[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Надокнадувам со читање, муабети, овошје. Напорни, убави неколку дена. Неколку непристојни предлози од кои коса ми се крева, ама Италија е нели, сосем е нормално маж од 40 и кусур години да ти пријде на улица и да те праша Ти си на Фејсбук? :x

    Собата, конечно топла. Нови меки чорапчиња и купче чаеви. Искуство дефинитивно е неверојатна работа. Од една страна прекрасно е тука, од друга не можам да дочекам да дојдам дома, да се возам во двојка моја судбина и да разберам се за што зборуваат луѓето околу мене. Се за некое добро, нели? Чат пат слика и подарена насмевка. Сфаќам дека форумов ми е како дневник кој никогаш не го пишував. Пробав и брат ми ми го наоѓаше. Дополнително јас не сум доследен човек. Маана, ама сите ги имаме.

    Ми се гушка некој. Онака топло, да загњуриш во нечиј џемпер, да те опие мирис на омекнувач, за момент да заборавиш на се. Знам што ми фали, ме нервира и ми тежи. Многу тиква за вистинска есен. Скапи се тука.
     
    На Moira, La.Reina.Del.Sur, kravce и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.216
    Пол:
    Женски
    Оф Боже, колку сум болна... Не знам што ми бидна, некако како одеднаш да ми се случи се’ утрово откако станав. Грлово партал, нос тече, очиве ми го имаат оној сјај како кога имам температура... Страв ми е да измерам :sweat: Уште па и тетката ме изненади денес на работа, 3 дена порано стигна |(
    А па на враќање дома и колата ми откажа :tmi: Врв. Утре ќе треба ваква никаква да се бавтам по автобуси, а башка вторник е, if you know what I mean |( Се’ ќе биде окупирано од најголемото гласачко тело на Грујо :tmi:

    Денов од ужасен поужасен. А па кај болна, уште отидов да акам низ град после работа :lol: Им се имав намерачено на едни чизми уште пред 2 недели, и денес конечно си ги купив :angel: Е ова ми беше highlight на денот. Ау, не бе, и капут си купив :rofl: Епа за жал, иако болна, желбата за трошење пари не се губи ни тогаш :D

    Ај отидов јас во кревет, за ништо не сум способна во моментов. Малаксана сум тотално, се надевам дека убаво ќе спијам и дека нема да ме мачи стомаков и кашлицата. Добра ви ноќ :hai:
     
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.983
    Пол:
    Женски
    Мене ми фалат ликовите што пишуваа толку многу креативни и инспративни постови,да има што да научиш од нив,да ми е мерак да ги читам...Не дека нема и сега,ама едноставно ми фалат.Е така. Сум научила многу и од помали од мене,пошто стварно постојат прекрасни личности на форумов :) Ми фалат постовите како поезија,проза,оние остроумните,оние закачливите,реалните,,оние што ќе те натераат да размислиш за работи што дотогаш не ти паднале на памет. Па,се надевам сепак дека пак ќе има такви постови. Не е до тоа дека ми станал досаден форумов,никогаш не ми станал досаден и исцрпен,никогаш не сум прочитала се бидејќи секогаш има нови постиви и искуства,секогаш сакам да прочитам нешто убаво,ама понекогаш ретки се таквите постови. Точно дека треба сите да се потрудиме да стане подобар,може да стане подобар. Арно ама,нема како да го вратиме и оние што доста допринесуваа и беа интересни,тоа зависи само од нив. Јас би сакала да се вратат,а тие како што ќе си одлучат.Можам само да ги поздравам и да им кажам дека ми е мило што сум ги читала и сум ги затекнала тука. :*
    Добра ноќ од мене :*
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Зошто еднаш не се најде реален наставник?Зошто мора на некои што не учат 5 да им ставаат,истовремено да му стават 5 и на некој кој стварно знае.Не е фер тоа што јас се трудам и знам многу повеќе од некои шмизли таму и на крај наставниците и мене и нив 5 ни ставаат.Како може толку да попуштаат?Лута сум,не се фер.Наставниците претеруваат со оценките,исто така класната изгледане знае дека кога се избира истакнат ученик од страна на децата,тоа се прави на пријателска база.Се нервирам за оценките на другите што им се многу попуштени и изедначени со оценките н навистина одличните ученици,ама изгледа не вреди. :!:
     
    На Chica.Loca му/ѝ се допаѓа ова.
  5. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    Ти "другарке" која кога си до човек си нај душа со него ,оп ете го нема одма с***ш за него,драга моја ако мојот ѕид на fb веќе со години фаќа само прашина, спроти твојот каде го има цел твој живот, не значи дека ме нема на fb и ако пишеш ти јас нема да видам.И незнам зошто колку скромност покажуваш па дај прашај ме мене слободно што имаш да ме прашаш а не на други да им полниш ѕидови..па греота се ;)
     
  6. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.482
    Пол:
    Женски
    СДК дека факултетов здравјето ми го зема ! Имајте пријатна и убава вечер :)
     
    На Katerinceee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    СДК дека утре сум од 8 на факултет а абер си немам за спиење
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.195
    Пол:
    Женски
    СДК во животов има побитни работи, интересни, за човек да се замара со негативните страни на истиот.Не вреди, до толку што и онака како дошле во животот, така и ќе си заминат, само ете нели едноставно и тие бараат внимание и ако човек им го овозможи тоа, ќе треба да е премногу челичен за истите да ги издржи.А сакал или не, некогаш и ќе мора со истите да се соочи и да ги реши онака наеднаш, еден удар, две муви работава, секако ако истите некако многу сакаат да бидат присутни во нечив живот, иако знаат дека не се добредојдени.За тоа, треба огромна сила, храброст.Мирот е драгоцен, добредојден кога истиот ќе се појави.Вреди човек да се замара со позитивните и убави работи, барем на тој начин си го зачувува здравјето, за да другите што ги спомнав, никакво фајде нема нити од нив, нити од здравјето.
    И впрочем што е битно дали Обама има кафени или зелени очи? :D Па и за тоа да се водат страшни дебати, а ништо чудно и монолизи, секако не видливи.Па ако на некој толку тоа му пречи, нека стави леки и решен проблем :D Значи ова како пример го дадов, не дека е така.Па не може човек да има нешто што не заслужил или поради икс причини, а кога веќе го забележува тоа кај другите и постојано коментира за истото, нека се помири со тоа што го има, а ако веќе сака нешто подобро, нека се потруди околу тоа.Да паѓаа работиве од небо, ептен лесно ќе беше...ама ете не паѓаат.Она што некој смета дека е проблем кај другите и дека поради тоа изгледа, така како што изгледа, не им е проблем на другите, туку на тој што го забележува тој проблем, па така фино очи му вади.Оној човек што ги решил сопствените проблеми, нема апсолутно никаков проблем со другите луѓе.
    Мислам општо како и секогаш, секако не напразно кажано.
     
    На bittersweet, Moira, kravce и 2 други им се допаѓа ова.
  9. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    1.001
    СДК дека редно време е да си го загреам столчето оти знам после ќе биде тешко мене, :)
     
  10. srcula

    srcula Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    48
    Сакам да кажам дека страшна паника ме фаќа за утре за колоквиумот... ајде нека заврши веќе оваа колоквиумска недела... :|
     
  11. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.924
    Пол:
    Женски
    Не се препознавам сама себе, колку сум станала сурова, ладна, безчувствителна, се прашувам што е со мене, до кога вака, ќе има ли мачењево крај, едноставно престнав да се трудам за се, претходно ако имав проблем со сите сили се обидував да го решам а сега :^) сега само бегам од тие проблеми, и се надевам дека времето ќе ги реши. Лута сум на самата себе што едноставно неможам туку така да се откажам од нешто, да кренам раце и да речам доста е!
    Да сум силна, да ги избришам солзите и да продолжам напред
    Сакам да најдам добра работа
    Сакам да сакам и да сум сакана

    Ете само тоа сакам, зарем многу е?
     
    На slavica999, julie77, srcekrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  12. nice-girl

    nice-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2010
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    1.001
    СДК дека кога ќе дојдам на дадени 200 мислења давам чесен пионерски збор дека ќе ставам за првпат слика во модни критики до тогаш имам време да испробам комбинации :D
     
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.571
    Допаѓања:
    289.692
    Тој еден момент кога во туѓите очи ќе препознаеш нешто магично, вошебно...

    Кога една фигура, една насмевка, еден поглед ќе издвоиш од топлата во преполна дискотека.
    Минута покасно веќе е покрај тебе а ти знаеш дека тој е посебен.

    Се обидуваш да се воздржиш и да не потклекнеш на оние основни инстикти и се трудиш да уживаш без да ја прекорачиш самозамислената граница.
    Го упиваш секој миг поминат со него, секој допир ти предизвикува струење на крвта и чуствуваш дека запаѓаш во некој транс.
    Телата се движат, танцуваат во ритамот на музиката со скоро совршена синхронизација.
    Никој друг не е важен,никој друг не постои.

    Ден, два ...недела покасно и првото заедничко кафе.
    Истата насмевка, истиот поглед и пријателска прегратка...

    Некое дежа ву или раѓање на нова љубов.
     
    На bittersweet, anabel-a, slavica999 и 7 други им се допаѓа ова.
  14. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.741
    Допаѓања:
    13.716
    Пол:
    Женски
    Човек без обврски па му леткаат глупи, црни мисли |( . Поарно кога стои купот книги до мене и незнам од каде да почнам отколку вака па од досада гледам турски серии.
    Се чуствувам како на некоја раскрсница и незнам кој пат да го фатам. Што ако тргнам таму, може тоа ќе биде, што ако на оваа страна може полошо ќе биде.
    Човек ни слушалка да крене некому, ниту пак да посакаш да испиеш со некој едно кафе, одма летаат и прашања абе ти нели се мажиш па ајде веќе завршуваш со учење, а кога свадба, а кога ќе ти играме на свадба ?!?!!! ]:) Е ќе има свадба и ќе ми играте на свадба кога јас ќе ви кажам а дотогаш псстттт. Аман веќе. Работата до мажачка ми е, работата ми тргнала, плата на секој први солидна, покрив обезбеден за мене и мажето, барем да работев , барем... Знам дека ништо наеднаш не бидува ама па и не барам се да ми биде под конец. Животот е затоа пред нас, едно, по едно, само здравје нека има :)
    Ова ќе да е некоја есенска нервоза :D , па да си ги кажам маките :emo:
    Па и татичко нешто ми е настроен сакал внуче ^_^ . Уште некое планче да ми се исполни и ќе биде, иако морам да признаам секојдневно си замислувам како би било кога ќе си имам бебушче, знам дека моите би биле пресреќни.
    Како почнав со постот, а како завршив па и мислите не ми биле баш црни :angel: , ќе биде подобро знам јас ТРПЕНИЕ СПАСЕНИЕ...
     
  15. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Е ќе се чешкам сега у пет за два над книга |(
     
  16. Westsiderka

    Westsiderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    СКД редно време е да се уозбилам и да си ги завршувам обврските на време,нема веќе денгубење.
    Што зезнав до сеа зезнав но у јануари мора да се праи чистка на се..па да фатиме пат за туѓина на лето со мирна глава...Со лежење сонови не се остваруваат!
     
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.195
    Пол:
    Женски
    Никогаш незнае човек, какви луѓе ќе се појават во неговиот живот и со каква енергија тие зрачат, што носат во себе кое ги прави поинакви можеби, специјални на некаков нивен својствен начин.Имав една комшика, стара жена, баба, толку беше милозлива, добра, грижлива, секој пат кога ќе ме видеше, се сеќавам ми кажуваше „мојата мила, убава и добра Горде“ :) многу ме сакаше, а не бев нешто многу блиска со таа жена, а и секогаш кога ќе се видев со неа, случајно, знаев да си поправам муабет со неа.Сега веќе ја нема, почина од одамна :( Некогаш ми текнува на неа, штознам како, не се сретнувам со нејзините најблиски, за да се сетам на неа, како сега.Ама ете некако ми остави силен впечаток и секогаш кога ќе се сетам на неа, се насмевнувам.Ах, што е животот, само еден здив, ништо повеќе.
     
    На Cataleya, eli25, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.888
    Допаѓања:
    102.213
    Пол:
    Женски
    Сонував поле со снег...неразгазен,мирен, студен...само стојам ,гледам и се тресам од студ...мисли неброени,непоправливо минато и неизвесна иднина...
    Кога ќе те разбуди ваков сон тресејќи се во кревет,знаеш дека ѓаволот ја однел шегата.Зборови кажани и од моја и негова страна,солзата на крајот на неговото око,трескање на неплатени сметки од маса,завртувањето на грбот и моето леење тивки солзи..нека течат,нека отидат бесповратно,нека измијат се пред себе,и бес и горчина,тага и беспомошност.
    Утрово неговата бледа насмевка,ќе биде се во ред ,вели,не грижи се.Не можеш ништо да смениш.
    Бледата насмевка има сила на почесен плутон,за животот кој мора да тече се додека не се распрсне,за сите одлуки кои свесно или несвесно ги носиме,за сега љубов во мене која широкоградо ја гушка тагата и непреболот,топлината и страста,студенилото и разделбата.
    Тажна сум да,ама не се предавам.
    Да нема во мене ни трошка хумор ,можеби ќе се срамам.
    Да не сум помалку луда,досега ќе одлепев.
     
    На Alegriaa, Umbrella22, slavica999 и 5 други им се допаѓа ова.
  19. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    Сум кажала ли дека го мразам дождот?
    Но не секој дожд, туку онај кој ми ја најавува зимата. Онај кој ме предупредува дека е веќе време за парно, купишта алшита врз себе, студ и расшмрканата ЈАС.
    Зимата не е годишно време за мене.
    Сакам да сум мечка и да ја преспијам цела. А сепак како подобро решение гледам живеење во некоја тропска земја со вечно лето...Кога само би можела...
    ...Кафе, млеко со цимет и интегрален кекс. Мојата денешна утринска комбинација...
     
    На bittersweet, crazylady и Ilusionist им се допаѓа ова.
  20. evangelina.ina

    evangelina.ina Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2010
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    19.651
    Пол:
    Женски
    СДК дека конечно почна мојот сончев период :) Доста е нервози,плачење,доста е....Сега само ми треба многу труд само да го задржам овај тек на животот :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.