[СДК] Сакам да кажам...[Стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Wild.Child, 26 октомври 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.811
    Луѓе бе...престанете да се мажите/жените со партнери кои личат на вашите родители од сооветниот пол. :( Језиво е бе па...сериозноооо... ;(
    Онака...ве гледам и одма ми е нешто тужно,нешто ненормално,нездраво...
     
    На teddybear, Cacy, femina90 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.940
    Гибај лево, гибај десно, од мене гибаница не бидува :D Се гибам цел ден и се негибната сум :shake: Него јас да си најдам еден мајстор за гибаница, па да ме избига асално не е лошо. Аргатски маки големи, цел ден во кревет, стол, а грбов како банана ми се скривил. Па си викам еден масен разбацинела да си најдам, да попука све на моево убаво грПче. Не е убаво грпка без никаква улога на грбов, барем да апсобираше вода како камилине, ќе бев двогрба, па немаше да сакаат да ме трапмаат за камили, него мене ќе ме трампаа за цуца.

    Ма колатерлана промашенка е што не ме крстиле Трендафиловска Цвета или Зубмула.
    Па животов цвета бе ! :sun:
    Абеее што народ ќе бевте, што семка..
    Абе остајте ме да гледам додека е животов убав, додека не дошле лоши времења. Како диво месо в грло сте. Ете ќе сраснеле како крлеж и цицаат и шмукаат од крвта. Аман да сакавте толку да шмукате и други работи, ќе паднеше и законот за пушење. :!:

    Е ајде, јас ќе се подружам со книгичкава уште ноќва и утре, и здравје и овој да го положам како останатите. Ма прва на списак бев на еден предмет-непредмет . Пусти радоС се подмочкав кога видов.
    Па и во банка си аплицирав за пракса, утре ќе сум на мухабет.
    Ајде стискајте тоа палчиштата фемински

    Фала и кај вас.
     
    На thinkerbell, kravce и Moira им се допаѓа ова.
  3. Angel.girl

    Angel.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    667
    Кога имате проблем, особено ако е тежок и комплициран, или можеби, исклучително обезхрабрувачки, потребно е да го применувате следниот принцип - никако не смеете да се откажете. Доколку се откажете, сами сте го повикале поразот. И не само во тој случај. Откажувањето води кон конечен пораз на во секој поглед. На тој начин развивате психологија на губитник. Доколку претходните обиди не се покажале успешни, пристапете му на проблемот на поинаков начин. Доколку не успеете ниту тогаш, применете нов пристап, и се така, додека не го решите проблемот. Решение секогаш постои, а до него ќе дојдете доколку сте упорни. Ама некако деновиве ми се катастрофа.Принципот кај мене не го бидува. Сама не се сакам и не се можам деновиве. За другите незнам, му немам ни обрнато внимание. Ме мрзе да учам.Глупав семестар. Најглупав.Уф.ама ајде.уште два предмети ми останаа и од петок ќе си уживам!
     
  4. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.549
    Пол:
    Женски
    шо муабет бе , ако те побара на јавноместо ,кога жив чоек нема бе? ПА нели тоа е поентата да ја побараш некоја на јавно место, да се покажи маж, дека има м****а да те побара пред сите и да ти клекни, после гледам, се лигават леле ме побара за жена wow џам свитка, почнато, недовршено... па и гледам кај наидам , на такви видеа сите коментари под нив се лигави, никој не сфаќа, дека кога не е способен да го погоди тајмингот, нека ја побара за жена во поинтимна атмосфера...Веќе клише станаа овие барањата за жена.
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.984
    1:28, another day wasted. |(

    Денес сум комуницирала со 21 личност преку интернет.
    Со 50 во живо.
    Со 100+ само со погледи.

    Нешто во последно време рекреативно манијачам. ]:)

    Додека чекам автобус на постојка си се смешкам, додека се возам си бројам луѓе кои би ги, кхм... легнала :D , во супермаркет си купувам овошје и си манијачам по рафтови :devil: , кога одам пешки по едно преминче се гледаме и се смешкаме со дечкото од пекарата, на факултет ми е интересно кога ќе дојде еден супер-дупер колега, кога седам на кафе автоматски главата ми се врти ако ми фане некој височок радаров, се развозувам во лифтови со некои знајни и незнајни јунаци кои љубезно ти ја држат вратата додека влезеш... :geek:

    Еднаш сме млади, тоа е муабетот. :D

    Сакав да се договарам да организираме некоја пиенка (запивка, што би рекла една другарка) по колоквиуми, малку младо месо на куп :talk: , да растресеме нервоза и да се повампириме по ноќите додека чекаме ноќни линии. После ми текна, абе немаш колоквиуми, слободна си да пиеш 24/7. |(

    Бојкотирам утре прво предавање!
    Одвај чекам да заврши годинава, ама одвај. Страшниот дел е што не е ни уште асално почната, а нема ни намера асално да почне.

    Мислев дека го поминавме средно, ама кога на едни од најудобните фармерки ми се залепи мастика, свежо разџвакана и мајсторски облепена по целата должина на столот, сфатив. Стока си е стока, и во средно, и на факс и на работа.

    Јас во оваа стока - не припаѓам. :envy:
     
    На Marjan007, Miss-Angie92, mims-89 и 18 други им се допаѓа ова.
  6. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Чекањево ме убива, полека но сигурно...
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.811
    Последна фаза на моето лудило,а воедно и потискањето ствари се заврши со смеење до солзи на сликичкиве... Не,стварно не ми е ок...ама стварно. :D Од кај на кај ?! А?!
    [​IMG]
    [​IMG]

    Он ми вика за една,сигурно е некоја шмизла со розе пунто... А јас му викам скроз неврзано,а јас ќе си купам багер. Тоа е тоа разбирање. И се гледаме чудно,му викам,па да и го соберам пунтото бе...онака скроз сериозна и збунета... Не е ни смешно,ама е глупо смешно. Ама стварно, ќе си купам багер. Замислете како си паркирам багер?! Цак цак,фино лепо. Дечко ај помести го мерцедесов за малце, не ми го собира багерот! И пак си рипам у тоа кабината горе! :D

    Црнкиња у Кенија го крстила своето бебе кое се родило денес Обама.
    И тоа е све од светот,јас мислам... :D

    И од најреалниот свет на светот,односно засегнатост на народите ...све е е у сексот, за жал. Поверојатно е дека не сме толку паметни колку што не гледаат у деколте и задница и тоа е тоа... било каде,секогаш... и ти оди да му ја фукнеш една,квалитетно да го нашминкаш. Ама стварно ме нервираат глупи луѓе,ама стваааааарно! Ме нервираат луѓе што ги држи сексот до некого... и не прифаќаат дека како пар не им оди,ама скроз! Толку ми е ... глупо,ГЛУПО,ГЛУПО!!!
    Бившиот од прво одделение опсесивно ме бара...луѓе мили не е нормален. Чак што више играв на картата имам дечко...не бре... Ако ме нема,да знаете или ме убил или ме киднапирал,скроз сум сериозна. Се плашам за негово здравје, имам ненормални братучеди и неколку верни другари...уствари шо ќе се плашам, коа не се плаши сам...Ама језив е,маму му негова. Почна да ми се рекламира со имот. Реално шоу е малиот! Онака ми врие кога ќе го видам како никнува од никаде. Пристапив кон блокирање, ми пишува смс...изгледа си го избришала фејсбукот,па да ти пишам пораче. Не,тебе те избришав и те блокирав!!!
    Уф!

    И пишав еден мултиперсоналити пост,ама си истиштив душичка. Не е романтичен, ниту има тек, ниту ќе ве пипне право у десна комора на срце, ниту ќе ве замисли,ама... тоа е,у таква состојба ми е умот. Хаотична! :D
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.395
    Допаѓања:
    12.271
    За време на колоквиумска си давам поголема слобода во однос на исхраната. И онака имам еден куп обврски и материјал за учење, па заборавам што и колку јадам. Така на пример, денес излегов во неколку минути по полноќ и си купив бурек и јогурт од пекарата пред зграда. И сакав да ви кажам збор-два за моето маало и живеачката во него.

    И минатата година живеев во Скопје, во зграда. Исто и оваа. Но минатата живеев во згради во центарот на градот кои гледаа кон прометна улица, сите луѓе секогаш беа во брзаница и не ни ги познавав моите соседи. Немаше маалска пекара ниту маалска продавничка, немаше ни клупи кај што може да се седне и да се одмори, зградите беа на патот, едноставно немаше дух во маалото. Станот лани ме потсетуваше на автобуска постојка, што поради ентериерот, што поради местоположбата.

    Годинава е поинаку. Се отпоздравуваме со соседите во лифтот, ми помагаат со куферите, а и јас нив со торбите, има маалска пекара, продавничка, фризерско студио, бутик, школо за странски јазици. Терасата ни гледа кон дрворед со клупи. Доволно ми е само да направам кратка прошетка околу зградите или да отидам до блиското паркче со фонтаната каде секогаш мајките ги шетаат своите деца, некој игра фудбал, а пензионерите шах за да се почувствувам подобро, да се почувствувам како дел од некоја целина. Чувството на припадност е добро чувство.

    http://www.youtube.com/watch?v=EqWLpTKBFcU

    Како недовршен го чувствувам постов, еве и го редактирам, па валјда ќе е подовршен со песна. Добра ноќ :)
     
    На L-enna, Buttterfly, Tenkai и 6 други им се допаѓа ова.
  9. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Денов ми помина во кујна.Се покажав како добра домаќинка па денес зготвив за прв пат компир манџа,па и уште десерт направив,некои мафини што ги прочитав на нет се правеле во микробранова.Излезе брз и вкусен десерт,а ручекот мхмммм да не коментирам. 8) :lol:
    За разлика од предходните денови што се изнашетав по гости,овој ден во домашен амбиент го поминав.
    Имав само една лоша вест што ме растревожи,но фала богу ништо страшно не се случи.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Епа трудот среден, утре го испраќам, пуштајте среќа да биде одобрен и за онлајн и списание.. мој прв официјално на интернационално ниво, брррррррррррр колку правила има и до точка мора да бидеш прецизен ах..
     
    На Divinebutterfly, DeMelo, teddybear и 22 други им се допаѓа ова.
  11. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.823
    Допаѓања:
    7.049
    Таман се решив да трчам денеска...целата среќна дека со лесно станав
    и надвор што да видам врне дали врне е тоа тие малер :/
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    нема да кажам доброутро затоа што не ми е доброутро :shake:
    кога ми кажа мајка ми колку е задолжена-претпоставувам на картички оти си живееме сите на картички останав :o :tmi: незнаев што да кажам, како да изреагирам, како да ја утешам ;(
    кога викав јас да се продаде овој простор и да се купат два помали едниот ние другиот да се издава, кој ме слуша мене :swear: ама и за тоа треба време додека се продаде па да се најдат два адекватни, а татко ми што не е татко како што треба, нормално целиот терет и финансиски и секаков пага врз мајка ми :sweat: ова е магепсан круг, незнам како ке продолжиме да живееме вака-спас или гатачки, бајачки, фенг шуи, или семејна терапија а што мајка ми тера инает и се плаши од развод тоа е друго.
    угоре високо, удолу длабоко :x
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Сум се разбудила сабајлечки со желба за слушање на Тоше. Господ знае од кај, еве си вртам по Ју туб. Никогаш не ми беше меѓу омилените и сакав да ги протресам убаво сите оние што од земја се трескаа пред некоја година. Групно драматизирање беше тоа кај мене во средно. |(

    Сонце без топлина пука тука. Каде и да отидеш факт е дека луѓето се себични. Мене проблемот ми е да научам како да бидам себична. Секогаш го оставам последното чоколатце, голтка нешто, парче торта. Преку глава ми е од луѓе што не знаат да слушаат. Ти зборуваш и ти влетува некој во пола реченица со сосема трета тема. Добро бре, па барем стрпи се да завршам. Имам една ваква на факултет во Скопје и фала тебе боже не се дружиме веќе. Сите чуда за три дена нели? Најдобрите пријателства што сум ги имала траеле по две недели и биле со луѓе кои најверојатно никогаш нема пак да ги видам. Тие муабети се најдобри. Си ја соголуваш душата, некој го прави истото пред тебе, даваш и примаш совет, искуство. Без задни намери, за да ти помине времето и за да дознаеш нешто ново.

    Ми се јаде овчо сирење. Судокуто во Вест и саботните колумни на Данило. Јас сум јас каде и да отидат. Факт и неизбежна вистина. Фалаа Богу.
     
    На DeMelo, AnaKarenina, anabel-a и 3 други им се допаѓа ова.
  14. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.266
    Пол:
    Женски
    Оценки се ближат, кецови се нижат, дома ќе не стрижат. :emo:
    Шала бе :D.
    Сдк дека цела ноќ сум спиела до отворен прозор. Абре како сум се укочила, неможам да се мрднам од место. :geek: И ова не ми првпат вака што се заборавам да го затворам прозорот пред да легнам. Ми се има десено и летото. Сум го отворила абре скачки, мушички, муви, штурци, што се не влезе у собата. Па со сестрами цела вечер се бркавме. :bandit:
    Ајде сеа аливидерчи, и имајте прекрасен ден. :)
     
  15. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Сдк воопшто не ми мило што пак Обама победил.
     
  16. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
  17. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.811
    Се јавува Џаро у Здраво Македонијо, дали сте против абортусот и вика здраво Робертче... и вика Лоба не требаше да абортира требаше да си го роди, од тој познатиот бизнисмен, у Охрид цело време ќе си го родам ќе си го родам,ќе станам мајка и отиде у Кипар и абортираше у странство...
    И ете така ми почна мене денот.
    Вие како сте?

    :D

    Ау да,да допунам,пошто сакала да оди на Евровизија! :D
    Оф леле... :D
     
    На LilBaby, eli25, CaperucitaRoja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.100
    Допаѓања:
    6.360
    Пол:
    Женски
    Не знам дали повеќе да се радувам на фактот што го положив колоквиумот или што ќе си одам утре домче, мислам среќата е поделена, ама пак е среќа, а не можам да се одлучам што од овие две ме прави посреќна. :)
    И така, си зготвив јадење и уште малку ќе одам да се шишам, време е за промени, не сакам многу да ја скратам, иако ми е долга до задник, пак ќе гледам да не скратам многу, ама сакам да ја сменам формата, се надевам дека Андреј ќе ме среди убаво, во негови раце ќе биде косава, а јас доверба немам во секого и добро ги одбирам фризерите, зошто сепак косава ми е скапоцена бе. :emo: 8)
     
    На anabel-a и Glossy-girl им се допаѓа ова.
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    За изборите во САД ми е гајле толку колку нив за нас. Скоро ич.
    И не знам што се толку потресуваат нашиве за тоа кој ќе победе. Што добиваме ние? |(
     
    На Sara123, Chica.Loca, Monna.Monna и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.100
    Допаѓања:
    165.811
    ^ Како бе вака?! :^)
    Мене ми е гајле пошто после го јебат цел свет... Нив и те како им е гајле за нас...мислам од одредени интереси.
    Мене па не ми е јасно како не ви е гајле ич...индиректно и директно,каде како се афектира на цел свет...
    Како и да е си игран,ама барем да бидеш игран на подобриот начин...

    Мирен или завојуван Балкан за почеток...?! И светска економија ко втора многу важна ствар,како една од повлијателните економии во свет која ги држи конците на пример?!
    Сигурно нема да добиеме гага Кентаки фрајд доживотно...или иселенички визи.

    Како можете да бидете толку игнорантни за светот не ми е јасно?!
     
    На bittersweet, Trendafilka, mims-89 и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.