[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    2.620
    Лежам цел ден во кревет, не се помрднувам и само се жалам за овој посран живот. Овие два дена ништо не направив за себе,само некои мрачни мисли ми поминуваат низ овој мозокот мој.
    Ах, овој ПМС период. И знаете ли што размислувам овие два дена? Дали машките би ги издржале овие болки,а? Баш ме интересира.И сите велат дека мажите се посилниот пол, да можеби физички, но не верувам дека тие ќе ги издржат овие наши ПМС периоди и болки.
    И така јас само си кукам и си се жалам и не правам ништо вредно во мојот живот.
    Е сега ќе станам, ќе си ја исчистам собата, ќе ја прочитам книгата и ќе научам бизнис. Да, а ако у случај не го направам тоа, пак ќе се вратам овде да ви кукам како не правам ништо за себе.
    Ај чао.
     
    На anichka94, lovely91, cinderella5 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. laryla

    laryla Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    230
    Под топло јорганче, со чајче, книгата ме чека, мобилниот исклучен, грижите негде далеку заталкале во мозокот, неможам да ги слушнам. Грло ме боли, ама ако, барем тоа нека ми биде изговор за тоа што не станувам од кревет, и само јадам. Мислев дека денес ќе ги завршам повеќето од обврските, баш се надевав и ете испадна баш спротивното изгледа. Уште малку па ќе си пуштам и некое комедијче, да ме опушти и да ме заспие. Јадење ми фали повеќе, изедов супата, уште ми треба, ме мрзи да направам. Се мислам дали стварно ќе треба да се јавам и да ја прашам комшивката дали може да дојде да ми свари? Дали сум до толку мрзелива и бедна? Па очигледно тоа ќе го направам, и ако некој добие повик од малку полудена комшивка која можеби ќе ја приметите дека глуми болна со висока температура, која е неспособна да си свари супа и која мрзата ќе ја убие знаете дека сум јас. :wasntme:



    P.S. Нели топло ќе беше денес?
     
  3. Anabelle

    Anabelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    458
    Утре ме чека кригла пиво, женски муабет, потсеќање на стари времиња. Малце боја во мојов во последно време црно бел свет. После две недели поминати затворена во стан, освен оние 15 минути кога одам до трафика да си купам тутун и назад до дома, време ми беше за промена.
    Овие два крвави дена прават да се чувствувам како најдепресивното суштество на цел свет. Освен скјап, тераса, и кревет полн со ќебиња и перници, ништо друго не видов деновиве.
    Морам да се социјализирам иначе ќе ме прегази системов овде. Тешко е, ми фали Скопје, ми фалат пријателите, ми фали љубовта, ми фали се.

    Тешко е да се стекне навика дека животот ми е сега тука, дека сега ова ми е дома.
    Баш кога почнав да го засакувам Скопје после долга лав-хејт рилејшншип, морав да го напуштам.
    Ах... Звучам како најпатетичното суштество на планетава... Како лузер без друштво. А и тоа сум. Тешко е да се уклопиш човече.. Поготово со моево незнаење на јазиков. Голем минус.
    Само сакам да заспијам и да се разбудам кога се ќе биде средено, да не ми недостига Скопје, љубовта да ми биде овде, да го знам секое ќоше од градов, факлутетот да биде на место, со положени испити..
    Но некои работи не се добиваат лежејки во кревет и пишувајки патетични постови на форум.
    Некои работи се добиваат ако тргнам во акција, ако го загреам столечто, и добро се испотам и намачам.

    Колку и да ни се чини светот суров, главата горе, патот под нозе, целта добро зацртајте ја, и тргнете во поход. Зашто сите сме способни да го скротиме чудово наречено живот и да го искориме по наша мерка и желба, да ги допреме ѕвездите и да успееме во тоа што сме најдобри.
    Го достигнале тоа многу пред нас, ќе го достигнат многу после нас, а можеме и ние!

    Севшто ни е потребно е :
    [​IMG]

    Затоа ви подарувам на сите по една.
    Имајте убава вечер.
     
    На Hipster, eli25, kravce и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    За мојава коса и моево меко влакно чаре нема.
    Мама кога ќе ме седне и кога ќе почне да ме чешла, односно да ме кубе со четката осеќам како сите корења ми ги корне. Па само замижувам, стискам перници, мислам на нешо друго демек попријатно. Ама јок.
    Ќе почнам како шаманите туп туп туп и место на жар да играм, јас ќе седнам за мајка да ме чешла.

    Второ, сега ми текна колку поштувам стари Штипјани до некоја мера, макар и таа мера голема е.
    Чија си ти? Аааа ја знам баба ти од Селена, или од Македонка и одма некоја као многу смешна анегдота. Ама врв ми е бивши колега на баба во монополот, кој инаку педерастичен, жените таму ги викал прдли.(па и ова кажува нешто за дотичниот) Се ти било комедија на карактери.

    Трето и најбитно!
    Барам човек за масирање, за возврат масирам и јас. И масирам многу добро. Можам да направам плус и пријатна, убава атмосфера, како гратис и кафе или чајче ќе сварам. Оти овие болки јок не се трпат. Си замислувам како некој ми го распарува грбот и со клешта ме мести, па ме подмачкува со чудотворна маст.

    Четврто е дека змејот е добриот лик, за разлика од ламјата. Змејот е маж, ламјата е жена!


    И за крај...
    http://www.youtube.com/watch?v=BVQU6xH9 ... re=related
     
    На HardSex, kravce, anabel-a и 4 други им се допаѓа ова.
  5. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сабајлево ме разбуди повик од дечко ми, ама не му дигнав бидејки се налутив синоќа :!: Потоа сестра ми ми се јави да ме извести дека ми ја платила сметката за телефон а никој не и побара такво нешто :wasntme: Нешто многу е фина со мене во последно време ж н се па што е работава?
    Како и да е, не ме држеше лутината долго време па вториот пат кога ми се јави либето му кренав. Малку лигавење по телефон, и ево ти автоматски смешак на моето лице. :$
    Првата семинарска фор мани, ја направив денеска, нека е аирлија и нека ми се множат. :D Да е благословена темата за последен филм што го гледав бидејки извадив 5-6 филма и чекаат и тие да бидат изгледани. Ама ке си почекат малку, има серии пред нив за гледање. Што да кажам уште, освен дека вечерва ни под разно не седам дома, не ми се седи, ми се шета на ладното :wasntme: Ај нека падне снег, само снег кога паѓа е поубаво од дожд. :inlove: Ке биде и тоа, се со ред. :!:

    Овој беше пост без врска ама ете ми се шкрташе нешто овде а и сакам да ве поздравам со една добра песничка. :dance:

    http://www.youtube.com/watch?v=_Hv0vpov1IY
     
    На anabel-a, crazylady, anuskaNESTLE и 7 други им се допаѓа ова.
  6. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    Ако сакаш да ме извадиш од такт - побарај да ти позајмам книга.
    Денес вратив едно четворица таму од кај што излегле.
    Не можам да сватам како на некои книгите не им се вредни. Јас на баба ми и побарав само книгите да ми ги остави во наследство и ништо друго не сакам. Кога јас можам денес да добијам книга од 1985/6 како вчера да е печатена, можам и да се потрудам да остане таква. А не па некоја книга сега купена од книжара. Еднаш се изгорев и позајмив книга. Кога ја добив назад превиткана и со испрекршени страници сакав да ја испрекршам личноста на која и ја дадов книгата. За мене не се само листови хартија, туку нечиј живот! А така лесно не се уништуваат животите, посебно на невините суштества како што се книгите!
     
    На BeYourself, kravce, anabel-a и 16 други им се допаѓа ова.
  7. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.746
    Допаѓања:
    17.711
    Чекам да падне снег, не го сакам сувиот студ.
    Сакам кога вее да се шетам со другарките (кои другарки Памело ќе се шетаат со тебе, секоја си има свое гајле), да ми крцка снегчето под нозете :wasntme:
    Него, ногу ми е тешко ова англиски граматиката, ич неможам да ја научам. Луѓе оваа година ми е прв-пат да се плашам да не добијам двојка, не за друго за полугодиое сигурно ќе ми ја расипе петкатa. И така луѓе.
    А гледате ли колку брзо минува школската година бе. Еве ги ставија оцените за тримесечје, сега го чекааме снегот, полугодие се наближува. После февруари, март, април, мај летаат.
    Доста кажувам, а незнам шо да кажам. Ај чао. :)

    посакајте ми среќа за утре
     
    На crazylady, EleMental, butterfly33 и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    900
    Сакам да кажам дека уште sin^2 + cos^2 = tg x ctg ден, и нема повеќе учењееееееее! Океј, барем само за еден краток период. Важно, одмор си е одмор! :mm: :rock:

    Поздрав до математичарите. :hai:
     
    На FortuneTeller.xD и kravce им се допаѓа ова.
  9. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.199
    Допаѓања:
    111.375
    Пол:
    Женски
    Ви текнува на оној викенд со свадбата? Не беше се така трагикомично, не беше само Бронхитче и Парада, пијанства и кича. Муабетот е ваков, се видов со братучедка со која се немав видено едни добри 5-6 години, да не ја утнам па да речам 10. Успешна деловна жена која живее во некое кукиште во Греит Британ, на ФБ пишува дури и дека се работи за некаква шума, појма немам, нејсе, да имав капа ќе ја симнев со сигурност. Еден таков карактер кој никако не те остава рамнодушен, јас бев пресреќна кога започна да ме споредува со неа, демек јас и она светлоста на фамилијата, демек јас и она сами успеавме без никој во животов, демек животна приказна сума сумарум иста, ах даде, да се поклопи барем еден дел од нашава приказна па да се израдувам и јас. Инаку навистина во животот и двете имавме слични приказни, само што она продолжи со големи чекори кон посветла иднина а јас сенешто се плашам, немам храброст да зачекорам и да направам одлучувачки потези. Се гордеам со неа, успеа, онака како што ниту една друга од фамилијата не успеа, а кога ми рече дека она е таа која се гордее со мене, епа бев пресреќна, за прв пат почувствував дека некој навистина се радува што разговара со мене, ме гледа со очи широко отворени, со насмевка, а јас се почувствував лошо, бидејќи без да знам што е работата и судев, и тоа не еднаш, повеќепати. Извини даде, никогаш повеќе нема никому да му судам, секој со својата тежина на грбот, нека си ја носи онаму каде што си кинисал.
    И уште еден мотив денес да бидам продлабочена во мненијата, сфатив, ништо повеќе не е исто, едноставно не ни може да биде. Искрено да не го познавав толку длабоко ќе помислев дека ме вара, ама вака сега се умам што дрога им ставаат во Цедевитата на работа. Луѓе, дечко ми е воркохолик, и тоа од најлошиот вид, а најстрашно од се е што нашата врска полека но сигурно тоне заради тоа, не толку заради тоа што тој е постојано на работа колку поради тоа што тој и кога не е на работа мисли на тоа. Не можам да разберам, со годините љубовта треба да биде само посигурна, треба да се продлабочува, а не да оставиш на некому едноставно да те земе здраво за готово и да не се замара со тебе. Можам јас да направам уште еден куп егзотични манџи, чоколадни слатки и кафиња со срциња од млечна пена, тој тоа го смета за излишна работа, за нешто непотребно, затоа што јас сум тука да го сакам и поинаку не може да биде. И го сакам, со сета моја душа и со сето мое битие, ама мојата гордост си ја сакам повеќе од тебе. Ах каде ли ми беше умот кога посакував со тебе заеднички живот и брак, па ти не би можел да се грижиш ни за мравките во кујна од што си презафатен со работа, а камоли за нашето идно семејство, секоја среќа што тој е доволно зафатен да не може да мисли на моите идеи за семејна идила
    :tmi: :fubar: :x ;)
     
    На FortuneTeller.xD, anabel-a, Moira и 8 други им се допаѓа ова.
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    За некои работи одвај чекам да им помине модата, што би рекле.
    Посебно за чевли со над 15 сантими штиклиште ил плута.
    Нека се врати времето кога тоа беа проститутски чевли, а не униформирани чевли за ноќно па и денско излегување.
    А и доста ми е од тоа да гледам девојченца во такви чевли како паѓаат во дискотеки и како одвај се движат на сред бел ден низ градов.
    Елеганција во движење со такви чевли е научна фантастика, тоа е ладно оружје.
    Тие чевли не се за добар изглед, тие чевли се за измачување.
    Пукни и ти Лејди Гага што ги афирмира и оние чевли без штикла што ги носат есенва низ градов.
    Не, несакам да живеам во овој свет на измачувачки чевли.
    Вратете ја убавата тенка штикла со нормална висина, сакам да гледам дами, а не жени кои се измачуваат на вртоглави штиклишта и се замислуваат дека се зајачици на Хју.
     
    На FortuneTeller.xD, eli25, kravce и 32 други им се допаѓа ова.
  11. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.048
    Значи стварно нема смисла :/
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, anabel-a, Sara123 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. MistiqueB

    MistiqueB Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    46
    Тотално се сложувам со Росонерка. Ај ќе помине и на тоа модата, можеби... Се надевам во поблиска иднина.

    :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • sabota.gif
      sabota.gif
      Големина на фајлот:
      950,1 KB
      Прегледи:
      390
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Ilusionist

    Ilusionist Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.912
    Епа неможам повеќе да се воздржувам, да пикам работи во себе. Да ја трујам мојата душа. Да се зацрнувам, само поради тоа некој друг да не страда.
    Еве, сега не се воздржав. Се` ти кажав во лице. Може малку на понервозен начин ама во мене вриеше...бев под притисок.

    Е сега се лутиш. Епа лути се. Така не ме ценеше, вака па ич. Штом не ја знаеш мојата вредност како девојка....не заслужуваш ништо да правам и да жртвувам заради тебе точка. :)
     
    На Hopeful и julie77 им се допаѓа ова.
  14. Maroon5

    Maroon5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    936
    Уште 2 менструации и Нова Година, уф колку ја чекаааааааммммммм :angel:
     
    На Sara123 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Кецовите у школо се правопороционални со количината на водата што ја има фрлено мајката за 1ви септември. :!:
     
    На anabel-a, AngelOfArh, Speechless и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.107
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам дека деновиве се борам против самата себе.
    Сакајќи да се заштитам, осудив можеби неправедно личност која ми значи МНОГУ!
    Се обидувам да се поправам, се трудам да бидам праведна и никого да не повредам.
    Час се чувствувам слободно и убаво, час осамено и тажно.
    Учам да живеам живот каков што не сум посакала да живеам.

    Тешко е..

    Сама нема да можам да останам при здрав разум после се..
    Да не е тој, мојот љубен да го пружи своето рамо за да можам да заплачам, ќе се затворам во себеси и како бомба ќе пукнам.

    Денеска му е роденден. Покрај подарокот му дадов и честитка во која напишав дека заслужува целиот свет да го ставам на неговата дланка.
    Ме гушна и ми кажа дека неговиот свет сум јас.
    Да не се неговите топли зборови, ништо нема да може да ми ја стопли душата.

    Тажна сум што баш на овој ден се случи тоа што се случи.. Не е доцна да се јави и да биде со мене, со таа со која најмногу сака да биде.

    Јас чекам..
    Чекам затоа што го сакам и се надевам дека ќе си ја сфати грешката.
     
    На bitter-girl, kravce и Sara123 им се допаѓа ова.
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.819
    Осеќам се оно као мало пијана. Пијана од хране!

    Значи вака. Да се разбереме. Нема да ми е прв пат да го кажам ова, а сигурно не сум ниту прва ниту последна, ама дечки, најубава храна имаме!
    Таква која ме тера да оргазмирам дури јадам. Знаете како? Така што стенкам и гласно воздивнувам мх мх мх....
    Таква која ме тера да замолчам. Јас?! Зборлестата!!!
    А толку е едноставна! Па така малку ме замисли, си реков, храната е всушност како она просечно, стереотипно Македонче. Привлечна, навидум едноставна, но кога ќе ја откриеш, пронаоѓаш толку многу вкусови, мириси, бои. Пронаоѓаш душа...
    А готвењето е онакво, со мерак.

    Што има комплицирано во тавче гравче? Апсолутно ништо. Вариш грав па го ставаш во рерна. Мех!
    Арно ама, кога ќе почнеш да мешаш зачини, па додаваш нешто вишок, па буковче, па суво пиперче одозгора. Па тоа крцка. Гравчето ти се топи во уста. Сите зачини се мешаат.
    Абе како да не оргазмираш, како?!
    И да не почнам со моментот на - земаш парче меко лепче и сочно го збрцуваш во сосот. Мислам дека нема друг европски народ кој со толкава страст го прави ова.

    А не, фенси јадење, огромна чинија, па го бараш кај е, па го мислиш како да го сецкаш. Па се чудиш како тоа смоквите одат со шлаг и пршут и мед :^)
    Абре се знае дека во едноставноста е убавината! Особено ако е зготвено со душа.

    Јас си ставив дупла. А чат пат, готвам ко божица...чекам комшиите да ми тропнат со празни чинии во секој момент.
    Си отиде циганката што ме фалеше :D ај чао!

    Свесна сум дека веројатно звучам ко автор на оние комунистички учебници кои ги имавме во основно - „нашата социјалистичка федеративна република Југославија изобилува со многу природни богатства...“ Што да правам бре? Заљубена сум во македонската храна. И мене лично ми е најубава.

    Засекогаш! :nod:
     
    На Chica.Loca, Monna.Monna, kravce и 10 други им се допаѓа ова.
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    После читањето на мислења во темата Како се запознавте со вашата љубов? заклучокот е: да не беше Фб немаше да има толку љубов :lol:

    http://www.youtube.com/watch?v=zbYqDFvM0wE
     
  19. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.306
    Допаѓања:
    5.984
    Пол:
    Женски
    Како можам да сум толку опуштена ден пред колоквиум? И еден саат пред колоквиум кога ќе ме фати тоа стресот... Ај бе,се си знам, се тешам барем за овој предмет. За другиот.... Ќе станам религиозна личност! :D И како така ми се одучи.. Заебавам знам... :D Дури и Долина на волците ми е интересна во колоквиумска недела!
    А за сите тие што се под стрес , едно песниче кое што помага
    http://www.youtube.com/watch?v=EK_LN3XEcnw
     
    На Glossy-girl, anabel-a, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Многу ми годи есенсково време и сум во некое посебно есенско расположение.
    Не ја сакам есента поради убавите сликички што ги постираат на фејсбук, или затоа што е кул да имаш омилено годишно време, туку затоа што обожавам да газам суви жолти ливчиња, посебно кога се многу натапкани на едно место или да влезам во цел куп. Уф како крцкаат под нозете! Сакам и кога е облачно, а не е многу ладно и многу сакам да се шетам по дожд со мојот дождовник. Патем кога сме веќе кај дождовникот, смешни ми се оние виард погледи што ми ги упатуваат додека седам покриена со најлонскиот дождовник во автобус или кога одам некаде носејќи си го наместо чадор ама луѓе мене ми е практичен, а вие чудете се и смејте се колку што сакате. 100% да го видите на некоја блогерка ќе го утепате од носење дури и кога е само облачно, а не врне ама ај. И купете си вие што возите точаци по дождливо време, навистина е практичен, а башка што и кола неможе да ве напраи лом ако ве испрска.

    Имав аквард момент на ветеринар пред некој саат, пустиот колку е згорен и симпатичен, па има подникнато брадиче и дупчиња на образите, а ми рече ДА МУ СЕ ЈАВАМ ЗА ПАРЕЊЕ кога ќе ми порасне кучето, и претпоставувате што си замислив во тој момент ]:) Јак дечко + ветеринар + имаме исти кучиња = ништо заеби, имам дечко.
     
    На FortuneTeller.xD, Hipster, Monna.Monna и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.