Форумџика на годината

[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Е, па драги мои луѓенца одамна не сум напишала на форумов :)

    И не само што не сум се појавила тука, не сум се појавила на многу настани, многу важни настани за мене и моите блиски.
    Секое доаѓање во Македонија е едно големо здивнување, леснотија која само далечината може да ја објасни, од друга страна некако со доза чувство на далечност, оттуѓеност.
    Некаде помеѓу обврските се заборавив себе си. Заборавив на моите пет минути, заборавив да уживам во утринското кафе, да легнам и воопшто да не размислувам, да излезам и да се препуштам на случајностите, да заборавам на времето. Паралелно со тоа, се беше сведено на рутина и темпо до колапс.
    Сега се враќам на стариот начин на фунционирање, старите навики, и се ми е така чудно...забележувам промени. Забележувам, не сум повеќе онаа истата која креваше узбуна за најмала безвредна работа, безмилосно трескаше врати и неблагодарно викаше по се и сешто. Неможам да си поверувам на сопствените реакции, на сопствената толеранција кон сестра ми кога ќе ја расфрли собата, на рамнодушноста кога ќе ми го облече најновиот фустан, на неизмерното чувство на благодарност кога мајка ми ќе ми направи кафе. Колку е се подруго, помило, повредно...
    Во очите на сестра ми како да се гледам јас. Истата дрска и безобразна, крајно мрзлива и неподнослива, истовремено чувствителна, блиска и подготвена за помош во секоја ситуација. Бестрашна и одлучна. Арогантно самоуверена. Нека, и велам на мајка ми. Дај и простор, време и е... Со воздржани мисли и ставови за ова абнормално време во кое ништо неможе да ме изненади. Сепак, знам дека таа ароганција спакувана во облик на 16-годишна темпирана бомба, со текот на времето ќе ја снема. Ќе нема ни трага од таа тврдоглавост и неодговорност.

    Немо ги впивам сите промени, сите моменти кои сум ги пропуштила, саканите кои се измениле, особено децата кои најбрзо растат, навиките кои сум ги искоренила, луѓето покрај кои што сега минувам на улица како покрај странец....се е различно. Но се е сосема прифатливо како рефлексија на времето.

    Сепак, најсреќна сум кога сум тука. Неописливо е чувството на задоволство кога си се поблиску до својата земја, својот народ. Како некое триумфално чувство над обврските и едноличното секојдневие. Далеку од се што ти создава умор и главоболка, далеку од онаа фригидност и урбано модерно време, се поблиску до се она кое е твое, а таму не припаѓаш...

    Ве поздравувам, имајте убав понеделнички ден :)

    http://www.youtube.com/watch?v=kl8mpAvTm_Y
     
    На DeMelo, Konfetka, Doozy и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    14.175
    Пол:
    Женски
    Смрт ми е, кога мајка ми ќе не` праша: - Што сакате да направам за ручек, утре?
    А можам да замислам, колава смрт тоа претставува за неа.
    Јас многу добро знам што сакам, ама работата е што се може, а што се не може.
    Им се восхитувам на тие, што секојдневно мислат што да направат за ручек.
    Па не е еден ден, мајката. Не е лесно, некогаш се мора, од едно и две да се направат.
    :!:

    Него, денес сакав да кажам, дека конечно денешниов ден, ќе ми биде малце chill out.
    Нема многу да си мислам на школото, ќе си поспијам, и ќе си црткам ликовно. Уживанција.
    8)

    [​IMG]
     
    На srcekrsacka, la-chicka, Doozy и 7 други им се допаѓа ова.
  3. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.436
    :?:
     

    Прикачени фајлови:

    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.674
    Пол:
    Женски
    Дали остварувањето на желбите е благослов или клетва? Дали не прави среќни тоа што добиваме "што ќе посакаме?" Како може да изгледа животот кога наеднаш сите жебли ќе ви се исполнат? -Никако! Ете така едноставно. Стотици прашања со еден ист одговор, од ништо добиваш се ама и тоа се премногу те гуши и сфаќаш дека повторно немаш ништо. Бидете ми поздравени, и внимавајте што посакувате, НАВИСТИНА МОЖЕ ДА ВИ СЕ ИСПОЛНИ!
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.617
    ... мене баш последнава година и нешто ми заживеа Фемина Феминчевска. ^_^
    Пред 3 години ја немавме Калиопче, Дузи наша, ниту ЛилБејб и Хипстер и други супер ликови, експанзија на теми за сериички ^_^ книги, музика...
    Составот е квалитетен, се отворија поубави, скокотливи теми... што се случуваше на почетокот, освен тролање на биполарни личности, како Притица и Бојфромтаун |( .

    Фемина Феминчевска ја обликуваме ние, ако тропка во место, секој треба да го даде максимумот од себе и да ја заживее.
    :)

    Веројатно ве мава предновогодишна депресија, очекувам инстантно расположување за некоја недела ... ;)
     
    На antonina, ludoto19, Neytiri и 28 други им се допаѓа ова.
  6. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    2.084
    Допаѓања:
    10.730
    Гадно си се лажам дека не сум зависна од технологии и од се што донесе модерново време.
    Јас сум од преодната генерација, што поголем дел од животот си памтеше броеви, адреси, родендени, а место компјутер имав нинтендо. Ама пополека како и сите останати си легнав на брашното...што од потреба, што од немајкаде. И не велам дека до сега милион пати не ми се нашле или не ми упростиле некоја работа. Но на пример, сеуште не ја разбирам потребата за некој си смартфон или слиџен гаџет што чини мало брдо пари.

    Како и да...вчера си го заборавив мобилниот и од кога сфатив дека не е во мене, па се до сега , се осеќам ко на трње.
    Се ужаснувам кога сфаќам дека цело секојдневие ми е поврзано со мобилниот или интернетот, дека не можам ни за кафе да се договорам, а камо ли за нешто поважно. И сериозно мислам дека затупев, станав помрзлива за учење на некои „безвезни“ информации коишто вообичаено се на дофат. Некако како мозоков да ми се програмираше таквите работи да ги складира во забутаното ќоше што ретко гледа бел ден.

    И не, не ми е поентава да кукумјавкам по минатото, ама сериозно колку и да си опкружен со луѓе, некако на моменти се осеќаш отуѓено...нема душа некако во случувањата.
    Не дека голема работа ќе направам, ама за мој кеиф ѕидот на фејсбук и оваа година ќе ми биде заклучен за роденденот. Чисто колку да не ја добивам копи пејст честитката „Среќен роденден и се најубаво“ од ојле дојле. Мислам фала што се потруди, ама стварно и не мораше.

    Туку добра страна на денов е што сум слободна после долго време. Од возбуда не знам што попрво да направам :D Што и да е, се надевам дека ќе биде нешто лабаво. Засега прва идеја ми е да го зачинам со доритос и пиво. А може и да го потпечам со рендан кашкавал...хмм :mm:
     
    На antonina, kravce и julie77 им се допаѓа ова.
  7. alessandraaa

    alessandraaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    189
    Aко ти велиш така браво за пример си :clap:
     
    На Stoimenovska му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Знаете, тие што имаме браќа/сестри го имаме најголемото богатство на светот! :l:
    Претходната вечер останав со солзи во очите... за една моја другарка која нема ни брат ни сестра, но таа вечер таа дозна за нејзиниот братучед дека пушел цигари, знаете...неа не ја трогна тоа што го виде и што сите и зоруваа дека е вистина, таа сакаше да не им верува на другите и му веруваше на него. Кога потоа се сврте кон мене и со солзи во очите ми рече: Ама јас немам ни брат ни сестра, тој ми е како вистински брат, јас сакав да верувам дека не е точно...е тогаш срце ми се раскина.
    И неможам натаму да ви кажувам, солзи ми надоаѓаат од очи..
    Секоја вечер, ама баш секоја вечер размислувам за тоа...
    Бидете горди на вашите браќа и сестри, бидете.... и сакајте ги најмногу. :)
    [​IMG]
     
    На bluegirl7, kravce, Divinebutterfly и 9 други им се допаѓа ова.
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    ....или тековна колоквиумска и есенско-дождовна депресија. Guilty :wasntme:

    Може до мене е , али не сум приметила некоја тема со сочна дикусија. А во темава фрштат статуси и глупи досетки од фејбук, што ја прави максимално одбивна.

    Ај не мрчам.
    Ќе идам да си учам, ваљда коа ке завршам со полагање ќе се вратам во подобра форма. :nod:
     
    На antonina, Divinebutterfly, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  10. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Не се работи за квантитет на мислењата/постовите, за квалитет се работи. Фемина не е фб.
     
    На kate21, Doozy, Stoimenovska и 6 други им се допаѓа ова.
  11. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    СДК ... ајде да пишеме нешто, форумов да не остане празен. :angel: Не е дека нема никој да го посети, не е дека нема што да се прочита ... туку верувам се периоди кај сите нас кога немаме енергија, инспирација, волја, мотивација ... Еве јас некако се наоѓам во ваков период, плус пмс ваљда ... :^) Ама затоа тука има доста понови но далеку по инспиративни и креативни, реални и интересни, духовити и емотивни членови плус да додадам млади кои мене ми е задоволство да ги читам. И на моменти се замислувам дека во однос на нив кои имаат и те што да кажат, јас некако немам. :doh:
    А за оние другите си го користам скролот на маусот.

    И што ви спомна Трендафилка, можно да е до некаква пред новогодишна депресија ... иако приметувам насекаде не е само тоа, депресивните периоди се секогаш, кај секого. За жал.
    Ај да не ве депримирам :) , пишувајте, читајте ... форумот секогаш е тука за вас и вашите мисли.
     
    На kravce, Divinebutterfly, Annie.mk1 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.576
    Допаѓања:
    289.783
    Постов некако детски, наивен...искрен ми заличе. (ова не го мислам во негативна конотација, само се надоврзувам на темата која ја започна од мое гледиште.)

    Ми иде како кога некој средношколец си кажува маките како треба да научи 50 страни, а некој студент само една година постар се бори со 500/1000.

    Колку само полоши работи за најблиските може да ни предизвикаат очи во солзите и да не трогнат, туку се во свое време. На жалост со текот на време човек отрпнува и не ни регистрира нешто од тој калибар.

    Туку секоја мака, секоја солза секој проблем е најголем за оној кој се соочува со него.

    И да ги сакаме е една работа, но да бидеме горди е сосема друга.
    На жалост, желбите и теоријата не се поклопуваат секогаш со реалноста.
     
    На Moira, kravce, Stoimenovska и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Сдк утре одам купувам карта за Трето полувреме и да му се израдувам на 8-ми :)

    Среќна сум што конечно и во Штип има нешто што вреди да се потроши времето и вниманието.


    Денот, досаден како и предавањето на фак. сега го боцкам со бомбончиња од лимончиња и го скокоткам со убава музика, да го подразувамвам барем малку. :music:
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Мои сееееееееееееееееееееееее :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     

    Прикачени фајлови:

    • c_big1192478.jpg
      c_big1192478.jpg
      Големина на фајлот:
      148,9 KB
      Прегледи:
      374
    На blaa, kravce, pamelche и 2 други им се допаѓа ова.
  15. machka1

    machka1 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    1.349
    Пол:
    Женски
    Приметив дека сум се заљубила.. :?:
    Ако вие се прашувате како да дознаете дали сте заљубени , или се е навика , пуштете си песнa од Владо Јаневски, и ако не ви смета тогаш дефинитивно СТЕ се заљубиље! (работи 100 %) :nod:
     
    На Vezilka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    5.018
    Допаѓања:
    42.156
    Пол:
    Женски
    Колку е само убав мирисот на тазе печени костени, топло оганче м....м....м....м.....м
    СДК нема човек што повеќе од мене ја мрази зимата, но еве мора да признаам дека токму ова што го пишав претходно ме исполува, топол дом, слатки јадења, убави филмчиња и ТОЈ со мене се разбира.
    Феминки, спремам баклава....демек млада домаќинка сум .... па повелете.
     

    Прикачени фајлови:

    На kravce, anabel-a, CIA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Уф добро е :whew:
    Незнам што беше работата,ама цел ден неможев да се логирам на форумот.Помислив дека брат ми некако ми ја блокирал странцијата,ама добро е.

    Ќе ви се пофалам,положив 2 предмета,оние два кои ги полагав претходната недела.Задоволна сум многу.
    Уморна се осеќам,болна сум за перница и ќебенце.
    Толку за денес.
     
    На Moira, ludoto19, sweet-cherry и 10 други им се допаѓа ова.
  18. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.404
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На cigarce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Избегнувам луѓе кои ме гњават со негативни коментри за факултетот и, ама во смисла на тоа лелеее учење, леле колку имам, колку ми е тешко, ме мрзи да станам сабајле за на предаванње итн итн. и се чисти дупки кои се радуваат на 6ка... еми зошто тогаш одеш на факултет, ма? Не е задолжително, нема да ти го масира буџетот, напратив и товарче ќе ти падне.

    Само морам да кажам кукање и учење е секогаш екстра комбинација. Пример учеш цело попладне, после следуваат плачки и колнења, ама јас ве уверувам дека тоа не е ништо друго ами КАТАРЗА!
    Ова докажано од мои и туѓи примери и најчесто секогаш завршува со успех.

    Ама тропање во празно... пффф, јас не знам зашто си ја мачат нежната им душичка, среќа што ова не е средно. :)
     
    На MSkorpionka, kravce, SOVRSENSTVO и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    166.011
    Се разболев. Толку,имунитетот,толку. Па и топка коса ми испопаѓа. Мора да научам да канализирам на поарен начин зошто млада ќе си починам.
    Лап топот го гушам ко дечко. У ќебе го удавив,еве го потпрев на списание доле, да се онадува,релаксира, дур да ми помине температурата,а он да не качува од мука. Да имаше уста да збори, свашта ќе се изнакажеше на светов...жива среќа што е предмет,мошне корисен и сум заљубена у него,пошто ми крие тајни, спомени, текстови, музика, филмови, све што реалноста продуцира тој го сочувува,чак што више и и кафе го напив и ок е со тоа,ето... врскиче! :D
     
    На cinderella5 и Gordana10 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.