде, прошетки,прегратки. па онаа атмосвера во домовите за време на божиќните празници, цело семејството на едно место, светилките го обојуваат градот во сите боии,едноставно моменти кого секого го прават среќни :)

    December please be good to me ;)
    [​IMG]
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    СДК едвај чекав да дојде овој момент, да се јавам и да закажам за тетовирање и сега кога треба да го направам тоа, срам ми е :$ Е ај кажи ЗАШТОООООООООО??? Ке се јавам и ке си кажам дека сум заинтерисирана за тетовирање и што има во тоа за срамење? АаААААааа :@ Ајде ајде, ај кен ду ит. :muscle: Значи само стисни на зеленото копче на мобилниот и ке ѕвонииии, ама да не спие човекот сеа? Или на работа да не е? А да не ми е страв мене? :D :D

    Ааа и денес е 1 Декември за 10 дена ми е роденденнннннн :rock:
    И да ја потсетам фемина да извадин нов месечен хороскоп :!: :wasntme:
     
    На Ammy.Lee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Колку си го сакаме сите декември :inlove: убав месец,весел месец исполнет со предновогодишна еуфорија,светилки,се е шарено,светкаво,се чувствува некаква топлина...Само уште снег ни фали за сликата да биде комплетна..Го обожавам моментот,снег..прошетка и печени костени....убавини!
    [​IMG]
     
    На M.a.r.i.l.y.n, crazylady, CharmedGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    [​IMG]
     
    На M.a.r.i.l.y.n, Ragazzina, Oxymoron и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Гледам помалку или повеќе сите ги фаќа ова зимско лудило и исчекувањето да заврши оваа година, за некого успешна и добра, за некого тешка, долга и мачна. Не сум исклучок ни јас. Еве ме седам пред компјутер и пробувам да ја резимирам годинава што изминува и пробувам да направам слика, еден приказ во мојата глава дали билансот на состојба и успех е позитивен или негативен.

    Ме фаќа мачнина во желудникот од помислата дека не знам што ме (не) чека утре и дали ќе имам втора шанса да исправам некои работи. Ме потресуваат човечки судбини и несреќи, ме потсетува на тоа колку животот е краток и безначаен во времето и просторот. Вечна среќа нажалост нема, исто како што нема ни несреќа.

    За нас, борците кои моментално сме во иста димензија, време и простор, кои секојдневно се трудиме и грабиме парче среќа и моменти на задоволство сеуште има шанса и надеж.

    [​IMG]
     
    На M.a.r.i.l.y.n и julie77 им се допаѓа ова.
  10. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Денес СДК е со наслов-1ви декември како што гледам :)
    Не сакам снег,па нешто не сум воодушевена ич од ова декемврито .
    Друго што сакав да кажам,е дека ми фали работа.Се чувствувам бескорисно цел ден во пижами.Ова трае веќе неколку месеци,и во почеток ми беше убаво.Убаво да се одморам од работата која ја мразев,ама сега се чувствувам бедно.Имав убава работа,гледајќи сега,ама животот сакал за нешто што не се случи да морам да ја напуштам.Ми фалат колегите,колку и да беа дволични,ми фалат луѓе,контакти,нови сознанија.....Би работела и продавачка,не се срамам,битно ми е да сум со луѓе,да ги услужам да им помогнам,сакам да ми се заблагодари некој дека сум му помогнала :) Но,и тоа без врски-јок.Па и одозгора одговорот дека си преквалификувана :|
    Ми се смачи од одење на интервјуа,уште од времето.Ми се смачи од клише прашањата-а зошто за оваа работа,а што очекуваш од неа,и моите стандард одговори.На крај да ме изгледаат од глава до пети,да ме прашат што работат родителите,кои се и што се,и секако - :o -а од што почина татко ви?Да, ми се деси,на неколку интервјуа.Му е гајле што едва ј одговарам,што ми се стега срцето кога ќе ме праша-мајка ви и татко ви што работат?Место да ми се извини зошто не знаел нормално,одозгора прашува што како и кога? Ма доживеј и ти,па ќе сфатиш дечко ;) Култура-нула.Му работиш на таков лигуш татин,оф Господе,зар до толку сме заслужиле???????
    И така,веќе не праќам cv-a,зошто ми е смачено да ја гледам таа иста па иста цинична насмевка,кај сите :puke:
    Се надевам дека и јас еднаш во животот ќе добијам нешто со врски.Да го осетам тоа чувство барем еднаш,како е кога ќе ти се сервира само,без да си ги искинеш живците.Но и за тоа да го наредиш пак треба живци кинење.
    Кој си наредил,си наредил,а мене не знам веќе што ми останува........
    Се ближи петок,а мене ништо не ми значи,секој ден ми е викенд :doh:
    Немам намера да пречекувам гости,кој не ми дојдоа на свадба ,зошто им биле далеку 100км,и немало каде да спијат,а ќе пиеле на свадбата па назад незнаеле како ќе возат :puke: Глува сум за нивните пораки и на ФБ и на мобилен.Молим лепо-си го средувам новиот стан ^_^
     
    На enca.69 и MacenceEna им се допаѓа ова.
  11. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Мене доаѓањето на декември не ми предизвикува емоции. Ништо посебно.
    Мене емоции ми предизвикува новата година. И ако минатата година, на писмената работа „излажав“ дека е магично и волшебно, сега не сакам пак да лажам. Јас за нова година се чувствувам тажно.
    Гадно, измамнички... Се чувствувам како да сум изневерила некого...
    Се чувствувам осамено и оној огномет во 12 на полноќ ме потсетува дека завршила уште една година...
    Ја гледам околината и оние кои се околу мене и сфаќам дека следната година нема да биде ништо поразлична од изминатата.
    Јас, човек оптимист, во новата година не гледам ништо посебно освен налив на емоции...
    Мене вечен проблем ми е каде ќе бидам? Не, не во кој кафич, во која дискотека, не со кого, не дека немам друштво, не дали ќе ме пуштат моите, не дека нема да имам што да облечам... Не поради тоа!
    Проблем ми е каде ќе бидам бидејки секогаш некого ќе оставам сам!
    Него или неа... Сеедно. За нив новогодишната ноќ е една обична и веќе без значење, ама што кога ќе се сетам како им е, сами... Тогаш се ми се упропастува и се каам што сум отишла негде.
    И затоа ги мразам оние прашања на 30ти и 31ви декември „каде за нова година?“
    Во тие мигови сакам да ме снема од местото, да потонам под земја или да исчезнам, само да ми помине редот од тоа прашање.
    Веќе не знам што да кажувам, што да одговарам...
    Се до денот не знам каде ќе сум, не знам каде да бидам...
    Овој дочек посакувам да го преспијам, да не се сеќавам на него. Единствено што ќе ме потсети дека дошло нова година да е датумот на телефонот следното утро кога ќе се разбудам...
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.087
    Пол:
    Женски
    Јас пак дури сега видов (по потписот) дека Лоли наша пак ќе стане мамичка :) Ти посакувам што поспокојна и побезбедна бременост. Да си ни жива и здрава и уште долги години да си куцаме на форумот. :lol:
     
  13. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.076
    Допаѓања:
    66.896
    Пол:
    Женски
    Да се зачисти темава малку, утре сабајле во 08.00 ќе се отклучи. :)
     
    На Ann.94 и barbie-hilton им се допаѓа ова.
  14. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    СДК денес сум ранобудник :D
    Ќе правам писмена ,,Злосторство и казна"-Достоевски.Книгата ја прочитав до 100 страница ама тешко ми е да ја сфатам...Па да видам на нет дали има нешто.Ама нема.Многу ми е тешко да го раскажам романот :?:
     
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.989
    Допаѓања:
    11.646
    Пол:
    Женски
    ^ Задлабочи се и прочитај ја цела. Книгата вреди да биде прочитана. Само концентрација и не е толку тешка за разбирање
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    На Yube може да најдеш мислам и филмувана верзија ...но сепак Русите овожаваат да имаш трпение за да може да добиеш нешто убаво!!!! И јас како ТхинкерБелл викам да продолжиш со читање


    и СдК дека
    http://www.youtube.com/watch?v=UeLEhaDX ... re=related
    ....една моја пријателка ме осветли со песнава :lol: :D znamo se skoro vech mesec dana daj mi svoj auto i kluch od stana....
    Убав ден ПЕТОЧКИ
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.221
    Пол:
    Женски
    Љубовта е како војна: ја започнуваш кога сакаш, а бојот го напушташ кога се изнемоштеш!"
    Точно ко за мене. :doh:

    ~Мразам ко ќе немам научено и сеа незнам дали да одам на час или не. |(
    Плус ладно ми е.
    Сакам распусттттт. :(
    Одам јас да пијам кафе.
    Имајте убав ден и нека денот ви почне со насмевка. :) :*
    [​IMG]
     
    На MacenceEna му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Nymeria

    Nymeria Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    3.659
    Ме заинтригира ова „...но сепак Русите овожаваат да имаш трпение за да може да добиеш нешто убаво!!!!“ што го напишала членката погоре за делото. Сфатив дека оној мојон мора да е Русин.
     
  19. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.225
    Си ги мразам подочниците! Стварно! Толку ме изиритира овој проблем овие два дена шти морав и тука да го напишам! :@ :@ :@
     
  20. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сонце,декември,петок!
    Кога заборавив на него,дојде пребрзо.
    Нема потреба од никакви поучни приказни и мисли.Доволно е да не комплицираме и да го зграпчиме денов.
    Онака,силно со голема насмевка.
    :f:
     
    На la-chicka, TeddyGrey, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.