1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.818
    Евтиноќата стана основа мода и лајфстајл. По се изгледа така е.
    Немојте, не ми вртете со очињата ако некоја се пронајде, ама знаете дека сум во право.
    А ако не сум во право, ќе бидам само пресреќна.

    Обично кога ќе забележиш нешто што го прави новата генерација, некако неизбежно е да го споредиш со својата. Природно е, човечки е.
    Ама јас толку млади девојчиња со невкусни, оптегнати, кратки ама премногу кратки фустанчиња, на едно место одамна не сум видела...и тоа од оние од кои ти излегува дупето и делува секако само не секси туку повикува на -
    а) бешиката ми отиде а ако не отишла кај и да е и бубрегот ќе ми отиде
    б) е*и ме брат кога сакаш, како сакаш, за да стигнеш до мене ќе треба да подигнеш НЕВЕРОЈАТНИ два сантими само од фустанот погоре
    в) не повикува на ништо и е чисто само евтин изглед кој ете, е таков сам по себе, нешто како уметноста art for art's sake.

    И се прашувам, девојчињава сакаат да изгледаат евтино или возрасно? А возрасно не значи и евтино. Однесувањето дитто. Се даваат ко марула на пазар околу 16.00, ја даваш за 2 денари само колку да ти се продаде.
    Кааааде бре?!

    Можеби во истите тие години изгледав ко кретен кога искачав. Можеби носев комбинезон фармерка и имав експлозија на глава од несредена, природно виткана коса. Можеби практично не личев на ништо, ама личев на тинејџерка од 17 години. Носев старки и не ги кршев нозете на превисоки штикли на кои не знаев да одам. Зошто да се бламирам?
    Ама тоа сум јас. Сега се некако ми се чини дека на поголем дел од девојчињава поим а воедно и хајлајт на излегувањето им е она кусо парче материјал оптегнато на атрибутот.
    Убави сте, да, ама делувате предвреме пораснати, делувате смешно а воедно делувате и неубаво затоа што такво нешто последен пат сум видела на автопатот Будимпешта - Виена. Али тие теткици си наплаќаа по пропис.

    Па после зашто среќавам девојчиња кои се тресат во ниедно време во аптека за 10то по ред апче за ден потоа. Ете!

    Многу ми е мака од новово време, многу!
    Еден таксист ми рече - оваа си го бара со боринче.
    Дури и ми надојде нагон за повраќање, сериозно.
     
    На Sanniii, antonina, Divinebutterfly и 36 други им се допаѓа ова.
  2. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    28
  3. MistiqueB

    MistiqueB Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    46
    Кафе, кафе, кафе, кафе, кафе, кафе, кафе, кафе, кафе, кафе, кафе, кафе, кафе, кафе, кафе и само КАФЕ! Веќе пола час ми се врти кафе во глава...

    Туку доста јас тука само си го замислувам кафето, одам да си го подготвам...

    Имајте успешна работна недела.
     

    Прикачени фајлови:

    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Интересно УТРО. Да,да утро ми е.Мене во колоквиумска недела,што денес ми почна треба во 6 да ми е утро али.. Спанка сум. :yawn:
    don't blame me. Ставив аларм во 8. Снуз, снуз,снуз,снуууууууууууузззззз,ТУРН ОФ.Таков ми е алармот, сам се исклучува кога ми се спие. *лажам,јас непрекинато многу пати стискам на снуз,па потоа на турн оф*
    За мене не е дома седење.Ќе спопудалам цела недела(во меѓувремено ќе учам).
    Прва работа. Спичлес, не се занесувај седни учи, колоквиумска недела е треба да изгледаш вака
    [​IMG]
    А не вака
    [​IMG]
    Вчера цел ден бев како ова второто. Дремам. Спијам.Ајде имам уште 2 дена до следниот колоквиум.
    Викендот го чекам со желба за пиење, и со надеж дека ќе испијам се што имам на вид. Прва колоквиумска недела мислам ми е,мора некако да се прослави(доколку не утнам нешто).
    Втора работа.Морам да кажам дека јас и дечкоми личиме како Ленард и Пени од БигБенг.Не се жалам.
    Некогаш изгледаме вака:
    [​IMG] [​IMG]
    И ми доаѓа да му направам ова:
    [​IMG]
    Постов повеќе со гиф-чиња ми е.
    Трета работа.Држете среќааааааа,следните колоквиуми ми се математики. Дискретна и калкулус.
    Четврта работа. Бидејќи сум среќно дебело дете, морам да го наранам стомачето,ете бара.. како да го оставам така кога бара за јадење. И се сака да проба.
    Мајками ми вика... на диета...А одговорот е еден и единствен:
    [​IMG]
     
    На Doozy, Stoimenovska, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Добро утро, како сте?
    Утро е до 12 часот :!:

    Јас сум добра, ненаспана и малку разочарана.
    Го добив тоа што сакав долго време, тоа што превртив се наопаку за да го добијам, што добивав главоболки и губев нерви. Ова би требало да звучи добро? :?: И мене ми беше добро се додека не стигнав до оној делот што е напишан со ситни букви најдолу и што е тешко воочлив нели кога ни презентираат нешто.
    И тогаш сфатив дека џабе било се. Дека немало потреба да го имам, дека ми било само така зацртано во главата без правилно да размислам дали навистина треба. Можев само да се помирам со ситуацијата и да продолжам понатаму.
    Понекогаш е подобро да ги оставиме работите какви што се, да не пробуваме да го смениме светот. Никогаш нема да знаеме од толку пробување и каков ќе биде исходот, можеби и не сме спремни за такво нешто.

    Од друга страна пак си велам, да не го сторев сето тоа, ќе си велев: Можев :)
    Не сум сигурна дали ми е ова само утеха или... Како и да е.
    Јас си ја научив лекцијата за денес, и еве бонус совет од мене: Не донесувајте важни одлуки додека сте во ПМС :!:

    П.С Постов беше почнат со пишување повеќе минути пред 12, затоа е тоа првото :!:
    :hai:
     
    На Divinebutterfly и Gordana10 им се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Пророкот од Шамбала“, инаку монах од Тибет до НАСА испратил предупредување за „судниот ден“. Toj рекол дека на 21.12.2012 година сите планети ќе влезат во „нулта зона”, простор во кој не може да се шират никакви енергии и потоа ќе настапи тотален мрак.

    Монахот напишал и дека Земјата ќе се растресе, темнината ќе биде на моменти прекинувана со експлозивни светлини, па затоа можно е луѓето да имаат и халуцинации. Но сепак тој е дециден дека тоа не е крај на светот, оти од потресите ќе изумреле десетина проценти од популацијата.

    Монахот во писмото до НАСА советува до луѓето како да се заштитат. Тој порачува на 20 декември сите луѓе да ги напуштат градовите и да се упатат кон малите населби. Да понесат храна и вода за два месеци. Да не излегуваат надвор и да ги затемнат прозорците, а ситуацијата, според него, ќе се нормализирала дури во март идната година.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sweat2

    sweat2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека воопшто не ми е гајле и нема да ми е гајле
    оти не се замарам и нема да се замарам за некои личности
    и фино лепо ке ги избришам од мојот живот :)
     
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.675
    SweetChild


    Нема ништо поубаво од сознанието дека сеуште има вакви маала.
     
    На Sanniii, Stoimenovska и pamelche им се допаѓа ова.
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Зависи како гледаш...сеуште има квалитетни форумски ликови со исто толку квалитетни постови , секако дека не се исти работите пред три или повеќе години но тоа не значи дека не се ` добри `.
     
  10. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.746
    Допаѓања:
    17.711
    Значи не може да има фејсбук објава од Vip/T-Mobile/Оne а минимум 3 сељаци да не се избацени со "A GRATIS NESTO TELEFONI ZA POKLON KOKA KE DOBIEME A? CCC ZA NIGDE VI E MREZAVA A NE NIDAVATE GRATIS TELEFONI ZOS TO????? PLACAME SMETKI REDOFNO A NEDOBIVAME NISTO SRAM STE ZA DRZAFATA I ZA VLADATA I ZA VMRO AKO MOZE POBRZO DA DOBIAM ODGOVOR NA PRASENVO POZ"


    Нема, нема..
     
    На LilBaby, Sara123 и PinkGir123 им се допаѓа ова.
  11. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Убав почеток на денот и на неделата :wasntme: Си направив убав доручек, си пиевме капучино со мама, си се наспав, си уживам :wasntme:
    Тргнувам на училиште јас, имајте убав и исполнет ден феминки :hug:
     

    Прикачени фајлови:

    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zarah

    zarah Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    1.557
    Пол:
    Женски
    Полека се навикнувам на тоа дека треба да ги пуштам оние што сакаат да си одат од мене. Да бидат среќни. Дали празнините се пополнуваат? Оние во срцето... Има куп луѓе околу мене, кој од кој попозитивен и сите тие успеваат да ми ја стоплат душата. А мене пак ми е празно кога ќе се соочам сама со себе. Толку многу мисли ми се судираат во глава, а премалку зборови можам да кажам.
    Не сакам да заврши, не сакам да изгубам.
     
    На bittersweet, cinderella5, anabel-a и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    [​IMG]
    ...

    Не сфаќам зошто копнеам да патувам низ метрополите во есен и зима,кога другите луѓе го праваат тоа во пролет.
     
    На Annie.mk1, Nevermore, Doozy и 11 други им се допаѓа ова.
  14. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.848
    Напорно било да превоспитуваш маж.
    Мразам силно трескање врати, брзо менување програми на телевизор, расфрлани чорапи и пешкири и стандардни прашања треба да ја раскренам масата? |(
    Еднаш една сончева девојка ми рече дека ако не се почне, времето ќе поминува така, но непроценливи се моментите поминати заедно со љубовта... заедно во кујна, кафенце на тераса во шољите што ги добивме на поклон, во импровизираната спална... :inlove:
     
    На srcekrsacka, NoellePage и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  15. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.506
    Допаѓања:
    12.751
    Пол:
    Женски

    И јас, ама нема :worried:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tea4e

    tea4e Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2012
    Пораки:
    3.410
    Допаѓања:
    3.148
    Почнувам да сваќам дека работите одат кон полоши и полошо. :x Сваќам,животот не е лесен,низ се мора да се помине...но мора ли секогаш да се разочаруваме?! :doh:
    Посакувам се ова да е сон,еден голем кошмар,и кога ќе се разбудам се да помине... ;( ;( ;(





    Ви посакувам вам многу среќа и пријатен ден.
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јас вчера,завчера спомнав дека насекаде има трудни жени...
    денеска викам насекаде има трудни девојчиња,страхотно,на 14-15,маааксимум 16 години трудна да си...
    Sedim na casu,i razmisljam ko je nevin... :rofl:

    не е баш смешно,ама од што е трагично,дури комично веќе станува...
     
    На sadangel, Sara123 и pamelche им се допаѓа ова.
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Ту бре, ти ибам среќата моја. :devil:
    Си идам накај дома денеска и ко по обичај чекам на Југодрво да стигнеме да не се качи овој мојов случајно. :wasntme: И на Градска стоеше трој појќе автобусот на семафори, и една 5ка го претица.Ај стигнав на Југодрво што стигнав, овој смотаницава во 5ка да ти се качил. :( После го гледам кај се симнува, се изнервирав да му се невиди. :devil:
     
  19. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Задоцнето некако му ја сфатив лично поентата на В, да дојде време да ти гори под нозе, па очајно да посакуваш да се појави некој таков херој па да не реши од мизерните маки. Зашто ние сме такви, себични, времето не научи така. Секој за себе и за најблискиот, не сме издресирани да тргаме по стрмниот пат, по поголемото добро. Животот е краток, гледаш да го прогураш полесно, поубаво. Напред во иднината? Поколенијата нека се грижат за тоа нели :^) Нема, слепа маса што врти образ, очи, глава.
    Една идеја што треба да води, да даде сила, буквално те гура напред, а ти кочници стискаш и си се пикаш во сопствената конзервичка. Зошто не сме обединети? Зошто само се шушкаме, молиме, омаловажуваме за толку плитки глупави работи? Кој тоа го поделил светот вака? Да не можеме да се разбереме со јазик, со култура, со вера. А колку е добро да се помогне, колку е добро да се обединиш...
    И, по ѓаволите веќе, молам секој да си превземе одговорност за сопствените постапки. Не сакам да си креирам омраза во срцето за луѓето. Купишта лоши одлуки што влијаат на многу и многу луѓе, а ти ќе ја префрлаш топката, вината на секој друг освен себеси.

    Не ме кажувајте, но понекогаш посакувам оној 5ти Ноември на В, да му се случи на нашиот парламент. А ние...ние пак по исто...Не знам дали ова поднебје го диктира нашето однесување, но овде денес нема херои, нема победи...само порази и беда.

    http://www.youtube.com/watch?v=CJ1oZVGmTr0
     
    На Salome, Springy, thinkerbell и 9 други им се допаѓа ова.
  20. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Не ни е крив форумот, членовите кои го сочинуваат истиот, што на некои од нас постарите членови (ако можам и јас тука да се вметнам) веќе не ни е интересен...Изживеан ни е, сме кажале тоа што сме имале да кажеме, па поголема е веројатноста ние да сме досадни со нашите веќе познати ставови отколку тој...
    Секако дека за некои сега е она што некогаш бил за нас, а спласнување на возбудата и желбата за пишување е нормална работа...И како читачи скоро и да нема нешто што веќе не ни е прочитано па секое повторување повеќе ни предизвикува рамнодушност или превртување очи во лошите денови :D отколку заинтересираност...
     
    На DeMelo, Doozy, Monna.Monna и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.